Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Намален бројот на туристи во првата половина од годината. Статистиката објави дека лицата кои ја посетиле земјава е помал за половина процент во споредба со лани. Најчести гости биле од соедството – Турција, Србија, Бугарија, но и од Германија. Бројките се очекувани, велат експертите од туристичкиот сектор. Војната на Блискиот Исток и високата инфлација се причините што голем број граѓани ги одложиле плановите за патување - не само кај нас, ...
Радикални протести од септември ако Европската Унија не го реши проблемот на камионџиите со престојот во Шенген. Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора на состанок во Скопје ги усогласија следните чекори. Велат дека не сакаат протести, но доколку Унијата не понуди решение, ќе бидат принудени да блокираат. Бараат средба со Европската комисија и преодно решение за проблемот со правилото 90/180. „За да не се случи вие ...
Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. Тоа е систем на ЕУ и тие треба да најдат решение, ние во рамки на можностите на Владата го наоѓаме решението преку овие билатерални договори за долгорочни работни визи, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар ...
Полицијата во Охрид лишила од слобода 33-годишен маж од Велес, осомничен дека извршил кривично дело „силување“ врз 21-годишна девојка од Шведска. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека К.С. бил приведен на 10 август околу 18:30 часот од страна на полициски службеници од СВР Охрид. Претходно истиот ден, во 14:35 часот, 21-годишната шведска државјанка пријавила во СВР Битола дека во ноќта меѓу 8 и 9 август, во ноќен клуб во ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, а во четврток и во петок попладне се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира УХМР, локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната ...
Едно и пол годишно дете било нападнато и искасано од улично куче во дворот на семејниот дом во Шуто Оризари, според сведоштвото на неговите родители, пренесува РомаПрес. Како што раскажува семејството, кучето најверојатно влегло во дворот додека роднините биле на терасата. Кога мајката се обидела да го избрка кучето, според нејзиното сведоштво, тоа се упатило кон детето и го нападнало. При нападот, детето претрпело повеќе каснувања и повреди ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 28-годишниот Т.М. од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“, поврзано со пријавена кражба. Според информациите од МВР, на 3 март 2026 година во СВР Тетово, Т.М. лажно пријавил дека два дена претходно, на 1 март, во неговиот дом, неговите дедо и баба му одзеле парични средства во износ од околу 3.500.000 денари. Полицијата по преземените мерки утврдила ...
Фондот за здравствено осигурување ја информира јавноста дека состојбата со здравственото осигурување на вработените во Министерството за внатрешни работи не е резултат на технички проблем или застој во системот на Фондот. „Според податоците евидентирани во системот, во Министерството за внатрешни работи се регистрирани вработени кои се вратени на работа врз основа на судски одлуки. За дел од овие лица во моментот не е евидентирана соодветна ...
Татко и син биле ограбени ноќеска на локалниот пат меѓу селата Рашче и Сарај, откако две лица вооружени со огнено оружје го сопреле нивното возило. Според пријавеното во СВР Скопје, 33-годишниот И.Р. од скопско околу 00:30 часот управувал патничко возило кога бил сопрен од две лица. Под закана со огнено оружје, разбојниците од него и неговиот син одзеле мобилни телефони, пари и други лични предмети. Случајот бил пријавен во 00:50 часот, а ...
Општина Кисела Вода информира дека оваа година ќе додели бесплатни анатомски ранци и училиштен прибор за сите првачиња запишани во основните училишта на нејзина територија. Мерката ќе опфати околу 530 ученици во осумте општински основни училишта кои од септември тргнуваат во прво одделение. Обезбедениот пакет ги вклучува сите основни материјали, како ранец, тетратки и останат прибор неопходен за почетокот на наставата. Градоначалничката на ...
Можно е ново покачување на цените на лебот и белите пецива. Пекарскиот сектор предупредува дека зголемените производни трошоци создаваат притисок врз крајните цени, а доколку трендот продолжи, дел од производителите ќе мора да направат корекција. Како една од главните причини се посочува цената на брашното, но врз производството влијаат и останатите суровини и материјали потребни за подготовка на лебот и печивата. Дополнителен трошок за ...
На 10.08.2026 во 14:45 часот на патот Тетово–с.Селце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Џ.(34) од с.Селце поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“. Имено, тој се сомничи дека на 08.08.2026 околу 04:20 часот од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечил од местото. Во врска со настанот, на ...
Околу 70 илјади домаќинства во украинскиот град Одеса синоќа биле без електрична енергија, соопшти во редовното вечерно видео-обраќање до нацијата украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Во текот на целиот ден во Одеса се работеше на обновување на снабдувањето со електрична енергија. Поголемиот дел од корисниците веќе имаат струја, но се уште има работа“, посочи тој. Зеленски им се заблагодари на сите вработени во техничките екипи и во ...
Најмалку 164 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди централна Колумбија, додека спасувачките екипи и денеска продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините. Земјотресот што вчера рано изутрината ја потресе областа позната по производството на кафе, предизвика големи разурнувања во повеќе градови, меѓу кои Кали и Переира, а сериозно е оштетен и историскиот центар на Манизалес, каде што се урна еден ...
Нов напад со дронови врз Москва во текот на ноќта меѓу 10 и 11 август доведе до привремени ограничувања во воздушниот сообраќај во руската престолнина, откако противвоздушната одбрана соборила најмалку 13 беспилотни летала кои се движеле кон главниот град, соопштија руските власти. Информацијата ја потврдија градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, и Федералната агенција за воздушен сообраќај (Росавијација). Собјанин првично објави дека ...
