Основното јавно обвинителство Охрид бара притвор за 21-годишниот возач кој возејќи без дозвола синоќа излета од улицата Туристичка во Охрид и на тротоар прегази 44-годишна жена, а тешко повреден беше нејзиниот партнер. Притвор се бара и за 18-годишниот сопственик на колата, кој бил сопатник. Обвинителството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 2 лица за Тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот од член 300 ...

Владимир Путин изјави дека цела Украина е руска, повторувајќи ги своите империјалистички амбиции. Зборувајќи на економски форум во Санкт Петербург, Путин ја негираше државноста на Украина. „Јас ги сметам Русите и Украинците за еден народ. Во таа смисла, цела Украина е наша. Каде и да стапне руски војник, тоа е наше“, кажа Путин. Тој притоа не ја отфрли можноста за заземање на градот Суми во североисточна Украина, како дел од напорите да се ...

Само неколку земји имаат нуклеарно оружје: Велика Британија, САД, Русија, Кина, Франција, Индија, Пакистан и Северна Кореја. Се верува дека Израел го има, но ниту го потврдува, ниту го негира тоа. Зошто некои земји можат да го имаат, а други не? Одговорот лежи во пактот од 1968 година, наречен Договор за неширење на нуклеарно оружје (НПТ). Во него се вели дека земјите можат да развиваат цивилни нуклеарни програми, но дека повеќе земји не треба ...

Поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија д-р Нино Васев, и организацискиот директор Нехат Нухи ќе одат во ефективен притвор од 30 дена, соопшти Апелациониот суд Скопје. Судиите ги прифатиле жалбите на Обвинителството, кое се жалеше на куќниот притвор за двајцата обвинети со образложение дека постои опасност од бегство. „Апелациониот суд ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, против Решението ...

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по целосно спроведени две дисциплински постапки и испитани факти и околности, ги прифати предлозите поднесени од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и одлучи дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство (ВЈО) Скопје Мустафа Хајрулахи и уште еден ...

Сточари и земјоделци од Пелагонија денеска протестираа пред Подрачното одделение за земјоделство во Битола, барајќи државата навреме да ги исплаќа субвенциите и да поведе поголема грижа за откупните цени на нивните производи. Протестот го имаа закажано пред неколу дена зашто не им беа исплатени субевнциите за обележани грла говеда за 2024 година, а парите им стигнаа на 18 јуни, односно два дена пред да излезат на протести. „Имавме рок до 15 јуни ...

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко доби парична казна од 10.000 евра за незаконското поставување директори на училиштата во Лабуништа, Радолишта и Подгорци. Судијата Јордан Јованов го прогласи за виновен за кривичното дело Несовесно работење во службата. Во образложението на пресудата рече дека Мерко, според членот 115 од Законот за основно образование, назначува и разрешува директори на општински училишта како што се училиштата во овој ...

Педесет и осум лица кои беа повредени во пожарот на 16 март во кочанската дискотека „Пулс“ веќе носат компресивна облека и имаат видиливи позитивни промени на лузните, рече д-р Катерина Папиќ-Мирчовска, директорка на Општата болница во Кочани. Во пожарот загинаа 62 лица, околу 200 беа повредени, а уште 10 се на болничко лекување, по петмина во Македонија и во странските медицински центри. На денешната прес-конференција во Владата, д-р ...

Шпанскиот премиер Педро Санчес го одби планот на НАТО да се издвојуваат 5% од бруто домашниот производ за одбраната, велејќи дека предлогот е неразумен и контрапродуктивен. Санчес кажа дека не сака да го комплицира претстојниот самит на НАТО во Хаг, на кој ќе се расправа за ова, туку бара пофлексибилна формула, со која зголемувањето на трошоците би се направило опционо. Предлогот, што го турка генералниот секретар Марк Руте, е одговор на ...

Адвокатот на Љупчо Палевски-Палчо, првообвинетиот за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, во завршниот збор денеска кажа дека тој е обвинет само со 17 докази, од кои ниеден не е конкретен и директен. Адвокатот Јовица Страшевски рече дека нема трага, слика, снимка, сведок дека тој ги извршил кривичните дела – организирање на грабнувањата на Панче Жежовски и на малолетната Вања Ѓорчевска, како ...

Филмскиот и ТВ-монтажер и дизајнер на звук Сашко Мицевски е именуван од Владата за в. д. директор на Агенцијата за филм. Тој доаѓа на местото на Вероника Бучковска, која беше именувана на 17 декември лани. Мицевски, (чие авторско име е Сашко Потер Мицевски) студирал филмска и ТВ монтажа на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје, а во 2015, како добитник на стипендија од Министерството за образование и наука (МОН), заминува на ...

Обвинетиот Велибор Манев во завршниот збор на судењето за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панќе Жежовски од Велес кажа дека е засрамен, се кае, цел живот ќе жали што бил изманипулиран од Љупчо Палевски-Палчо кому душата му ја дал на тацна, му верувал, а тој го измамил дека само ќе грабнуваат луѓе за пари, а всушност ги убивал. „Бидејќи ме нарече лажго и сака да ми натовари вина дека јас сум ги убил Вања и Панче, ...

Дали Бугарија ги намалила клучните државно контролирани цени за да ги намали бројките за инфлација, што ѝ помогна да биде примена во еврозоната? Во април, земјата објави неочекувано намалување на дневните трошоци за болничко лекување од 82,8 проценти. Дури и на државната телевизија признаа дека причините за овој потег се мистерија. Бугарија на 1 јануари ќе ја усвои единствената европска валута, но едвај го помина тестот за инфлација, а ...

