Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Балканот покажа дека национализмот не е само реторика, туку честопати претходник на војна. Во 1990-тите, идеологијата на Слободан Милошевиќ разгоре конфликти што оставија длабоки рани во регионот. Денес, слични сенки се враќаат преку сегашните лидери. Во нивниот центар, многу набљудувачи го ставаат претседателот на Србија, Александар Вучиќ. На власт од 2014 година, прво како премиер, а потоа и како претседател, тој спроведе стратегија што го ...
Негативен однос на дел од политичарите кон новинарите, политички пристисоци, економска несигурност, празнини во законите и присуството на дезинформации, се дел од причините за намалената доверба на јавноста во медиумите гласи заклучокот во извештајот „Во сенка на слободата на медиумите“. Медиумите во земјава не се финансиски самоодржливи, особено со финансиски проблеми се соочуваат истражувачките медиуми, новинарските плати се под нивото на ...
Summary Скопјанецот, 37 годишниот Љупчо Бојчевски, единствениот затвореник во Северна Македонија кој е осуден за „Учество во странска војска“ затоа што се борел на руска страна во војната во Украина. Тој се кае за тоа што го сторил, како што пишува во пресудата на Кривичниот суд и се согласи за Радио Слободна Европа да раскаже низ што поминал. Во првите моменти во затворот „Идризово“, соговорникот на РСЕ изгледаше рамнодушно – со прекрстени раце ...
Во тек се градежни работи на локација во Белорусија, за која експертите велат дека изгледа како воен објект на кој потенцијално би можеле да се сместат руски стратешки ракети, според сателитските снимки анализирани од РСЕ со други партнери. Снимките од Планет Лабс покажуваат обемна изградба на пространа локација во областа Слук, 60 километри јужно од Минск, каде што на телевизиските снимки од мај 2024 година, се гледа дека претходно биле ...
Полска соопшти дека активирала борбени авиони и соборила неодреден број руски беспилотни летала што влегле во нејзиниот воздушен простор, нарекувајќи го тоа „чин на агресија“. Беспилотните летала постојано го нарушувале полскиот воздушен простор во раните утрински часови на 10 септември, соопшти армијата, откако Русија започна бран напади врз цели во Украина, вклучително и оние во близина на полската граница. Немаше непосредни извештаи за жртви ...
Пратениците од парламентарната надзорна Комисија ќе одат во АНБ, но без првите луѓе на комисијата, кои ги немаат потребните безбедносни сертификатите. Во меѓувреме партиските обвинувања за прислушувањето за кое обвини Премиерот - не престануваат. Десетина пратениците, кои се членови на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање се договориле утре, на 10 септември да ги посетат ...
Жители на Лагадин обвинуваат дека сопственикот на спорниот хотел на крајбрежето сака да ја узурпира плажата и бараат итна реакција од институциите. Министерството за транспорт и врски уверува дека ќе спречи самоволие, а Општина Охрид дека ќе реагира со инспекции. Инвеститорот демантира. Хотелот во населбата Лагадин на охридското крајбрежје, за кој жителите со години алармираат дека е дивоградба, повторно ја бранува јавноста, овојпат дека ...
Украинските сили започнаа напади со беспилотни летала и ракети врз два града во окупираните делови од источниот украински регион Донецк, додека американските и европските претставници се состанаа во Вашингтон за да разговараат за повеќе економски санкции врз Русија за да ја принудат да преговара за крај на војната. „Во нападите загинаа две лица, а 16 беа повредени“, рече Денис Пушилин, шефот на регионот Донецк, поставен од Русија. Украинските ...
Северна Македонија денеска го слави Денот на независноста 8 Септември – 34 години од историскиот референдум на кој граѓаните во 1991 година со убедливо мнозинство се изјаснија за суверена и самостојна држава. Оттогаш земјата го започна патот како независна парламентарна демократија, а 8 Септември стана еден од најважните државни празници. Честитки денеска пристигнаа од македонскиот државен врв, амбасадата на САД и претставници на ЕУ. ...
Русија за време на викендот го изведе својот најголем воздушен напад врз Украина од почетокот на целосната инвазија во 2022 година, продолжувајќи да врши притисок врз украинските сили на фронтот. Иднината на директните мировни преговори е неизвесна, при што надежите за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски исчезнуваат во несогласувањата меѓу двајцата лидери. Дискусијата за безбедносни ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на „силен“ одговор од САД на најновиот масовен руски напад со беспилотни летала врз Киев, кој за прв пат погоди владина зграда откако започна инвазијата во февруари 2022 година. „Важно е нашите партнери да дадат широк одговор на денешниот напад“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање. „Сметаме на силен одговор од Америка. Тоа е она што е потребно.“ „Јасно е дека Русија се обидува да ѝ ...
