Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Политиката се темели на разговори. Јас сум од оние политичари кои сакаат да разговараат додека не се постигне решение. И во првиот и во вториот случај ние ќе продолжиме да разговараме. Знаеме кои се нашите црвени линии и во рамките на тие црвени линии ќе се обидеме да го најдеме решението, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Амбасадорскиот совет. Истакна дека нашиот Устав нуди апсолутно ...
Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, а четири се изгаснати. Активни се пожарите во Оштините Прилеп, Новаци и Могила: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица – с. Лопатица, крак кон Црна Река, крак кон с. Орле во Општина Новаци и крак кон с. Мојно во Општина Могила (ниска вегетација), Општина Крушево: с. Белушино и с. Јакреново (ниска вегетација и ...
Агенцијата за храна и ветринарство (АХВ) доставила информација за донација на вакцини до Европската Комисија и до Република Турција соопштуваат денеска од АХВ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Во соопштението се наведува дека експертската група континуирано се состанува и донесува соодветни мерки, а дополнително, повторно е побарана помош од EUVET тимот на Европската Комисија за справување со болеста. - По ...
Образованието и науката претставуваат темели за иднината на нашиот јазик истакна министерката за образование Јаневска на отворањето на летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Охрид. За подобрување и унапредување на македонскиот јазик се стипендираат студенти, се мотивира творење а отворени се и 7 лекторати. Зголемен е интересот за отварање на нови лекторати на ...
Обвинетите за пожарот во „Пулс“ го оспоруваат градежното вештачење кое откри низа пропусти во објектот. На денешното рочиште, деканот на Градежниот факултет, Горан Марковски кој го предводи тимот на градежни вештаци, одговараше на прашања поставени од адвокатката на сопственикот на дискотеката. Според Ивана Коцевска, реконструкциите кои ги претрпел објектот, не влијаеле на неговата безбедност. Внатрешните тераси во дискотеката, според неа, не ...
Кучиња, диви животни и птици разнеле дел од еутанизираните овци, кои биле заразени од овча сипаница и закопани во јами во атарот на селото Соколарци, во општина Чешиново-Облешево, тврдат од Сојузот на одгледувачи на овци. Тие излегоа на терен и констатираа дека 4 јами и после 20 дена од одлагањето на труповите не биле затрупани. Критични се кон АХВ, зашто сметаат дека не ја држат ситуацијата под контрола. - Од конвеларија не се следи ...
Амбасадорски совет ќе се одржи денеска и утре во Скопје, со учество на шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претставништва во странство. Како што информираше во вторникот на прес-конференција министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, ова е првпат по 2019 година амбасадорскиот совет повторно да се одржи во нашата држава, со физичко присуство на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва. На ...
На 19.08.2026 во 17:40 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода Љ.М.(62) од с.Русиново, беровско. Претходно, тој со патничко возило „форд“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило и во ограда од двор на куќа. При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,62 промили алкохол во крвта. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово ...
Во несреќата учествувало патничко возило кое од силниот удар се срушила и конструкцијата на автобуска постојка поставена покрај улицата. Засега нема официјални информации за тоа како точно дошло до несреќата и дали лица се повредени, објави 4news.mk. Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи. Во несреќата учествувало патничко возило кое од силниот удар се срушила и конструкцијата на автобуска постојка поставена ...
Над 10.000 овци досега угинаа во Македонија од болеста овчи сипаници. Поради оваа ситуација одгледувачите на овци од југозападниот дел на Македонија денеска остварија средби во Прилеп со претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство и платежната агенција. Бидејќи болеста засега ја има најмногу во источниот дел на државата сточарите побараа да не се вакцинираат овците во југозападниот дел каде досега нема ниту еден случај на болеста. Се ...
Русија почна да увезува горива за домашниот пазар поради недостигот предизвикан од украинските напади со беспилотни летала врз рафинериите и зголемената сезонска побарувачка - соопшти рускиот вицепремиер Александар Новак, пренесува ТАСС. - Увозот веќе почна - изјави Новак, без да прецизира во какви количини се увезуваат горивата и кои земји се испорачатели. Вицепремиерот соопшти дека руските власти усвоиле и регулаторни измени со кои се ...
Од почетокот на годинава заклучно до јуни од наплата на патарина во државава инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра), во споредба со минатата 2025 година наплатени се 21.891.532 денари повеќе, информираа за МИА од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП). Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, Стоби, Кадрифаково, Преод, Сопот, ...
Премиерлигашот Тотенхем планира до крајот на преодниот рок да купи играчи од нападот, а во пред план сега е тандемот од Манчестер Сити Савињо и Омар Мармуш. Според британските медиуми преговори се почнати, но договор не е постигнат. Савињо подолго време е цел на Тотенхем, а бразилскиот фудбалер летово истакна дека сака трансфер во клубот од Лондон. Манчестер Сити од француски Троа го купи за 40 милиони евра, а сега бара 70 милиони. Во игра ...
