Адвокатите на 35-мината обвинети секој за личен придонес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс” во Кочани, на денешното рочиште се согласија Обвинителството од 10 предложени, да повлече само 4 негови сведоци. Дел од обвинетите обезбедувачи таа вечер кога се запали нискиот сунѓерест и пластичен плафон и загинаа 63 млади луѓе и деца, инсистираа некои од планираните сведоци да останат да сведочат колку многу животи спасиле по пожарот. ...

На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, сведочеше сведокот на Основното јавно обвинителство, Драги Илиевски, раководител на Одделението за уредување на градежно земјиште. Во своето сведочење тој меѓу друго кажа дека Општината Кочани на 3. октомври 2012 година, дала позитивно известување на барањето на првообвинетиот во случајот, Дејан Јованов Деко, од Класик ДМ ДООЕЛ Кочани, за користење на јавните паркиралишта во ...