Ова е добар ден за Израел, за САД и за светот, стои во изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, по информацијата дека е мртов Јахја Синвар, лидерот на палестинското движење Хамас, поддржано од Иран, а кое САД и Европската унија го прогласија за терористичка организација. „Како лидер на терористичката група Хамас, Синвар беше одговорен за смртта на илјадници Израелци, Палестинци, Американци и граѓани од над 30 земји. Тој беше мозокот на ...

„Масовниот убиец Јахја Синвар, кој беше одговорен за масакрот и злосторствата на 7 октомври, беше убиен денеска од војници на Израелските одбранбени сили (ИДФ)“, изјави израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац. Израелските власти објавија дека во воена операција во Газа, бил убиен лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој се смета за организатор на нападот врз Израел на 7 октомври минатата година, во кој загинаа околу 1.200 Израелци, а ...

Јахја Синвар е водач на палестинската терористичка група Хамас, прогласена за терористичка организација од Соединетите Држави и Европската Унија. Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац на 17 октомври објави дека Синвар бил убиен за време на воените операции во Појасот Газа. Синвар (62) е осомничен дека наводно го организирал смртоносниот напад врз Израел на 7 октомври 2023 година. Нападот без преседан ја предизвика израелската ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски дојде во Брисел на 17 октомври за да го претстави својот „План за победа“ од пет точки, прво пред лидерите на ЕУ на самитот во белгискиот главен град, а подоцна и на министрите за одбрана на НАТО кои се состануваат во друг дел од градот. И додека никој во двете западни организации отворено не го отфрли планот, фер е да се каже дека приемот беше сочувствителен за маките на Киев, но на крајот не беше ...

За една година долгот на македонската метропола Скопје порасна за три пати. Истражувањето на Радио Слободна Европа покажа дека зголемувањето на долгот делумно се должи на непродуктивни трошоци, како што се набавка на дрвја за речиси милион евра, скапи судски спорови и за извршители. Градските власти за Радио Слободна Европа велат дека буџетот е стабилен, а долговите се од претходните скопски градоначалници. Во меѓувреме, градските јавни ...

Со оглед на тоа што резултатот од контроверзниот референдум за нуклеарна енергија во Казахстан беше убедливо „ДА“, вниманието сега се свртува кон тоа која земја ќе го изгради објектот. Владата на Казахстан се залага оваа задача да ја преземе меѓународен конзорциум од компании за нуклеарна енергија, притоа истакнувајќи дека конечната одлука нема да биде донесена до следната година. Но, ако Казахстан целосно го игнорира рускиот нуклеарен гигант ...

За термин за ехо и за мамографија жените во Северна Македонија, и оние кои се заболени од рак на дојка и за редовен преглед чекаат повеќе од еден месец. Борејќи се да преживеат во систем во кој јавното здравство е речиси урнисано, пациентките се пред избор - да плаќаат приватно или да бараат чаре во странство. Кога актерката Весна Петрушевска добила дијагноза канцер на дојка овој април, ни секунда немала дилема дека мора јавно да зборува за ...

Централниот регистар го запре бесплатниот пристап за новинарите до нивните податоци кои се од јавен карактер. Ова беше овозможено со одлука на претходната влада и важеше и за Регистарот и за Агенцијата за катастар. Владата вели услугата ќе биде достапна повторно откако ќе влезе во закон. Отстранета е категоријата “новинари“, со кој на медиумските работници можеа да дојдат бесплатно до бараните податоци од Централен регистар за нивните ...

Фактот што на пописот на населението во Црна Гора бројот на оние кои се изјасниле како Срби е зголемен за четири отсто во однос на претходниот попис во 2011 година, не е изненадување за методологот, професор Милош Бешиќ. Тој потсетува дека на тој попис имало околу пет отсто од оние кои одбиле да се изјаснат за својата националност, наведувајќи дека токму во таа категорија се „скриле“ Србите кои на последниот попис се изјасниле. „Сега кога се ...

Намалувањето на бројот на судии и обвинители влијае на ефикасното работење и резултати во правносудскиот систем, смета невладиниот сектор. Недостигаат и стручни соработниците за кои од „Сите за правично судење“ велат дека не им се посветува доволно внимание, а нивната анализа покажа дека просекот на стручни службеници е под европскиот. Додека се стравува од колапс на системот, правосудството е клучно каде ЕУ очекува Северна Македонија да ...

