Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
19-годишен жител на Тетово е пријавен за исчезнат, откако неговата 64-годишна баба пријавила дека го напуштил домот и оттогаш не е пронајден. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 11 август во 16:30 часот во СВР Тетово. З.А. пријавила дека нејзиниот внук С.А. (19) го напуштил домот на 10 август и оттогаш му се губи трагата. Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за негово ...
Вкупно девет пожари на отворен простор се регистрирани до 13 часот денеска, од кои пет се активни, три се под контрола, а еден е изгаснат, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во Македонски Брод, во местото Видуш кај село Драгов Дол, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки; во Студеничани, над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде е зафатена мешана шума; во општина Илинден, во населбата ...
Со панел-дискусија посветена на досегашната имплементација и идните предизвици беше одбележана 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор, во организација на Министерството за односи меѓу заедниците во Клубот на пратениците. На панелот беше истакната потребата од продолжување на реформите, зајакнување на децентрализацијата, владеењето на правото и европската интеграција, како и подобрување на квалитетот на јавните услуги. На панелот ...
Во текот на вчерашниот ден од 16 до 21 часот МВР санкционирало 115 возачи за непрописно престигнување на територија на цела држава. - Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на целата држава, при што санкционирани се 115 возачи. Од нив, 35 на територијата на СВР Тетово, 34 на територија на СВР Охрид, 19 на ...
Водата во Скопје е безбедна за пиење и нема никаква ешехерија или други бактерии, нагласи денеска на прес-конференција скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Тврди дека станува збор за ширење злонамерни дезинформации и создавање хистерија. Тој најави одговорност за оние кои со тоа ја вознемируваат јавноста и предиздивикуваат паника кај наслението. Не исклучува зад тоа да стојат и обиди за политичко профитерство од одредени структури. ...
Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче. Како што се наведува во соопштението на Обвинителството, надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...
Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен денеска и во петок (14 август), со почеток во 9 часот. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура. Пријавените кандидати денеска ќе го полагаат тестот по изборниот екстерен испит – математика или ...
Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село, кој избувнал вчера околу 13:30 часот, се прошири во шумскиот појас и заради силниот ветер, високите температури и големата количина сув материјал во гаснењето се вклучиле три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пожарникари на ТППЕ Струмица и доброволци од ДПД „РИС-ОПЕРАТИВЦИ“ од Ново Село, ЈКП „Комуна“, вработени во општината и една општествено одговорна компанија која со ...
Со изведување на градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, изјави дека ...
Во изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола се два, а 20 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод во близина на с. Драгов Дол каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, и над село Моране во Општина Сруденичани каде што е зафатена мешана шума. Пожари под контрола се пожарите на градската ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини, поради зголемената фреквенција на возила. На граничниот премин Табановце, за излез од државата, времето на чекање е околу еден час. Приближно еден час се чека и на Богородица, исто така за излез од земјава. На останатите ...
Северна Кореја испука денеска балистичка ракета во морето покрај источниот брег на Корејскиот Полуостров, соопштија јужнокорејските и јапонските власти. Лансирањето се случи неколку дена пред заедничките воени вежби меѓу Сеул и Вашингтон. Јужнокорејските и јапонските одбранбени власти објавија дека ракетата прелетала околу 700 километри, а двете земји изразија осуда за тој потег на Пјонгјанг. Канцеларијата за национална безбедност на Јужна ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина им предала на американските преговарачи предлози за план за завршување на војната со Русија. Изјавата на Зеленски за новите предлози за мировни преговори доаѓа во услови на најави од Москва и Киев дека американските преговарачи наскоро би можеле да ги посетат двете земји. „Ги предадовме нашите предлози на американската страна. Но, Соединетите Американски Држави можат да ...
Федерална судијка ја прошири на целата територија на САД забраната за спроведување на извршната наредба на претседателот Доналд Трамп, која ја обврзува Американската поштенска служба (USPS) да има построги правила за ракување со гласачки ливчиња испратени по пошта. Одлуката беше донесена во пресрет на конгресните избори во ноември. Судијката Индира Талвани од Федералниот окружен суд во Масачусетс пресуди во корист на тужителите, меѓу кои е и ...
Бројот на загинатите во силниот земјотрес што ја потресе Колумбија достигна најмалку 254 лица, додека спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по преживеани под урнатините. Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени во понеделникот рано изутрината ја потресе западниот дел на Колумбија, а најпогоден е главниот регион за производство на кафе во земјата. Станува збор за најразорниот земјотрес во Колумбија од почетокот на векот. Станбени згради, ...
