Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Маж ја запросил својата девојка за време на затемнувањето на Сонцето, а неговата постапка ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи. – Го испланиравме моментот, го чекавме зајдисонцето и му дозволивме на затемнувањето да го направи своето, напишал неговиот пријател, додавајќи дека фотографиите од романтичниот момент веднаш ја поттикнале љубопитноста на јавноста. „Ова е прекрасно“, „Неверојатно“, „Секоја чест, навистина“, се само дел од ...
Ракометните федерации на Македонија, Србија и Словенија официјално поднесоа заедничка кандидатура за организација на машкото EHF EURO 2034. Трите земји со богата ракометна традиција ги здружија силите со јасна амбиција заеднички да бидат домаќини на еден од најголемите настани во европскиот ракомет. -За мене претставува посебна чест и задоволство што Ракометната федерација на Македонија прави уште еден значаен чекор напред и што, заедно со ...
Царински службеници од Царинската испостава Скопје 1 при Царинарница Скопје пронајдоа тројца илегални мигранти од Судан при детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење. Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба. Трите лица, државјани на Судан, ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле помеѓу кутиите. Ова е четврти случај ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната од 28 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година ...
До 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои активни се шест пожари, под контрола три и изгаснати 31 пожар, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во општина Студеничани - над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума, во Македонски Брод - место викано Видуш, кај село Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки), во општина Битола - село Лопатица ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до нашите државјани кои се наоѓаат во подрачја зафатени со пожари во Грција и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk, како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001. -Воедно, ги потсетуваме ...
На 13.08.2026 во СВР Струмица е пријавено дека околу 23:30 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атар на с.Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Струмица и мотоцикл без регистерски ознаки, управуван од А.Д.(19) од с.Иловица. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала 19-годишната К.Ј. ,сопатничка на ...
Вчерашниот ден беше најтежок во оваа сезона на пожари од аспект на загрозеност на населени места, бидејќи имавме два алармантни пожари, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во видеоизјава Ангелов соопшти дека во текот на вчерашниот ден имало над 40 пожари на отворен простор, а од нив активни во овој момент се шест кои не загрозуваат населени места, ниту има опасност да влезат во квалитетна шума. Како ...
Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ј.(34), И.Ј. и С.Ј., сите од с.Буковиќ, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик. На 12.08.2026 во с.Копаница, скопско, првопријавениот со тврд предмет го нападнал 25-годишниот Х.Р. од с.Арнакија, скопско, а останатите двајца пријавени со ...
Делови од авионски мотор што најверојатно се одвоиле по удар во птици, го скршиле прозорецот на авион на „Рајанер“ во инцидентот што се случи минатиот месец, при што беше повреден патник од Србија, соопштија американски експерти кои заедно со грчките власти го истражуваат случајот. Лопатка од турбината на моторот се распаднала, го скршила прозорецот и го оштетила трупот на авионот на неколку места, се наведува во извештајот на Националниот ...
Американскиот министер за финансии Скот Бесант синоќа изјави дека САД ќе преземат „невидени“ мерки против Иран. „Очекувајте повеќе најави следната недела, бидејќи ќе преземеме мерки што никогаш порано во историјата не се видени за економска изолација на една земја“, рече Бесант во интервју за Њузмакс. „Ова ќе биде комбинација од економска изолација каква што светот никогаш порано не видел и континуирана блокада на Ормуската Теснина“, додаде ...
САД во моментов ја преиспитуваат својата нуклеарна стратегија, изјави синоќа заменик-министерот за одбрана на САД, Елбриџ Колби, пренесува ДПА. Колби оцени дека станува збор за „релативно мало преиспитување“ што главно се однесува на специфична, потенцијална употреба на нуклеарно оружје. „Очигледно целта овде, нагласувам, е да се зачуваат одвраќањето и стабилноста“, рече Колби. Тој посочи дека американската војска досега била организирана на ...
Вкупно 36 лица добиле медицинска помош во КБЦ Сплит поради повредите здобиени во синоќешниот пожар кај Омиш, јавија хрватските медиуми. По медицинската помош, 14 пациенти се хоспитализирани, додека останатите се пуштени на домашна нега, соопшти болницата. Седум пациенти се на интензивна нега и нивниот живот е во критична состојба. Како што дознава Индекс, повеќето од нив имаат тешки изгореници. Уште тројца пациенти се на интензивна нега, ...
Министерството за внатрешни работи информира дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор. -Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните ...
Предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“ преку автоматска распределба е распределен кај судија и е насрочен за 24 август, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Основното јавно обвинителство Скопје, претходно поднесе обвинение против Артан Груби и седум други лица, кои како што информираа од Обвинителството, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со ...
Нов топлотен бран го зафати европскиот континент, при што максимални температури над 30 степени Целзиусови се очекува денеска да почувствуваат речиси три од пет жители на Европа (без Турција), односно околу 340 милиони луѓе. Истовремено, области во Европа во кои живеат вкупно повеќе од 135 милиони луѓе – главно во Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија – денеска се очекува во одредени периоди од денот да бидат погодени од температури ...
Шумски пожар во вашиот регион. Ако се наоѓате во Сивири, во регионалната единица Халкидики, упатете се кон Мола Калива, е пораката од бројот за итни случаи 112 што кусо по 15 часот по локално време беше испратена до жителите и оние кои се во околината на Сивири на првиот крак на Халкидики, поради пожарот што избувна денеска, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот интервенираат 122 пожарникари со три пешадиски тима и 41 возило, меѓу ...
