Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Западниот романски град Тимишоара втор ден по ред е покриен со густ чад и силен мирис на изгорено, кои доаѓаат од големите пожари во соседна Србија каде што веќе изгореа илјадници хектари шума и тревна вегетација. Поради влошениот квалитет на воздухот и намалената видливост, Дирекцијата за јавно здравје на округот Тимиш излезе со итни препораки за заштита на населението: Ограничување на движењето: Граѓаните, а особено постарите лица и малите ...
Спортот е повеќе од натпревар за резултат, тој е школа за формирање на цврст карактер преку преземање одговорност и вежбање истрајност, им порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на македонските спортисти кои учествуваат на 20. Медитерански игри, при денешната посета на Медитеранското (олимписко) село во Таранто, Италија. Посакувајќи им успех на сите натпревари, информираат од Кабинетот Сиљановска-Давкова, претседателката им рече ...
Дисциплинската комисија на ФИФА ги изрече казните за инцидентот по финалето и поразот од Шпанија со 0:1. Аргентинската репрезентација и нејзините фудбалери добија високи казни. Најголема казна доби Леандро Паредес, кој доби суспензија од 10 натпревари, а неговиот соиграч од репрезентацијата Нахуел Молина доби забрана за настап на седум натпревари. Тиаго Алмада е казнет со еден натпревар, а помошниот тренер Ајала со три натпревари. Казна има ...
За случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово, каде што изгореа 14 луѓе, секогаш може да се најдат нови докази и тој повторно да стане актуелен - изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со вчера објавената инфомација дека нема кривично дело што би произлегло од јавните набавки за 19-те модуларни болници. Мицкоски со жалење повтори дека шефот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ...
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира денеска потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. -Во текот на летово имаме добри бројки и добра динамика. Вчера имавме работен состанок и очекувам веќе следната година да има доста добри вести - изјави Николоски, кој со премиерот Христијан Мицкоски е во посета на ...
Шеснаесет пливачи од осум држави утре ќе застанат на стартот на 39. Охридски пливачки маратон, што ќе се одржи на традиционалната 25-километарска патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Охридското пристаниште. На маратонот ќе настапат пливачи од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и од Аргентина, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на денешната ...
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Прилеп, рече дека како држава се справуваме најдобро со пожарите имајќи го предвид фактот сè она што се случуваше ова лето со пожарите во другите држави, како Франција, Шпанија, соседна Грција, Хрватска, Црна Гора, Турција и соседна Србија. - Во 2024 година во јуни сите три летала, или познати во јавноста како „ер трактори“, беа приземјени, без да биде ...
Сите средства за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од Светската здравствена организација. Нема средства што се користат и што се небезбедни и опасни по здравјето на луѓето, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. За жал, посочи, поради реакциите на граѓаните, често прскањата не се прават во оптималното време за прскање. - Оптимално време за прскање е самрак, кога комарците се ...
Во јуни годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48 381 денар и е повисока за 6,4 проценти во однос на јуни лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 10.6 проценти, Земјоделство, шумарство и рибарство за 8.1 проценти и Транспорт и складирање за 8 ...
На 20.08.2026 во 15:05 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.Б.(82) од село во велешко, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 78-годишна сопруга. Според пријавеното, ваквите настани се случувале подолг временски период. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот против Т.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава. На ...
На 20.08.2026 во 16:00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Н.Ј.(43) и Х.И.(53) од село Отља, липковско, затоа што психички и физички ја малтретирале нивната 18-годишна ќерка. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави. На 20.08.2026 во 16:00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Н.Ј.(43) и Х.И.(53) од село ...
ОВР Демир Хисар поднесе кривична пријава против В.П.(68) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 24.06.2025 во с.Слепце, полициски службебници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол „Чешка зброевка“ калибар 6.35мм, пушка „Брно“ калибар 7 x 57, воздушна пушка калибар 5.5 ...
Утре, во земјата ќе се задржи многу топло време, со дневни температури кои на места се очекува да надминат 40 Целзиусови степени - соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. МИА Утре, во ...
За гужвите на Табановце да бидат минато, МВР создаде веб-апликација со мобилен итнерфејс Безбеден град за странските државјаните. Отсега казните странците ќе може да си ги платат по елктронски пат, наместо да бидат запирани на граничниот премин и да се создаваат километарски колони како во изминатите два дена. Странските државјани може да ги вметнат податоците рачно или пак да ги скенираат патните исправи. „Преку апликацијата странските ...
Пациентите со онколошки заболувања конечно можат да ја направат за нив клучната дијагностичка метода во државното здравство, наместо да плаќаат околу 1300 евра во приватните болници. По четири недели застој, ПЕТ-скенот повторно е во функција со увезени радиоизотопи од Турција. За да не се создаваат прекини додека се чека домашниот циклотрон, се преговара за испорака и од Бугарија. Застојот настана поради недостиг на специфично масло за ...
Ранците, тетратките, боичките и останатиот училишен прибор ќе се продаваат со попуст до 15 проценти. Министерството за економија и трговците се договорија за новата „Училишна кошничка“. Годинава ќе се применува различен модел. Нема да има една иста кошничка за сите. Секоја продавница сама ќе си прави свој пакет, па цената ќе зависи од тоа кои производи ќе ги понуди, од нивниот бренд и квалитет. „Кошничките ќе бидат јасно означени и поставени ...
