Во последната една и пол година Владата инвестирала повеќе од 65 милиони евра, информира премиерот Христијан Мицкоски и додава дека ќе продолжат со инвестиции во образованието, кое, како што нагласува, е еден од нивните главни приоритети. - Последното што го разгледувавме беше податокот дека за една и пол година повеќе од 65 милиони евра се инвестирани во образованието. Од нив, речиси 56-57 милиони евра се дел од програмата АА, така што ...

Околу 140 лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во Вардар во центарот на Скопје на 19 јануари на Богојавление – Водици, информира денеска за МИА отец Благоја од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Пријавувањето за учество на манифестацијата „Водици 2026“ беше од 3 јануари до денеска зад соборниот храм „Свети Климент Охридски“, во Митрополијата. До денеска се издаваат и лекарските потврди ...

ЈСП Скопје информира дека в понеделник, поради верскиот празник Богојавление - Водици, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. На Водици, од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а жичницата нема да работи. Потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се ...

Националниот парк Шар Планина информира дека при теренски контроли на државен имот констатирале вршење дејност превоз на скијачи со ратраци која била во спротивност со важечката законска регулатива и заштита на природните вредности на паркот. Според управата на паркот, операторот немал склучено договор и спогодба со нив, како што е предвидено со Одлуката за режимот на движење со моторни возила на територијата на Националниот парк Шар Планина ...

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека во текот на вчерашниот ден во Собранието се одржал состанок на ниво на координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во врска со законот за прекршоци и оти некои работи, кои биле нејасни за ДУИ, биле разјаснети поради што очекува тој да биде донесен на следната собраниска седница и „Безбеден град“ да почне непречено да се применува од 1 февруари. Мицкоски не прецизира кога би имал средба ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнение за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи, казниво по член 396 став 5 во врска со ставовите 3 и 1 од Кривичниот законик. Според Обвинителството, осомничениот, на 13 јануари, во својот дом во Чучер Сандево, неовластено држел автомат STEN MKII кое на ...

Јавното комунално претпријатие на Општина Аеродром денеска реализира акција за чистење на поголемите диви депонии на повеќе локации на територија на општината. Со соодветна механизација се врши темелно отстранување на секаков вид отпад, депониран на несоодветни и недозволени места, со цел подобрување на хигиената и заштита на животната средина, соопштија попладнево од локалната самоуправа. Од Општина Аеродром упатија апел да не се фрла отпад ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска, при посетата на касарната во Велес по повод свеченото давање заклетва на младите професионални војници, изјави дека државата е безбедна и покрај актуелните геополитички случувања во светот. Одговарајќи на новинарско прашање за глобалните безбедносни предизвици и дали земјата може да се чувствува сигурно, Мисајловски истакна дека, иако постојат постојани геополитички бранувања и нови жаришта ...

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска имаше средба со амбасадорката на НР Кина, Џијанг Сјаојан, која се наоѓа во прва официјална посета на општина Охрид. Како што соопштија од Кабинетот на Пецаков, на средбата било разговарано за можностите за зајакнување на заедничката соработка во повеќе општествени сфери, пред сè, во делот на туризмот, економијата и културата. Притоа градоначалникот ја информирал амбасадорката дека од година на ...

Фондацијата „Фросина Кулакова” е основана од семејството на трагично починатата Фросина со цел да гради долгорочни и системски решенија во борбата за поголема безбедност во сообраќајот, подигнување на јавната свест и обезбедување психосоцијална и правна поддршка за семејствата погодени од сообраќајни трагедии. Преку кампањи за општествена одговорност, едукација, застапување и директна помош, Фондацијата има за цел да ја претвори личната ...

Од Агенцијата за аудио и аудиовузуелни медиумски услуги (АВМУ) ги информираат инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини, јутјуберите, односно физичките лица кои се даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање, дека со измени на законската медиумска легислатива во 2023 година подлежат на регулација и имаат обврска да се регистрираат во АВМУ. -Со измените на медиумската легислатива во јули 2023 година, првпат официјално беше ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што информираат од Јавното обвинителство, инцидентот се случил на 14 јануари во дом во скопската населба Гази Баба, каде што оштетената ...