Туристите, жителите и оние кои се наоѓаат во приморското место Сивири на првиот крак на Халкидики, неофицијално, над 250 лица, попладнево со чамци и бродови на крајбрежната и противпожарната служба и со приватни чамци се евакуираат по морски пат поради големиот пожар што сè уште не е ставен под контрола, а се гасне од копно и воздух и се испраќаат дополнителни противпожарни сили од повеќе делови на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. ...
Турција, Саудиска Арабија и Пакистан ќе создадат посебни политички и воени механизми во рамките на договорот за заедничка одбрана што трите земји го потпишаа минатата недела, соопши турското Министерство за одбрана. Од Министерството соопштија дека новоформираните механизми ќе ги опфатат министрите за одбрана, министрите за надворешни работи и воените раководства на трите држави. Договорот исто така предвидува спроведување заеднички воени ...
Расте интересот за градење. Најновите податоци на Државна статистика покажуваат значително раздвижување во градежниот сектор. Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е речиси 40 отсто повеќе споредено со истиот месец лани. За изградбата предвидена е вредност од над 103 милиони евра или во споредба со минатата година повеќе од 30 проценти. Најголемиот дел од одобренијата се за високоградба – 200. Следуваат проектите за ...
Еден месец не се прават снимања на единствениот ПЕТ скенер во јавното здравство, апарат кој е неопходен за следење на болните од рак. Во меѓувреме се зголемува и онака долгата листа на пациенти кои чекаат за да им се одреди стадиумот на болеста или да се види дали има ефект терапијата која ја примаат. Ваквите испитувања во приватни болници чини околу 1300 евра. Од установата велат дека сервисерот проблемот го лоцирал во циклотронот кој поради ...
Струга е град кој претставува пример за почитување на различностите и соживотот истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денот кога се одбележуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На средбата со градоначалникот Ќура на која разговарале и за предизвиците поврзани со заштитата на Охридскиот регион подвлече дека неопходно е институциите на локално и централно ниво да дејствуваат координирано за да ја ...
Пред 25 години на денешен ден во Охрид тогашните лидери на политичките партии под покровителство на претседателот на државата ставија потпис на документот кој го промени текот на поновата македонска историја. Охридскиот рамковен договор донесе прекин на неколкумесечниот конфликт кој избувна во 2001та кога албанската паравоена формација ОНА почна со напади врз македонските безбедносни сили. Воените дејствија однесоа 78 животи а државата беше ...
Втор ден по ред механизација на градот Скопје и општината Сарај ја чистат дивата депонија во селото Радуша. Досега оттука се исчистени околу 100 тони отпад, а од оваа депонија се носи отпадот во депонијата Дрисла. Од градот Скопје најавуваат дека механизацијата ќе биде на терен се дури целосно не се исчисти целата депонија која што е во заштитената зона на изворот Рашче, а подоцна депонијата ќе биде заградена за да не може во иднина да се ...
Кој стои зад информациите дека водата во Скопје е небезбедна за пиење? Одговорот допрва треба да го открие полицијата. Секторот за комјутерски криминал веќе презема мерки и активности. И денеска неколку лица се повикуваат на информативен разговор, но властите не откриваат точен број и детали за кое евентуално кривично дело би одговарале оние кои ширеа информација дека има бактерија ешерихија холи во водата за пиење во Скопје. Градоначалникот ...
Поранешниот вицепремиер, Артан Груби, заработи обвинение за злоупотреба на службената положба – заедно со уште седум лица, ја оштетиле Државната лотарија за повеќе од 8 милиони евра. Истрагата за овој случај траеше речиси две години, половина од периодот Груби го помина во бегство, а по неговото враќање во земјава во февруари, Скопското јавно обвинителство денеска поднесе обвинение. Со него опфатени се уште поранешниот директор на лотарија, ...
Како дел од платформата „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, преку која Flex Credit континуирано ја покажува посветеноста кон општеството надвор од своето основно работење, финансиското друштво организираше хуманитарна акција за донација на питка вода во Гостивар. Оваа иницијатива е уште еден чекор во потврдувањето на принципот дека бизнис успехот има смисла само кога му служи на општеството. Преку оваа иницијатива беа обезбедени и ...
Зголемување на старосната граница за пензионирање, но и повисока стапка на придонеси ќе бидат предлозите на ММФ и Светска банка за одржливост на ПИОМ. Населението старее, животниот век се продолжува, додека младите се иселуваат. Затоа сегашниот модел, каде секоја година се префрлаат значителни пари од буџетот, за да се иплатат пензии, на долг рок не е одржлив. Анализата, која власта ја бараше, веќе е готова. – ММФ ја анализираше одржливоста ...
Три зрна од огнено оружје биле пронајдени вчера на две улици во Куманово, информираа денеска од СВР Куманово. Вчера во 13:51 часот во СВР Куманово, Н.Љ. од Куманово пријавил дека на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ пронашол зрно од огнено оружје во ѕид од објект. За време на вршењето увид, Д.К. од истата улица пријавила дека на настрешницата од нејзиниот балкон паднало зрно од огнено оружје и предизвикало оштетување. Двете зрна биле пронајдени и ...