Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи јавна расправа по Предлог-законот за судска служба и Предлог-законот за јавнообвинителска служба. Со Предлогот на закон за судска служба се уредува посебниот статус на вработените во судската служба и тоа посебните државни службеници-судски службеници, државните службеници, судската полиција и помошно техничкиот персонал. Со Предлогот на закон за ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе објави нова инвестиција од компанијата „Џаво Отомотив“ во ТИРЗ Тетово со која се очекува да се отворат над 400 нови работни места. Мултинационалната корпорација „Џаво Отомотив“ работи во индустријата за автомобилска опрема, дизајнира и произведува безбедносни производи, како и разни механизми и оперативни кабли за многу водечки производители на автомобили. Освен во ...

Македонија ќе го добие првиот центар за вештачка интелигенција „Везилка“, кој ќе биде промовиран идната недела, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Центарот ќе има клучна улога во развојот на македонски јазичен модел и во создавањето домашна дигитална база која ќе овозможи македонскиот јазик, култура и идентитет да бидат соодветно застапени во современите технологии. - „Везилка“ е проект насочен кон ...

На ситуацијата на копнените гранични премини со спроведувањето на ЕЕС системот, можноста што европската регулатива ја дава за привремена суспензија на биометриската регистрација, но и на одлуката да се постават модуларни контролни пунктови на Евзони со кои една сообраќајна лента се претвора во две, со цел да се скрати времето на чекање, се осврна заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, надлежен за областите Македонија и Тракија ...

Децата во Северна Македонија се сè поизложени на повеќе климатски закани истовремено. Мнозинството од нив се погодени од топлотни бранови, суши и загаден воздух, според новиот глобален извештај на УНИЦЕФ, се наведува во денешното соопштение. - Извештајот за климатски ризици кај децата за 2026 година открива дека заканите што доаѓаат од климатските промени се широко распространети во Северна Македонија и веќе влијаат врз здравјето, развојот и ...

Со собрани вкупно 684.777 килограми отпад, 70.688 учесници, над 600 организации, повеќе од 250 државни институции, училиштата од целава земја и бројни компании, заврши шестото издание на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД – најмасовната еко иницијатива во земјава и на Балканот, пишува во денешното соопштение, што МИА го пренесува интегрално. За шест години постоење, акцијата успеа вкупно да мобилизира повеќе од 170.000 граѓани и беа собрани вкупно 2,2 милиони ...

Поскапуваат горивата. Регулаторната комисија ги објави новите цени. Од полноќ, бензинот БС-95 поскапува за денар и пол и ќе се продава по 87,5 денари по литар. 98-октанскиот оди нагоре за два денари и ќе чини 90 денари. Минимално поскапување од половина денар има кај дизелот, кој ќе се точи за 87,5 денари. На полноќ завршуваат и мерките за горивата, што значи дека во новите цени се пресметани редовните акцизи од 22 денари за бензините и 15,5 ...

Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за договор за крај на војната меѓу САД и Иран, кој би требало да ги стиши тензиите на Блискиот Исток. Иако најавата за смирување на состојбите ги охрабрија свеските пазари за намалување на цената на нафтата, експертите предупредуваат дека и претходните обиди за мир завршуваа со нови ескалации. „Не заборавајте дека Трамп и републиканците ги очекуваат и среднорочните избори, па и ...

САД и Иран постигнаа договор за крај на војната и отворањето на Ормутскиот теснец.Ќе биде потпишан во петок во Швајцарија, по што ќе биде објавен и текстот. Честитки до сите!, напиша Трамп на социјалните мрежи. .Целосно го одобрувам отворањето на Ормутскиот теснец без наплата на такси и наредувам итно укинување на американската поморска блокада. Бродови на светот стартувајте ги моторите, нека тече нафтата, напиша Трамп. Објавата доаѓа откако ...

Веднаш по пријавата за пожар на две службени возила сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје денеска (15.06.2026) во 12.13 часот, СВР Скопје презеде интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот. Во рамки на преземените активности, во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомнение дека го сторило делото. Станува збор за И.Д. (44) од Скопје, ...

Пациент ја губи битката за живот. Лекарите прогласуваат мозочна смрт. Во моментите на најголема тага и болка, семејството одлучува органите да бидат донирани...неколку болни добиваат втора шанса за живот. Ова е главната суштина на органодонорството кое е најголемата вредност за човештвото. Во нашата земја треба подигнување на свесноста за донирањето на органи после смртта а тоа ќе биде олеснето и со законските измени кои деновиве треба да се ...

