Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Современата одбрана не треба да се сведува само на одговор на веќе настанатите закани, туку мора да се заснова на нивно предвидување, подготовка на соодветни капацитети и градење отпорност на државата, порача претседателката и врховна командантка на Армијата Гордана Сиљановска-Давкова денеска на свеченоста организирана по повод одбележувањето на Денот на Армијата – 18 Август во Охрид. - Границите меѓу конвенционалните и хибридните закани се ...
Уште еден пациент во тешка здравствена состојба кај кого претходно лабораториски беше потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска почина на Универзитетската клиника за инфективни болести. Хоспитализирани се 20 пациенти со западнонилска треска од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, додека два случаја се водат клинички како суспектни. На интензивна нега се пет пациенти со потешка клиничка слика и кај нив се одвива лекувањето ...
По повод Денот на Армијата, министерот Тошковски упати честитки до сите припадници на Армијата, истакнувајќи го нивниот придонес во заштитата на државата и граѓаните, како и значењето на Армијата како еден од столбовите на безбедносниот систем. „Од борбата за слобода и создавањето на македонската државност, преку осамостојувањето, па сè до денешната современа македонска Армија, низ генерациите се протега иста вредност – одговорноста да се ...
Дваесетгодишен француски државјанин е пронајден без знаци на живот во раните утрински часови, на лежалка на плажа во Ксамил. „Телото на жртвата, Мигел Мендес, на возраст од околу 20 години, е пронајдено утрово во 5:15 часот. Постојат основи на сомнение дека бил избоден со нож, од страна на Сократ Вата, на возраст од 29 години, од северниот албански град Хас, кој веднаш по инцидентот избегал, стои во полициското соопштение. Полициските служби ...
Стратешки важната Ормуска Теснина ќе остане затворена за сообраќај сè додека Соединетите Американски Држави не ги исполнат сите услови од привремениот договор што го потпишаа со Иран во јуни – изјави главниот ирански преговарач Мохамад Бакер Калибаф во обраќање пред иранскиот парламент. Калибаф прецизира дека условите на Техеран подразбираат целосно укинување на американската блокада врз иранските пристаништа, укинување на сите санкции ...
Владимир Чупиќ, еден од четирите лица уапсени под сомнение за подметнување пожари на 10 локации во Задарската жупанија, е сопственик на земјиштето во бенковачкото село Билјане Доње на кое со години се наоѓаше озлогласеното „Црно Брдо“ — депонија со околу 140.000 тони канцероген индустриски отпад, објави хрватскиот портал Нет.хр, повикувајќи се на извештајот на РТЛ Данас. Хрватската полиција го уапси Чупиќ заедно со уште двајца хрватски ...
Според ново научно истражување објавено во списанието „JAMA Internal Medicine“ во кое биле опфатени над 500 различни професии, најголема стапка на смрт од рак поради преголема радијација има кај стјуардесите, а веднаш по нив се и пилотите. За потенцијален причинител научниците го издвојуваат космичкото зрачење на кое екипажот е подложен во текот на летањето. – На површината на Земјата атмосферата делува како природен заштитен штит кој ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на денешната прес-конференција најави дека утре во официјална посета на Македонија ќе престојува заменик-претседателот и министер за надворешни работи на Република Чешка, Петр Мацинка, со кого ќе разговара за продлабочување на билатералните односи, европската перспектива, економската соработка и актуелните регионални и меѓународни прашања. Муцунски посочи дека Мацинка ќе ...
Во овој момент активен е пожарот, кој од Велес премина во Зелениково. Благодарност до велешките пожарникари кои значително го намалија и заштитија две загрозени села. Во Македонски Брод пожарот е значајно намален. Имаме пожар на територија на општина Студеничани село Рамни Габер, но тој е оддалечен и не загрозува ниту едно село, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов давајќи пладневен преглед за ...
Дијалог постојан има, од моментот кога е формирана оваа Влада до денес. Имало период кога дијалогот бил поинтензивен или помалку интензивен, но нема момент во кој ние не сме дискутирале за изнаоѓање соодветно праведно решение во рамките на позициите кои ние ги имаме, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање дали има дијалог за надминување на ...
Нов протест на родителите на учениците од село Долни Балван, во општина Карбинци, зашто пред стартот на учебната година им е соопштено дека подрачното училиште од 1-ви септември ги затвора своите врати. Револтирани се зашто после макотрпно талкање по бирократските лавиринти, дошле до сознание дека Министерството за образование не ја донело оваа одлука, туку локалната самоуправа. Велат дека се изиграни од сопствените советници, кои едно им ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер може да се повлече од Отвореното првенство на САД поради повреда на коленото, објави „Газета дело Спорт“. Дваесет и петгодишниот тенисер се врати во Торино во понеделник, каде што го започна закрепнувањето од повредата на коленото и го одржа својот прв затворен тренинг. Синер ќе биде подложен на нов преглед, по што ќе биде донесена конечна одлука за неговото учество на Отвореното првенство на САД. Тимот на ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...
Градскиот парк во Скопје денеска беше место на вистинска солидарност, емпатија и топлина. На познатата локација Школка, младиот Леон, кој наполни 13 години, го одржа својот отворен инклузивен роденден, на кој присуствуваа бројни граѓани, пријатели и поддржувачи. Оваа година роденденската прослава имаше посебно емотивно значење за Леон. По години исполни со здравствени предизвици и операции и родендени поминати само во кругот на семејството, ...
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, еден е под контрола, а 22 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, во Општина Македонски Брод кај месноста Видуш и селата Драгов Дол, Локвица и Девич, во општините Велес и Зелениково кај селата С’лп, Горно село, Карабуниште, ...
