Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Најголемиот дел од опозициските партии, освен СДСМ прифаќаат веднаш да се одржат предвремени парламентарни избори. Власта вели дека е подготвена за избори доколку побара опозицијата, која според нив ќе биде повторно поразена. Левица е подготвена веднаш да оди на избори, вели пратеникот Амар Мециновиќ за Сител. Животот во државата не напредува во ниту еден поглед, напротив само се уназадува. Очекуваат голема поддршка и сериозен резултат ...
73 годишен жител на Долно Лисиче почина од компликации од западнонилска треска на Инфективна. Ова е петти смртен случај за две недели од вирусната инфекција која ја пренесуваат комарци и птици. Починатиот како што информираше директорот на Клиниката имал и други придружни заболувања. - Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ставен на ...
Во гаснењето на големиот пожар што попладнево избувна во близина на Струмица се вклучи еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, засега огнот не успева да ги зафати куќите и викендичките во месноста Софилар и нема непосредна опасност за нив. Градоначалникот на Струмица, Јанков изјави дека засега нема поголеми материјални штети. -По ...
Цените на бакарот уриваат рекорди. За една година поскалел за речиси двојно. Тон се продава за 14.200 долари. а лани за истиот се плаќаше околу 9,800 долари. Ограничената понуда од рудниците и ниските залихи на берзите, создаваат притисок за дополнителн раст на цената. Додека соседите профитираат од поскапениот бакар, нашиот во Иловица останува под земја. Во моментов кај нас активни се 4 рудници за метални суровини, а единствен за бакар е ...
Пет тинејџери загинаа во сообраќајна несреќа во Ирска додека се снимале како со украден автомобил возат во спротивна насока на автопат. Петте момчиња се возеле во украдено БМВ на автопат во округот Килдер југозападно од Даблин, кога удриле во возило од спротивен правец во кое биле четири члена на едно семјство кои се тешко повредени. Тинејџерите, на возраст меѓу 15 и 18 години, во изминатите денови ги „тероризрирале“ локалните жители со ...
На 21.08.2026 во 15:35 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Д.(20) од с.Долно Оризари, битолско.. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола била пронајдена марихуана. На 21.08.2026 во 15:35 часот во с.Брезница, општина Македонски Брод, полициски службеницни од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Б.М.(46) од с.Брезница. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд ...
Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес. - Вчера во 14 часот во ОВР - Кавадарци, 37-годишен кавадарчанец пријави дека од ноември 2025 година до пријавувањето бил измамен за сума од 3.200 евра од М.А. Според пријавеното, тој го довел во заблуда дека ќе му помогне за лекување на член на неговото семејство за што му ги дал парите - информираа од СВР - Велес. Како што ...
МВР соопшти дека вчера полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.Б.(41) од село Лешок, тетовско откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин 7 мм со оптички нишан, пиштол „ЦЗ“ 9мм со празни рамки, воздушна пушка 5,4 мм со оптички нишан, како и куршуми од различен калибар. Според МВР, вчера околу 20:21 часот се лишени од слобода и А.М.(39), Д.М.(26), Б.С.(37), Р.Р.(66), ...
До 13:00 часот попладнево се регистрирани 17 пожари на отворен простор од кои 11 се активни, три се под контрола и три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во: Општините Студеничани и Зелениково: село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер, со крак кон село Палиград и над село Вражале, Општина Зелениково – мешана шума, Општина Студеничани: село Цветово, стариот пат кон село Елово – ниска ...
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионален центар за Гранични работи Југ поднесе кривична пријава против С.Р. (59) од Латвија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Како што соопшти МВР, на 17 август годинава во село Богородица, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фиат типо“ кое го управувал С.Р., при што биле пронајдени 10 мигранти ...
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес синоќа спречила проширување на пожар што избувнал во дневна соба од семејна куќа на улицата „Глигор Прличев“ број 8 во Велес. Како што информираат од ТППЕ Велес, дојавата за пожарот била примена во 19:08 часот, по што веднаш на терен биле упатени едно противпожарно возило и тројца пожарникари. По пристигнувањето на местото на настанот, пожарот бил затекнат во развиена фаза во дневната соба ...
Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Како што изјави Цана, се работи за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход. - Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ...
Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, денеска на подрачјето на Полициското одделение Мирковци во општина Чучер Сандево спроведоа превентивна активност за заштита од пожари. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, во разговорите со жителите била потенцирана потребата од континуирана соработка со надлежните институции и ...
Запуштената површина на плоштадот „Македонија“, која граѓаните со години ја нарекуваа „ливада“, конечно добива нов и достоинствен изглед, напиша во објава на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Во тек е хортикултурно уредување на просторот и поставување ново зеленило, со цел површината да стане мала зелена оаза во центарот на Скопје. Паралелно се заменуваат оштетените подни плочки кај Порта „Македонија“, а обновувањето на ...
УХМР информира дека од утре дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, како што наведува, ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Максималните температури идната недела ќе се движат од 37 до 39 степени. МИА УХМР информира дека од утре дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, ...
Од почетокот на системот „Безбеден град“ евидентирани се 310.865 прекршоци од кои 301.835 за брзо возење и 180.378 за возила со странски регистарски ознаки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). - Во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат за управување на возило со брзина поголема од дозволената 301.835 прекршоци. Во ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен Целзиусов. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
Единицата за брзо распоредување (ЕБР) попладнево во Битола ќе ја одбележи 25-годишнината од нејзиното формирање. На настанот пред Офицерскиот дом во Битола ќе се обратат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на ЕБР Стојанче Николов. Во рамки на одбележувањето ќе биде изведена тактичко-показна вежба, во која припадниците на Единицата ќе ги презентираат своите вештини, како и изложба на опрема која ја користи Единицата ...
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои девет се активни, два се под контрола, а 16 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Студеничани - кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, во Општина Македонски Брод - кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во Општина Кичево - село Тајмиште и месноста Дарда, во Општина Липково - кај селото ...
На граничните премини Табановце за влез и излез од државата и на Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути до 1 час, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Оттаму додаваат дека e зголемен и интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Полицијата синоќа во Скопје казнила 262 возачи. Од нив за 102 буправувале мопеди и мотоцикли. Исто така, како што информираат од МВР, привремено е одземен еден мотоцикл поради измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, а шест лица се лишени од слобода по член 297 а од Кривичниот законик. - Во текот на изминатата вечер во периодот од 18:00 до 01:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од ...
Десетина европски земји пријавиле локално пренесени случаи на вирусот Западен Нил од почетокот на годината, што е повеќе од отколку во истиот период минатата година, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC). Случаи се пријавени во Германија, Франција, Австрија, Шпанија, Грција, Италија, Холандија, Северна Македонија, Романија, Србија и други земји. Според податоците на ECDC, најмногу случаи се регистрирани во ...
Соединетите Американски Држави и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, со кој би се укинале царините од 50 проценти што Вашингтон ги воведува за некои канадски производи. – Одлучив да ги прекинам преговорите. Она што го постигнавме не е доволно за да ги исполниме нашите цели во интерес на канадскиот народ. Промените во последен момент на условите предложени од САД беа неправедни, неповолни за нас и го доведоа во прашање ...
Две лица загинаа при пад на ултралесен авион кој исчезна од радарот над Велебит во Хрватска вчера попладне. Остатоците од авионот и телата на жртвите беа пронајдени синоќа околу 22 часот во тешко пристапна област на Националниот парк Пакленица. Околу 35 припадници на Хрватската планинска спасувачка (ХСС) служба учествуваа во големата операција за пребарување. – Нашите спасувачи преку радио околу 22 часот известија дека стигнале до локацијата ...
Шеснаесет маратонци, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција, ќе учествуваат на 39. Охридски пливачки маратон, што денеска ќе се плива во водите на Охридското Езеро. Маратонците од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина ќе ги одмерат силите на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид. Боите на Македонија ќе ги бранат Александар Илиевски, Петар ...
- Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „антисемитски диктатор“. - Ердоган е антисемитски диктатор кој ги масакрира Курдите, кој изрази поддршка за масакрот на терористичката организација Хамас и кој го угнетува сопствениот народ, соопшти канцеларијата на Нетанјаху. Во соопштението се наведува и дека Израел ќе дејствува против „обидите на Турција да го дестабилизира ...
Француските здравствени власти објавија дека повеќе од 40.000 неисправни кондоми се продадени преку интернет во последните месеци и ги повикаа сите што ги користеле производите да се тестираат за сексуално преносливи инфекции, пишува Политико. Француската агенција за заштита на потрошувачите (DGCCRF) и Генералниот директорат за здравство (DGS) предупредија дека ваквите производи би можеле да претставуваат сериозен ризик за здравјето и ...
Иран денеска предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на секоја нова закана од САД, откако Вашингтон објави дека ќе воведе досега најстроги санкции насочени кон понатамошно ослабување на иранскиот режим. Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, изјави дека деталите за новите мерки ќе бидат објавени во понеделник. Тој ги оцени како „најтешките санкции во историјата“ и рече дека САД ќе се обидат економски да го изолираат Иран, ...
Метеоролошката служба на Велика Британија предупреди дека феноменот Ел Нињо, кој се развива над Тихиот Океан, веројатно ќе биде најсилниот во поновата историја. Моќниот природен климатски феномен предизвикува раст на глобалните температури и може да го зголеми ризикот од екстремни метеорлошки настани, објавува BBC Weather. Со ефектите од климатските промени предизвикани од човекот, Метеоролошката служба на Велика Британија оценува дека 2027 ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски, информираше дека Агенцијата за храна и ветеринарство го потврди првиот случај на западнонилска треска кај мртва птица во Скопје. Во меѓувреме, заболувањето е регистрирано и кај жители на општините Центар и Чаир. Вкупно досега се евидентирани 43 случаи на западнонилска треска, од кои 40 се потврдени, а кај три пациенти има потврда со еден тест. „Она што е ново во однос на претходната состојба е ...