Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Израел утринава изврши силни воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се под контрола на Хезболах, откако групата поддржана од Иран лансираше ракети и беспилотни летала кон Израел. Нападот на Хезболах дојде како одмазда за атентатот врз врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, пишува „Гардијан“. Жителите на Бејрут беа разбудени во 3 часот утрово од десетици експлозии додека Израел гаѓаше три различни локации во јужните предградија ...
Цените на нафтата утринава нагло пораснаа, а берзанските индекси паднаа во раното тргување откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во текот на викендот. Цената на американската сурова нафта синоќа се зголеми за дури осум проценти, на околу 72 долари за барел, а подоцна се стабилизираше на 71 долар. Суровата нафта Брент, која служи како глобален репер, првично скокна за повеќе од 12 проценти на околу 82 долари, но подоцна се сведе под 78 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во заедничките американско-израелски напади во саботата се убиени потенцијални наследници на врховниот лидер на Иран. Неговите коментари, дадени за Еј-Би-Си Њуз (ABC News) доаѓаат во време на неизвесност околу транзицијата на власта во Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи. Во разговор со новинарот Џонатан Карл, Трамп тврдеше дека нападот бил исклучително успешен. „Нападот беше толку ...
Иран денеска започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби и Бахреин. Силни експлозии одекнаа низ целиот регион, а според првичните извештаи, воздушната одбрана беше активирана во неколку земји. Во Дубаи се снимени „две последователни експлозии“ и млазни авиони што прелетаа над нив. Во главниот град на Катар, Доха, се слушнаа „прилично гласни“ истрели. Во Абу Даби се ...
За помалку од два месеци, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп елиминираше двајца од најблиските сојузници на Пекинг, загрозувајќи го снабдувањето со нафта на Кина. Откако американските сили го уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро во јануари, врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, сега е убиен. Двете воени акции не само што ја лишија Кина од стратешки партнери во Јужна Америка и Блискиот Исток, туку погодија и ...
Мохамед Раад, лидерот на парламентарното крило на Хезболах, наводно е убиен во напад на Израелските одбранбени сили (ИДФ) врз цели во Либан, објавија утрово саудиските телевизиски станици „Ал-Арабија“ и „Ал-Хадат“. Либанскиот претседател Џозеф Аун изјави дека лансирањето ракети кон Израел им штети на напорите за поштедување на Либан од регионален конфликт, а дописниците на „Ал-Арабија“ објавија дека сите училишта и образовни институции во ...
Саудиската државна нафтена компанија „Сауди Арамко“ ги прекина операциите во рафинеријата Рас Танура по нападот со беспилотни летала во областа, според извори запознаени со ситуацијата. Рафинеријата, една од најголемите во Саудиска Арабија, има капацитет да преработува 550.000 барели сурова нафта дневно. Објектот на брегот на Персискиот Залив беше затворен во понеделник како мерка на претпазливост додека се проценуваат можните штети. Според ...
Според наводите на иранските медиуми, за време на викендот во напад на спортска сала во градот Ламард, на југот на Иран, загинале 20 млади одбојкарки, додека повеќе од 100 лица се повредени. Информацијата првично ја пренесе телевизискиот канал Al Mayadeen, повикувајќи се на локални извори, а потоа веста ја потврдија и други медиуми. Нападот се случил во покраината Фарс, а според истите извори, меѓу жртвите има и деца кои биле во салата во ...
Секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност, Али Лариџани, денеска изјави дека Техеран нема да преговара со САД. По информациите во западните медиуми во врска со барањето на Техеран за преговори со Вашингтон, Лариџани нагласи дека Иран нема да преговара со САД, пренесува Тасним. Рано утрово, „Волстрит џурнал“ објави дека Лариџани ѝ ги испратил на оманската страна своите планови за продолжување на преговорите со САД. САД и ...
Во земјата денеска ќе преовладува прeтежно облачно време. По одделни котлини има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 4 до 2, а максималните ќе достигнат од 12 до 17 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и тивко. Во делови од котлината има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ...
Во Европска куќа (Europe House) во Скопје денеска официјално ќе бидат доделени новинарските награди за 2025 година од конкурсот на тема „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“. Наградите ги доделува Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Во Европска куќа (Europe House) во Скопје денеска официјално ќе бидат доделени новинарските награди за 2025 година ...
Состојбата е стабилна и безбедна врз основа на податоците на агенциите за разузнавање и за национална безбедност, како и од податоците на министерствата за надворешни работи, за внатрешни и за одбрана со Генералштабот на Армијата, изјави вечерва претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова за медиумите по завршувањето на седницата на Советот за безбедност во претседателската Вила Водно, свикана поради влошената состојба на Блискиот ...
Пролетта оваа година ќе ја почувствуваме уште од овој месец кој ќе биде за еден степен потопол од 30 годишниот просек, како и стабилно и суво време со многу сонце. Според најновите метеоролошки анализи, март ќе биде потопол за околу еден степен во однос на триесетгодишната климатска норма, што ќе значи побрзо раздвижување на природата и подолги периоди на стабилно време. Утринава во Македонија се измерени минусни температури, при што ...
Израелските сили извршија воздушни напади во центарот на Техеран, целејќи клучни објекти, вклучувајќи го и седиштето на иранската државна телевизија и радио, објави News.Az. Нападите се случуваат во време на ескалација на конфликтот по заедничките американско-израелски воени операции против раководството на Иран и стратешките локации, кои предизвикаа широко распространети експлозии и чад над Техеран. Израелските сили извршија воздушни ...
Иранските медиуми јавуваат дека повеќе од 40 припадници на безбедносните сили се убиени во напад врз седиштето на граничниот полк во западниот град Мехран, во близина на Ирак. „Овој напад, кој беше проследен со бомбардирање, за жал резултираше со мачеништво на 43 припадници на безбедносните сили, повеќето од нив граничари, а делови од блиските згради беа исто така сериозно оштетени“, соопшти новинската агенција Мехр. „Според првичните ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД досега уништиле девет ирански воени бродови во нападите врз Иран. „Тукушто бев информиран дека уништивме и потопивме девет ирански воени бродови, од кои некои се релативно големи и важни. Ги бркаме другите – наскоро ќе пловат на дното на морето! Во вториот напад, главно го уништивме нивниот поморски штаб. Освен тоа, нивната морнарица се справува многу добро“, рече Трамп во објава ...
Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) вели дека три танкери за нафта од САД и Велика Британија биле „погодени од ракети и горат“, според државните медиуми. САД и Велика Британија не ги потврдија овие извештаи. Операциите за поморска трговија на Велика Британија во своето дневен резиме велат дека „биле пријавени повеќе инциденти со поморската безбедност“ во областа. Се вели дека два брода биле погодени од „непознат ...
Албанскиот премиер Еди Рама денеска го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на управата на полицијата за Тирана, Елтон Аљуши. Разрешувањето на двајцата високи полициски раководители според образложението е бидејќи ” за протестите на опозицијата, посебно синоќешниот, не презеле соодветни мерки и не успале да го обезбедат јавениот ред и мир”. Опозицијата наместо протест синоќа одржа неколку часовен марш ...
Плажите долж охридското езеро ќе се уредуваат со закон.Струшкиот градоначалник Менди Ќура најави дека заедно со општина Охрид работеле на предлог закон кој ќе биде доставен до собранието пред стартот на летната туристичка сезона со кој ќе се знае како ќе се постапува и уредува брегот . Проблемот со плажите кој постои години наназад неможат сами општините да го решат дециден е Ќура. Инаку плажите со години работат без договор за концесија и ...
