Додека рускиот претседател Владимир Путин ја следи парадата во Кина и додека неговите сили продолжуваат да ги напаѓаат украинските градови, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е „многу разочаран“ од лидерот на Кремљ и дека планира да направи „нешто“ во наредните денови во врска со тоа. „Многу сум разочаран од претседателот Путин, можам да го кажам тоа“, изјави Трамп во радио емисијата на Скот Џенингс на 2 септември кога беше прашан ...

Острите кампањи кои ги водат партиите за мобилизација на членството ја продлабочуваат поларизацијата на јавноста, велат политичките аналитичари. Аферата за прислушување која повторно се актуелизира, заедно со други теми од национален интерес во моменов доминираат во пресрет на локалните избори. Незаконско прислушување, евроинтеграции и национален идентитет, скандали, навреди, говор на омраза и обвинувања ја ставија во втор план дебатата за ...

Преведените 500 стручни книги, за кои се потрошени 13 милиони евра, се чуваат во несоодветни услови поради што дел од книгите се оштетени. Во магацин во Средното училиште за деца со посебни потреби „Св. Наум Охридски“ има учебници кои по воведувањето на Кембриџ-програмата станале неупотребливи, утврдија ревизорите во извештајот за Министерството за образование за 2023 година. Министерството за образование и наука (МОН) потрошило милионски суми ...

И покрај западните санкции и политичката изолација, лидеритe на ентитетот Република Српска во БИХ и на Србија, Милорад Додик и Александар Вучиќ, продолжуваат да одржуваат блиски контакти со рускиот претседател Владимир Путин. Иако овие средби зачестија, аналитичарите веруваат дека тие служат повеќе како порака до Западот отколку што навистина носат конкретна поддршка од Москва. „Мислам дека она што го бараат е симболична поддршка од Путин за да ...

Полицијата во Киргистан изрече високи казни и официјални предупредувања за стотици жени кои носат никаб, превез за лице кој е забранет во земјата со муслиманско мнозинство. Најмалку 29 жени беа казнети со по 20.000 соми (230 долари) за кршење на забраната за никаб, која стапи на сила претходно оваа година, соопшти полицијата. Жените беа запрени за време на рациите во јужниот регион Ош и југозападната покраина Џалал-Абат, каде што локалните ...

Рускиот претседател Владимир Путин испрати пркосна порака до Западот за неговата инвазија на Украина откако стоеше рамо до рамо со кинескиот лидер Си Џинпинг. Двајцата лидери ги покажаа своите блиски врски на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Кина. Зборувајќи со другите лидери на дводневниот самит во Тјенџин на 1 септември, Путин рече дека војната во Украина се случила „не како резултат на руски напад“, туку поради ...

Оваа учебна година во училиштата се запишани вкупно 245.000 ученици, 177.800 во основно и 67.200 во средно образование. Само за последните 10 години, бројот на ученици е намален за 27.000 илјади, поради исселувањето и пад на наталитетот. Министерството за образование за учебната 2025/2026 најави учебници за сите и вештачка интелигенција во наставата. Ниту едно прваче годинава не е запишано во основното училиште „Видое Подгорец“ во Колешино, во ...

Продолжувајќи ја иницијативата што руските пратеници претходно ја оценија како „дерусификација“, Киргистан отстрани уште две статуи на советскиот лидер Владимир Ленин и го отстрани неговото име од неколку улици и училишта. Службениците во јужниот град Ош ја отстранија високата 25-метарска статуа на Ленин - највисоката во Централна Азија - во јуни. Неколку дена подоцна, друг споменик на Ленин беше симнат од својот пиедестал во соседниот регион ...

Стотици луѓе загинаа во Авганистан во земјотрес со сила од 6,0 степени според Рихтеровата скала што го погоди источниот дел од земјата на 31 август. Според Геолошкиот завод на САД, Џалалабад беше епицентарот на земјотресот. „Според нашите најнови информации за синоќешниот земјотрес во провинциите Кунар и Нангархар загинаа 610 лица, 1.300 беа повредени, а голем број куќи беа уништени“. Во провинцијата Нангархар, 12 лица загинаа, 255 беа ...

Рускиот претседател Владимир Путин, индискиот премиер Нарендра Моди и други лидери од Шангајската организација за соработка (ШОС) присуствуваат на дводневен самит во Кина, каде што Си Џинпинг ќе има за цел да ја усоврши својата визија за алтернативен светски поредок. Повеќе од 20 лидери се собираат во северниот пристанишен град Тјанџин од 31 август до 1 септември, додека Кина е домаќин на годишниот самит на блокот за да разговараат за прашања ...