Две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Бугарија во Скопје, денеска биле опожарени точно напладне пред влезот на објектот.. Пожарот според видеото од безбедносните камери на амбасадата кои го објавуваат бугарските медиуми, бил намерно подметнат.. До возилата доаѓа маж и од ќеса вади шише, ги полева двете возила, ги пали и бега.. Интервенирала противпожарната бригада, а увид направила полицијата и како што велат од МВР, се ...

Полицијата трага по непознат сторител кој денеска запалил две возила со дипломатски таблички пред бугарската Амбасада во центарот на Скопје. Според првичните информации, младиот маж прво полеал запалива течност и го запалил едно возило „Сузуки Витара“, по што огнот се проширил и на друго возило кое е во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Македонија. По инцидентот, напаѓачот побегнал од местото. Пожарот брзо бил ставен под ...

Преку електронска алатка административците ќе учат да ги почитуваат и заштитат правата на граѓаните. Министерот за јавна администрација и делегацијата на ЕУ потпишаа меморандум кој треба да го подобри квалитетот и да го модернизира секторот кој на граѓаните им нуди директни услуги. Проектот е дел од потребните реформи на јавната админстрација, кои се и едни од клучните чекори на европскиот пат, со оглед дека вп преговорите за членство ...

Почна расправата на планарна седница за законот за правична застапеност. Решението кое доаѓа по укинувањето на балансерот, ќе стави крај на партиските влијанија во јавната администрација и ќе донесе вработувања базирани на мерит системот. Законот никому нема да се одземе некакво право им порача вицепремиерот Беким Сали на пратениците. Ги повика сите да го поддржат предложениот закон. Законот кој е во прво читање ги судри ставовите на партиите ...

Украина и Молдавија немаат опозиција како СДСМ за да ги кодоши кај меѓународните партнери, вели премиерот прашан за коментар на одуката на Брисел да ги почне преговорите со овие две земји. Според него, тоа е една од разликите меѓу нив и Македонија, заедно со фактот што ние, за разлика од нив, ја контролираме целата територија. Според Мицкоски, условвите во кои е ставена Македонија не треба да бидат причина за очај, туку дополнителна ...

“Мега понеделник” за проширување на Европската Унија. Вака го опиша денешниот ден Еврокомесарката Марта Кос пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург. Украина и Молдавија ги почнуваат преговорите по кластери и го прават најзначајниот чекор на својот пат да станат дел од европското семејство откако добија кандидатски статус во 2023 година. Прво, Украина и Молдавија ќе го направат својот најголем чекор ...

Во 2025 година, деловните субјекти изградиле 3 733 станови, чија просечна корисна површина е 75.2 м2, од кои 3 677 се во индивидуална сопственост, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу се градело во Скопскиот регион. Изградени се вкупно 1 852 објекти со вкупна станбена површина од 280 644 м2, а вредноста на извршените градежни работи изнесува 44.5 милијарди денари. МИА Во 2025 година, деловните субјекти ...

Разликата помеѓу овие две земји и нашата е тоа што ние ја контролираме целата држава и немаме такви проблеми какви што имаат тие и кај нив опозицијата не работи против своите граѓани и против својата влада, не ја кодоши сопствената влада и не работи за интересите на туѓи влади кои имаат поинакви интереси, како што е случајот кај нас, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по свеченото отворање на ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави оти по постигнатиот договор меѓу САД и Иран и падот на цените на нафтата на светските берзи, очекува во моментов цените на бензините да се движат во рамките на половина денар или исти за дизел-горивата и околу денар и пол до два денари зголемување кај бензините, при што тука треба да се има предвид дека сегашната одлука Регулаторната комисија за енергетика се базира на движењата од минатата недела, ...

Задоволство беше да поддржиме инвестиција во која околу 230 луѓе се вработени, инвестиција во вкупна вредност од околу 11 милиони евра, и на тој начин продолжуваме да поддржуваме инвестиции кои ќе бидат додадена вредност во македонската економија, истакна претседателот на македонската Влада Христијан Мицкоски на денешното свечено отворање на фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола. - На овој ...

