Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Ракометарите на Вардар постигнаа победа во првиот натпревар од новоформираната Регионална лига. Тие попладнево во Охрид ја совладаа Војводина со 36:30. Ова беше дуел од 8.коло од ова натпреварување. Двата тима се дел од турнирот во Охрид, кој почнува утре. Во регионалната лига настапуваат десет екипи, поделени во две групи, а во секоја од групите има по два македонски тима. Во групата А се Алкалоид и Еурофарм Пелистер, додека во Б група се ...
Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден нешто помалку од 23 милијарди долари за забрзување на производството на ракети „Томахавк“. Министерството за одбрана на САД изјави дека е потпишан договор вреден точно 22,9 милијарди долари со „Рејтеон“ за забрзување на производството на крстосувачки ракети „Томахавк“ за американската морнарица. Големата нарачка доаѓа во време кога Вашингтон се стреми брзо да го зголеми својот ...
Пожарот што избувна попладнево во близина на прилепското село Чаниште, се прошири и навлезе во делови од него и притоа, според првичните информации изгореле неколку стари куќи и една во која живееле повозрасни лица. Нема повредени мештани и пожарникари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во вовредна изјава за медиумите изрази сомнеж дека пожарот е подметнат бидејќи линијата на огнот е доста долга. Освен ...
Во штипската касарна „Јане Сандански“ одбележани 34 години од формирањето на македонската Армија. Свеченоста беше посветена на воената традиција, но и на развојот на Армијата од осамостојувањето до денес. - Гордост е да се биде припадник на Армијата, чии корени длабоко се протегаат во историјата на македонскиот народ. Патот кон создавањето на македонската Армија е нераскинливо поврзан со стремежиrе и делата на нашите претходннци и великани од ...
Сојузот на борци од Тетово бара итно повлекување на предлогот една од градските улици да го носи името на Фадил Сулејмани, поради неговите поранешни јавни изјави во кои тврдел дека Македонците се Бугари, а Македонија е вештачка држава. Неговото име се најде на листата од 145 нови предлог-имиња за тетовските улици. Од Сојузот излегоа со остар протест, истакнувајќи дека е целосно недозволиво и спротивно на законот улица да добие име по човек ...
Објектот на дискотеката „Пулс“ немал ниту еден прописен излез за евакуација – иако капацитетот на просторот бил за стотици гости. Ова е еден од клучните наоди на градежното вештачење презентирано на денешното судење. Градежниот вештак, Маријана Лазаревска, објасни дека објектот имал околу 472 квадратни метри и дека, според површината, внатрешната организација и опремата, требало да биде категоризиран како диско-клуб, а не кабаре. Максималниот ...
Сипаниците кај овците продолжуваат да се шират, а сточарите бараат итна реакција од државата. Од Сојузот на одгледувачи на овци велат дека досега се уништени околу 50 стада, односно меѓу 7.000 и 10.000 грла. „Секој ден има убиени овци, секој ден се уништуваат големи стада. Бараме од Владата што побрзо да најде решение со оваа болест, да набават вакцина и таа вакцина да се испита дали е конкретно за оваа болест“, изјави претседателот на ...
Резултатите за водата во Гостивар треба да ги објави гостиварски Комуналец и општината, а Министерството за здравство ќе го објави епидемиолошките резултати, колку точно имало заболени како последица од епидемијата во Гостивар, нивните симптоми, кој и како постапил во справувањето со кризата. Откако во петокот се тргна забраната за водата во Гостивар и надлежните соопштија дека е безбедна да се пие, од опозициската СДСМ секојдневно ...
61 годишен жител на Драчево викендот починал од компликации од западнонилска треска на Инфективна. Ова е трет смртен случај за една недела од вирусната инфекција која ја пренесуваат комарците. На Клиниката на болничко лекување во мометот има 16 пациенти со воспаление на мозокот, а 6- мина се во критична сосотојба на интензивна нега. - Овие шестмина кои се во критична состојба и се лекуваат во Одделот за интензивна нега се на возраст над 60, ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа се изречени 63 санкции за возење под дејство на алкохол на територија на цела држава, додека лишени од слобода се осум возачи по член 297-а од Кривичниот законик. Во текот на измината вечер (16/17.08.2026) во периодот од 23:00 до 05:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по поразот од 2-1 во сетови од Аргентинецот Тиаго Тиранте на Мастерсот во Синсинати донесе загрижувачки вести за организаторите на УС опен. Ова откако тенисерот изјави дека веќе неколку години има здравствени проблеми во услови на висока температура при голема влажност на воздухот. Поранешната француска тенисерка, Камил Пен која коментира за Еуроспорт, напомена дека проблемите со дишењето е лош знак особено што ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 4,50 денари, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 6,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 6,00 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Литар ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе чини 91,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 93,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 98,00, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 98,50 денари. За 0,188 денари поскапува и ...
Значително поскапување на горивата од полноќ. Бензините поскапуваат за 4,5, за 6,5 денари по литар. Регулаторната Комисија одлучи новата цена на дизелот да изнесува 98 денари, на Еуросупер 95 окатани - 91,5, додека на 98-цата 93,5 денари. Зголемената цена се должи на растот на цените на нафтата на светските берзи, како и понискиот курс на денарот во однос на доларот. Овие цени се со намалена акциза од 2 денари за бензините и 4 за дизлеот. ...
Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекуваат утре во земјава - најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во среда претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност. Од УХМР најавуваат дека од четврток следува период на многу топло време. Во деновите од викендот дневните температури се очекува да надминат 40 степени. Низ земјава денеска ќе преовладува сончево и топло време со ...
Министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања за епидемијата во Гостивар, рече дека Министерството ќе го објави епидемиолошкиот извештај на 20 август потенцирајќи дека фокусот од оваа епидемија е да се излезе транспарентно и јасно со научени лекции. - Првин сакам да расчистам една дезинформација што се шири. Јас кога објавив, реков дека ќе објавиме информации на 20 август, тоа е епидемиолошкиот извештај за ...
До 13 часот денеска, регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во: Општина Студеничани: с. Моране, с. Вртекица и с. Рамни Габер каде гори мешана шума, во Општина Македонски Брод кај м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во Општини Велес ...
На 16.08.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 14.08.2026, откако ја зела нејзината петгодишна ќерка од градинка на подрачјето на населбата Хром, таа ѝ кажала дека била удрена од негователка, односно дека ја стиснала за ногата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 16.08.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 14.08.2026, откако ја зела нејзината петгодишна ќерка од ...
На 16.08.2026 во 05:56 часот во ОВР Ресен било пријавено дека околу 05:37 часот на ул.„Корчуланска“ во Ресен, патничко возило „шевролет“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од 66-годишната Л.С. од с.Стење, ресенско, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Л.С. и нејзината 71-годишна сопатничка Р.Д. од Ресен, констатирани во Клиничка болница Битола. Известен јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку ветеринарните друштва со кои има склучено договор за вршење на активности од јавен карактер добива информации за појава на болести во одредени одгледувалишта. По добивањето на информација, се земаат примероци за испитување на присуство на вирусот на сипаници кај овци и кози (крв и брисеви). По потврдување на болеста директорот на АХВ донесува решение за спроведување на контролни и заштитни ...
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА Фадил Сулејмани ги сметал Македонците за бугари, а Македонија за вештачка држава, недозволиво е именување на улица по него. Почитувана јавност, Нелегитимната Работна група за именување и преименување на улици во Тетово формирана од Советот на Општина Тетово на седницата на 12.08.2026 година утврди 145 предлог-имиња за тетовските улици, а во листата под број 3 е наведено името Фадил Сулејмани. Сојузот на борци од НОАВМ ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е известена дека Бугарија вратила 11,6 тони пиперки од Македонија поради зголемено ниво на пестициди. Како што ијзави денеска директорот на АХВ, Оливер Миланов, се чека одлуката дали количините ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас, на Дрисла. - Операторот има право пиперката да биде уништена или да биде вратена и ние заедно со Инспекторатот за земјдоелство да ја уништиме по негово барање ...
Сите градежни зафати во објектот биле изведени нелегално, без проектна документација, без стручен надзор и без одобрение од надлежните институции - истакна вештото лице Маријана Лазаревска на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според неа, промените не можат да се третираат како надградба, доградба или адаптација, туку претставуваат реконструкција, за која е задолжителна целосна законска постапка што во случајот не ...
Наследство на сила. Визија за иднината. Постојат возила што ги следат веќе поставените правила. И постојат оние што создаваат сопствени. MHERO е премиум автомобилски бренд на Dongfeng Motor Corporation, создаден за новата генерација електрифицирани теренски возила со високи перформанси. Брендот официјално започна да ја гради својата приказна во 2022 година, поврзувајќи ја долгогодишната инженерска традиција со современи електрифицирани ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, повторно апелираше до граѓаните да бидат внимателни и одговорни во текот на летниот период и да не палат оган на отворено поради опасност од предизвикување пожари. При обиколка на подрачје покрај реката Треска, Ангелов преку видео порака покажа огниште за скара поставено во непосредна близина на сува трева и куп суви гранки кои водат кон блиската шума. Тој предупреди ...
Се подготвуваме да потпишеме меморандум за натамошните чекори со Светска банка и Европската инвестициска банка (ЕИБ) и финансирањето кое се однесува на капиталните инвестиции во клиничките болници во Штип, Тетово и Кичево ќе биде комбинирано од двете институции. Министерството за финансии оцени дека нивната понуда е поповолна, бидејќи е на подолг период и има грант-компонента. Ова денеска го истакна министерот за здравство Сашо Клековски. ...
Дваесетгодишниот Јован Костадинов од Виница, кој спаси 21 живот во трагичниот пожар во дисоктеката „Пулс“ во Кочани во март 2025, ризикувајќи го својот живот, е меѓу 16-те добитници на годинашната награда „Младинска храброст 2026“ (Young Courage Award). Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и амбасадите на Шведска, им ја доделува наградата на млади од 13 до 20 години, кои со своите дела поттикнуваат позитивни ...
Со претседателските декрети од 15 август, Турција прогласи два „национални морски паркови“ во североисточниот дел на Егејското море и Источниот Медитеран, кои се протегаат вон турските територијални води. Доколку овие паркови опфаќаат меѓународни води, нивното воспоставување е нелегално, бидејќи ниту една држава, нема право, согласно меѓународното право на морето, еднострано да воспоставува морски заштитени подрачја во области вон ...
Во пожарот што во ноќта меѓу 13 и 14 август го зафати подрачјето на Локва Рогозница и Омиш во Хрватска целосно изгореа дури 106 возила, 28 куќи, седум стопански, три угостителски и шест помошни објекти на семејни куќи – соопшти денеска сплитско-далматинскиот жупан Блаженко Бобан. – Исто така, целосно изгореа и 45 пловила што биле извлечени на брегот – изјави Бобан за Хина. Според него, делумно изгореа 43 куќи, 20 возила и девет пловила. На ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 10.08 до 16.08.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 122 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и ...
Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекуваат утре во земјава - најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во среда претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност. Од УХМР најавуваат дека од четврток следува период на многу топло време. Во деновите од викендот дневните температури се очекува да надминат 40 степени. Низ земјава денеска ќе преовладува сончево и топло време со ...