Секој има право да се допишува, вели премиерот Мицкоски утрово на новинарско прашање за коментар по информациите дека Филипче се жалел во Брисел. Откако пред 2 дена Мицкоски рече дека има чувство дека поранешни премиери и функционери од владата на СДСМ ќе се соочат со одредени прогони денеска додаде дека тоа чувство му се засилува. Секој има право да се допишува, вели премиерот Мицкоски утрово на новинарско прашање за коментар по ...

Во израелски напад врз јужниот либански крајбрежен град Тир загинаа најмалку 13 луѓе. Нападот е извршен кратко време пред стапи во сила 10-дневното примирје помеѓу Израел и Либан, соопшти либанската Цивилна одбрана. При нападот погодени се четири згради во центарот на Тир. Досега пронајдовме 13 тела и веруваме дека повеќе од 20 лица сè уште се заробени под урнатините. Повеќе од 35 лица се повредени, а операциите за пребарување и спасување се ...

Победникот на унгарските избори, Петер Маѓар денеска изјави дека се уништуваат документи од владата во заминување на Виктор Орбан и повика на пријавување на такви инциденти. Тој додаде дека е отворена онлајн платформа за пријавување на свиркачите. Маѓар наведе дека добива извештаи за уништување документи во министерствата и владините агенции, како и во компаниите кои пораснаа за време на 16-годишното владеење на поранешниот премиер Орбан. – ...

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи на платформата Икс објави дека е отворена Ормуската Теснина за комерцијален сообраќај. Тој наведе дека одлуката за отворање на Ормуска Теснина е донесена во согласност со договорот за десетдневен прекин на огнот помеѓу Израел и Либан. Ормуска Теснина ќе биде отворена сè додека важи примирјето. -Во согласност со прекинот на огнот во Либан, преминот за сите комерцијални бродови низ Ормуска Теснина е ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во рамки на пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон, оствари повеќе билатерални средби со високи претставници на Фондот, заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Како што соопшти Народната банка, на средбите било оценето дека домашната економија останува стабилна, но глобалните геополитички тензии создаваат неизвесност за растот. Славески истакнал дека ...

Обвинетиот Стојанче Јовановски денеска пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека неговата сопруга Ивана му признала оти, под уцена со интимни видеа од страна на Мартин Саздов, му го дала резервниот клуч од возилото, по што, според неговиот исказ, му била подметната дрога. Јовановски е обвинет за три кривични дела – телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и ...

Според статистиката, веќе имаме прилив на иселеници, не е голем, но луѓе почнаа да се враќаат во Македонија. Тоа е резултат на политиките што ги спроведува оваа Влада, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Прашана за коментар на податоците од Државниот завод за статистика во однос на намалувањето на бројот на основци во училиштата во земјата, Јаневска од настан за почеток на доградба на училници во основно ...

Апелациониот суд во Штип ја одбил жалбата и го потврдил решението на првостепениот суд за продолжување на мерката куќен притвор на судијата Ѓоко Ристов, соопштија од судот. Со ова, Ристов останува во куќен притвор, откако одбраната се жалеше на претходната одлука за продолжување на мерката. Судијата Ристов, кој работеше во Апелациониот суд Скопје, е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот и за перење пари. Обвинението следи ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ѓ. (58) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Според информациите, во текот на 2026 година, пријавената во својство на в.д. директор на Јавната установа - Национален парк „Галичица“ – Охрид, со пропуштање на должен надзор дозволила изведување активности и склучила договор за соработка со приватно претпријатие од Охрид за тампонирање ...

Ги следиме случувањата и трендовите во светот и поставуваме соодветни профили на ризици. Во изминатите две недели на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје беа откриени три обиди за криумчарење на злато со тежина од 285 грама и со вредност од 23 илјади евра. Ова, соопшти денеска Царинската управа, го истакна директорот на ЦУ Бобан Николовски во гостување на МРТ 1. Царинска управа, претходно, информираше и за спречен обид за криумчарење ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ја посети дебарската Општа болница со проширена дејност, од каде го означи почетокот на пилот-проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологијата. Тој беше и првиот „пациент“, а како што нагласи, ваков настан денеска се случува и во Делчево, кои се избрани денеска како пилот-проекти поради оддалеченоста од поголемите градови, но и недостигот на специјалисти од оваа медицинска гранка. - ...

