Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Пелистер не успеа да ја оправда фаворитската улога на стартот од новата сезона во ВМФЛ, откако на домашен терен одигра само 1-1 против Камјани. Битолчани имаат амбиции експресно да се вратат во елитата и важат за еден од главните кандидати за првото место, но уште во првото коло добија сериозно предупредување дека патот до промоцијата нема да биде лесен. Гостите од Камјани стигнаа до предност во 31. минута преку Трпески, со што со минимално ...
Тејлор Свифт влезе во нова „ера“ кога станува збор за нејзиниот изглед. Триесет и шестгодишната пејачка се појави со најкратката фризура што ја носела во последните неколку години, а новиот изглед го покажа на свадба на свои долгогодишни музички соработници во Велика Британија, пишува „Пипл“. Свифт во саботата, на 15 август, присуствуваше на свадбата на тонските инженери Оли Џејкобс и Лора Сиск, каде што меѓу гостите беа и нејзините ...
Петмина тинејџери загинаа, а уште четворица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што ја предизвикал автомобил кој се движел во спротивна насока на автопат во Република Ирска, објави „Гардијан“. Ирската полиција потврди дека телата на петтемина млади, сите момчиња, биле извлечени од местото на директниот судир меѓу два автомобила, кој се случил во неделата околу три часот наутро на автопатот „М9“, во округот Килдер. Во вториот автомобил ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, a три се ставени под контрола. Оттаму додаваат дека 18 пожари се целосно изгаснати. Активни пожари има на подрачјето на општина Студеничани, каде што гори мешана шума на потегот од селото Моране кон селата Вртекица и Рамни Габер. Пожар избувнал и кај Видуш, Драгов Дол и Локвица ...
Сè што манекенката Хејли Бибер ќе направи или покаже има голема шанса да стане тренд – во тоа се уверивме многупати. Но, малкумина очекуваа дека следниот тренд, за чија популарност многу придонесе, ќе бидат ќофтињата. Рецептот за ќофтиња што го сподели на својот инстаграм-профил, го стави ова јадење во центарот на гастрономските теми, а се чини дека во последните денови сите сакаат да го пробаат. Кога станува збор за вирални рецепти, Хејли ...
Времето денеска ќе биде претежно сончево, со мала до умерена локална облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 6 до 15 Целзиусови степени, а максималните температури ќе достигнат од 29 до 37 степени. Во Скопје се очекува претежно сончево време со слаб ветер од променлив правец. Времето денеска ќе биде претежно сончево, со мала до ...
Мусаб А, поранешен сириски полициски началник кој во јули во Виена беше осуден на осум години затвор за тортура и тешки кривични дела врз противници на режимот на Башар ал Асад, ја напуштил Австрија и заминал во Сирија, каде што во саботата бил уапсен. Неговото враќање во Сирија предизвика остри реакции во Австрија, при што ФПО бара Австрија да побара негово предавање од сириските власти, додека ОВП оценува дека таквиот потег е нереален. ...
Монументален споменик на Дева Марија, за кој се верува дека е највисок од ваков вид во Европа, беше откриен во селото Конотопие во централна Полска, објави Гардијан. На осветувањето на споменикот висок 55,6 метри присуствуваа стотици верници, како и легендарниот водач на антикомунистичкото движење и поранешен полски претседател Лех Валенса. Импозантната зграда во село со помалку од 150 жители е повисока од познатата статуа на Исус Спасителот ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека, по повеќемесечна истрага спроведена во соработка со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и надлежните служби од Косово и Грција, е сузбиена меѓународна криминална група инволвирана во транспорт на наркотична дрога. „На 14.08.2026 година во Солун беа лишени од слобода македонски и косовски државјанин, при што беа запленети 324 килограми и 474 грама марихуана, ...
Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 17 август, прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите за денес. Овен Овни, ве очекува ден кога брзината може да биде ваша предност, но само ако не штедите на деталите. Неочекувана задача би можела да ви отвори врата кон интересна деловна можност. Денес нема да имате трпение за нејасни сигнали, отворениот разговор може да реши нешто што тивко ве мачело. Слободните можат да привлечат личност која веднаш ќе ...
Американската актерка Хејден Панетиер почина на 36 години. Смртта на младата актерка ја потврди нејзиниот претставник за „Еј-би-си њуз“. „Со длабока тага ја споделуваме трагичната смрт на нашата сакана Хејден. Таа беше неверојатна светлина и сила на природата која донесе неизмерна љубов и радост на сите што ја познаваа – и на милионите што ја гледаа на екранот“, рекол нејзиниот татко, Скип Панетиер, во соопштението. Нејзиниот татко побара ...
