41-годишен скопјанец бил пронајден мртов во својот дом на подрачјето на општина Центар. На местото пристигнале полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош, која констатирала смрт. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека телото ќе биде предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта. Полицијата презема активности за утврдување на сите околности поврзани со случајот. 41-годишен скопјанец бил ...

Турист од Грузија вчера се удавил во водите на Охридското Езеро кај Пештани, соопшти денеска СВР Охрид. Според информациите, вчера во 14:32 часот во СВР Охрид било пријавено дека од видите на езерото кај Пештани било извлечено машко лице. Екипа на Итната медицинска помош се обидела да го реанимира, но набргу констатирала дека лицето починало. Според инфомрациите, немало видливи повреди. Првичната истрага покажала дека се работи за ...

Илчо Ѓорѓиоски е пуштен во домашен притвор откако депонирал банкарска гаранција во висина од 500.000 евра. Во домашен притвор е и Муамед Сејдини, кој исто така ќе го чека почетокот на судењето надвор од затворски притвор. За него е дадена гаранција во износ од еден милион евра. Двајцата поранешни први луѓе на ФФМ, според тоа, депонирале гаранции во вкупна вредност од 1,5 милиони евра. Илчо Ѓорѓиоски е пуштен во домашен притвор откако ...

Полицијата ја пронајде 15-годишната К.Ј. од Охрид, која вчера се оддалечила од својот дом и за која било пријавено исчезнување. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека малолетничката била пронајдена денеска, 13 август, во 12:20 часот, на крстосницата на улиците „АСНОМ“ и „Никола Карев“ во Охрид. „По преземени мерки и активности, полициски службеници ја пронајдоа малолетничката, а во содејство со Центарот за социјални работи ...

Струга е град што помирува и почитува етнички, верски и секакви разлики, град кој може да биде пример за соживот - порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по денешната средба со струшкиот градоначалник, Менди Ќура, на која разговарале за состојбите во општината, меѓуетничките односи и предизвиците поврзани со заштитата на Охридскиот Регион под заштита на УНЕСКО. Сиљановска-Давкова истакна дека симболично ја избрала Струга за посета ...

Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 363 610 илјади денари, што е за 31.0 % повеќе во однос на истиот месец лани. Најмногу одобренија - 70, се издадени во Полошкиот регион. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 200 ...

Охридскиот рамковен договор е дел од нашата понова историја и од политичката и институционалната реалност на државата. Денес, на годишнината од неговото потпишување, важно е на овој документ да гледаме со зрелост, со почит кон различните ставови што постојат во општеството и, пред сè, со одговорност кон иднината, истакна премиерот Христијан Мицкоски по повод 25 години од потпишувањето на Рамковниот договор. Во објава на Фејсбук пртседателот ...

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на кота 693,57 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. Тоа е за 11 сантиметри над просечното ниво за август, утврдено на котата 693,46 метри надморска височина, односно 47 сантиметри над дозволениот минимум од 693,10 метри. Температурата на водата, измерена утринава во 7:30 часот, изнесувала 26 степени Целзиусови, што е за 2,5 степени над ...

Вчерашниот ден беше најтежок од почетокот на новата сезона на пожари, со регистрирани најмалку 52 пожари на отворен простор, од кои 46 се изгаснати, додека шест сѐ уште се активни, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Покрај активните пожари, тој посочи дека се појавиле и нови жаришта ширум државата, а најголем предизвик, вели, се пожарите во општините Студеничани и Македонски Брод, додека ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно осум лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик. За првообвинетиот, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Државна лотарија“, кој се уште е во бегство, јавниот обвинител побарал да биде определена мерка притвор од пронаоѓање во траење од 30 ...

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска извршиле увид во градежните работи на мостот на Маркова Река кој ЈПДП го санира со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на неговата конструкција. Мостот се наоѓа на регионалниот пат Р1106 во Кисела Вода, на влезот во Драчево. ЈПДП соопшти дека градежните активности течат ...

До 13 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои девет се сè уште активни, два се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците на ЦУК, меѓу деветте активни пожари е жариштето во Општина Студеничани над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума. Активни пожари во кои е зафатена ниска вегетација има во ...

Мета денеска соопшти дека отстранила помеѓу декември и јуни повеќе од 750.000 сметки на Инстаграм и Фејсбук за кои се сомнева дека им припаѓаат на корисници во Австралија под 16 години, пред и по стапувањето во сила на забраната за социјалните медиуми во Австралија за таа возрасна група. Мета соопшти дека деактивирала 462.000 сомнителни сметки на Инстаграм и 294.000 сметки на Фејсбук. Во јануари, компанијата соопшти дека дотогаш отстранила ...

Полицијата во Еквадор заплени 469 килограми кокаин, а посебно внимание привлече необичната „ознака“ на дрогата – на пакетите биле залепени фотографии со ликот на норвешката фудбалска ѕвезда Ерлинг Халанд. Според Асошиејтед прес, дрогата била откриена во камион во близина на границата со Колумбија, откако полицијата добила дојава. При проверката, во специјално направен скриен простор во возилото биле пронајдени 370 пакети со вкупно 469 ...

Коосновачката на стартапот „Фиа“ (Phia), Фиби Гејтс, ќерка на милијардерот Бил Гејтс, е обвинета за користење софтвер што ѝ овозможувал на компанијата да собира провизии од онлајн продажба дури и кога клиентите не ги користеле нејзините услуги, објавија американските медиуми. Според медиумите, Фиа поставила таканаречени колачиња за следење на компјутерите на корисниците дури и кога тие не кликнале на понудите на компанијата. На тој начин, на ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира градежни проекти во комплексот на Белата куќа во вредност од најмалку 927 милиони долари, при што се очекува најголемиот дел од средствата да бидат обезбедени од даночните обврзници – објави „Вашингтон пост“. Според весникот, администрацијата има обезбедено средства преку трансфери од федерални агенции и приватни донации, наместо да бара директно одобрение за финансирање од ...