Кривичен суд во Дамаск денеска, во отсуство, го осуди поранешниот сириски претседател Башар ал Асад на смрт, откако го прогласи за виновен за убиство со умисла на повеќе лица, меѓу кои и деца, тортура, произволно лишување од слобода и злосторства против човештвото. Судијата Ал Аријан од Четвртиот кривичен суд во Дамаск изјави дека врз основа на сослушаните сведочења е утврдено оти Асад ги користел сите државни институции за олеснување на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец тајно ја напуштил Турција со воено-транспортен авион, додека Белата куќа тврдела дека тој патува со претседателскиот „Ер Форс 1“ (Air Force One), а воената операција за измама била преземена поради веродостојна иранска закана за атентат, објави ексклузивно „Вашингтон пост“. Трамп на самитот на НАТО во Анкара допатувал со неодамна преуредениот авион што Катар им го донираше на САД. ...
Италијанскиот град Ливорно воведе ново правило со кое луѓето кои ги шетаат кучињата се обврзани со себе да носат вода и да ја исчистат урината откако кучето ќе се измокри на јавна површина. Правилото се однесува на тротоари, влезови на згради, клупи и други јавни површини. Дополнително, не е дозволено кучето да мокри директно до влезови на домови, продавници, канцеларии и излози. За непочитување на правилото се предвидени казни од 25 до 500 ...
Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 5.011 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 74,4 милиони евра, објави Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (71,1%), по што следуваат монетарното злато (15,6%) и валутите и депозитите (13,2%). МИА Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 5.011 милиони евра и во однос на претходниот месец ...
Напаѓачот на Реал Мадрид и бразилската репрезентација, Ендрик, нема да го напушти тимот во летниот преоден рок. Новинарот Фабрицио Романо објави дека раководството на Реал Мадрид го информирало играчот и неговите претставници за нивната одлука да го задржат во тимот и да го вклучат во натпреварите во сезоната 2026/27. Тренерот Жозе Мурињо, исто така, ја одобрил оваа одлука, иако претходно кажа дека Ендрик не му е неопходен во тимот. Ендрик ...
Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен утре и на 14 август, со почеток во 9 часот. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1 328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура. Утре (12 август) е тестот по изборниот екстерен испит – математика или англиски јазик. За другите странски ...
Општина Центар започнува јавна анкета по Нацрт-деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – Барутана, продолжувајќи ја практиката на транспарентно урбанистичко планирање и активно учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки, информираат од локалната самоуправа и нагласуваат дека градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува жителите активно да се вклучат и да достават свои предлози, мислења и забелешки. - Ниту една одлука ...
На 10.08.2026 во 20:40 часот на ул.„11 Октомври“ на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници на Скопје на возраст од 15 и 13 години поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“ во обид по член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Според пријавеното, тие околу 20:00 часот на бул.„Кочо Рацин“ физички нападнале 14-годишен малолетник од Скопје и се ...
Топлотниот бран што ја зафати земјава продолжува и денеска со температури до 40 степени. Според синоптичарите, сончево и многу топло ќе биде и утре, а од четврток се очекува мало освежување и пад на температурата за неколку степени. Здравствените власти препорачуваат граѓаните да се заштитат од топлото време, да не се излегува без потреба од 11 до 17 часот, да се носи лесна и светла облека и да се консумираат лесна храна и повеќе течности. ...
Младински активисти, ученици, психолози и експерти ќе учествуваат во дискусија на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: Млади, училишта и дигитален простор“, која ќе се одржи денеска во вилата „Билјана“ во Охрид. На настанот, кој се организира во пресрет на одбележувањето на 12 Август - Меѓународниот ден на младите, обраќања ќе имаат претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова и министерката за образование и наука, Весна ...
Во Скопје денеска ќе се одржи регионална средба на здруженијата на превозници од Западен Балкан на која ќе се утврдат активностите што ќе се преземат во следниот период за да се надмине проблемот со којшто се соочуваат професионалните возачи при престој во Шенген зоната. Откако Европската унија воведе нови правила за престој во Шенген зоната, најпогодени беа професионалните возачи кои и протестираа против ваквата одлука. Превозниците бараат ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ...
Зборот е збор - за скоро од денес започнуваме со асфалтирање на булеварот „Борис Трајковски“. По три децении празни ветувања, за само нешто повеќе од три месеци ги решивме проблемите што ја кочеа изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ и секојдневно создаваа вистинска голгота за повеќе од 100.000 граѓани, информираше скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. - Денес трасата е целосно ослободена, изградена е ...
Европската централна банка (ЕЦБ) ѝ одобри пристап на Народната банка (НБ) до зголемена репо-линија на Евросистемот (ЕУРЕП), со максимален износ од 50 милијарди евра. По завршувањето на техничкиот процес на приклучување, Народната банка ќе може да има брза достапност до девизна ликвидност што ќе ѝ овозможи полесно да се справи со потенцијалните шокови за финансирање и зголемената побарувачка на ликвидност во евра. - И покрај тоа што девизните ...
Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, одлучи да направи пауза од играњето по загубата на неговиот татко, Хорхе Меси, објави „DobleAmarilla“. Триесет и деветгодишниот Аргентинец ќе остане во Аргентина за да даде поддршка на неговото своето семејство. Неговото враќање во САД сè уште не е утврдено. Откако дозна за смртта на неговиот татко, Меси ги прекина своите тековни обврски во клубот и отпатува дома. Ги одложува своите настапи за Интер ...