Летото значи повеќе време поминато на отворено, но и поголема изложеност на сончевото зрачење. Додека повеќето родители без размислување нанесуваат крема за сончање на своите деца, заштитата на очите често останува во втор план. Сепак, детските очи се почувствителни на УВ-зраците од очите на возрасните. Токму затоа очилата за сонце не се само моден додаток, туку можат да бидат важен дел од заштитата од сончевото зрачење, пишува „Модни ...
Во лето, многу луѓе ги отвораат широко прозорците и балконските врати за да ги проветрат своите станови, особено кога температурите накратко паѓаат. Но, потребни се само неколку моменти за мувите да долетат во кујната, дневната соба или спалната соба. Наместо веднаш да посегнете по хемикалии, можете да пробате природен метод што ќе ги разубави вашите прозорци, балкон или тераса, пишува „Метрополитан.си“. Тајната е во растенијата со силен ...
Дали некогаш сте забележале дека некои луѓе едноставно не сакаат куче, мачка или каков било друг миленик во својот дом? Ги сакаат животните, ги галат кога ќе ги сретнат и им се радуваат кај пријателите, но во сопствениот простор не ги сакаат. Додека едни не можат да си го замислат животот без миленик кој ги чека на вратата, други не поднесуваат влакна по мебелот, обврска за хранење, бучава или фактот дека некој друг целосно зависи од нив. ...
Ленс е освојувач на францускиот Суперкуп, откако во големото финале го совлада ПСЖ со 1-0, и тоа и покрај фактот што речиси целото второ полувреме го одигра со фудбалер помалку. Херој на Ленс беше Флоријан Таувин, кој во 32. минута го постигна единствениот гол на натпреварот по одлично изработена акција на својот тим. 🚨 | GOAL LENS 1-0 LENS LEAD AND THUVAIN WITH THE GOAL!!#TrophéeDesChampions #RCLPSG pic.twitter.com/6mndGFfA5u — Just ...
На почетокот од врската со нетрпение чекаме да се видиме со партнерот, да разговараме со часови и да ја искористиме секоја можност за да бидеме заедно. Неколку години подоцна, се случува многу парови воочуваат дека живеат повеќе како цимери отколку како љубовни партнери. Тоа најчесто не се случува преку ноќ. Обврските, работата, децата и секојдневните проблеми полека го заземаат целиот простор, додека разговорите меѓу партнерите стануваат сè ...
Шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид продолжуваат со одлични настапи во подготвителниот период, откако забележаа убедливи победи во своите последни контролни натпревари. Барселона славеше со 5-2 против Базел, а каталонскиот тим до предност стигна во 34. минута преку летното засилување Карим Адејеми. Германскиот крилен напаѓач одлично се снајде во шеснаесетникот и со прецизен удар погоди за 1-0. 🚨 THREAD: Os gols do Barça na vitória ...
Недалеку од Задар на хрватскиот брег, во близина на Јовиќи, денес избувна пожар, а куќите во моментов не се загрозени, објави командантот на хрватската противпожарна служба Славко Туцаковиќ, пренесува Индекс. Тој за хрватски „Индекс“ изјави дека покрај пожарникарите, во гаснењето на пожарот учествуваат и хеликоптер и „воздушен трактор“. Туцаковиќ истакна дека пожарот во еден момент ги загрозил куќите, но дека тие биле одбранети. Како ...
Онлајн трговијата со мумифицирани човечки останки може да претставува сериозен, но потценет ризик за јавното здравје, поради потенцијалното присуство на токсични супстанции и микроорганизми, според нова студија објавена во Меѓународниот журнал за културна сопственост. Иако познатата легенда за „проклетството на мумиите“ долго време ја поврзува смртта на Лорд Карнарвон, главниот финансиер на експедицијата што ја откри гробницата на Тутанкамон ...
Зетот на Доналд Трамп и американски преговарач Џаред Кушнер денеска се сретна со лидерот на Хамас, Калил ал-Хаја, во Египет, во обид да го поттикне застојот во планот за прекин на огнот и разоружување во Газа, пренесе Би-би-си. Разговорите се фокусирани на американскиот план од 15 точки, кој предвидува постепено разоружување на Хамас и повлекување на Израел од воено разорената палестинска територија. Според регионалните и претставниците на ...
