Затворена е кујната во РЕК „Битола“ по направениот вонредниот инспекциски надзор поради сомнеж за труење на работници кои јаделе лазањи со сос. Од вчера до денес, според инфектологот во Клиничката болница, 120 вработени со здравствени тегоби се јавија за лекарска помош во болницата. Според РЕД, пријавен е 81 работник. Од Државниот здраствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) соопштија дека при извршениот вонреден инспекциски надзор во централната ...

Во вонреден инспекциски надзор на Дирекцијата за храна и ветеринарство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, ИЈЗ и Центарот за јавно здравје, затворена е работничката менза во РЕК Битола поради сомневање за труење со храна. Инспекторите констатирале хигиенски пропусти, како и неважечки санитарни книшки кај тројца од 59 вработени, по што е наредено вонредно чистење и дезинфекција, како и здравствени прегледи за целиот персонал. ...