Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
На 09.08.2026 во 12:20 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.И.(18) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека со употреба на физичка сила од 70-годишна скопјанка одзел личен накит. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе пријава по итна постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично ...
На 09.08.2026 во 16:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода П.М.(27) од Кавадарци, затоа што пред градски базен во Кавадарци го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување, не ги почитувал наредбите на полициските службеници и при преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана и ризли. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека П.М. бил под дејство на ...
Делегации од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, Владата, Собранието и Кабинетот на претседателката на државата денеска положија цвеќе пред спомен-плочата во касарната „Илинден“, во спомен на осумте припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила. Централната делегација од Генералштабот и Министерството за одбрана ја предводеше началникот на Генералштабот на Армијата, ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 29-годишниот А.К. и 56-годишниот Б.С., двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „помагање“ во врска со кривичното дело „измама“. Според пријавеното, случајот се случил во септември 2025 година, кога А.С. од Тетово му го позајмил своето патничко возило на првопријавениот А.К. Наместо да му го врати возилото на сопственикот, А.К. наводно го известил ...
Ставовите на младите кон бракот се менуваат. Според истражувањето „Monitoring the Future“ на Pew Research Center, процентот на девојки во четврта година средно образование кои изјавиле дека сакаат да стапат во брак паднал од 83 отсто во 1993 година на 61 отсто три децении подоцна, додека интересот за брак кај момчињата во голема мера останал непроменет. Во периодот од 2019 до 2023 година, процентот на жени кои сметаат дека бракот не е важен ...
Според пишувањето на весникот „Телеграф“, Одделот за индустрија и минерали на Гренланд соопшти дека машините минатиот месец биле истоварени на источниот брег на островот, каде што е планирано истражувачко дупчење за нафта во регионот Џејмсон Ленд. Одделот потврди дека за ова ќе му биде упатено „остро предупредување“ на носителот на лиценцата, нагласувајќи дека дупчењето не може да продолжи без официјално одобрение од гренландските власти. ...
Аргентинецот Кристијан Фабијани повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Вардар. Разделбата на црвено-црните со аргентинскиот фудбалски стручњак доаѓа по вчерашниот пораз од Шкандија во дербито на 2.коло на Првата македонска фудбалска лига. – ФК Вардар АД Скопје и шефот на стручниот штаб Кристијан Фабијани постигнаа спогодбен договор за раскин на договорот, кој стапува во сила веднаш, соопшти попладнево ФК Вардар. Под водство на ...
Изгаснат е пожарот што избувна во саботата на градската депонија во Крива Паланка, информира командирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски. Според Коцевски, пожарот бил локализиран вчера, во текот на претпладневните часови, додека на негово целосно гасење се работело до доцна синоќа. - Нашите екипи речиси 30 часа активно работеа на целосно гасење на пожарот, со оглед на тоа што станува збор за комунален ...
Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, изјави дека првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино „ја уништува самата суштина“ на фудбалот и верува дека неговото време како претседател на ФИФА завршило. – За мене, времето на Џани Инфантино е одамна поминато. Не го велам ова поради неодамнешните настани. Го забележувам овој стил на управување долго време, иако сите други се чини дека дури сега го откриваат. Тој не е тип на личност која го промовира ...
Цените на нафтата денеска пораснаа откако условите што ги постави Иран за повторно отворање на Ормуската Теснина предизвикаа загриженост дека нарушувањата на глобалните енергетски пазари би можеле да продолжат подолг период. Цената на референтната северноморска нафта „брент“ со испорака во октомври се зголеми за 1,09 отсто, на 84,46 долари за барел, додека американската нафта „Вест Тексас интермедијат“ (ВТИ) со испорака во септември поскапе ...
Делегација од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводена од началникот на ГШ, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе положи цвеќе во спомен на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила. Како што соопшти Генералштабот на Армијата, во рамки на чествувањето делегацијата ќе положи цвеќе на повеќе спомен-обележја посветени на загинатите бранители. Во 8 ...
Уживај во летото, создавај убави спомени и грижи се за своето здравје, е пораката што денеска ја упатија од Институтот за јавно здравје, споделувајќи информации за препознавање, превенција и заштита од сексуално преносливи инфекции. - Сексуално преносливите инфекции (СПИ) се инфекции кои најчесто се пренесуваат преку незаштитен сексуален контакт - вагинален, анален или орален. Тие можат да бидат предизвикани од бактерии, вируси или други ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Денеска се навршуваат 25 години од загинувањето на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски бачила. На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и ...
Македонија синоќа во Охрид почна да ја раскажува својата 35-годишна приказна низ музика, стих, театар и современ сценски израз. На стадионот „Билјанини извори“ започна големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, во кој повеќе од 30 изведувачи ги споија различните генерации, жанрови и музички јазици во приказна посветена на 35 години независност. Низ музички настапи, театарски извадоци, поезија и современ сценски израз, спектаклот ...
Лицата над 65 години се почувствителни на здравствените ефекти од високите температури и топлотните бранови. Согласно националните и меѓународните препораки, лицата над 65 години се сметаат за една од ризичните категории на населението. Со возраста, организмот потешко се приспособува на високите температури. Дополнително, повозрасните лица почесто имаат хронични заболувања и користат редовна терапија, а одредени лекови може да влијаат врз ...