Министерството за правда на САД оцени дека поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми, намерно објавил порака што можела да биде протолкувана како закана кон американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Вашингтон пост“. Според американското Министерство за правда, Коми со објавата соопштена преку социјалните мрежи сакал да го привлече вниманието на јавноста, меѓу другото и за да го зголеми интересот за неговиот ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а дневната од 33 до 39 степени, соопши Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен ...
Меморандум за соработка помеѓу Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија ќе биде потпишан денеска во просториите на Министерството. Како што соопштуваат од Министерството за финансии, Меморандумот ќе го потпишат министерката за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска и главниот државен ревизор Максим Ацевски. - Целта на Меморандумот е унапредување на соработката помеѓу двете институции, афирмација на областите од заеднички ...
Изутринава во земјава има пет активни пожари и тоа во Мариово (село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила. Пожарот во депонијата во Општина Делчево е ставен под контрола. а изгаснати се 31 пожар. Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие (19/20.08.2026 година) до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се ...
Водата во Северното Море минатиот викенд достигна рекордно висока температура од 21,5 степени Целзиусови, највисока откако започнале мерењата во 1984 година, соопшти Кралскиот холандски метеоролошки институт. Температурата е измерена кај платформата „Гуре“, на околу 30 километри од холандскиот брег, во близина на Хук ван Холанд. Претходниот рекорд изнесуваше 21,4 степени, измерени на 8 август 2018 година. Експертите предупредуваат дека ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Б.(59) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, К.С.(60) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Ј.Д.(41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „прикривање“ и ...
Државниот испитен центар ги објави прелиминарните резултати од августовскиот испитен рок од полагањето на државната матура. Освен на интернет-страницата http://www.matura.gov.mk, резулатите се објавени и на огласните табли во училиштата. Учениците кои сметаат дека е направен превид при вреднувањето на тестот имаат право да поднесат приговор до Училишната матурска комисија. Во согласност со упатството на Државниот испитен центар, приговорот, ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за август 2026 година изнесува 68.675 денари, а споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за јули која изнесуваше 68.498 денари е зголемена за 177 денари - информира денеска Сојузот на синдкати на Македонија (ССМ). За храна и пијалоци месечните трошоци изнесуваат 25.032 денари, за образование 7.192 денари, за облеја и обувки 6.511 денари, за станарина, вода, електрична енергија и ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави „економска војна“ и изолација на Иран од невидени размери, во услови на застој во преговорите со Техеран. Истовремено тој упати предупредување дека со сериозни економски последици ќе се соочат и земјите што ќе му пружат економска поддршка на Иран. „Никој не и даде на Исламската Република Иран поголема можност од мене да постигне договор“, напиша Трамп на својата платформа „Трут соушл“, ...
Јужна Кореја проценува дека Северна Кореја поседува меѓу 80 и 120 нуклеарни боеви глави, изјави денеска јужнокорејскиот министер за одбрана, Ан Гју-бак. Ан Гју-бак пред пратениците во Парламентот рече дека проценката се темели врз податоци добиени од приватни истражувачки организации и оти јужнокорејската армија не може официјално да го потврди бројот. Неговата проценка е значително повисока од онаа што вчера ја изнесе американскиот ...
Шпанија подготвува план за преместување на околу 500 непридружени малолетници од Сеута во континенталниот дел на земјата, по минатомесечниот масовен прилив на мигранти во шпанскиот град во северниот дел на Африка. Министерката за миграција, Елма Саиз, изјави дека Владата во Мадрид работи со властите во Сеута и со регионалните влади на планот, според кој децата би биле сместени во соодветни установи и згрижувачки семејства во различни делови ...
Најмалку 12 лица загинаа, а 33 се повредени во Киев во масовен руски напад извршен во текот на ноќта - соопшти градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко. Во објава на „Телеграм“, Кличко рече дека спасувачките и итните служби продолжуваат со расчистување на теренот и справување со последиците од нападот во реоните Соломјански, Свјатошински и Дарницки. Поради трагедијата, градоначалникот соопшти дека 21 август е прогласен за ...
За една седмица во Грција биле регистрирани 47 нови случаи на вирусот Западен Нил и починале четири лица, покажуваат податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од почетокот на оваа сезона, заклучно со вчера претпладне во земјата се дијагностицирани и пријавени вкупно 157 домашни случаи на инфекција со вирусот и се регистрирани вкупно 13 смртни случаи, сите постари ...
Принцот Хари и неговата сопруга Меган планираат да се вратат во Велика Британија, шест години откако се повлекоа од кралските должности и се преселија во Калифорнија, објавија денеска британските медиуми. Според лондонски „Телеграф“, Хари и Меган планираат до крајот на месецов да ги напуштат САД и да се преселат во приватна резиденција надвор од Лондон. Нивните две деца се запишани во британско училиште, каде во септември започнува ...
Од денес започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сторен сообраќаен прекршок на територијата на Македонија. На Граничниот премин Табановце, при излез од државата, се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци. На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок и им се издава ...
Центарот со управување со кризи информира дека до 18:00 часот часот регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, три се под контрола, а 11 се изгаснати. Активни се пожарите во: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Општина Прилеп: с. Чаниште, крак кон ...
- Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Како што објаснуваат од МВР, лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат ...