Неодамна една осумнаесетгодишна Украинка за Радио Слободна Европа раскажа како била испрашувана од руски безбедносни службеници додека се обидувала да ја напушти Украина окупирана од Русија. „Зошто не сакаш да се омажиш за руски војник?“, ја прашале. Во разговор за украинскиот сервис на РСЕ, младата жена одлучи да остане анонимна бидејќи сè уште има роднини во областите под руска контрола. Нејзиното сведоштво се совпаѓа со она на другите што ...

Откако му беше ампутирана раката под лактот, Шота Битаѕе доби модерна бионичка протеза, и се врати на фронтот во Украина. Го доби прекарот „Терминатор“ Кога Шота Битаѕе се врати на фронтот неколку месеци откако беше тешко ранет, тој првично се обиде да сокрие од своите соборци колку е сериозна неговата повреда. „На почетокот никој не знаеше дека сум го изгубил екстремитетот бидејќи носев ракавица над мојата протеза“, изјави војникот за Радио ...

Се додека некакви тесни партиски интереси не се вмешаат во текстот за реформи во судството, од моментот кога ќе излезе од работната група до моментот дека се објави во службен весник, шансите за успех се големи, вели Неда Здравева, професорка на Правниот факултет и претседателка на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Во интервју за РСЕ зборува и за протестите по трагедијата во Кочани и промените кои ги носат младите. Трагедијата во Кочани ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека им наредил на своите сили „да ги запрат сите воени активности“ во Украина, објавувајќи „велигденско примирје“ кое ќе трае до крајот на неделата. Тој рече дека прекинот на огнот ќе трае 30 часа (до 11 часот по средноевропско време), додавајќи дека руските сили треба да бидат подготвени да одговорат на „можните прекршувања“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев ќе се придржува ...

Во Кочени денеска, 19 април 2025 година, се одржа третиот протестен марш насловен како „Задоцнета реакција“, а oрганизатори беа семејствата на настраданите во пожарот во „Пулс“. Маршот започна од Паркот на револуцијата во Кочани, а демонстрантите потоа се упатија кон Трговскиот центар, Општината Кочани, полицијата и Основниот суд и обвинителство во Кочани. На денешниот собир беше порачано: „Нашите деца беа убиени од алчноста – правдата мора да ...

Програмата за семејни хипотеки на руската влада почна да нуди субвенционирани кредити за руски граѓани кои сакаат да купат имот во украински градови, вклучувајќи и некои кои се под контрола на Киев. Некои од украинските градови на листата, како што се Мелитопол и Приморск, остануваат под руска окупација, додека други како што се Херсон, Берислав и Снихуривка се вклучени во програмата и покрај тоа што се повторно освоени од украинските сили. ...

На интернет сајтот на трговецот мора да биде истакната тековната продажна цена, единечната цена, промотивната или попустната цена за секој одделен продажен објект на трговецот, а секоја промена на цената итно мора да се ажурира Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од денеска (18 април) мора да ги објавуваат цените на своите производи на нивните официјални веб-страници. Обврската е согласно измените на Законот за заштита на ...

Брисел со јасна порака: нема гаранции за Македонија дека ако ги вметне Бугарите во Уставот, ќе нема други пречки на патот кон ЕУ. А и сегашното патување во ЕУ може да биде отежнато доколку стапи во сила новиот механизам за укинување на безвизниот режим за некои држави. Њузлетер 18.04.2025 „Никој не може да и даде гаранции на Северна Македонија дека ако сега го смени Уставот, нема повеќе да има пречки на европскиот пат“, изјави еврокомесарката за ...

Уште еден пациент им подлегна на повредите од пожарот во Кочани, со што бројот на жртви во трагедијата се искачи на 62 лица. Од Министерството за здравство попладнево (17 март) информираа дека согласно информации од Воено-медицинската академија во Белград, денеска претпладне, на повредите им подлегнал Стојанче Стефанов од Кочани, роден во 2001 година. „Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од ...

Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација. Ова е реакцијата на Јавното обвинителство откако претходно Демократската Унија за интеграција изнесе наводи дека еден јавен обвинител што бил дел од предметот за истрагата за пожарот во Кочани се повлекол поради несогласувањата околу квалификација на делото, истовремено трпејќи политички притисоци од ...

Неколку дена по директните разговори меѓу Вашингтон и Москва, кои имаат за цел да ја прекинат војната меѓу Русија и Украина, високи претставници од клучните европски земји, САД и Украина денеска (17 април) одржуваат нови разговори во француската метропола, Париз. Разговорите претставуваат прва шанса за средба лице в лице меѓу високите европски и украински лидери и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, по неговата последна средба со ...

