Расте загриженоста за можна глобална трговска војна по последното предупредување на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе воведе царини за нејзините најголеми трговски партнери - Мексико, Канада и Кина - се додека не се запре приливот на илегални имигранти во Соединетите Држави од Латинска Америка и дрогата која стигнува од Азија. „На 20-ти јануари, како една од многуте мои први извршни наредби, ќе ги потпишам сите потребни ...

Договорот за примирје во Либан е голема победа за Израел, сметаат експерти. Израел успеа да ги одвои нападите на Хезболах од војната во Газа. Хезболах, иако сè уште е опасен, сега е бледа верзија на себе и ќе се соочи со криза на легитимитетот додека се обидува да се обнови. Договорот за примирје стави крај на едногодишните борби меѓу Израел и либанската вооружена група и политичка партија, Хезболах. Договорот постигнат со посредство на САД е ...

Власта и оваа сезона излезе со краткорочни мерки против аерозагадувањето, додека екоактивистите се скептични и порачуваат дека клучот е во долгорочно инвестирање во чист воздух. Што предвидуваат краткорочните мерки, имаат ли институциите капацитет да ги спроведат и ќе дадат ли резултати? Од проверка на испусните гасови на автомобилите и забрана за товарни возила во урбаните средини до вонредни контроли во индустриските капацитети и на ...

Државната комисија за спречување на корупцијата двапати овој месец ги повика Судскиот совет и Советот на обвинители да ги отповикаат членовите што ги номинираа во Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители. Мандатот на новиот состав на УО на Академијата почнува в петок, но препукувањата продолжуваат. На 29 ноември (петок) ќе почне со работа новиот состав на Управниот одбор(УО) на Академијата на судии и јавни обвинители, во ...

Повеќе од една година, јеменските бунтовници Хути ги напаѓаат меѓународните бродови и пукаат врз американските поморски сили во Црвеното Море. Нападите со проектили и беспилотни летала на Хутите ја нарушија клучната глобална трговска рута и предизвикаа одмазднички напади од страна на Соединетите Држави и Велика Британија. Сега, извештаите на американските медиуми сугерираат дека Русија им помага на бунтовниците да ги изберат нивните цели - ...

Скепса кај граѓаните дека ќе „рикаат возови“ кон Бугарија. Скепса дека „ќе се оправи“ Македонска пошта. Скепса и дека Скопје ќе ги победи „современите окупатори“. Во здравството „бетер“... Њузелетер, 15.11.2024 Директорите си ја зголемиле платата за 50 отсто, поштарите на минималец Македонска Пошта е загубар со милионски долгови, ама директорите во септември минатата година незаконски си покачиле плата, утврдија ревозорите. Вработените, кои ...

Дијалог од стара телевизиска реклама во која на прашањето на пензионерот „Дали има нешто за пензиите?“, поштарот одговара: „Пензиите се укинати“, а на кој потсетува Гордана Матковиќ од Центарот за социјална политика во Белград, го прикажува стравот на граѓаните од (не)сигурноста на пензиите. Раденко Милинковиќ од Белград веќе шест години е во пензија, но сепак мора да работи дополнителна работа. Тој продава сладолед на главната улица во градот, ...

Чад, гнев и бескрајни ветувања: нестандардните депонии со години трујат цели градови, иако речиси 100 милиони евра од ЕУ фондови за модерно управување со отпад остануваат неискористени. Нов рок е 2025 за почеток на изградба на некоја од петте регионални депонии, додека граѓаните се гушат во енормно загадување. Кочани, град на североистокот на Северна Македонија, овој месец беше сведок на континуирани 24-часовни блокади од страна на граѓани и ...

Сè уште не е комплетиран списокот на банки кои ќе ги даваат кредитите со парите од унгарскиот заем. Власта очекува дека во наредните денови 250-те милиони евра ќе бидат достапни за фирмите. Компаниите сами ќе си покриваат камата од 1,95%, додека каматата од 3,25 отсто што треба да се плати на Унгарија, ќе ја покрива државата. Условите за кредитирање досега не се прецизирани. „Компаниите да подготват добри, издржани проекти, добар бизнис план. ...

Расте бројот на млади навлечени на „коцка“, алармираат психијатри. На терапија во Скопје доаѓаат и зависници од соседството. Здружението ХОПС анализираше какви навики за обложување имаат младите во Северна Македонија, Србија и Косово. „Јас сум Трајче и сум компулсивен коцкар. Не верувам дека би раскажал за мојата зависност доколку некој ме замолеше да го направам тоа пред 15 месеци.“ Вака овој 35-годишен скопјанец со 12 годишен стаж во коцкање ...

