Во моментов тече истрагата за осомничениот за убиство од општина Старо Нагоричане, соопштија денеска од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ) за МИА. Оттаму велат дека Основно јавно обвинителство Куманово и сите надлежни институции преземаат дејствија за обезбедување докази за целосно расчистување на овие настани и посочуваат дека вештиот наод од обдукцијата не е доставен до Обвинителството. Наскоро, како што ...

Вчера во 13:30 часот, 83-годишен битолчанец пријавил дека бил измамен за 10.000 евра. Според пријавата, непознато лице му се јавило по телефон, се претставило како лекар и тврдело дека неговата внука паднала по скали и има тешки повреди, поради што била потребна итна операција. Стариот човек ги предал парите на лице што дошло пред неговата врата. Подоцна, кога се слушнал со својот син, сфатил дека станува збор за измама. Полицијата презема ...

На 26, 27 и 28.02.2026 година (четврток, петок и сабота), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува г-дин Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат ...

71-годишна жена смртно настрада во пожар во својот дом во Ќерамидница. - На 24.02.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Ќерамидница настанал пожар во куќа, сопственост на 71-годишната Т.П. од Скопје, која имала здравствени проблеми. Од Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а на местото е пронајдена почината сопственичката. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по ...

Денес го означуваме почетокот на културната мисија на Кичево како град на културата за 2026 година. Ова не е само титула, туку е признание за културната зрелост, истрајноста и творечката енергија што овој град ги носи со децении - рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на свеченоста, која се одржа во салата на Советот на Општина Кичево по повод отворањето на манифестацијата „Кичево - град на културата за 2026“. До крајот на ...

Музичарот Горан Тонев, кој настапувал со бендот ДНК, сведочеше за трагичната ноќ во дискотеката „Пулс“. Тој објасни дека имал устен договор со клавијатуристот Филип Стефановски да биде надворешен соработник на бендот и да свири гитара на нивните настапи. Во неговиот исказ, сведочеше дека не забележал кој ја поставил и кој ја активирал пиротениката во дискотекта. - Тоа беше период од година и три месеци, имав устен договор со Филип ...

Здружението на јавните обвинители (ЗЈО) апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото на поделба на власта и да се воздржат од јавна реторика со која ја нарушуваат самостојноста на јавните обвинители во одлучувањето. Јавните обвинители во реакцијата посочуваат дека ваквите политички коментари кулиминирале „во однос на определена мерка куќен притвор за еден од осомничените во предметот ...

Ако процесот се базира на мерит-систем, Северна Македонија и другите земји од регионот заслужуваат да станат полноправни членки на Европската Унија, смета Жолт Бунфорт, специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Нагласува дека земјата неправедно веќе 20 години „седи на оградата“ и оти е неопходно процесот на пристапување во ЕУ да се забрза. Бунфорт, кој денеска во македонското Собрание имаше средба со ...

Струшкиот суд ги одложи двете рочишта закажани за денеска против поранешниот градоначалник на Струга Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје - плоча на влезот на општинската зграда и за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим. Причина за одлагањето, според судечкиот судија Јордан Јованов, е привремена спреченост за работа поради оперативен зафат на обвинетиот. Последните рочишта за овие предмети беа ...

Возило во сопственост на Министерството за внатрешни работи и автомобил „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки учествувале во сообраќајката несреќа која денеска пред пладне се случи во Црниче. -На 25.02.2026 околу 11:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Востаничка“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода октавиа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР и патничко возило „шкода фабиа“ со ...

Македонските онлајн купувачи се најактивни во модата и во плаќањето на претплати за интернет и мобилни услуги, а мал дел на тој начин купуваат лекови, електроника и апарати за домаќинство, храна и пијалаци, покажува Прегледот на Е-трговијата во Западен Балкан, 2025 година, изработен од Асоцијацијата за е-трговија, во кој се анализирани податоците од Евростат, за првото тримесечје од 2024 година. Според податоците, 63,2 проценти од ...

Францускиот премиер Себастијан Лекорну синоќа изјави дека 294 општини ќе бидат признати како подрачја на природна катастрофа по поплавите што ја погодија западна Франција во изминатите две недели. Уредбата за признавање на природната катастрофа ќе биде објавена утре. Владата ќе остане целосно мобилизирана со градоначалниците и жителите погодени од поплавите“, изјави Лекорну синоќа, според „Фигаро“. Според податоците што Лекорну ги објави на ...

Луѓето што пристигнуваат во Велика Британија од 85 земји од денеска ќе мора да добијат електронска дозвола пред да патуваат или ќе се соочат со одбивање за влез, соопшти британското Министерство за внатрешни работи. Системот за електронски патни дозволи бара од сите посетители на кои не им е потребна виза за влез во Велика Британија да купат патна дозвола преку интернет за 16 британски фунти (21,57 американски долари). Системот беше воведен ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека никогаш нема да дозволи Иран да има нуклеарно оружје во своето обраќање за состојбата на Унијата. „Мојот избор е да се реши овој проблем преку дипломатија“, изјави Трамп пред двата дома на американскиот Конгрес во Вашингтон. „Но, едно е сигурно, никогаш нема да дозволам спонзорот број еден на теророт во светот, што тие се убедливо, да има нуклеарно оружје.“ Трамп рече дека сè уште не ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц е во дводневна посета на Пекинг што е прва официјална посета на Кина на лидерот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) во својство на канцелар. За време на средбата со кинескиот премиер Ли Чианг, германскиот лидер изјави дека неговата земја сака да ја продлабочи економската размена со Кина, но оти има одредени загрижености и сака да гарантира дека соработката ќе биде фер. – Двете страни треба да ...

Норвешкиот крал Харалд е примен во болница на шпанскиот остров Тенерифе поради инфекција и дехидратација, соопшти норвешката кралска палата. Кралската палата информираше дека кралот, кој е на приватен одмор во Шпанија заедно со неговата сопруга, кралицата Соња, е во добра состојба. Личниот лекар на кралот ќе отпатува за Тенерифе за да им помага на локалните здравствени служби, додаде институцијата. Харалд (82) е најстариот монарх во Европа и ...

Турски воен авион од типот F-16 се урна рано утрово за време на лет во западниот дел на земјата, при што животот го загуби пилотот, соопшти турското Министерство за национална одбрана. Според официјалните информации, несреќата се случила во провинцијата Баликесир, во близина на автопатот Измир–Истанбул, кратко по полетувањето на леталото од 9-тата воздухопловна база. Министерството информира дека во 00:56 часот по локално време бил изгубен ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, локално до 50 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи од -2 до 6 степени, додека максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината ...

Собранието денеска треба да ја одржи 89 седница. На дневен ред на седницата се предлогот за именување на претседател и членови на Регулаторната комисија за домување, предлог одлуките за објавување јавен оглас за именување член и на претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, предлог одлуката за објавување јавен оглас за именување на директор и заменик на директорот на ...

Со сослушување на сведоци на предлог на Јавното обвинителство во судницата во „Идризово“ денеска треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатите рочиште беа сослушани повеќе сведоци, кои кобната вечер биле во дискотеката. Во своите искази тие ја опишаа атмосферата на паника и хаос што настанала во моментот кога пламените јазици и чадот ја зафатиле преполната ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе престојува во работна посета на Кичево, каде што ќе оствари средби со претставници на локалната самоуправа и институциите од областа на културата. Во рамки на посетата, министерот Љутков заедно со градоначалникот Александар Јовановски во просториите на Општина Кичево ќе одржат прес-конференција по повод изборот на Кичево за Град на културата за 2026 година. Министерот за култура и ...

Денес ќе нема струја во Скопје во делови од општините Центар, Чаир и Студеничани, поради планирани технички интервенции во електросистемот, при што прекините се најавени за денес, 25 февруари 2026 година, во различни временски интервали во текот на денот. Во општина Центар, од 07:30 до 15:30 часот, без електрична енергија треба да останат корисниците на улицата „Никола Тримпаре“ бр. 15, делови од улицата „Мирослав Крлежа“ (бр. 16–20) и ...

Во Тетово денеска ќе се одржи дводневниот настан Global Digital City 2026 посветен на развојот на BPO и ICT секторот, дигиталните вештини, иновациите и вработувањето на младите. -Настанот ќе ги обедини институциите, индустриските лидери, меѓународните компании, академската заедница како и младите професионалци од регионот, велат организаторите. Програмата вклучува обраќања, панел-дискусии, обуки, презентации на компании, како и организирани ...