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески во интервју за РСЕ вели дека преку катастарот треба да се олесни идентификацијата на граѓаните кои првпат купуваат стан, а од 2026 најавува законски измени за пониски банкарски провизии. Господине Славески, неделава најавивте мерки против инфлацијата, меѓутоа зошто се уште имаме повисока инфлација во однос на Еврозоната? Факт е дека инфлацијата во еврозоната или дезинфлацијата оди побрзо до што во ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев бара нова средба со американскиот претседател Доналд Трамп и европските сојузници уште следната недела, откако им кажа на новинарите дека Русија е подготвена да започне нова офанзива во источна Украина. „Концентрацијата [на руските трупи] таму е до 100.000“, изјави Зеленски на 29 август, осврнувајќи се на фронтовските линии во близина на високо стратешкиот град Покровск. Покровск, во ...

Граѓанските организации алармираат дека Предлог-законот за рударство ја става економската корист пред природата и отвора врата за присилно раселување, додека Министерството за енергетика го оправдува законот со усогласување на националното законодавство со директивите на ЕУ за критични суровини. Предлог-законот за рударство претставува закана „за еколошка катастрофа“ и отвора врата за присилно раселување и уништување на природата. Вакви ...

Медицинска опрема и материјали вредни над 6,7 милиони евра пристигнале како донации во македонското јавно здравство во последната година. Овие донации ги добиле 85 установи, покажуваат податоците што ги објави ресорното министерство. Додека со донациите се опремуваат и хируршки сали и канцеларии, во дел од тоалетите нема ниту сапун, ниту врати. „Секое дете заслужува шанса и затоа нашата помош ќе оди кај малите херои. Обезбедуваме донација за ...

На денот кога Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина ги објави предвремените претседателски избори во Република Српска (РС) од редовите на српскиот народ, не е познато кои партии ќе учествуваат и кои ќе се нивните кандидати. Познато е дека опозицијата се обидува да има еден кандидат кој, како што стојат работите во моментов, ќе го предложи најсилната меѓу нив - Српската демократска партија. Тоа ќе биде објавено на 7 септември на ...

Европските лидери ги осудија ноќните напади со ракети и дронови врз Киев од страна на Русија, при што Велика Британија и Европската унија повикаа руски дипломати за да изразат негодување. Најмалку 18 лица загинаа во Киев, откако руските ракети уништија станбени згради и домови во главниот град во текот на ноќта. Десетици се повредени, а спасувачите пребаруваа низ купишта чадливи урнатини во потрага по преживеани. Овој напад беше најголемиот што ...

Свиткан покрај тротоар на паркинг, додека нервозно пушеше цигара, Маџеделдин Абдулхаи собираше сила за следниот дел од патувањето кое речиси го чинеше живот. Беше август 2015 година и со недели, стотици илјади луѓе патуваа од Турција, низ Балканот, кон Западна Европа барајќи азил. Во тоа време, тоа беше најголемото движење на луѓе во Европа од Втората светска војна. За земјите долж целиот синџир, кризата предизвика големи нарушувања кои и ...

Германскиот концерн „Рајнметал“ ќе учествува во изградбата на два погони во Бугарија, објави неговиот директор Армин Папергер. Едниот ќе биде за производство на барут, а другиот за гранати. Веста ја објави Папергер за време на средбата со лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов во Дизелдорф и неколку дена пред посетата на претседателот Румен Радев на Германија. Погоните ќе бидат заеднички проект на „Рајнметал“ и бугарската државна ...

Општините во првите шест месеци од изборната 2025 година издале дозвола за изградба на 4105 станови, што е за околу илјада нови станови повеќе од истиот период лани, покажуваат статистичките податоци. Од вкупниот број предвидени нови станови само 1771 ќе никнат во скопскиот регион. Фекалии ни се враќаат во домот, откако градежниците во соседството при изградбата на нова зграда ја затнаа канализацијата, сведочи 45 годишната Емилија од скопската ...

Во голем руски воздушен напад врз главниот град на Украина, убиени се најмалку осум лица - соопштија властите во Киев, додека високи украински претставници преземаат дипломатски активности за да обезбедат поддршка пред разговорите со американски претставници во Њујорк оваа недела. Рускиот напад со дронови и ракети погоди неколку локации во украинската престолнина, а сирените за воздушна опасност се слушаа низ цела Украина, вклучително и на ...

Ниту еден македонски универзитет и годинава не се најде на Шангајската листа. На врвот и понатаму се американските - Харвард, Стенфорд и МИТ, но на листата се и универзитети од регионот како белградскиот кој е подобро рангиран од универзитетите во Љубљана и Загреб. „Веќе долги години, Харвард е на првото место на Шангајската листа, имајќи ги предвид и неговите финансии. Но прашањето не е секогаш колку пари се даваат, туку и како тие се трошат. ...