Ник Рајнер, кој во притвор го чека судењето за убиството на своите родители, познатиот режисер и актер Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел, побара пристап до семејниот фонд вреден 1,5 милиони долари за да ги покрие трошоците за одбраната и затворските потреби. Сепак, управтелите на фондот експресно го одбија неговото барање, повикувајќи се на строгиот закон во Калифорнија кој спречува убиец да ја наследи имотот на својата жртва, пишува ...
Колумбискиот претседател Абелардо де ла Есприела денеска побарал од својот сојузник, американскиот претседател Доналд Трамп, да ги суспендира царините за да ѝ помогне на таа јужноамериканска држава да се опорави од катастрофалниот земјотрес во кој загинаа најмалку 294 луѓе, објави Ал Џазира. Американските царини за колумбиските производи се зголемија од 10 на 12,5 проценти кон крајот на јули, со неколку исклучоци, вклучувајќи ги кафето и ...
Волонтери денеска бараат преживеани и повредени животни на местото на пожарот во областа Омиш и им пружаат помош на луѓе и животни. Пребарувањето и третманот ќе продолжат во наредните денови поради големиот број мртви животни и штетата предизвикана од пожарот, пренесува Индекс. Волонтерите ја посетија областа, а поради тешките услови и големиот број мртви животни, засега не вклучуваат поголем број луѓе. Тие се обидуваат да ги фатат ...
Рикардо Калафиори испиша историја во Комјунити Шилд, откако постигна гол само 23 секунди по почетокот на натпреварот меѓу Арсенал и Манчестер сити. Италијанскиот дефанзивец одлично го искористи силниот старт на „топчиите“ и со прецизен удар го совлада својот сонародник Џанлуиџи Донарума. Со тоа Калафиори го постигна најбрзиот гол во историјата на Комјунити Шилд. ARSENAL STRIKES IN THE FIRST MINUTE 🤯 Riccardo Calafiori buries it to give the ...
Неделниот хороскоп од 17 до 23 август 2026 година носи силна енергија на промени, преиспитување и нови почетоци. Неделата ја започнуваме со Месечината во Скорпија, која нè охрабрува да се соочиме со длабоки емоции и да направиме чекор кон своите соништа, дури и кога тоа бара внатрешно исцелување. Како што Месечината преминува во Стрелец на 20 август, расте потребата за оптимизам, слобода и верба во себе, додека нејзиното влегување во Јарец ...
Планинската служба за спасување на Кантон 10, станица Ливно, вчера добила пријава од родителите на млад човек кој бил во областа Троглав, на границата меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска, кој рекол дека ја повредил ногата додека планинарел со пријател, објави Кликс. Според него, не можел сам да се спушти во подножјето. Шест спасувачи пристигнале на терен и ги пронашле младите мажи во, како што рекле, невообичаено добро расположение. „Сепак, ...
Просторот на поранешниот дом за згрижување, воспитување и образование на деца и младинци „Ранка Милановиќ“, кој низ годините беше доведен до состојба на рушевини натрупани со ѓубре, во кои живееја бездомници, ќе стане трговски центар, објави „Телма“. „Согласно актуелниот ДУП намената кај поранешниот дом Ранка Милановиќ е В1 – средно образование, така е и според ДУП кој е во изработка. Во изработката на новиот ГУП на Град Скопје бараме ова ...
Шкендија продолжува со максимален ефект во новата сезона откако во рамките на третото коло славеше убедливо со 4-1 против Брегалница на теренот во тренинг-центарот „Петар Милошевски“. Со трите победи од исто толку натпревари, тетовци се осамени на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига. Иако конечниот резултат изгледа убедливо, Шкендија не стигна лесно до трите бода. Брегалница во првото полувреме одигра дисциплинирано и добро ...
Кастелфолит де ла Рока, Шпанија, изгледа како некогаш да имал облик на сосема обичен град, а потоа со некоја неверојатна сила „се растегнал“ за да покрие базалтна формација долга еден километар. Куќите се несигурно поставени близу до работ на карпата, од каде што има вознемирувачки поглед на околината. Овој мал град припаѓа на регионот Ла Гротса, во покраината Жирона во Шпанија. Неговата површина е едвај еден квадратен километар, што го ...
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, предизвика внимание на денешниот пријателски натпревар против Шалке, откако на клупата се појави со видлива модринка околу окото. „Кралевите“ денеска во Гелзеркирхен го одиграа последниот натпревар од подготовките на кој славеа победа од 3:0, но внимание привлече и изгледот на португалскиот стратег. Мурињо ги изненади присутните на „Фелтинс Арена“ кога се појави со помодрено око, поради што веднаш се ...