Во текот на летото имаше многу шпекулации и назнаки од страна на официјални лица од Брисел дека Украина и Молдавија би можеле да бидат разделени на нивниот пат кон членство во ЕУ. Двете источноевропски земји се поврзани откако двете поднесоа барање за членство во Унијата по руската инвазија врз Украина на почетокот од 2022 година. И двете истовремено го добија статусот на кандидати, во текот на летото истата година, а кон крајот на 2023 година ...
Со 850 милиони денари, или скоро 14 милиони евра, државата финансиски ќе ги поддржи студентите за да си набават компјутери. Мерката за која има голем интерес, сепак според дел од малите и средни компании таа е дискриминаторска. Од Владата, за РСЕ, велат дека нема да ги преиспитуваат условите. Секој студент до 29 години кој запишал студии во академската 2025/2026 на некој од државните или приватните универзитети, ќе може да добие ваучер за да си ...
Коалицијата на подготвените, групација од повеќе од 20 западни земји, се приближува кон финализирање на плановите за некаков вид „мировни сили“ за Украина. Службеници запознаени со разговорите велат дека „дискусиите се интензивирале“ во европските престолнини во последните недели. Накратко објаснувајќи ја позадината на последните разговори во Париз на 4 септември, висок европски дипломат забележува дека има „зголемен ентузијазам“ за ...
Киев соопшти дека руски беспилотни летала погодиле клучна зграда на украинската влада за прв пат откако Москва започна со целосна инвазија. Нападот врз зградата на Кабинетот на министри во Киев на 7 септември беше дел од најголемиот руски воздушен напад врз украинскиот главен град од февруари 2022 година, соопштија украинските власти. Украинската воздушна одбрана беше активна доцна на 6 септември и рано на 7 септември, одбивајќи голем напад со ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го повика обвинителството да го истражи случајот со можни злоупотреби во АНБ со системите за следење. Не се сомнева дека во моментов постојат исти и дека и него го прислушуваат. Вели дека и на полицијата ѝ се неопходни реформи по трагедијата во Кочани. Афера со незаконско прислушкување повторно ја бранува јавноста. Како вие како министерство сте вклучени во нив во откривањето на сторителите, односно ...
Уште еден плот од воени беспилотни летала беше испален во текот на ноќта во Украина на 5-6 септември, откако рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека ќе ги смета сите странски трупи распоредени во земјата за „легитимни цели“. Последната рунда редовни напади врз Украина дојде во форма на 91 руски беспилотни летала, соопштија украинските воздухопловни сили, додавајќи дека се состоела од 18 напади на осум локации во земјата. Не се ...
Извештајот од Schemes, истражната единица на украинскиот сервис на РСЕ, покажува како Русија произведува гранати RG-Vo и ги испукува кон украинските трупи - и покрај санкциите и глобалната конвенција што ја забранува нивната употреба на бојното поле. Веб-страницата на рускиот Научно-истражувачки институт за применета хемија (NIIPH) прикажува слики од огномет и еден од предметите што ги произведува: прскалки во пакувања украсени со цртежи од ...
„Фактор за одвраќање за секој потенцијален агресор од соседството“, вака српскиот претседател Александар Вучиќ ја објасни потребата од нови набавки на оружје, што ја разгледал за време на неговото присуство на воената парада во Пекинг. Таму се сретнал со претседателот на Кина, Си Џинпинг, и изјавил дека го искористил присуството на воената парада во Пекинг за да види „што би било интересно да се набави за потребите на српските вооружени сили“. ...
Едни ставаат филери по дома, други додека се на фризер, наместо кај стручно лице. Законот е јасен, велат од Министерството здравство, но за да нема погрешни толкувања се разгледуваат предлог-измените на специјалистите во областа на естетската медицина, кои алармираат за злоупотребите и ризиците. „Една пациентка си купила филер, гледала на Јутјуб како се става и сама се боцкала дома пред огледало, па дојде со искривена уста“, ни раскажа д-р Игор ...
