Македонија, исто како и земјите од Западен Балкан и Европа, не е имуна на онлајн радикализацијата, при што вештачката интелигенција, социјалните мрежи и криптопазарот го олеснуваат врбувањето за радикални, насилни и терористички активности, беше кажано на јавниот настан „Онлајн радикализацијата како безбедносен предизвик за Северна Македонија: ризици, политики и законски решенија“, што го организираше Институтот за комуникациски студии (ИКС), ...
Македонија не е изолирана од растечкиот тренд на онлајн радикализација што ја зафаќа Европа и регионот, а новиот закон што се подготвува треба да воспостави тенок баланс меѓу безбедноста и заштитата на човековите права. Ова беше една од клучните пораки од тркалезната маса на тема „Онлајн радикализацијата како безбедносен предизвик“, каде експертите предупредија дека дигиталниот простор станува сè поважен канал за ширење екстремистички идеи, ...