Oсновните проекти за реставрација на фрескоживописот на старата црква „Св. Атанасиј Велики“ во гевгелиското село Габрово веќе се изработуваат, а наскоро ќе следи и реализацијата, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков при денешната посета на објектот кој неодамна се вброи во спомениците на културата. По завршување на проектите ќе следи јавна набавка за архитектурата и почеток на реализацијата, која од Министерството ја ...

Северна Македонија останува цврсто посветена на процесот на пристапување кон Европската Унија, кој претставува клучен двигател на реформите, владеењето на правото и зајакнувањето на институциите, е пораката на претседтелот на Собранието Африм Гаши кој со делегација на Собранието на Република Северна Македонија учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 15 до 19 април во Истанбул. Главна тема на ...

Фудбалерите на Фрајбург, Астон Вила, Нотингем Форест и Брага се пласираа во полуфиналето на Лига на Европа. Откако пред една недела во Италија победи со 3-1, Астон Вила синоќа го завери пласманот во полуфиналето со убедлив триумф над Болоња на „Вила Парк“ со 4-0. Нотингем Форест на реваншот пред своите гледачи го совлада Порто со 1-0 откако првиот натпревар во Португалија заврши без победник 1-1, Брага го победи Бетис со 4-2 во Севиља по ...

Шпанскиот прволигаш Барселона поднесе нова жалба до УЕФА во врска со судењето на четвртфиналните натпревари од Лигата на шампиони против Атлетико Мадрид. „Клубот смета дека за време на двата натпревари беа донесени неколку судиски одлуки кои не беа во согласност со Правилата на играта, како резултат на неправилна примена на правилата и недоволна интервенција на ВАР технологијата во важни ситуации. Акумулацијата на овие грешки директно ...

Шпански Рајо Ваљекано, украински Шахтјор, англиски Кристал Палас и француски Стразбур се полуфиналисти во Конференциската лига на УЕФА. Рајо Ваљекано претрпе пораз синоќа од 1-3 во Атина од АЕК, но, сепак, ја soчува предноста од 3-0 од првиот натпревар на домашен терен. Противник на шпанскиот клуб за место за финалето ќе биде Стразбур кој со триумфот над Мајнц од 4-0 ја надомести негативата од 0-2 од првиот натпревар. Во второто полуфинале ...

Американскиот претседател на својата социјална мрежа Truth Social објави дека е постигнат договор за десетдневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан, што почна синоќа во 23 часот по средноевропско време. Целта на договорот, вели тој, е да се постигне траен мир меѓу двете земји. „Тукушто имав одлични разговори со почитуваниот либански претседател Џозеф Аун и израелскиот премиер Биби Нетанјаху. Двајцата лидери се согласија официјално да ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека државата нема какви било предизвици во синџирот на снабдување со нафта и нафтени деривати и оти имаме најевтини горива во регионот потенцирајќи дека со керозин кај нас се снабдуваат неколку аеродроми од регионот, покрај набавката на горива што ја прават граѓаните од соседните држави кај нас на бензинските станици на пограничните места. Доколку се случи таков предизвик, рече денеска Мицкоски, тогаш ...

Цените на нафтата паднаа откако стапи во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Либан и по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната во Иран би можела наскоро да заврши бидејќи Техеран се согласил да се откаже од збогатување ураниум. Глобалниот референтен бренд на суровата нафта Брент падна на околу 98,5 долари за барел, додека цената на американската сурова нафта се спушти на 93,6 долари. Сепак, економските аналитичари ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека Иран се согласил да нема нуклеарно оружје повеќе од 20 години. Трамп им рече на новинарите пред Белата куќа дека договорот со Иран е „многу блиску“ и дека треба да биде добар договор без нуклеарно оружје, објави Би-Би-Си. Тој нагласи дека постои „многу силна позиција“ дека Иран нема да има нуклеарно оружје дури и по тој период, додавајќи дека всушност нема временско ограничување од 20 ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа изјави дека е одговорен за поразот на неговата партија Фидес на парламентарните избори на 12 април и повика на „целосна обнова на десничарската заедница“. Во своето прво големо интервју по изборниот пораз, за Јутјуб каналот „Патриота“, кога беше директно прашан кој е одговорен за поразот на изборите, тој одговори: „Јас, јас сум претседател на партијата“. Тој изјави дека неговата политичка кампања не ...