Грузиската владејачка партија ги прикажува претстојните избори како егзистенцијален избор: меѓу војна и мир. Меѓутоа, за владините критичари, она што владата го ветува не е мир, туку капитулација пред нивниот непријател, Русија. Пред парламентарните избори на 26 октомври, новата рекламна кампања на партјата „Грузиски сон“ ги спојува црно-белите слики на разурнатата од војна Украина со слики во боја на просперитетна, мирна Грузија. Булевар со ...

Храната е поскапена, а таа што не е, сега се продава со намалена грамажа, се жалат граѓаните. Економистите сметаат дека ограничената маржа е краткорочна, неефикасна и непазарна мерка. Инспекторите изрекле казни за маркети низ цела држава, во вредност од 70.000 евра. Поевтини се само средствата за чистење, ама тие не се јадат. Храната е поскапена, а таа што не е, сега се продава со намалена грамажа. Таман да се прелажеш дека си купил поевтино, а ...

Мајката на убиеното девојче Вања, сведочеше дека таткото кој сега е обвинет веднаш се сомневал дека ќерка им е киднапирана. Откуп не им бил побаран. Адвокатите негираат дека стан е мотив за убиството. Мајката рече дека татко и немал проблеми со првообвинетиот Палчо од чија фирма го купил станот. „Вања ја нема, класната сега се јави, ја нема, доаѓам накај тебе, симни се“. Ова биле зборовите со кои Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената 14 годишна ...

Синдикатот смета дека повисока минимална плата е неопходна и поради зголемените трошоци за живот, но и поради растот на платите во регионот. Стравуваат дека земјава може пак да биде синоним за евтина работна сила. Работодавците, пак, велат дека ќе го покачат минималецот во март, но зголемување сега за 90-тина евра сметаат дека е неоправдано и може да донесе негативни последици. Зголемување на минималната плата за околу 90 евра, за синдикатите е ...

„Европската Унија е целосна само ако Западен Балкан е нејзин дел, а земјите од регионот треба да преземат дополнителни чекори кон заедничка иднина“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на отворањето на средбата на лидерите на земјите од Западен Балкан и претставници на Европската Унија во рамките на Берлинскиот процес. Зборувајќи за важноста на Берлинскиот процес, Шолц рече дека тој е „најдобар инструмент не само за регионална соработка, туку ...

Марија мислеше дека знае многу за животот кога, на 35-годишна возраст, беше затворена во Москва. Но, таа сè уште не знаеше за руската затворска храна. „Не знаев дека луѓето може да се хранат со такви работи“, рече Марија, која беше затворена 17 месеци во 2021-2022 година поради, како што рече групата за човекови права Меморијал, политички мотивирани обвиненија. Но, секој ден, стотици илјади затвореници во руските затвори и центрите за притвор се ...

„Мислам дека Иранците (во случај на израелски напади), откако видоа дека нивните два ракетни напади врз Израел навистина немаа многу ефект, ќе бараат други цели“, вели во интервју за РСЕ Грегори Гауз, професор на школата Буш за влада и јавна администрација од Универзитетот АиМ во Тексас. РСЕ: Дали Израел би ги загрозил дипломатските и политичките односи со арапските држави доколку неговите авиони илегално навлегле во нивниот воздушен простор на ...

ДУИ очекува да растат тензиите откако е укинат балансерот за етнички вработувања. Екс министерот за економија Крешник Бектеши во интервјуто за РСЕ вели дека се уште траат разговорите за кога да почнат протестите кои подолго време ги најавуваат. Законот за правична застапеност ќе го поддржат само ако ги гарантира правата на сите заедници. Господине Бектеши, Мендух Тачи и неговата Демократска партија за Албанците ја напуштија коалицијата „Европски ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема информации за евентуална средба со бугарскиот претседател Румен Радев во Будимпешта, но дека е подготвен да седне и да разговара на состанокот на Европската политичка заедница на 7 ноември. Претходно, дел од медиумите објавија дека унгарскиот премиер Виктор Орбан, ќе го искористи Самитот на Европската политичка заедница за да ги седне на заедничка маса македонскиот премиер Христијан Мицкоски и ...

Министерството за здравство на Газа, со кое раководи палестинската милитантна група Хамас, во саботата соопшти дека во пет израелски напади во Појасот Газа во последните 24 часа загинале 49 лица, а 219 се повредени. Беше посочено дека спасувачките операции продолжуваат, дека луѓето се уште се под урнатините. Војната во Газа започна откако Хамас, кој е наведен како терористичка организација на САД и ЕУ, го нападна јужниот дел на Израел на 7 ...

