Малолетна девојка по име Кристина од Охрид е пријавена за исчезната, информираат нејзини блиски. Според објавените информации, последниот контакт со семејството го остварила вчера околу 16 часот. При излегувањето била облечена во црна маица и широки фармерки. Случајот е пријавен и во полиција, а семејството апелира до сите кои можеби ја забележале или имаат каква било информација за нејзиното движење да помогнат. Сите информации можат да се ...

Министерството за внатрешни работи продолжува да повикува на информативен разговор лица од чии профили вчера се повикуваше да не се пие водата во Скопје поради присуство на бактерија, што попладнето беше демантирано од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ЈП Водовод и канализација и Министерството за здравство. - Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки и активности, се утврдуваат ...

Во вторник и среда (18 и 19 август 2026) е првиот рок за пријавување кандидати за студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за идни студенти во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...

Не го разбирам мотивот и потребата да се шират (дез) информации дека водата за пиење која ја користат граѓаните на Скопје е загадена со бактеријата Еширихија коли. Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување, наведува токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при УКИМ д-р Андон Чибишев во објавата на неговиот Фејсбук-профил, по вчерашната паника околу исправноста на водата за пиење во Скопје. Вели дека ако во ...

Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии. Со резултат од 84,17 поени од можни 100, државата се вбројува меѓу земјите со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и за управување со сајбер-инциденти, соопшти денеска Министерството за дигитална ...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, побара од САД да и продадат на Украина најмалку пет отсто од ракетите-пресретнувачи што ги имаат на залиха за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, со цел да се спротивстави на зачестените руски напади со балистички ракети. Во интервју за американската телевизија„ Си-Ен-Ен“ Зеленски изјави дека Украина во моментов добива само еден отсто од американските ракети-пресретнувачи за „Патриот“. ...

Иран го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД воспоставиле „целосна контрола“ врз Ормуската Теснина, наведувајќи дека стратешкиот поморски пат и натаму е „блокиран“, јави ДПА. Повеќекратните објави на американски претставници на социјалните мрежи за укинување на блокадата не ја менуваат ситуацијата, соопшти на мрежата „Икс“ новата иранска служба за контрола на поморскиот сообраќај во Персискиот Залив. „Ормуската ...

Две американски медиумски групи го тужат претседателот Доналд Трамп поради новата услуга на неговата социјална мрежа „Truth Social“, која наплаќа до 100.000 долари месечно за приоритетен пристап до неговите објави. Тужбата е поднесена во федералниот суд во Њујорк од „The Intercept“ и „Freedom of the Press Foundation“, а во неа се тврди дека продажбата на приоритетен пристап до пораките на претседателот предизвикува сериозна загриженост и се ...

Повеќе од сериозна е состојбата со пожарите во Албанија, посебно во предградието на Тирана, потоа кај Круја и Националниот парк “Лура”, кои се вон контрола. Пламените јазици од планинската падина се проширија кон Лундра во Тирана приближувајќи се кон домовите и хеликоптерската база во Фарка. Поради неможноста да се интервенира од воздух, во текот на ноќта, ангажирани се оперативни сили за спречување на понатамошното ширење на пожарот. ...

Четиригодишно дете од Македонија, исчезнало во Алто Маре, кај Голем, Албанија, објави JOQ Albania. Детето исчезнало во зелен костим за капење, со пиштол-играчка на вода. Полицијата е известена, но потрагата досега е без резултат. Семејството апелира до сите во областа да помогнат. Секој што го забележал Богдан или има информации, веднаш да ја извести полицијата. Четиригодишно дете од Македонија, исчезнало во Алто Маре, кај Голем, Албанија, ...

Скриншотови и информации за наводно небезбедна вода за пиење масовно се ширea низ групи, особено меѓу родители чии деца се во градинки и во основно училиште. Граѓаните реагираат, а од Градот категорично велат – водата во Скопје безбедна за пиење. Првиот човек на Град Скопје обвини дека станува збор за оркестриран напад од опозицијата и дека сите анализи покажале дека водата е безбедна за пиење. И надлежните од Водовод велат дека во ниту една ...

Македонија се соочува со еден од најтешките денови ова лето во борбата со огнените стихии. Според последните податоци од Центарот за управување со кризи заклучно со 17:00 часот, во државата се активни дури 21 пожар, со што официјално е соборен рекордот за бројот на активни жаришта во текот на оваа сезона. Пожарите се раширени на територијата на бројни општини, зафаќајќи шуми, ниска вегетација, стрништа, па дури и урбани средини. Надлежните ...

Интензивно се интервенира на терен во моментов за гасење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи. - Во гасењето се ангажирани три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, кои дејствуваат од воздух во зоните каде што интервенцијата од копно е невозможна или премногу ризична поради тешко пристапниот терен, наведува ЦУК во соопштение. Екипите на терен дејствуваат во ...

Состојбата со пожарите на отворен простор денеска значително се влоши. Попладнево имавме најмалку 21 пожар на отворен простор од кои поголем дел во моментов се активни, оцени попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Тој како еден од пожарите кои се тешки за гасење го издвои пожарот на територијата на општината Македонски Брод во местото викано Видуш во близина на село Драгов. - Утре наутро таму ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во контекст на уставните измени и почетокот на преговори за влез во ЕУ, вечерва повтори дека за нас се значајни суштински две работи - првата е да имаме јасни гаранции што или ќе бидат проточени во нашиот правен систем — уставни измени со одложена примена или ќе има гаранции од европските институции. - И исто така, за нас е значаен концептот на меѓународно-правен ...