Младите во Радовиш до 35 години ќе можат да го градат својот прв дом без да плаќаат комуналии. Со новата одлука што ја донесе Советот на општината, сите млади радовишани кои планираат изградба, доградба или надградба на куќа ќе бидат целосно ослободени од надоместокот за уредување на градежно земјиште. Максималната површина на објектот што ќе може да биде опфатен со мерката е 120 метри квадратни. Со оглед дека надоместокот во општината ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со државниот министер за надворешни работи на Државата Катар, Султан бин Саад Ал Мураихи. -Во разговорот, министерот Муцунски го осуди отворениот ирански напад насочен кон територијата на Катар, оценувајќи го како сериозна повреда на принципите на меѓународното право, вклучително и почитувањето на државниот суверенитет и ...
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие, при редовните активности за следење на дигиталниот простор, беше детектирана објава на социјална мрежа со содржина што укажуваше на можна намера за самоубиство од страна на малолетен корисник. Веднаш по добиените сознанија беше постапено итно и координирано, при што беа преземени сите неопходни мерки и активности за ...
Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, за МИА информираат дека досега повеќе од 150 македонски државјани, ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, околу можностите за евакуација. Со сите нив се одржува постојан контакт и доколку се пријават за евакуација ќе се преземаат подготвителни ...
Се влошува состојбата на Блискиот Исток. Експлозии и утринава одекнаа низ Техеран. Погодени се населби каде што се наоѓаат полициската станица, државната телевизија, Министерството за одбрана и Револуционерниот суд. Во нападите врз Иран досега загинати се над 280 луѓе. Иран започна нов бран одмазднички удари низ регионот. Погодени биле 27 американски воени локации низ регионот, како и цели во Израел. Лансирани биле повеќе од 25 бранови ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз. Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“. МИА Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ...
Американскиот претседател рече дека новото раководство на Иран сака да разговара со неговата администрација и дека планира да го стори тоа, објави списанието „Атлантик“. „Тие сакаат да разговараат, а јас се согласив да разговарам, па ќе разговарам со нив“, го цитира списанието. „Требаше да го направат тоа порано. Требаше порано да го прифатат она што беше многу практично и лесно да се направи. Чекаа предолго“, додаде тој. Кога беше прашан ...
Неправилното отчукување на срцето е аларм веднаш да посетите лекар. Кардиолозите апелираат до граѓаните да не ги игнорираат симптомите на забрзан или прескокнат пулс а консултација со стручно лице може да превенира појава на мозочен удар. -Нормален пулс е од 60 до 100 и треба да биде рамномерен да не биде аритмичен. Она што ние го споделуваме со нашите пациенти, е како да ги едуцираме како да го измерат пулсот, како да одредат колку е брз и ...
Со пуштањето во употреба на реконструираната обиколница во Крива Паланка, Владата најавува забрзано инфраструктурно поврзување кон Бугарија. Проектот вреден 1,2 милиони евра е дел од пошироката стратегија за модернизација на Коридор 8, што ги вклучува експресниот пат Страцин – Крива Паланка и проширувањето на граничниот премин Деве Баир. Паралелно, се интензивираат и активностите за железничко поврзување кон Софија и Скопје. Со пуштањето во ...
Венко Филипче, денеска на прес-конференција упати остри критики до Мицкоски, оценувајќи дека економската политика која ја води резултирала со драстичен пад на странските инвестиции. Според Филипче, во 2025 година странските инвестиции се намалени за 729 милиони евра во споредба со 2024 години. Тој нагласи дека македонската економија тоне, а граѓаните се соочуваат со сè поголеми финансиски потешкотии. Венко Филипче, денеска на ...
Опозицијата е на иста линија со владата за нападот врз Иран. Опозицискиот лидер на денешната прес конференција им даде поддршка на САД потенцирајќи дека според него и во Македонија владеел режим Според Филипче добро е што Претседателката го свикала Советот за безбедност испраќајќи порака сите разговори да се прават во координација со сојузниците од НАТО Вчера Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски јасно порача дека земјава е на ...