Сола се разбудила во болница полна со преживеани од катастрофалниот земјотрес во источен Авганистан. Откако се освестила, младата жена била информирана дека осум членови на нејзиното семејство загинале во полноќниот земјотрес во кој на 31 август загинаа над 2200 луѓе, претежно во оддалечената планинска источна покраина Кунар. „Не знам кој ме донесе тука“, рече Сола, која го кажа само своето име, од болничкиот кревет во главниот град на ...
Заканата од насилен екстремизам во Косово повеќе не е поврзана само со боиштата на Блискиот Исток, туку се одвива и во онлајн сферата. На социјалните мрежи и преку анонимни профили, радикалните идеологии наоѓаат нови начини да го шират своето влијание. Неодамнешните случаи што ги следи Специјалното обвинителство на Косово покажуваат дека пропагандата инспирирана од милитантната организација таканаречена Исламска држава (ИС) продолжува да има ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека 26 земји се согласиле да учествуваат во повоените безбедносни гаранции за Украина и дека поддршката на САД за планот ќе биде финализирана во наредните денови. Макрон зборуваше откако беше домаќин на денот на хибридна дипломатија во Елисејската палата во Париз на 4 септември. Лидерите на околу 30 западни сојузници на Украина се сретнаа со претседателот Володимир Зеленски за да разговараат за ...
Учебници се обезбедени по сите предмети, тврдат од МОН. Но, родители реагираат дека сепак некои се парталави, нецелосни и во лоша состојба. Министерството, пак, тврди дека проблемот е што има училишта што не пријавиле оштетени книги и со тоа воопшто не побарале нови, а родителите ги советуваат да побараат замена во училишните комисии за учебници. Нова учебна година, стари фрустрации кај родителите и учениците поради учебници. Парталави, ...
Бран на отпуштања и „замрзнување“ на новите вработувања во ИТ индустријата и во Северна Македонија оваа година. Напливот на кадри го намали бројот на огласи во македонската ИТ индустрија каде работат од 25 до 30 илјади професионалци, но лани во овој сектор е забележан 10 отсто раст на приходите. Додека глобално, стотици илјади луѓе од технолошките гиганти останаа без работа, и македонскиот пазар бележи намалување на огласите и за пракса и за ...
Беше исмејувана како „Коалиција на оние што чекаат“. „Коалицијата на подготвените“, или ад хок сојуз од претежно европски земји кои ветија дека ќе развијат одржлив безбедносен план за Украина по војната, одржува состаноци со месеци, но со малку конкретни резултати. Сепак, некои официјални лица веруваат дека ситуацијата би можела да се промени на состанокот на групата на 4 септември во Париз. „Очекувам дека утре или наскоро потоа ќе имаме појасна ...
Вкупно 69 претенденти за независни кандидати во 38 општини, како и 68 листи за 34 општини се пријавиле во ДИК. Меѓу нив само седум жени со намера да станат градоначалнички, како и девет носителки на листи за советници. Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, смета дека може да земат гласови бидејќи дел од електоратот веќе ја изгубил довербата во партиите. Кога во првиот круг од локалните избори на 19 октомври ќе треба да ...
Унгарија и Словачка повторно бараат од Европската Унија да ги укине замрзнатите средства и забраните за визи за шест руски бизнисмени за да се обезбеди продолжување на индивидуалниот режим на санкции против Русија, кој е во сила од општата инвазија на Москва во Украина пред повеќе од три години. Санкциите, кои сега опфаќаат повеќе од 2600 поединци и фирми по 18 рунди рестриктивни мерки на ЕУ, мора едногласно да се продолжуваат на секои шест ...
Уште едно лето минува со срамна слика: туристите гледаат како фекални води се слеваат во Охридското Езеро, додека се чека на институциите да обезбедат пари за поправка на колекторскиот систем. Најавите се дека пари ќе бидат планирани во буџетот за следната година. Додека фекални води и понатаму завршуваат во Охридското Езеро и на најатрактивните туристички локации, колекторскиот систем нема да биде поправен најмалку уште една година. Толку време ...
Кина ја демонстрираше својата растечка воена моќ и продлабочувачки врски со Русија на екстравагантна воена парада, наменета да го покаже статусот на кинескиот претседател Си Џинпинг како лидер на алтернативен, незападен светски поредок. Додека парадата на 3 септември претстави слика за воена координација и сила - вклучувајќи повеќе од 10.000 воени лица во совршено координирана парада и стотици парчиња воена опрема - еден од највпечатливите ...