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување кандидати за запишување на студии во прва година. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за бруцоши во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...
Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на државата е во зона со висок ризик од пожари (портокалова боја). Исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден метеоролошки индекс на пожар (жолта боја), соопшти Центарот за управување со кризи. Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од појава и ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет на целата ...
Армијата денеска одбележува 34 години од формирањето како модерна, современа и целосно интероперабилна сила во рамките на евроатлантскиот безбедносен систем. Преку учеството во меѓународни мисии, забрзаната модернизација и исполнувањето на НАТО-стандардите таа ја потврдува својата улога како доверлив НАТО-сојузник и важен фактор во регионалната безбедност, но пред се, посветена на својата основна мисија – заштита на независноста, ...
На 18.08.2026 во 01:00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода И.Ѓ.(47) од Прилеп. При претрес во неговиот дом во Прилеп, извршен со наредба од Основен суд Прилеп, биле пронајдени 85 стебла марихуана, две дигитални ваги, две ќеси со семки од канабис и повеќе различни пакувања со марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. МИА На ...
Вечер ќе биде спроведена 13. дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман, соопшти денеска, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. - Активностите продолжуваат и во наредните денови. Издадов налози на 20 август да се спроведе теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21 август, во раните утрински часови, да се изврши авионска дезинсекција, додека од 23 до 26 август да се ...
Во јули во државава се регистрирани 11 нови случаи на ХИВ/СИДА, од кои девет се мажи и две се жени. Станува збор за лица на возраст од 20 до 49 години, покажуваат податоците од најновиот билтен за движењето на акутните заразни заболувања. Според податоците, од 1987 до 2026 година во Северна Македонија се евидентирани вкупно 765 лица со ХИВ/СИДА. Од нив, 141 лице починало, 508 лица живеат со ХИВ/СИДА, додека 116 лица се водат како изгубени за ...
Русија предупреди за „последици“ по Велика Британија по извештаите за употреба на британски дронови за напади врз цели длабоко на руска територија. Украина во рамки на таканаречената кампања за „длабоки удари“ користела дронови произведени од две британски компании, објави лондонскиот весник „Сандеј тајмс“. Киев годинава ги засили нападите врз Русија, при што ракети со долг дострел и роеви дронови се почесто гаѓаат воената индустрија и ...
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“, најголемата руска компанија за онлајн трговија, во близина на Москва, при што избувнал пожар, соопшти гувернерот на Московската област, Андреј Воробјов. Воробјов наведе дека дронови оштетиле и други објекти, меѓу кои куќи, станбени згради, продавници и електроцентрали. Според досегашните информации, најмалку три лица се повредени. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека ...
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да продолжи со преговорите со Иран за намалување на тензиите меѓу двете земји, соопшти турското претседателство. Во телефонскиот разговор, Ердоган ја понудил целосната поддршка на Анкара за мировните напори и истакнал дека е од големо значење да се искористат сите дипломатски можности за надминување на тензиите меѓу Иран и САД. Турското претседателство ...
Најмалку десет лица загинаа, а осум се ранети во руски ракетен напад врз село во североисточната украинска Харковска област, соопшти шефот на регионалната воена администрација, Олег Синегубов. Во нападот врз селото Печенеги се оштетени десет приватни објекти, кафуле, поштенскиот клон, продавница и најмалку седум автомобили, напиша Синегубов на социјалната мрежа „Телеграм“. Властите продолжуваат со проценка на последиците од нападот. ...
Неколку куќи и една штала изгореа во пожарот кој што попладнево околу 13.30 часот го зафати атарот на селото прилепското село Чаниште во Мариово, а за брзо време се прошири и низ самото село. За среќа нема повредени ниту жртви. Станува збор за село кое е ретко населено со 10-тина постојани жители и е оддалечено околу 35 км. од Прилеп на доста непристапен терен. Екипите на ТППЕ Прилеп кога пристигнале пожарот веќе навлегувал во селото. „Огнот ...
Минатата година, низ целиот свет беа убиени 350 хуманитарни работници, од кои повеќе од половина во Појасот Газа, соопшти денеска Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања. Бројот на жртви е се уште малку под 377 смртни случаи регистрирани во претходната 2024 година. Канцеларијата во соопштението наведе дека во 2025 година е поставен „темен рекорд“ со вкупно 907 убиени, повредени или киднапирани хуманитарни работници. Сто ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) попладнево соопшти дека во рамки на истрагата за организиран транспорт на марихуана од земјава во Србија е донесена наредба за спроведување постапка против уште седум лица, осомничени дека го сториле истото кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 ...
Мнозинството американски гласачи во анкета на британскиот весник „Фајненшл тајмс“ (ФТ) изјавија дека им е полошо под актуелниот претседател Доналд Трамп. Истражувањето беше спроведено од 7 до 10 август од непартиската онлајн компанија Фокалдата, со седиште во Лондон, на 1.913 регистрирани гласачи. На помалку од три месеци до среднорочните избори во ноември, повеќе од 53 отсто од американските гласачи кои учествуваа во анкетата изјавија дека ...
Авион на француските ВВС денеска принудно слета на автопатот 113 во Салон де Прованс, по што се запали, а двете лица во него се полесно повредени. Инцидентот се случил околу 9:45 часот наутро, кога авионот, кој се користи за обука на пилоти на воздухопловните и вселенските сили, од воената база 701 во Салон де Прованс, морал принудно да слета на патот, пренесува Фигаро. Во авионот имало инструктор и пилот на обука, кои се здобиле со полесни ...