Воената помош за Украина во јуни достигна 7,2 милијарди евра, што е највисоко ниво од април 2024 година, но на долг рок таа и натаму ќе се намалува, покажува истражување на Институтот за светска економија од германскиот град Кил. Во април 2024 година Украина доби 9,04 милијарди евра воена помош, пред САД да го прекинат финансирањето во февруари 2025 година. Според податоците на Институтот во Кил, јунското е трето најголемо зголемување на ...

Во масовен кибер-напад без преседан беа компромитирани електронските здравствени досиеја и медицинските податоци на речиси 19 милиони полски граѓани, соопшти полскиот министер за дигитални прашања Кшиштоф Гавковски, а пренесе „ТВП ворлд“. Според Гавковски, кибер-нападот бил насочен кон платформа која е еден од најголемите полски обезбедувачи на доверливи медицински податоци што ги користат лекарите и клиниките. - Како што потврди и самата ...

Фудбалската асоцијација на Ирска (ФАИ) ја повлече својата поддршка за реизборот на Џани Инфантино за претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА). - По состанокот на Советот на ФАИ, беше донесена одлука да се повлече писмото за поддршка што го испрати претходно оваа година. Потоа беше изготвено писмо до ФИФА во кое се објаснуваат причините. ФАИ е благодарна за поддршката на ФИФА за ирскиот фудбал, но неодамнешните настани поведоа ...

На шест различни локации, во подрачјата на Мола Калива, Неа Скиони, во Калитеа, Ханиоти, како и во крајбрежната зона меѓу Криопиги и Полихроно, општина Касандра, на првиот крак на Халкидики, досега спроведе организирани акции за отстранување на нелегално поставената опрема на плажите, јави дописничката на МИА од Атина. Од општината информираа дека ваквите акции се спроведуваат од средината на јули, по поднесени пријави и теренски увиди на ...

Повеќе од половина од семејствата во Албанија не можат да си дозволат еднонеделен одмор далеку од дома, во текот на годината, што ја рангира државата меѓу земјите со највисоко ниво на економска сиромаштија во Европа. - Според податоците на Евростат, кои за Европа се однесуваат за 2025 година, околу 53 отсто од семејствата во Албанија не можат да си дозволат еднонеделен одмор. Албанија е на второ место, по Романија, каде што овој процент ...

Претседателот на вјадејачката Српска напредна партија, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека верува оти Србија е на помалку од 100 дена од изборите и ги повика сите политички актери да се подготват за изборите и да ги прифатат резултатите. Вучевиќ изјави за РТС дека сите учесници на изборите треба да дадат одговорна изјава дека ќе ја прифатат волјата на граѓаните. Тој додаде дека сите оние кои имаат намера да учествуваат на изборите треба да се ...

Напаѓачот на белгиската репрезентација, Ромелу Лукаку, го коментираше својот трансфер од Наполи во Фенербахче. - Чест и привилегија е да се приклучам на овој клуб. 100 проценти сум подготвен да започнам ново поглавје. Ова е емотивен момент. По многу години, се враќам во Турција – земјата каде што живеев како дете и каде што од мојот татко бев запознаен со професионалниот фудбал уште на рана возраст, рече Лукаку во порака до навивачите на ...

Пари Сен-Жермен е блиску до потпишување на нов договор со тренерот Луис Енрике. Според некои француски медиуми, страните веќе се договориле за најважните услови, но останува да се средат неколку детали. Новиот договор на шпанскиот тренер со парискиот клуб ќе важи до 2030 година, исто како и договорот на спортскиот директор Луис Кампос. Продолжувањето беше одложено поради зафатен период: враќањето на играчите од Светското првенство, ...

На територијата на државата до 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 51 пожар на отворен простор, од кои пет се активни, четири се ставени под контрола, а 42 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите над селото Моране, на потегот Вртекица и Рамни Габер во Општина Студеничани, каде е зафатена мешана шума, кај селото Старо Балдовци во Општина Босилово, каде гори ниска ...

Царински службеници од Царинската испостава Скопје 1 при Царинарница Скопје пронајдоа тројца илегални мигранти од Судан при детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење. Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба. Трите лица, државјани на Судан, ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле помеѓу кутиите. Ова е четврти случај ...

Во изминатата седмица во Грција биле регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што бројот на заразени од почетокот на летото се зголеми на 110, а регистрирани се и три нови смртни случаи, според податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ соопштија дека заклучно со вчера претпладне, од вкупно 110 заразени, 81 пациент е со симптоми на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до ...

Во Свечената сала на Владата денеска ќе се одржи свечена седница по повод одбележувањето на 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата ќе се обратат првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Настанот ќе се пренесува во живо на профилите на Владата на „Фејсбук“ и „Јутјуб“. Рамковниот договор беше потпишан пред 25 години, на 13 август ...

И покрај зголемениот број барања за лични документи во текот на летниот период, особено и поради тоа што во земјава тогаш престојуваат и голем број наши иселеници, процесот на издавање патни исправи се одвива непречено и без застој, информираат од Министерството за внатрешни работи за МИА. Во текот на јули биле примени околу 55.000 барања за издавање лични документи, вклучително и патни исправи, а термин за поднесување барање во редовна ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
74%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
62%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
67%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Калај

46.54

Паладиум

32279.35