Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Поминавме безмалку две години. Покажавме дека со скромни ресурси можеме да направиме многу. Во овој краток период направивме Македонија да биде во топ пет во Европа според растот на БДП, како процент од истиот. Постигнавме историски рекорд, над 1,255 милијарди евра странски директни инвестиции. Работиме на шест нови автопати, зголемивме пензии, градиме студентски домови, за студентите обезбедивме електронски уреди. Сето она коешто ...
Обвинителството во Милано денеска соопшти дека италијанската полиција запленила „значајни“ докази при претресот на домот на еден од четворицата Италијанци, против кои се води истрага за учество во „Сараево сафари“. Помеѓу запленетите докази има фотографија од осомничениот, 65-годишен маж кој живее во областа Александрија, со техничка опрема и придушувач. Претресот е спроведен врз основа на сведочењата на неговата поранешна сопруга и ...
Македонските екипи од Конференциската лига на УЕФА Силекс и Шкендија, ако ја минат првата пречка познати им се ривалите по денешното извлекување на двојките за следната рунда. Победникот на Купот Силекс, ако го мине Динамо Минск од Белорусија (гостинскиот натпревар ќе се игра во Бугарија) ќе треба да патува и да игра против Нефтчи од Азербејџан. Шкендија Тетово ако ја потврди фаворитската улога против Европа од Гибралтар, следен противник ќе ...
Европската ракометна федерација ЕХФ објави список на десет сигурни екипи за новата сезона од Лигата на шампионите, а во групите ќе играат вкупно 24 репрезентации. Десет сигурни учесници според рангирањето на федерациите се: Магдебург, Барселона, ПСЖ, Алборг, Келце, Веспрем, Динамо Букурешт, Спортинг Лисабон, Загреб и Колстад, како и шампионот на Европа лигата – Мелсунген. Македонскиот првак Вардар нема директно место во најсилното европско ...
Фудбалерот на Брегот на Слоновата коска Елие Вахи бил уапсен поради сомневање дека учествувал во наместени натпревари. Вахи бил уапсен пред три недели, а сега е дел од својата репрезентација на Светското првенство – Брегот на Слоновата коска. На дуелот од првото коло против Еквадор настапи 56 минути, а БСК победија со 1:0. Тој е предмет на истрага на натпреварот на Ница против Мец одигран на 17.мај од француската Лига 1 и тоа како играч на ...
Со нови производи и картички за граѓаните и фирмите, Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството. Поволности за корисниците, како годишно бесплатно патничко осигурување, плаќање на рати без камати, максимален кредитен лимит до 10 илјади евра, најавија од банката со користење на Мастеркард Платиниум и бизнис. Старите картички клиентите ќе продолжат да ги користат, се додека не ја активираат новата картичка. „Развивме сеопфатна и ...
На улицата Јуриј Гагарин 33, спроти „Homax“ и Vero, по втор пат паѓа голем дел од фасада на станбена зграда. Првиот инцидент се случил на 9 јули 2025 година, а сега повторно паднал дел од фасадата. Тие предупредуваат дека на објектот сè уште има оштетен дел кој претставува опасност да падне и да ги загрози минувачите. На улицата Јуриј Гагарин 33, спроти „Homax“ и Vero, по втор пат паѓа голем дел од фасада на станбена зграда. Првиот ...
Во координирана акција на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Министерството за внатрешни работи (МВР),вчера биле извршени претреси на повеќе локации во Скопје во рамки на предистражна постапка за кривично дело „терористичка организација“, при што се пронајдени и одземени дигитални уреди и друга електронска опрема. Како што информира МВР, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими членовите на машката и женската кадетска ракометна репрезентација, кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци, одржано во Скопје, постигнаа историски успех: машката кадетска селекција го освои златниот медал и се закити со титулата светски училишен шампион, а женската кадетска селекција освои сребрен медал и стана светски вицешампион. Како што се наведува во ...
Капитенот на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо, им се обрати на навивачите пред првиот настап на Светското првенство 2026. Вечер од 19 часот Португалија ќе игра против Демократска Република Конго. -Секој пат кога ќе го облечеме овој дрес, чувствуваме иста гордост, иста страст и исто чувство на одговорност како на првиот ден. Започнува ново поглавје. Работевме напорно за да стигнеме до оваа точка, а сега е време да ...
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа. На прес-конференцијата по повод утрешниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата во Брисел, Руте појасни дека САД во моментов го преиспитуваат својот придонес во силите на НАТО, пред сè во однос на распределбата на одговорностите за спроведување на одбранбените планови. -САД јасно ...
„Јас сум шефот“. Американскиот претседател Доналд Трамп со впечатлива шега повторно се најде во центарот на светските медиуми. На последниот состанок со лидерите на Г7 пред да седне на масата, подзастана за да им порача дека тој е главен. „Јас сум шефот“, кажа Трамп. Шегата на Трамп предизвика смеа кај присутните лидери, по што тој седна до францускиот претседател Емануел Макрон. Лидерите одржаа состанок во Евијан ле Бен на Женевското Езеро, ...
По 40 години, Општата болница во Струмица е реконструирана и модернизирана. До крајот на август треба да привршат активностите за доопремувањето по што од почетокот на септември објектот ќе биде целосно пуштен во употреба. Во објектот, кој ќе опслужува над 200.000 граѓани не само од Струмица туку и од околните општини, се инвестирани над 4,5 милиони евра. Како што истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски по извршениот увид на болницата, ...
Денес СДСМ со уште една срамна прес-конференција се обидува да го попречи развојот на државата. Имено на денешната прес-конференција на СДСМ во која опозициската партија се противи на потенцијалната изградба на дата центри слушнавме само небулози и обид за манипулација на граѓаните, се вели во реакцијата од Министерството за транспорт на прес-конференцијата на Кристијан Дојчиновски од СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално. За изградба на ...
На 16.06.2026 во 13:00 часот во ОВР Крива Паланка, од Јавната здравствена установа Крива Паланка е пријавено дека на место викано „Пољана“ во село Огут, кривопаланечко, има починато лице. По преземени мерки било констатирано дека се работи за С.Ј.(52) од Крива Паланка, вработен во ЕВН, кој починал додека извршувал работни задачи, соопштија од полицијата во дневниот билтен. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на ...
На 16.06.2026 година во Полициската станица Драчево е пријавено дека во село Зелениково бил пронајден починат Ц.К.(72) од Зелениково, кој бил прегазен од неговиот мотокултиватор. Според пријавеното, тој излегол утрото да работи на нива со мотокултиваторот, а откако не се вратил до 13:00 часот, неговиот брат отишол на нивата и го пронашол под мотокултиваторот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител ...
Неексплодирани гранати биле пронајдени во општина Могила. Како што соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи, денеска во 9:25 часот во Секторот за внатрешни работи - Битола било пријавено дека во атар на село Дедебалци, на место викано „На претерот“, општина Могила, пронајдени биле две неексплодирани гранати. - Местото е обезбедено, а гранатите денеска ќе бидат подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ...
Крајот на учебната година донесе поинаков, возбудлив и едукативен ден за децата поддржани од СОС Детско село. Во рамките на долгогодишното стратешко партнерство, финансиското друштво Flex Credit организираше специјален едукативен час на отворено во Зоолошката градина во Скопје. Училницата под отворено небо беше поставена токму до новата, неодамна изградена куќичка за желки – проект кој Flex Credit самостојно го финансираше и изгради за ...
Она што го води денес СДСМ, партијата која го донесе Преспанскиот договор, на отворена сцена испраќа пораки полни со конструкции и лаги, но факт е и не смееме да заборавиме дека тогашните евробирократи ни ветуваа дека ќе имаме големи придобивки од потпишувањето на тој Договор - бесплатно и поквалитетно здравство, образование, повеќе за младите, веднаш ќе влеземе во НАТО, веднаш ќе ги почнеме и ќе ги завршиме преговорите, но ништо од тоа не ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека европратениците треба да го поддржат амандманот во кој билатералните протоколи се исклучуваат како формален составен дел од преговарачката рамка со ЕУ. -Ако сака Европа да го задржи својот кредибилитет, тоа треба да го направи, треба да ја исправи неправдата што и е нанесена на Македонија. Мислам дека тоа треба да се случи, европските пратеници треба да го поддржат и оној амандман во кој се ...
Европската парламент денеска ги усвои годишните извештаи за пет земји од Западен Балкан – Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово. За извештаите европратениците расправаа вчера на заедничка седница. Конкретно за извештајот за Македонија, подготвен од известувачот Томас Вајц, резултатот од денешното гласање помина со 411 гласа „за“, 120 „против“ и 120 „воздржани“. По гласањето, за денеска попладне се закажани и ...
Кејот на реката Вардар добива нов и поуреден изглед со поставување нова урбана опрема, во насока на подобрување на условите за престој, рекреација и спорт на граѓаните, соопштуваат од Град Скопје. -На оваа една од најпосетуваните локации во Скопје се поставени нови клупи и корпи за отпадоци, со што просторот станува почист, пофункционален и попријатен за сите посетители - стои во соопштението од Град Скопје. Паралелно, како што дополнуваат, ...
Заврши електронското пријавување за упис во средните училишта. Првиот јунски уписен рок се заокружува со околу 15.000 деветтоодделенци кои електронски поднеле апликација за да го продолжат своето образование во некое од средните училишта. Денеска учениците ја поднесуваат и потребната документација во хартиена форма. Комисиите до доцна вечерва ќе вршат проверка дали податоците кои учениците дигитално ги внесуваат во системот, се поклопуваат со ...
На средина од мандатот на Владата, речиси половина од ветувањата имаат одреден напредок. Ова го покажува анализата на Фајнанс Тинк во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование, Македонското лекарско друштво и Младинскиот образовен форум. Во анализата биле следени 142 владини ветувања. Од нив, 18 проценти се целосно реализирани, 30 проценти се во процес на исполнување, 39 проценти немаат никаков напредок, а шест проценти се ...
Осум години од историскиот Преспански договор кој стави крај на деценискиот спор со Грција. Договорот го потпишаа шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во грчкото село Нивици. Со тоа Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија, а Грција призна македонски јазик и македонски идентитет. Три месеци подоцна Македонија излезе на референдум за да се изјаснат за прашањето „Дали сте ...
Европратениците го усвоија извештајот за напредокот на Македонија, но Вториот протокол од договорот со Бугарија останува. 338 европратеници го одбија амандамот на известувачој Вајц со кој се бараше бришење на ставот кој бара Заедничката историска комисија меѓу двете држави да постигне „јасни и опипливи резултати“ засновани исклучиво на „објективни, автентични и докажани историски извори“. Ова во пракса значи дека секој напредок на Македонија ...
По повод својата 5-годишнина, Matto Napoletano ја реализираше хуманитарната иницијатива MATTO FOR GOOD, во поддршка на СОС Детско село Северна Македонија. За оваа специјална пригода беше подготвено ексклузивно бранч мени со авторски пици и пасти, креирани само за настанот, збогатено со Pizza Cook Experience, DJ сет и музички настапи на sempremusic и theaft3r, во уникатна open garden атмосфера. Посебна чест ни претставуваше присуството на ...
На барање на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), судот ја изрече мерката „затворски притвор“ против десет албански државјани, кои се сметаат за меѓународна група шверцери на дрога кои во Европа носеле со тони кокаин. Групата ја предводел Шпетим, или Салвадор Алиу, додека важна улога одиграл и Дритан Ѓика, кој во последните години станал познат инвеститор. На списокот на осомничени, кои се сметаат за ...
Известителот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека тој секогаш бил достапен за сите политички актери во Србија, но дека нивниот став кон него зборува многу за „(не)постоењето“ политичка волја за одредени опции државата да комуницира со ЕП за сите отворени прашања важни за членството. Во интервју објавено денес за Демостат, Пицула вели дека соработката со парламентот во Србија не е онаква каква што треба да биде и дека ...
Репрезентацијата на Аргентина ноќеска во Канзас го победи Алжир со 3:0 во натпреварот од групната фаза на Светското фудбалско првенството 2026. Трите гола го постигна Лионел Меси. Капитенот на Аргентинците погоди во 17-та, 60-та и 76. минута. Триесет и осумгодишниот Аргентинец Меси израмни рекордот на Мирослав Клозе од 16 голови на Светските првенства. Аргентина освои три бода и се искачи на првото место во Групата Ј. Алжир е на последното ...