Полицијата уапси 42-годишна жена во Тетово, откако очевидци пријавиле дека ја забележале како го удира своето тримесечно дете во асфалт. Вчера, во Тетово, полициски службеници ја уапсиле В.М.(42) од Прилеп, со престој во Тетово, а подоцна во село Сараќино, тетовско, полициски службеници го лишиле од слобода и Б.С.(37) од истото село. Претходно, во 16:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 15:30 часот В.М. била забележана како ...

Владата најостро го осудува вандалскиот и недозволив чин на опожарување возила со дипломатски статус во непосредна близина на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. -Ваквите постапки претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не смеат да имаат место во демократска држава - се наведува во реакцијата на Владата. Надлежните институции, додаваат од Владата, веќе преземаат интензивни мерки ...

Полицијата во Струга соопшти дека до нив било пријавено дека кај „Машка плажа“ во водите Охридското Езеро било забележано безживотно машко тело. Телото веднаш било пренесено во Општата болница во Струга, каде доктор од болницата констатирал смрт без траги на насилство. Како што сооошти СВР – Охрид, утврдено е дека се работи за С.С.(20) од струшкото село Октиси. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот и околностите поради кои ...

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер најави дека владата ќе воведе забрана за користење на социјални мрежи за деца помлади од 16 години. Тоа претставува една од најстрогите мерки во областа на заштита на малолетниците во дигиталниот простор. Стармер денеска истакна дека социјалните мрежи можат да имаат сериозно негативно влијание врз менталното здравје на децата и оти пласираните содржини често носат ризици од зависност. Тој нагласи ...

САД и Иран постигнаа договор по повеќемесечни конфликти и тензии, а неговото потпишување е закажано за 19 јуни во Швајцарија. Иако и Вашингтон и Техеран потврдуваат дека е постигнат договор, нивните толкувања за содржината и за натамошната примена значително се разликуваат. Договорот е претставен како Меморандум за разбирање и, според достапните информации, содржи две страници. Неговата основна цел е воспоставување прекин на огнот на сите ...

Украина и Молдавија денеска започнуваат пристапни преговори со Европската унија, додека Црна Гора затвора уште две преговарачки поглавја, соопштија европски извори. На меѓувладините конференции во Луксембург, Украина и Молдавија ќе го отворат првиот кластер „Основи“ што ги опфаќа реформите на правосудството, владеењето на правото, демократските институции, јавната администрација и економските критериуми. Отворањето на преговорите со Украина ...

Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по израелските напади врз цели на „Хезболах“ во Бејрут, јавуваат медиумите повикувајќи се на извори запознаени со разговорот. Разговорот се одржал само неколку часа пред очекуваното потпишување на договорот меѓу САД и Иран, додека Трамп претходно јавно ги критикуваше израелските напади. „Израел повеќе не би требало да изведува напади никаде ...

21-годишната бразилска манекенка Марија Едуарда Родригес де Фреитас трагично го загуби животот при банџи скок од мост висок околу 40 метри во сојузната држава Сао Паоло. Несреќата се случила на мостот „Понте до Ескелето“ („Мост на коските“), каде според истрагата инструкторите ја турнале девојката без безбедносното јаже да биде прикачено на нејзиниот појас. На вознемирувачка снимка, која брзо се прошири на социјалните мрежи, се гледа како ...

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас денеска го поздравија постигнатиот договор меѓу САД и Иран за прекин на воените дејствија. Во соопштението објавено од Европската комисија, Фон дер Лајен оцени дека договорот треба да овозможи итно повторно отворање на Ормуската Теснина. Таа изрази очекување дека договорот ќе придонесе и за ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.69
33%
1018
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
4.34
56%
1018
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
3.1
40%
1021
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.62
45%
1019
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
2.18
41%
1018
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 31ᴼ
0.89
55%
1021
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
6.26
35%
1016
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.3
35%
1018
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
2.92
37%
1018
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 29ᴼ
4.47
55%
1018
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
1.79
43%
1019
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
6.65
82%
1017
Currency

61.645

Currency

53.73

Currency

71.1667

Currency

37.6517

Currency

37.8978

Currency

66.5171

Currency

7.93737

Currency

0.7351

Currency

0.33273

Currency

0.52564

Currency

1.1566

Currency

0.56948

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.39

Рутениум

48965.59

Платина

53756.05

Паладиум

40284.89

Бакар

12.75

Цинк

0.00

Злато

134937.98

Сребро

2121.92

Калај

53.40

Родиум

257205.97