Европската унија влегува во фаза на голем демографски пад, а населението би можело да се намали за 53 милиони луѓе, или 11,7 проценти, до крајот на овој век, објави Евростат. Европската унија имала околу 451,8 милиони жители во 2025 година, со раст кој се опоравува по падот за време на пандемијата. Се очекува населението да продолжи да расте уште неколку години, достигнувајќи врв од 453,3 милиони во 2029 година, пред да започне долгорочен ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва го потврди 10-дневниот прекин на огнот во конфликтот на Израел со либанската милиција Хезболах, поддржана од Иран, но рече дека израелските војници ќе останат во „засилена безбедносна зона“ во јужен Либан, јави ДПА. „Се согласив на привремен прекин на огнот од 10 дена“, рече Нетанјаху во видео порака по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека договорил примирје меѓу Израел и ...

Почетокот на 10-дневниот прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах предизвика славје во Либан, додека Обединетите нации го поздравија договорот и повикаа на негово целосно почитување. Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Израел и Либан се согласиле од полноќ на сила да стапи прекин на огнот, по интензивните судири меѓу проиранското движење Хезболах и израелските сили. Во главниот град Бејрут се регистрирани истрели и експлозии, ...

Бројот загинати од пукањето во средно училиште во Турција се искачи на десет, откако во болница на повредите им подлегна еден од ранетите ученици, соопшти министерот за внатрешни работи, Мустафа Чифтчи. Станува збор за ученикот Јусуф Тарик Ѓул, кој починал и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот. Според министерот, во нападот се повредени 13 лица, од кои шест се на интензивна нега, тројца се во критична состојба. Нападот се ...

Лидерот на партијата „Тиса“, Петер Маѓар, најави дека ограничувањата на цените на бензинот и дизелот ќе останат на сила и по формирањето на новата влада во Унгарија. Во објава на својот фејсбук-профил Маѓар посочи дека договорот бил постигнат по разговори со извршниот директор на „МОЛ“, Жолт Хернади, на средбата на која присуствувале претставници на партијата и на раководството на компанијата. „Обезбедено е континуирано снабдување со гориво, ...

Властите во Иран делумно го ослободија пристапот до Интернет и повторно дозволија телефонски разговори со странство, по речиси 50-дневни ограничувања воведени по почетокот на конфликтот со САД и Израел. Според информациите од Техеран, повторно се дозволени меѓународни повици преку фиксна телефонија, додека повиците преку мобилни телефони остануваат блокирани. Дел од онлајн-услугите, вклучително и оние на „Google“, повторно се достапни, но ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе ја номинира Ерика Шварц за функцијата директор на Центарот за контрола и превенција на болести (CDC), во рамки на предвидените кадровски промени во националното здравство. Шварц во периодот на КОВИД-епидемијата ја извршуваше функцијата заменик-главен државен инспектор за здравство и беше дел од Координативното тело за справување со епидемијата. Доколку биде потврдена нејзината номинација, ...

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, вчера во 16:15 часот, во селото Горно Душогубица, кичевско, го лишиле од слобода Г.С. (66) од Кичево, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело по член 396 од Кривичниот законик. Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, спроведен со судска наредба од Основен суд Кичево, биле пронајдени и одземени ...

Времето денеска, како и претстојниот викенд, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и утре ќе дува умерен со засилен северен ветер и ќе има појава на локален дожд со услови за ретки грмежи. Од вторник повторно времето ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Во Скопје, исто така, денеска се очекува променливо облачно време и слаб до умерен северен ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
40%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
4.63
33%
1015
weather icon

Загреб

24ᴼ / 21ᴼ
1.54
35%
1014
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
41%
1015
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.72
39%
1015
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 22ᴼ
2.57
36%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
4.92
36%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
35%
1015
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
31%
1015
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
3.09
39%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
8.75
40%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
52%
1015
Currency

61.6317

Currency

52.6064

Currency

71.1413

Currency

37.611

Currency

38.4771

Currency

66.9844

Currency

7.69516

Currency

0.69906

Currency

0.32996

Currency

0.52491

Currency

1.16852

Currency

0.55871

Платина

64687.30

Кобалт

45.39

Злато

166450.52

Алуминиум

3.60

Калај

50.49

Сребро

2840.84

Бакар

12.11

Родиум

326330.08

Рутениум

53788.20

Паладиум

48048.94

Иридиум

253540.09

Цинк

3.48