Малкупознатиот екстремно десничарски популист и проруски независниот кандидат Калин Георгеску го презеде водството на претседателските избори во Романија на 24 ноември, покажаа изборните податоци. Тој најверојатно ќе се соочи со левичарскиот премиер Марсел Чиолаку, во вториот круг кој треба да се одржи за две недели. По речиси 93 отсто пребројани гласови, Калин Георгеску има 22 отсто од гласовите, додека Чиолаку има 21 отсто, што укажува на тоа ...

Беше летен ден кога Маида отишла во полиција во едно гратче во Босна и Херцеговина да го пријави нејзиниот сопруг кој и се заканувал дека ќе ги убие неа и децата. Речиси шест илјади километри подалеку и неколку степени Целзиусови повеќе, Марзие почнува да сфаќа дека нема да може да се врати на училиште. Преку границата во Иран, протестите продолжуваат откако Махса Амини почина во полициски притвор поради наводно кршење на правилата за носење на ...

Има нејаснотии околу унгарскиот кредит од 250 милиони евра: кои компании ќе добијат пари, каква ќе биде намената и дали навистина ќе поттикне нов инвестициски циклус или ќе поддржи веќе планирани проекти, вели Благица Петрески од Фајнанс Тинк во интерју за Радио Слободна Европа. Собранието расправа за Предлог-буџетот за 2025 година што го усвои Владата, кој предвидува раст на БДП од 3,7 отсто. Дали е реален ваков раст, ако ММФ и Светската велат ...

Во текот на следните неколку недели во Романија се одржуваат претседателски избори, прв круг на 24 ноември, вториот на 8 декември и парламентарни избори на 1 декември. РСЕ анализира кој се кандидира, кој најверојатно ќе победи и, што ќе значи тоа за романскиот народ. Двојните избори што претстојат во Романија, не само што треба да ја одредат политиката дома, туку ќе влијаат и на надворешната политика, вклучително и евентуално омекнување на ...

СДСМ е пред избор на ново раководство откако пред речиси пет месеци Венко Филипче ја презеде лидерската позиција. Откако го доживеа најголемиот пораз, тешко дека ќе направи чуда до локалните избори за помалку од една година, оценуваат дел од аналитичарите затоа што новото раководство прво го очекува многу работа внатре во партијата, а дури потоа ќе треба да се сврти кон граѓаните. Помалку од една година ќе има новото раководство на ...

Секој пат кога Срѓан Милиќ ќе влезе во неговиот двор, носот грубо го потсетува дека живее во близина на една од најголемите и најотровните депонии за отпад во Косово. „Не знам како да кажам: живееме овде затоа што мораме да живееме овде. Го чувствувате и вие овој мирис“, изјави 72-годишниот Милиќ за косовскиот сервис на РСЕ. Скромниот дом на Милиќ се наоѓа во Палај, населба во близина на Обилиќ, град во централно Косово, област на малата ...

Aлко-тестови за вработени, тестирање на храната во старечки домови и училишта, на тест и буџетот на државата за наредната година и издржливоста на јавниот долг. Њузлетер 22.11.2024 Алко-тестови за вработени Упатство за вршење алко-тестирање секое утро им посакува добредојде на вработените во комуналното претпријатие во Берово. Истакнато е уште на влезната врата во Јавното претпријатие за комунални работи. Берово, градот познат по беровските ...

Владата може да ѝ ги одземе ингеренциите на градоначалничката Данела Арсовска за ЈСП, а може и интервентно да реагира од државните нафтени резерви со гориво за ЈСП, вели професорот Борче Давитковски. По денешниот колапс на автобускиот превоз седници закажаа и градот Скопје и Владата. Од 600 автобуси во возниот парк на ЈСП и приватните превозници само 40 денеска превезуваат патници. Симона утрово излегла во 7 часот од приградска населба на ...

Когенеративни гасни централи се решение за енергетска независност и за намалување на загадувањето, се согласуваат енергетичарите - но укажуваат и дека потенцијален инвеститор би дошол првенствено за да заработи. Дилемата е како и кога ќе се донесе гас и дали заради непредвидливоста на цените, енергијата навистина би била поевтина. Да се произведува енергија и топлина во ист процес, притоа граѓаните да дишаат повеќе чист воздух и да плаќаат ...

Растат цените на млекото, компирот и путерот во Русија. Трговците на мало ја зајакнуваат безбедноста за да спречат кражби. Стапките на хипотеките вртоглаво растат бидејќи продажбата на нови станови опаѓа. Повеќе од 1000 дена откако Москва ја започна својата сеопфатна инвазија на Украина, Русија ја трансформираше својата економија, преуредувајќи ја за да ги поттикне воените напори и да се справи со западните санкции. Владините трошоци за работи ...

Највисоката казна која денеска беше изречена во Кривичниот суд во Скопје е 5 години и 6 месеци затвор, а најниската е условна осуда. Сите 13 млади луѓе на возраст од 22 до 32 години судот ги прогласи за виновни дека сексуално злоупотребиле малолетничка ја снимале и ги препраќале снимките. „Ова не е битка на мажи против жени туку е битка на идните генерации“, рече судијката Даниела Димовска изрекувајќи ја осудителната пресуда во случајот за ...

Правилник секој ден ги предупредува вработените во беровски Комуналец дека може да бидат тестирани и ако пиеле алкохол ќе добијат казна или отказ. Ваквата пракса има и во други градови, а вработен во РЕК Битола, кој бегал преку прозорец за да не го тестираат, завршил на суд. Според СЗО, секој возрасен во Северна Макеоднија пие по 4,5 литри алкохол годишно Упатство за вршење алкотестирање секое утро им посакува добредојде на вработените во ...

Се чини дека Русија нуди конзуларни услуги во црноморскиот туристички град Варна, и покрај тоа што Софија протера дипломати во 2022 година и го затвори конзулатот една година подоцна, покажа истрагата на бугарскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ). Додека бугарските власти велат дека не знаат за какви било дипломатски активности, групите на Фејсбук (Facebook) и Ватс ап (WhatsApp) на руски јазик рекламираат конзуларни услуги во локалното ...

По речиси две децении клучен играч на македонската политичка сцена, Радмила Шекеринска е прв висок функционер од Западен Балкан во НАТО. Одигра клучна улога во зачленувањето на Северна Македонија во Алијансата, а како вицепремиерка за евроинтергации ја поднесе кандидатура за членство во ЕУ во 2005 Поранешната македонска министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, ќе стане нов заменик - генерален секретар на НАТО, објави воената Алијанса на 19 ...

И оваа Влада ќе продолжи со задолжувања, а се очекува до крајот на оваа година државниот долг да достигне 53,7 отсто од БДП, додека јавниот 62,7 отсто, според Предлог-буџетот за 2025 кој изнесува рекордни 6,5 милијарди евра. Економски експерти за РСЕ се скептични за владиниот планиран раст на БДП од 3,7%, додека позајмените пари главно ќе се користат за исплата на старите долгови. Владата ќе ја продолжи политиката на задолжување на државата, ...

Освен жртвите на семејно насилство, надоместок може да бараат и жртви на трговија со луѓе, ропски однос или семејствата на жртви на кривични дела што предизвикале смрт или тешки последици. Услов е делото да било пријавено во полиција или обвинителство. Досега долгата процедура траела и до 20 години Семејството на жена убиена при семејно насилство е на пат да го добие првиот надоместок од државата со помош на законот за паричен надоместок за ...

Администрацијата на Бајден, наводно, и дала дозвола на Украина да нападне длабоко во руската територија со ракети од долг дострел, отворајќи ја вратата за Велика Британија, Франција и Германија да ги следат нејзините чекори. Нејзиното влијание, сепак, ќе зависи од тоа колку оружје и е дадено на Украина. Со брзи акции Русија зазеде повеќе територии во источна Украина сега, отколку во двете и ипол години од инвазијата, токму кога нејзиниот ...

Неисполнување на хигиенските услови, неизвршени здравствени прегледи на вработените во кујните, ненаправена дезинфекција, се меѓу пропустите кои изминатиов период инспекторите ги открија во кујни низ старски домови, игротеки, училишта и градинки. Во некои училишта во контрола одат и родители за да ја пробаат храната и да дадат забелешки. „Секогаш кога одевме, беше поминато времето за јадење… Татко ми ништо конкретно не се пожалил, но се ...

Со големо искуство како експерт за дезинформации, Феликс Карте е висок советник во Ресет (Reset), невладина организација со седиште во Лондон која го истражува влијанието на социјалните медиуми врз демократијата. Во минатото, Карте работеше во СтратКом, одделот за стратешки комуникации на дипломатската служба на ЕУ. Додека беше таму, тој помогна во креирањето на политиката на ЕУ за спротивставување на дигиталните закани. Во интервју за ...

Американските медиуми јавуваат дека администрацијата на претседателот Џо Бајден ги укинала ограничувањата што ја спречуваа Украина да користи оружје обезбедено од Америка за да нападне длабоко во руската територија. Денешните (17 ноември) извештаи на Њујорк Тајмс, АП и Ројтерс цитираа извори запознаени со ова прашање. Белата куќа не ги коментираше извештаите. Доколку се потврди, тоа би претставувало голема промена во политиката на САД во услови ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
44%
1019
weather icon

Белград

22ᴼ / 19ᴼ
1.03
65%
1020
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.0
57%
1023
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
6.17
56%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
5.59
65%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
77%
1023
weather icon

Атина

29ᴼ / 28ᴼ
4.47
46%
1011
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
4.12
36%
1014
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
8.75
30%
1018
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
3.6
72%
1016
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
1.79
49%
1020
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
6.69
69%
1013
Currency

61.525

Currency

52.5197

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75