Пред Основниот суд во Приштина денеска (17 април) се одржува првото рочиште во случајот Бањска против Владимир Толиќ, Благој Спасојевиќ и Душан Максимовиќ, кои беа уапсени по вооружениот напад во Бањска на северот од Косово во септември 2023 година, кога вооружена група Срби ја нападна косовската полиција и го уби полицаецот Африм Буњаку. Во размената на оган беа убиени и тројца напаѓачи. Во септември 2024 година, Специјалното обвинителство на ...

Во напад со руско беспилотно летало загинаа три лица, меѓу кои едно дете и една постара жена, а повредени се најмалку 31 лице доцна на 16 април во југоисточниот украински град Дњепро, изјави регионалниот гувернер. „Масовен напад со беспилотно летало имаше трагични последици. Три лица загинаа во Днепро, меѓу кои и едно дете“, изјави на Телеграм Серхи Лисак, гувернер на регионот Днепропетровск. Лисак додаде дека меѓу 31 повредени лица има пет ...

Нивните имиња се тешки за изговор, тие се неопходни за модерното производство и се сè повеќе во центарот на ескалирачката трговска војна меѓу САД и Кина. Глобалното снабдување со овие ретки земни елементи (суштинска група од 17 елементи што се наоѓаат во сè, од батерии за електрични возила до витална одбранбена технологија) исто така е претежно контролирано од Кина. Пекинг сега се обидува да ја искористи таа стратешка предност во услови на ...

Ѓуро Мацут е новиот премиер на Србија. Собранието на Србија избра нова влада со 153 гласа „за“, која ќе има 30 министри, од кои 10 се нови имиња. Гласаа 199 пратеници, а 46 пратеници се изјаснија против. Во своето излагање, Мацут изјави дека Србија е уморна од поделби и блокади, дека мора да работиме на хармонизирање на општеството, дека хармонијата може да се изгради преку дијалог, толеранција, работа и градење систем на вредности. Тој исто ...

Десет полицајци од Штип и Кочани се под истрага за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според Обвинителството, тие се осомничени дека од 2012 до 2022 година издавале согласности и му овозможиле на правното лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност, иако истото не ги исполнувало предвидените услови. „Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење ...

Работата и работните односи се најчестите области во кои се пријавува дискриминација, но исклучително зголемен е бројот на претставки во областа на членувањето во синдикалното организирање. Ова го покажува најновиот Годипен извештај за спречување и заштита од дискриминација за 2024 година во однос на 2023-та. Во него исто така се забележува благо намалување на бројот на претставки за 20 отсто. Зголемен е бројот на претставки во однос на ...

Предлогот за измени на законот за градење ја разбранува јавноста дека дел од државните објекти ќе влезат во приватна сопственост. Министерот за транспорт Александар Николовски е дециден дека приватен инвеститор нема да добие сопственост во државен објект. Но, стручна фела има дилеми. Завршување на изградбата на факултетите за информатички науки(ФИНКИ)и за физичка култура (ФФК), новата зграда на Народна Банка, спортската сала на Универзитетот Св. ...

Никој не може да и даде гаранции на Северна Македонија дека ако сега го смени Уставот, нема повеќе да има пречки на европскиот пат, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) од која дел е и МИА. Во одговор на прашање на МИА дали ЕУ и земјите членки можат да гарантираат дека по спроведување на уставните измени не би имало нови блокади поради билатерални прашања поврзани со идентитетот, ...

Соединетите Држави на 15 април ги укинаа санкциите воведени во јануари врз шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Антал Роган, поради обвинувања за корупција и кронизам. Во соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за финансии се вели дека Роган е избришан од листата на санкции. „Државниот секретар Марко Рубио на 15 април разговараше со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто и го информираше за ...

Во неколку интервенции од утрово (16 април), полицијата ги потисна студентите кои блокираа еден од главните влезови во зградата на Радио и телевизија на Србија (РТС) во Белград, на улицата Абердарева. Полициски и жандармериски кордони моментално се поставени пред студентите, додека улиците околу РТС се блокирани. Според изјавите на еден од обезбедувачите, во средата, работниците на РТС, во придружба на полицијата, влегле во зградата на ...

Бугарија порача дека е подготвена да потпише договор со Северна Македонија за изградба на прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8. Од македонското Министерство за транспорт одговорија дека „едно се дела, а друго се зборови“. „Бугарија е целосно подготвена да потпише договор со Северна Македонија и што поскоро да започне со копање на граничниот железнички тунел“, порача бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт и врски, Гроздан Караџов ...

Европската унија се чини дека подготвена да го заостри својот механизам за суспендирање на визниот режим подоцна оваа година, со што ќе му олесни на Брисел да го отповика безвизното патување за граѓаните од 61 земја кои моментално го уживаат - вклучувајќи ги и сите земји кои се надеваат на ЕУ во Западен Балкан, како и Грузија, Молдавија и Украина. Предлогот да се наведат повеќе причини за суспендирање на безвизното патување беше инициран од ...

Продолжувањето на санкциите против Русија е едно од најитните прашања за Европската Унија - особено оваа година. А „досието“ на Унгарија за издржување на ваквите санкции ги загрижи претставниците во Брисел за тоа што ќе се случи кога ќе дојде следниот рок за продолжување, овој пат во јули. Овие продолжувања се случуваат на секои шест месеци и се поделени во две групи: едните се секторски санкции - како што се забрани за увоз на разни руски стоки ...

Унгарските пратеници во понеделникот (14.04.2025) го усвоија 15-тиот амандман на Основниот закон, како што се нарекува Уставот, со кој се ограничува правото на ЛГБТК+ групите да одржуваат јавни настани, притоа признавајќи само два пола: машки и женски. Амандманот беше усвоен со 140 гласа „за“ и 21 „против“, при што пратениците од екстремно десничарското движење „Наша татковина“ се приклучија на партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан и ...

Централното претседателство на Алијасата за Албанците денеска решава дали на претстојните локални избори ќе настапат во рамки на коалицијата Вреди (Влен) или ќе излезат од коалицијата и ќе настапат самостојно. „Не мислиме дека ќе победиме, меѓутоа мислиме дека може да направиме добар резултат. Меѓутоа, ајде да видиме, на крај граѓаните одлучуваат“, изјави Арбен Таравари, лидерот на Алијасата за Албанците наговестувајќи го неговотго инклинирање ...

За првпат се воведува скрининг за депресија кај лица од 18 до 35 години што ќе ги прават матичните лекари, по укажувањата дека ова сериозно ментално нарушување е во пораст во последните години. Лекарите апелираат пациентите да дојдат на преглед кога ќе ги повикаат. Истражувањата покажуваат дека итно е потребно подобрување на менталното здравје, особено кај младите. Матичните лекари ќе проверуваат депресија кај млади лица на возраст од 18 до 35 ...

Шефицата на дипломатијата на Европската унија (ЕУ), Каја Калас, рече дека тензиите во Западен Балкан растат и побара да продолжи процесот на проширување на блокот. „Гледаме дека тензиите растат и дефинитивно мораме да го продолжиме процесот на проширување, бидејќи тоа е нешто опипливо и навистина ни требаат успешни приказни“, рече Калас пред состанокот на Советот за надворешни работи во Луксембург. Калас не ги спомна земјите каде, според неа, ...

Регрутирањето луѓе во Русија за војната во Украина нагло се зголеми во многу делови од земјата, а бонусите за пријавување и другите стимулации се на рекордно високо ниво. Во сибирските региони како Иркутск и Новосибирск, локалните власти „агресивно“ нудат договори на потенцијални доброволци, при што бонусите за пријавување во некои случаи ги надминуваат просечните годишни плати, според изјавите на регрутерите и официјалните рекламни кампањи. ...

Вкупно 45 луѓе и три фирми се опфатени со проширената истрага на Обвинителството за системски пропусти кои доведоа до тешки последици од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани каде што загинаа 61 лице. Истрагата не е готова, таа ќе трае уште најмалку два месеца, најави државниот обвинител. Вкупно 13 години ниту еден инспектор од општината Кочани не спровел проверка на објектот кој од лесна индустрија бил пренаменет во дискотеката „Пулс“ каде во ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
71%
1023
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
82%
1022
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
1021
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
1.03
60%
1024
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.55
79%
1022
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
2.57
73%
1022
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
2.57
61%
1021
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
82%
1024
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1024
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
87%
1021
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1022
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
4.63
67%
1022
Currency

61.53

Currency

53.1337

Currency

69.7572

Currency

34.777

Currency

37.9478

Currency

66.5784

Currency

7.47219

Currency

0.65393

Currency

0.34328

Currency

0.52557

Currency

1.25874

Currency

0.599