На граничните премини Дојран/ Дојрани кон нашата земја и Кипи кон Турција, при проверка на две товарни возила кои влегле во Грција, царинските службеници на грчката Независна управа за јавни приходи (ААДЕ) откриле и заплениле вкупно 1.296 боци нелегална разладна течност (фреон), а избегнатите царини и даноци се проценуваат дека надминуваат 338.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од боците со нелегален фреон, 1.000 биле скриени во ...
Водата во Скопје е квалитна и безбедна за пиење, покажува најновиот неделен мониторинг на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Секторот за санитарна контрола во периодот од 04.08.2026 до 07.08.2026 зема 162 примероци за физичко-хемиска и 162 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и ...
Американскиот план за Газа што беше отфрлен од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, е „единствениот пат по кој треба да се оди“ за да се спречи повторување на напад сличен на оној од 7 октомври 2023 година, изјави денеска Николај Младенов, кој е висок претставник за Газа во Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп. „Опцијата што ја предлагаме денес е единствениот пат по кој треба да се оди за да се гарантира дека таа ...
Западна Европа ги имаше најтоплите јуни и јули досега, со просечна температура од 21,62 степени Целзиусови, објави денеска Службата за климатски промени на европската програма „Коперник“. Тоа е за 2,79 степени над просечната температура за јуни во периодот од 1991 до 2020 година. Мерењата покажаа и дека температурите се намалувале од запад кон источна Европа и Скандинавија, каде што било значително постудено. Гледано на ниво на цела Европа, ...
Американски борбени авиони пресретнале два авиона кои влегле во привремено ограничена зона за летање околу голф-клубот на претседателот Доналд Трамп во Бедминстер, во сојузната држава Њу Џерси, јавија американските медиуми и воените власти, пренесе ДПА. Северноамериканската команда за воздушно-космичка одбрана (НОРАД) потврди дека борбени авиони Ф-16 вчера ги пресретнале двата авиона и безбедно ги придружувале надвор од ограничениот воздушен ...
Ниското ниво на водата може да доведе до прекин на товарниот сообраќај на клучен дел од реката Рајна и да ја подели таа витална европска речна артерија на два дела, предупреди денеска Германската федерална асоцијација за речна пловидба. Јенс Шванен, извршниот директор на Асоцијацијата, за весникот „Рајнише пост“ изјави дека се очекува нивото на водата кај Кауб поради недостигот од врнежи да падне под едноцифрена вредност. Мерната станицата ...
Американскиот план за Газа што беше отфрлен од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, е „единствениот пат по кој треба да се оди“ за да се спречи повторување на напад сличен на оној од 7 октомври 2023 година, изјави денеска Николај Младенов, кој е висок претставник за Газа во Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп. „Опцијата што ја предлагаме денес е единствениот пат по кој треба да се оди за да се гарантира дека таа ...
Украина ќе одговори на секој руски напад, а војната се повеќе ќе се чувствува на територијата на Русија, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Постојат целосно праведни одговори, на секој руски удар ќе има наш одговор. Руската војна се повеќе ќе се чувствува во нивниот дом, во Русија“, нагласи Зеленски. Тој им се заблагодари на вооружените сили на Украина и на Службата за безбедност на Украина, наведувајќи дека ...
Видеото за независноста има порака која обединува. Штета што и овој пат СДС е на погрешната страна. Сума сумарум. СДС се лутат зошто го има првиот претседател на независна Македонија во спот за независноста, кој, патем, е избран консензуално, зошто немало ништо за НАТО, а си ќутат за промената на името. Протестираат зошто нема ништо за Груевски и премеруваат кој за што е заслужен, а веројатно им е тешко што го нема Заев или друг премиер. Но, ...
Христијан Мицкоски денеска објави видео по повод 35 години независност на Македонија. И што видовме? Видео што ја слави државотворната политика на СДСМ. Во видеото е Киро Глигоров. Во видеото се најголемите државни успеси на Македонија. Во видеото само недостасува влезот во НАТО, како и почетокот на преговорите со ЕУ. Сè што е позитивно и државотворно во тие 35 години, е дело на СДСМ. Ниту еден вистински државен успех во овие три и пол ...
По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје - ЕВР Гази Баба на 08.08.2026 во 10:20 часот на ул.„Јани Лукровски“ ги лишија од слобода Џ.А.(26) и А.А.(26), двајцата од с.Брест, скопско, поради сомнение за извршено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од кривичниот зкаоник. Тие се сомничат дека на 04.07.2026 во 20:45 часот во населба Илинден во Скопје физички и со дрвен предмет го нападнале Б.С.(28) од с.Арачиново, ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, осум лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои четири малолетници, четири лица управувале возило под дејство на алкохол, едно лице управувало возило со активна забрана, едно лице возело без ...
Иран и Оман се блиску до договор но тоа не значи отворање на Ормутскиот теснец, вели иранскиот министер за надворешни работи додавајќи дека за договор со САД потребно е Вашингтон да плати репарации за нападите врз Иран. САД порача дека по договорот меѓу Иран и Оман ќе ги тргне блокадите од сите ирански пристаништа. Израел го отфрли американскиот план од 15 точки за Газа кој предвидуваше постепено повлекување на израелската војска паралелно со ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека засега е подготвен да го зголеми економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова голема воена офанзива, нагласувајќи дека преговорите меѓу Вашингтон и Техеран се одвиваат „со половина сили“. Во денешното интервју за Аксиос Трамп не презентираше нови воени закани „ниту изрази гнев“ затоа што Иран го одложува објавувањето на договорот со Оман за повторно отворање на Ормуската ...