Во празничниот дух на новогодишните и божиќните денови, во рамки на манифестацијата „Украсуваме по скопски“ беа избрани најубаво украсената тераса, најубаво украсениот двор во Скопје и ученички расказ. Преку оваа иницијатива се истакнува креативноста и посветеноста на граѓаните кои со своите домови создадоа топла, светла и автентична празнична атмосфера низ градот, информираат од Град Скопје. -По детална евалуација и теренска посета на сите ...

Нови истражувања откриваат загрижувачки тренд во љубовните врски, познат како „менкипинг“, поради кој многу жени се откажуваат од излегувања и потрага по партнер. Терминот го создадоа истражувачите од Универзитетот Стенфорд, психологот Анџелика Ферара и социологот Дилан П. Вергара, и се однесува на „невозвратен труд што жените го вложуваат за да ги задоволат емоционалните и социјалните потреби на своите партнери“. Тоа значи дека жените се ...

Американската пејачка Мадона на Инстаграм го поддржа демонстрантите во Иран. – Додека размислувам за својот престој во Мароко за време на празниците, мислам на сите луѓе во Иран кои се борат за многу потребната револуција и се подготвени да умрат за она во што веруваат, објави Мадона. Таа додаде дека задушувањето на слободите во Иран поттикнува на размислување за сопствениот живот и слободи. – Сега е време. Издржете! Го поддржувам Иран. Нека ...

Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток во 20:30 часот во Хернинг го игра првиот натпревар на Европското првенство, а противник ни е кодомаќинот Данска. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, веќе неколку денови се во Данска, каде во вторникот го одиграа и последниот контролен дуел што го добија против Митјиланд. Ова е вторпат на европски шампионат македонските ракометари на стартот да играат во Хернинг против Данска ...

Македонскиот ракометен тим ќе биде пред голем предизвик на вечерашниот дуел во првото коло од Европското првенство. На отворањето во првото коло од групата Б противник е кодомаќинот Данска. – Ќе биде навистина предизвикувачки да се игра во Данска, особено против еден од главните домаќини. Данска е број еден во последните години, па можеме само да уживаме во ова натпреварување и да дадеме се од себе за да ја направиме нашата земја среќна. ...

Претставници на Саудиска Арабија, Катар, Оман и Египет 48 часа имаа интензивни дипломатски разговори со Вашингтон и Техеран, за да ги спречат САД воено да го нападнат Иран, изјави неименуван извор. Според него, разговорите биле насочени кон намалување на запалива реторика и избегнување на каква било воена операција што може да предизвика регионална нестабилност. Претставниците на арапските држави предупредија дека агресијата би имала ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во вечерното обраќање до нацијата, изјави дека Киев не е и нема да биде пречка за мирот. Неговата изјава уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера наведе дека Украина, а не Русија го забавува евентуалното склучување на мировен договор. Трамп одговарајќи на прашањето зошто сè уште не е решен најголемиот копнен конфликт во Европа од Втората светска војна, одговори – „Зеленски“. ...

Лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо на вчерашната средба во Белата куќа на американскиот претседател Доналд Трамп му го врачи својот медал за Нобелова награда за мир. Претставник на Белата куќа изјави дека Трамп ќе го задржи одликувањето. – Марија ми ја даде својата Нобелова награда за мир за работата што ја завршив. Прекрасен гест на меѓусебно почитување. Ти благодарам, Марија!, објави Трамп на социјалните мрежи. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја поддржува „новоназначената палестинска технократска влада“ на Газа. „Како претседател на Советот за мир, ја поддржувам новоназначената палестинска технократска влада: Националниот комитет за управување со Газа, поддржан од високиот претставник на Советот, да управува со Газа за време на преодниот период“, напиша Трамп во објава на Truth Social. „Овие палестински лидери се непоколебливо ...