На Попова Шапка изутрина во 7 часот измерени се - 4 степени и има 89 сантиметри снежна покривка. Минусни температури се регистрирани и во Mаврови Анови, - 2 и во Охрид -1, а 0 степени во Битола и Kрушево. Во Берово и Претор, 1 степен над нулата, Прилеп, Тетово, Демир Капија, Виница и Крива Паланка, 2, Скопје-Петровец, Струмица и Штип, 4, Скопје-Зајчев Рид, Велес и Кавадарци, 6, а во Гевгелија 10 степени. Управата за хидрометеоролошки работи ...

Функционерите и годинава нема да добијат зголемување на платите. Пратениците уште утре ќе ги гласаат измените во шесте закони за да се спуштат коефициентите за пресметка. Па така, претседателката, премиерот и спикерот со намален бод и натаму ќе земаат плата од околу 215 илјади денари. Министрите, гувернерот и народниот правобранител – нешто над 176 илјади денари. Иста сума следува и за градоначалникот на Скопје. Малку пониска плата земаат ...

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во подрачјето на Елбасан, Албанија, кој е почувствуван и во Дебар, Струга и Охрид. Според извештаите, потресот е регистриран во 20:06 часот на длабочина од 13 километри. Епицентарот е на 7 километри северозападно од Лушња и 31 километар југозападно од Елбасан. Засега нема информации за причинета материјална штета. МИА Земјотрес со јачина од 4,3 степени ...

Ланскиот освојувач на фудбалскиот куп екипата на Вардар е елиминирана во четвртфиналето на ова натпреварување откако по изведување на пенали како домаќини загубија со второлигашот Охрид во регуларниот дел резултатот беше 1:1, а на пенали 3:2 за Охрид. Ова воедно беше дуели на лидерите во Првата лига (Вардар) и Втората лига (Охрид). Вардар поведе во 60.минута со голот на Бобан Николов по асистенција на Азер Омерагиќ, додека гостите изедначија ...

Прифатено е одложувањето на примената на законот за пушење на отворени тераси од три страни, за да им се остави време на сопствениците на локалите да може инфраструктурно да ги прилагодат кон барањата на законот. Во однос на електронските цигари, тие ќе бидат забранети за корисетње во затворен простори, а забранети за продажба ќе бидат и сите вкусови што се атрактивни за младите, најави министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на ...

Инфлуенсерите против правилникот на Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни елементи за нивна регулација. Велат дека Водичот е надвор од законските рамки и не е усогласен со реалноста на дигиталниот простор. Формираа Здружение, а се сретнаа и со министерот за дигитална трансформација. На средбата се договориле да се договорат. -На состанокот не беа донесени финални одлуки околу актуелната регулаторна рамка, но се договори продолжување на ...

Здравствените власти ќе им дадат 1 година време на угостителите за да можат да ги адаптираат терасите согласно новиот предлог закон за заштита од пушењето. Наместо овие објекти да бидат отворени од 3 страни компромисот е да бидат отворени од најмалку 2 страни, а во затворените простории да не се пушат ниту електронски цигари, категоричен е министерот за здравство. Останува и предлогот за забрана за продажба на електронски цигари со вкусови, ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
36%
1025
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
2.57
40%
1024
weather icon

Загреб

17ᴼ / 16ᴼ
6.17
51%
1022
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
37%
1026
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
0.85
47%
1027
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
1.79
68%
1022
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
2.06
44%
1025
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
48%
1025
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
31%
1025
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
5.14
59%
1028
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
48%
1023
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
55%
1025
Currency

61.645

Currency

53.0487

Currency

71.2589

Currency

37.8792

Currency

39.0802

Currency

68.167

Currency

7.71393

Currency

0.67114

Currency

0.33524

Currency

0.52498

Currency

1.20303

Currency

0.57727

Калај

50.24

Цинк

3.33

Сребро

2840.84

Паладиум

52373.57

Рутениум

49769.36

Родиум

374556.20

Алуминиум

3.39

Иридиум

237689.85

Кобалт

66.14

Бакар

11.83

Платина

69317.01

Злато

166450.52