Колумбија прогласи вонредна економска состојба, за да се обезбедат дополнитесни финансии по разорниот земјотрес во понеделникот од 7,4 степени по Рихтер. Според проценките, до сега загинаа над 250 лица, но спасувачите и натаму трагаат по преживеани „Дознавме дека зградата се урнала. Тука сме уште од самиот почеток. Моментално имаме пријавено дека 11 лица се живи. Спасувачките операции се во тек. Имаме 26 лица кои сè уште не се пронајдени и ...

Брисел стравува од тројански коњи во сопствените редови, Европската Унија подготвува сериозна ревизија на правилата за проширување за да спречи идните членки да го блокираат носењето клучни одлуки. Како што објавува Политико, повикувајќи се на високи дипломатски извори, зад јавната поддршка за проширувањето во моќните европски престолнини како Париз, Берлин и Хаг постои страв дека забрзаниот прием на нови држави може да ја парализира Унијата ...

Епидемија на западнонилска треска е прогласена во пет скопски општини – Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и во повеќе населени места на нивната територија. Во меѓувреме расте бројот на новозаразени. Досега се регистрирани 26 случаи, од кои 24 се лабораториски потврдени. Само еден од Велес, а останатите од Скопје и не патувале надвор од Македонија. Повеќето се над 60 години. Во моментот на болничко лекување на Инфективна ...

Објектот во кој работела дискотеката „Пулс“, не смеел да биде пренаменет во угостителски објект. Ова се дел од наводите во градежното вештачење презентирани на денешното судење за пожарот во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Урбанистичкиот вештак, Душица Трпчевска Ангелковиќ, објасни дека според урбанистичкиот план на општината, никогаш на таа локација не бил предвиден угостителски објект – просторот бил наменет само за лесна ...

Фокусот на државата мора да се помести од преиспитување на етничките права кон градење институции, економски развој и спречување на иселувањето на младите, порачаа учесниците на дебата по повод 25 години од Охридскиот рамковен договор. Претставничката на ОБСЕ го оцени Рамковниот договор како еден од најдобрите мировни документи, но нагласи дека стекнатите права мора да одат рака под рака со одговорноста. Според Азис Положани во следниот ...

Шпекулациите за наводна појава на ешерихија ги натераа дел од граѓаните да си купат флаширана вода. Во некои маркети рафтовите почнаа да се празнат. Купувачи велат дека набавуваат вода „за секој случај“. Едни купуваат по неколку шишиња, други, пак, носеа цели пакети. Преплавени се и социјалните мрежи: „Вода во маркетите во Скопје - нема“, „Да земам два три балона вода па пак нека е исправна водата“, „ Продажбата на вода во шишиња е порасната ...

Двајца мажи од Гостивар, 86-годишен татко и неговиот 60-годишен син, биле лишени од слобода по пријава за физички напад и обид за сексуален напад врз 33-годишна жена од Тетово. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен откако жената навела дека во угостителски објект во село Леуново, гостиварско, била физички нападната од сопственикот на објектот и неговиот татко. Таа пријавила и дека двајцата се ...

Немаме податоци дека некој има гастроинтестинални тегоби поради пиење на водата за пиење во Скопје. Вака денеска одговори директорот на Клиниката за Инфективни болести во Скопје, доктор Фадил Цана, на новинарско прашање, дали е вистина, како што се пишувало по социјалните мрежи, дека имало пациенти со здравствени проблеми поради водата за пиење во Скопје. -Тоа што можам ја да го кажам како директор на Инфективната клиника, е дека на ...

Утре и во петок, особено во попладневните часови, на места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално временските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Поради нестабилноста, температурата ќе опадне за неколку степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и постепен пад на температурата. Според најавата на УХМР, по нестабилниот период се очекува постепено ...

Според урбанистичко планската документација на Град Кочани од 1998 до денеска и согласно Законот за градење на предметната локација на која функционира објектот дискотека/кабаре „Пулс" не е дозволена пренамена од индустриски објект во објект за вршење угостителска дејност, додека од 2012 година инвеститорот почнува дел од објектот да го користи за намена дискотека/кабаре што е спротивно на ДУП и законската легислатива за урбанистичко ...

Телото на 71-годишниот М.М. од Скопје вчера било извлечено од водите на Преспанското Езеро, кај туристичката населба Претор. Според информациите од МВР, специјализирана нуркачка екипа од САЕ „Тигар“ го извлекла телото околу 13:15 часот. Случајот бил пријавен на 8 август околу 12:20 часот во СВР Битола. Тогаш било пријавено дека 71-годишниот маж скокнал од чамец во езерото кај селото Сливница, Ресенско, откако во водата му паднале веслата. На ...

Еко Герила Преспа викеднов 15-16 август на плажата Сончев брег го одржува Преспа Камп Фест. Ова, како што велат од Еко Герила е иницијатива произлезена од младите од Преспа, со цел, промоција на потенцијалот за туризам, природните убавини на регионот и зајакнување на јавната свест за зачувување на животната средина. Кампот нуди, забавен музички дел, можност за бесплатно кампување какао и еко акција за грижа за природата. Камот се организира ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен сиистем е небезнедена за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli. Како одговорна институција ја информираме јевноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за ...

Досега нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојба се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје, соопштија попладнево од Министерството за здравство. Во соопштението се нагласува дека оваа информација е потврдена и од директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана, како и од одговорни лица од Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје - Скопје. Од Министерството нагласија дека се ...

На 11.08.2026 во 18:45 часот во село Удово, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода И.Л.(37) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена ловечка пушка „Берета“ калибар 12 мм, која ја поседувал без дозвола. За настанот е известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 11.08.2026 во 18:45 часот ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
74%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
62%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
67%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Калај

46.54

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87