Пожарите на отворено не се опасност само за имотот и животот, туку сериозно го загрозуваат и здравјето на луѓето. Институтот за јавно здравје предупредува дека чадот може да се пренесува на големи растојанија, а најголем ризик, како што велат, се ситните честички ПМ 2,5 кои навлегуваат длабоко во белите дробови. По бројните пожари кои се присутни изминатиот период, ИЈЗ објави препораки за граѓаните. Ги советуваат да го ограничат престојот на ...
Случаи со западнонилска треска се регистрирани и во централните градски подрачја. По жители на Центар, заболен е пријавен и во Чаир. Бројот на инфицирани достигна 43 лица. Половината се на болничко лекување на Инфективна. Вирусот е детектиран и кај угинат гавран на кејот на Вардар во близина на центарот на Скопје. Во главниот град се лоцирани 34 ризични места, од кои 13 се со висок ризик за ширење на заразната болест преку комарци или птици. ...
Наместо конкретен одговор и барање за предвремени избори по понудата на премиерот, политичката сцена повторно се вжешти со партиски препукувања. Политичката топка повторно е во опозицискиот двор, но таму се поделени ставовите во македонскиот и алабнскиот блок. СДСМ не прифаќа да бидат алиби за изборно соочување на власта. ДУИ пак го прифаќаат предизвикот и бараат итно распишување на избори. Фрлената ракавица на интегративците до ВРЕДИ за ...
Наместо јас да добијам извинување за тоа што пет години ме нарекуваа убиец и ме споредуваа со д-р Менгеле, премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ веднаш да им се извинат на семејствата на загинатите во тетовската модуларна болница-ваква порака денеска упати лидерот на СДСМ, Венко Филипче. По вчерашната одлука на Обвинителството за затворање на предметот за набавката на модуларните болници, со која се утврди дека немало злоупотреба ниту штета на ...
До 18:00 часот на територијата на државава регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, 1 е под контрола, а 5 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што посочуваат од ЦУК, активни се пожарите во село Чаниште, крак кон село Крушевица, кон село Лопатица, кон село Дуње и крак кон Црна Река во Општина Прилеп каде гори ниска вегетација; во село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер во ...
Пораст на просечната плата за 6,5 отсто годишно, објави статистиката. Во јуни, според пресметките изнесува 48,381 денари. Повиски плати добивале вработените во администрацијата, земјоделието и транспортот, а на врвот на листата со плати над 88 илјади денари и натаму се програмерите и информатичарите. Сепак, ако се споредат платите со мај, просекот е намален за над 1,000 денари. Статистиката регистира пад на платите во трговијата на големо и ...
По огромниот сообраќаен метеж и километарските колони што се создадоа на граничниот премин Табановце, надлежните воведоа дополнителна мерка за да се забрза постапката со странските возачи кои имаат неплатени сообраќајни прекршоци. Од вчера на преминот се ставени во функција осум посебни пункта за проверка и наплата на казните евидентирани преку системот „Безбеден град“, познат и како „Сејф сити“. Мерката е воведена откако примената на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги повика САД и другите сојузници да одобрат продажба на пресретнувачи на ракети „Патриот“, велејќи дека Киев е подготвен да го купи оружјето по смртоносниот руски напад со ракети и беспилотни летала. Зеленски рече дека Украина пресретнала речиси 90% од крстосувачките ракети лансирани во нападот, но дека балистичките ракети останале многу потешки за запирање без дополнителни пресретнувачи ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Утре и во ...
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи работна сесија на Советот на амбасадори. Сесијата, како што е најавено, ќе ја отвори претседателот на Собранието, Африм Гаши. Работната сесија на Советот на амбасадори треба да почне во 10 часот. Собирот на Советот на амбасадори почна вчера, а се одржува првпат по 2019 година. Како што најави шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, целта на состанокот на македоските дипломати е ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска на прес-конференција ќе информира за епидемиолошката состојба со западнонилска треска во земјава. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, заклучно со 18 август, кај нас се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска - 36 потврдени и два веројатни. Евидентирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. Станува збор за машки лица на возраст од 62 до ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изутринава информира дека целосно е изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица кое ноќеска беше загрозено од пламените јазици. Ангелов повтопрно апелира до граѓаните да бидат внимателни бидејќи доволна е само искра која ако падне на сува трева може да настане вистинска катастрофа. - Утрово селата Бонче, Подмоље и Лопатица се безбедни. Тешка ноќ имаа пожарникарите од ...
Министерството за внатрешни работи ги известува сите граѓани на Република Северна Македонија, а особено сопствениците и операторите на беспилотни воздухоплови – дронови, дека поради зголемениот обем на летачки активности на Одделот за воздухопловни единици, како и интензивниот ангажман на хеликоптерите на МВР во активности за гасење пожари, извидување, транспорт и други оперативни задачи на целата територија на државата, потребно е доследно ...
Во изминатото деноноќие (до 7:30 часот) регистрирани се вкупно 35 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а 28 се изгаснати. Активни пожари: Општина Прилеп: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица, кон с. Лопатица, кон с. Дуње и крак кон Црна Река (ниска вегетација). Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица ...