Катарската државна нафтена компанија објави дека ирански проектили го погодиле индустрискиот град Раф Лафан, неколку часа откако Иранската револуционерна гарда се закани дека ќе се одмазди за израелскиот напад врз најголемото гасно поле во светот Јужен Парс. „КатарЕнерџи“ кажа дека е предизвикана голема штета во областа на Раф Лафан, каде што се наоѓа најголемата постројка за производство на течен природен гас на светот. „Тимовите за итни ...

Израел, според американскиот претседател Доналд Трамп, нема веќе да го напаѓа иранското гасно поле „Саут Парс“. Но, доколку Иран повторно го нападне Катар, САД ќе возвратат и „масовно ќе го уништат“ целото поле, се закани Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушал. Трамп нагласи дека Катар „во никој случај не е вклучен во нападите на Израел врз иранското гасно поле“, но „за жал, Иран не го знаел тоа“ и го нападна Катар „неоправдано“. ...