Зошто е намален бројот на студенти по новинарство, каде сме со бројките во споредба со регионот и како може студиите да станат попривлечни за младите? На овие теми разговаравме со професорката Јасна Бачовска-Недиќ, која предава на катедрата по новинарство, на Правниот факултет во Скопје. Оваа година само шест студенти се запишале на насоката новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Рекордно најмалку откако е отворена ...

Укинат балансерот, ќе се балансира со Закон. Неизбалансирани насилства меѓу младите и дисбаланс меѓу правото на чист воздух и обврските на државата за превземање мерки. Њузлетер 11.10.2024 Нема веќе „балансер“, ќе има правична застапеност Балансирање е урамнотежување на силите со додавање или одземање за да се постигне рамнотежа. Се балансираат и пневматици на автомобили, па и „резервните“ е потребно да се балансирани, а баланс е потребен и за ...

Зимата се приближува, руските сили напредуваат и неизвесна е идната поддршка на најмоќниот поддржувач на Киев, Соединетите Држави, затоа што се приближува и датумот на оддржувањето на американските претседателски избори. Украина се бори за својот опстанок и суверенитет, така што секој ден, седмица или месец е потенцијално клучен за судбината на земјата. Земјата се соочува со притисок на повеќе фронтови, не само на вистинската линија на фронтот ...

Парите од кредит наменети за бизнисот, од Министерството за финансии ќе се префрлат на Развојната банка од каде преку комерцијалните банки парите ќе завршат кај компаниите. Но, кој ќе биде ќарот на комерцијалните банки допрва ќе се знае, како и официјалните критериуми по кои ќе се бираат компаниите. Пред Нова година, компаниите во Северна Македонија ќе може да ги користат 250-те милиони евра од унгарскиот кредит кои ќе бидат наменети за ...

Како што се приближуваат изборите на 5 ноември, американските претседателски кандидати Доналд Трамп и Камала Харис ги посетија Пенсилванија, Мичиген и Висконсин, надевајќи се дека ќе го придобијат малиот процент на неопределени гласачи во тие држави кои би можеле да ја свртат вагата во нивна корист. Заедно со четири други држави од кои зависи исходот на изборите во Соединетите Држави,( каде што бројот на републикански и демократски поддржувачи е ...

Најавата за посета на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен на Северна Македонија се случува во време на зовриена атмосфера меѓу власта и опозицијата за европскиот пат на земјата. Според експеррите, покрај Планот за раст на ЕУ, неизбежно ќе биде и прашањето за уставните измени. До крајот на октомври, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ќе допатува на неколкудневна турнеја низ земјите од Западен ...

Одбраната од руската агресија не е само прашање на солидарност со Украина, туку клучен геополитички интерес за сите, порачаа украинскиот претседател Зеленски и претставниците на земјите од регионот на Самитот на Украина и земјите од Југоисточна Европа во Дубровсник. Ако Европа не е обединета, не можеме да очекуваме мир, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во Дубровник на 9 октомври, каде што се одржува Самитот на Украина и 12 земји ...

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги повредувал уставните одредби за слобода на изразување на националната припадност, достапноста на било работно место, како и забраната за дискриминација. Од Вреди најавуваат дека за пет-шест недели ќе поднесат Закон за правична застапеност како замена за балансерот Балансерот, алатка која се користеше при вработувањето во јавната администрација со ...

Изгледите за сеопфатна војна на Блискиот Исток се зголемија откако Иран изврши масовен ракетен напад врз Израел на 1 октомври. Израел се закани со одмазда, поттикнувајќи ја загриженоста за нарушување на протокот на нафта и гас од регионот кој е богат со енергија. Глобалните цени на нафтата веќе пораснаа за 9 отсто по нападот на Иран, кој дојде во време на едногодишната војна на Израел во Појасот Газа и неговата инвазија на јужен Либан на ...

Овој начелен став го донесе Врховниот суд на денешната јавна седница, каде судиите расправаа во однос на поднесената иницијатива од адвокатско друштво од Охрид за тоа колку државата обезбедува или не услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина. Граѓаните во постапка пред Управниот суд можат да бараат да се задолжат надлежните органи да ги донесат сите потребни документи од Законот за квалитет на амбиенталниот воздух ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
52%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
69%
1021
weather icon

Загреб

23ᴼ / 18ᴼ
1.03
69%
1023
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
5.66
60%
1019
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.7
85%
1018
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
82%
1024
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
6.17
53%
1010
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
56%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
7.72
34%
1018
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
67%
1018
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
60%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.69
73%
1013
Currency

61.525

Currency

52.5197

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75