Белата куќа соопшти дека состанокот меѓу американските официјални претставници и високите претставници на Данска и Гренланд бил продуктивен и нагласи дека испраќањето европски трупи на Гренланд нема да влијае на ставот на претседателот на САД, Доналд Трамп, за таа територија. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит истакна дека страните се договориле да основаат работна група која ќе продолжи да води технички разговори за „аквизицијата на ...

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, откако Алијанса за права и слободи (АПС) веднаш го врати мандатот за формирање влада откако му беше врачен, изјави „Одиме на избори“. – Не беше случајно што избрав да го предадам третиот мандат на вашата пратеничка група – наведе Радев, додавајќи дека АПС била подложена на „брутален притисок од членовите и симпатизерите на партијата биле подложени на притисок, разни форми на влијание, неприфатливи за ...

Специјализираните мобилни апликации за откажување од пушењето се ефикасна поддршка за пушачите кои се обидуваат да се ослободат од зависноста од тутунот, покажува нов научен труд. Истражувањето, спроведено од кинески научници, укажува дека ваквите апликации се особено успешни кога се користат заедно со лекови за откажување од пушењето, но можат да бидат корисни и сами по себе. Експериментот е спроведен на околу 12.800 испитаници опфаќајќи ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени. Во Скопје ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени. Како што ...

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната 51. седница ќе одржи Јавна расправа по Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик е поднесен од пратениците Бојан Стојаноски, Љупчо Пренџов, Тони Јаревски, Бране Петрушевски, Драгана Бојковска, Дафина Стојаноска, Игор Здравковски, Лидија Петкоска и Мартин Стојановски. Како ...

Свеченост за давање заклетва на новопримените професионални војници ќе се одржи денеска во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес во Центарот за индивидуална обука кој е во состав на Командата за обука и доктрини на Армијата. Во рамките на свеченоста, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, претставници од Министерството за ...

И денеска најниска утринска температура е измерена во Берово. Како што информираат од УХМР, -5 степени Целзиусови се евидентирани во Берово, -4 во Струмица, Битола, -3 Скопје - Петровец, Демир Капија, Тетово, -2 во Прилеп, Велес, -1 во Скопје - Зајчев Рид, Штип, Претор, Попова Шапка, Кавадарци, Маврови Анови, 0 - Дојран, Крива Паланка, Куманово, Крушево, 1 - Гевгелија, Охрид, 2 - Виница, 4 - Ѓуриште. До седум часот утрово, висината на ...

На два дена пред почетокот на Европското првенство во Данска, кога нашите ракометари ги одработуваа последните подготовки за она што ќе следува вечерва во Хернинг, Данска, од Скопје на пат тргнаа најверните македонски навивачи – осмиот играч на ракометната репрезентација. Екипата полека се екипираше и со автобус го започна своето долго патување. Тргнувањето за Данска се поклопуваше со стара-нова година и празникот Василица, па истото започна ...

Вработени во скопската дирекција на УЈП, сопственици и управители на фирми се упасени во голема акција на Основното Јавно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција доцна попладнево.. Според првичните информации од обвинителството, приведените се осомничени за повеќе кривични дела како злосторничко здружување, перење пари, измама и даночно затајување од големи размери.. Акцијата која се реализира под раководство на ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1014
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
6.17
71%
1008
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
0.0
90%
1006
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1014
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.34
96%
1015
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
96%
1006
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
0.89
86%
1015
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
81%
1011
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
100%
1011
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
93%
1014
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
91%
1009
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
100%
1016
Currency

61.63

Currency

52.5

Currency

70.9922

Currency

36.204

Currency

38.25

Currency

67.2401

Currency

7.52839

Currency

0.69597

Currency

0.3372

Currency

0.52872

Currency

1.21051

Currency

0.56834

Иридиум

198077.91

Алуминиум

3.13

Рутениум

45750.51

Кобалт

62.83

Паладиум

57453.38

Платина

74080.83

Сребро

2897.70

Родиум

324722.54

Злато

147776.72

Цинк

3.20

Бакар

11.75

Калај

49.66