По олеснетиот пристап за независни кандидати со два потписа и можни предолги гласачки ливчиња премиерот Мицкоски најави можност владата да именува повереници ако не успеат изборите во некои општини. Политички аналитичари велат дека неисполнет цензус е можен во помали општини погодени од иселувањето. Александар Новаковски, поранешен претседател на ДИК, предупредува на „злоупотреби од недобронамерници“. Ако и по вториот круг на локалните избори не ...

На изведувачите во државно контролираниот културниот сектор во западен Туркменистан им е даден рок да ослабат и да „изгледаат претставително“ за време за Денот на независноста на нацијата, изјавија неколкумина вработени за РСЕ. Актери, пејачи, танчери и други тврдат дека властите во покраината Балкан им рекле на оние кои имаат прекумерна тежина да ослабат пред јавните прослави на 27 септември или ќе се соочат со последици. Службениците наводно ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја намали веројатноста за брза средба на рускиот и украинскиот лидер и ја покрена можноста за нови санкции врз Москва, иако рече дека и украинската страна не е без вина. „Сакам да видам како таа војна завршува. Многу, многу сериозно е она што го имам на ум, ако морам да го направам тоа. Но, сакам прво да видам како ќе заврши ова“, им рече Трамп на новинарите на 26 август во Белата куќа додавајќи: ...

Додека МОН исплаќа блок дотации на општински основни училишта, примери во Шуто Оризари и Струга откриваат длабоки проблеми, злоупотреби и немање контрола за трошењето на парите. Од 1 јануари 2026 година, МОН најавува примена на нова формула за пресметка на блок дотации. Минатата недела, два случаја во две различни општини во државата - Шуто Оризари и Струга го отворија прашањето дали Министерството за образование и наука има контролен механизам ...

Полицијата регистрирала 75 случаи на насилство и недостојно однесување на младински спортски натпревари за кои поднесени се 7 кривични пријави, а 15-мина биле повредени. Инцидентот во Штип заврши со две момчиња во болница, притвор на напаѓачот, татко на 15- годишен фудбалер кој доби суспензија. Во изминативе осум месеци од годинава, дестките спортски терени во земјава станаа арена на 75 инциденти поврзани со насилство и недостојно однесување, ...

За осум месеци, политичка парализа од државно ниво во Босна и Херцеговина, се префрли во Република Српска откако овој ентитет остана без претседател, а потоа и без функционална влада поради судската пресуда против Милорад Додик. Народното собрание на Република Српска објави референдум на кој гласачите треба да одлучат дали да ги прифатат одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница, Кристијан Шмит, на Судот и на Централната изборна ...

Септември ќе биде последниот работен месец за пратениците пред кампањата за локалните избори, до кога треба да се заокружат сите закони што пристигнале во процедура. Нема да има нов обид за измени на Изборниот законик, а до изборите нема да се избере нов претседател на ДКСК и Народен правобранител. Собранието во септември ќе заседава двапати - на 2 и на 12 септември, за да се донесат сите закони кои пристигнале во процедура пред почетокот на ...

Во иницијатива до Уставен суд, Дениз Мустафаоглу од заедницата Инженери бара судиите да ја оценат уставноста на „паушалните фактури“ - тие што не се засноваат на реално измерени вредности од струјомерите. Уставниот суд формираше предмет. Од ЕВН велат дека редовно се отчитани 95 отсто од броилата. Од почетокот на 2025 година до 20 август до РКЕ пристигнале 770 жалби за сметки за струја, речиси девет пати повеќе отколку лани. Уставен суд формира ...

Велика Британија, Франција и Германија, таканаречената група Е3, предупредија дека ќе активираат механизам во ОН што би можел повторно да воведе глобални санкции врз Иран, кои честопати биле заканувачки, но никогаш не биле искористени. Нивниот рок е: крајот на август, освен ако Техеран не постигне опиплив напредок во нуклеарните разговори со САД. Таканаречениот механизам „snapback“ е посебен процес создаден со нуклеарниот договор со Иран од 2015 ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
100%
1025
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
94%
1023
weather icon

Загреб

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
100%
1022
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
47%
1028
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.04
87%
1024
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
1.3
89%
1023
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
73%
1022
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1024
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1023
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.79
95%
1023
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
93%
1023
Currency

61.53

Currency

53.1337

Currency

69.7572

Currency

34.777

Currency

37.9478

Currency

66.5784

Currency

7.47219

Currency

0.65393

Currency

0.34328

Currency

0.52557

Currency

1.25874

Currency

0.599