Постојат одлуки што ја менуваат смислата на зборот „живот". Одлуки донесени во најтешките мигови, кога болката е најголема, а срцето сепак избира да даде согласност. Токму таква одлука, донесена од едно семејство минатиот месец, денес значи нов почеток за двајца пациенти. Со нивната хумана согласност за органодарителство, беше извршена трансплантација – и два живота добија нов, квалитетен продолжеток. Зад секоја трансплантација стои приказна ...
Денеска (11.08.2026) во 12:40 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.И. (34) од Скопје, затоа што при преглед кај него е пронајден револвер и куршуми за него. По документирање на случајот, против Ф.И. ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ. Денеска (11.08.2026) во 12:40 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници од Единицата за ...
Водата за пиење во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за употреба. Изминатиов период во јавноста и на социјалните мрежи се пласираат информации за површинска депонија што се поврзува со изворот „Рашче“, а со тоа се создава непотребен страв и паника кај граѓаните во однос на безбедноста на водата за пиење. Депонијата не е на територија на Град Скопје, соопшти попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата ...
На територијата на државата до 18 часот денеска се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите во Општина Македонски Брод, кај месноста Видуш во близина на селото Драгов Дол, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и во Општина Ново Село, на ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...
Учениците ќе ја почнат новата учебна година со обезбедени учебници, а најголемиот дел од нивната дистрибуција веќе е завршена, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во интервју за телевизија Сител, Јаневска истакна дека Министерството за образование и наука презело повеќе мерки за подобрување на системот за издавање и дистрибуција на учебниците, вклучително и донесување нова законска рамка со која учебникарството е ...
Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги. Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до ...
Разорен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтер ја погоди Колумбија. Над 160 луѓе загинаа, стотици се повредени, а над 180 се водат за исчезнати под урнатините. Најпогоден е градот Кали, со околку два милиони жители. Цели станбени комплекси се срамнети со земја. Преживеаните жители ноќта ја минаа на отворено, собрани околу огнот меѓу остатоците од нивните домови. „Погледнете ја оваа куќа која стои цела, така требаше сите да ...
Илјадници туристи денеска останаа блокирани на италијанскиот остров Сицилија, откако вулканот Етна продолжи да исфрла големи облаци од пепел по ерупцијата што започна минатата недела. Вулканската активност веќе петти ден по ред предизвикува сериозни прекини и хаос во воздушниот сообраќај, и тоа во самиот шпиц на летната туристичка сезона. Поради густите облаци од пепел, на аеродромот во Катанија – најголемиот воздухопловен центар на Сицилија ...
На 11 август пред 34 години тогашниот состав на собранието на независна Република Македонија ги усвои државните симболи знамето и химната. Со закон беше утврден симболот на државното знаме со црвена основа на која во средината беше насликано 16-кракото златно жолто сонце од Кутлеш. Знамето беше едно од најпрепознатливите симболи на независноста во следните неколку години се до одлуката да се измени и воведе знамето 8 краци кои ќе се протегаат ...
Али Ахмети го вратил Груби од бегство. Во интервју за косовска телевизија, лидерот на ДУИ изјави дека тој побарал од Артан Груби да се врати во Македонија и да се соочи со одговорност доколку, како што вели, ја злоупотребил неговата доверба. Ахмети истакна дека се залага за вистинска и неселективна правда и изрази надеж дека Груби наскоро ќе биде ослободен од домашен притвор за да продолжи постапката. „Јас бев главниот поддржувач кој побара ...
Меѓуврсничкото насилство расте, податоците говорат дека секој месец барем двајца биле жртви но уште толку и повеќе лица гледале како истото се случува, снимале и споделувале на социјалните мрежи но особено згрижува тоа што насилството станува се побрутално. Претседателката Сиљановска -Давкова во пресрет на одбележувањето на 12 август, Меѓународниот ден на младите кој се одржа во Охрид на тема Меѓуврсничкиото насилство и вандализам Млади, ...
Дете на возраст од една ипол година било нападнато и искасано од улично куче во дворот на семејниот дом во Шуто Оризари. Според сведоштвото на семејството, кучето влегло во дворот додека членовите на семејството биле на терасата. Детето во тој момент било малку подалеку од останатите. Кога мајката се обидела да го избрка кучето, животното се нафрлило врз детето. При нападот, детето се здобило со повеќе каснувања и повреди по телото, меѓу кои ...
Утре ќе се знае дали водата во Гостивар е безбедна за пиење. Во двете последователни анализи од водата нема бактерии, само поголемо присуство на хлор, а последниот резултат кој се чека утре треба да покаже дали гостиварци по речиси еден месец ќе добијат питка вода. Утре треба да заседава Кризниот штаб и заедно со лабораториите ќе ги споредуваат резултатите. Дури Гостивар чека питка вода, епидемијата и денеска е цел на партиски обвинувања. Од ...