Министерката за финансии цел месец не одобрува вработување на 26 воспитувачки, негувателки и готвачи за градинката во Кочани, вели в. д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски. Писмото до Министерството за финансии го испратил на 17 мај и досега немало никаков одговор од Скопје. Од персоналот што недостига, 20-мина биле за новата градинка, а шестмина се замена за тие кои одат во пензија. За разлика од Министерството за финансии, ...

Во тешка сообраќајна несреќа синоќа во Охрид загина 44-годишна охриѓанка, а уште едно лице е тешко повредено. Несреќата се случи на булеварот Туристичка околу 22,30 часот, на кружниот тек кај „Мини маркет“ кога, од засега непознати причини, патнички автомобил „голф“ со охридски регистарски таблици, со голема брзина изгубил контрола, поминал преку кружниот тек, ја пробил заштитната ограда и излетал од коловозот на спротивната страна од Туристичка ...

Унгарската полиција ја забрани годишната Парада на гордоста во Будимпешта, но либералниот градоначалник Ѓерѓели Карачони кажа дека таа сепак ќе се одржи подоцна овој месец. „Градското собрание на Будимпешта ќе го организира маршот како локален настан на 28 јуни, точка“, изјави Карачони. Тоа е последниот пресврт во судирот на владата на Виктор Орбан и унгарската ЛГБТ заедница. Парадата на гордоста е под знак прашалник од февруари, кога Орбан ...

Иранско-израелската воздушна војна влегува во својата втора недела и европски функционери денеска ќе се обидат да го вратат Иран на преговарачка маса, откако Доналд Трамп ја одложи одлуката за вклучување на САД во нападите врз иранските нуклеарни постројки. Израел ги почна нападите врз Иран минатиот петок, тврдејќи дека сака да го спречи да развие нуклеарно оружје. Иран му возвраќа со ракетни удари, како што беше случај и ноќеска. Според ...

Белата куќа кажа дека Доналд Трамп во следните две недели ќе донесе одлука дали САД ќе се приклучат кон израелските воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки. „Врз основа на фактот дека постои значителна шанса за преговори со Иран, што може или нема да се одржат во блиска иднина, претседателот Трамп ќе донесе одлука дали ќе нападне или не во следните две недели“, кажа портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит. Некои американски ...

Авион на „Рајанер“, кој летал од Лондон, претрпел значителна штета откако едно од крилата удрило во метална ограда по слетувањето во јужниот грчки град Каламата. Немало повредени меѓу патниците и екипажот. „Боинг 737“ полетал од лондонскиот аеродром „Стенстед“, а при слетувањето во Каламата се соочил со лоши временски услови. Еден извор изјавил за весникот „Сан“ дека пилотот ги предупредил патниците дека слетувањето би можело да биде грубо. ...

Да се тврди дека зголемувањето на прагот за независни кандидати е во корист на граѓаните е навреда за нивната интелигенција, реагираа на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски граѓанските иницијативи: Зелен хуман град, Град Скопје, Шанса за Центар, Независни За Карпош – За Заштита На Карпош, Поинаку во Општина Битола, Стига е – Струмица, Босилово, Ново Село, Поранешни независни советници од Подобро за Тетово и Граѓанска иницијатива ...

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ ја плаќа цената на иранските напади, па така тој морал да ја откаже свадбата на син му. Израелскиот премиер ја даде оваа изјава при посетата на болницата „Сорока“ во Бершева, која денеска беше тешко оштетена во ирански ракетен напад. „Целиот израелски народ ја плаќа цената. Има ранети, некои семејства ги изгубија најблиските. Секој од нас плаќа лична цена и моето семејство не е поштедено. Син ...

Вработена во Општина Кочани е повредена на денешната 65 седница на Советот, во инцидентот во кој учествуваа советникот Аки Акиов од Партијата за Демократски Просперитет на Ромите (ПДПР) и советникот од ВМРО-ДПМНЕ советникот Мирче Стојков. Како што објави Мета, Акиов влезе во вербална расправа со советниците од ВМРО-ДПМНЕ, поточно со Стојков, а темата беше односот меѓу општината и инспекциските служби. Стојков го обвини в. д. градоначалникот ...

Утрово бил регистриран помор на риби во реката Тополка, близу вливот во Вардар. За поморот алармирале велешките риболовци, кои во тие моменти биле покрај реката. Тие ги информирале рибочуварите од Здружението на спортски риболовци „Бабуна“ од Велес, кој е концесионер со рибниот фонд на Тополка. Помор на риби имало од кај затворот кај Оризари до вливот во Вардар. „Во 8:20 часот од рибочуварскaта служба е констатиран голем помор на риба. Присутна ...

Синдикатот на контролорите на летање на Македонија упатил предупредувачко писмо до Управниот одбор на Македонска навигација (М-НАВ) дека на 10 јули контролорите стапуваат во штрајк и го затвораат небото ако не се спроведе Спогодбата од пред Нова година со која се прекина тогашниот штрајк, ако итно не се престане со тајно менување на систематизацијата и со бутање непотребни партиски кадри место контролори, инженери и метеоролози, ако не се ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање за најавата за штрајк на контролорите на летање во Македонска навигација (М-НАВ) и за затворање на небото над Македонија во сред сезона на 10 јули, ако не се престане со партиски вдомувања и непотребни вработувања на средношколци и советници на директорите и ако не се исполни Спогодбата за прекин на штрајкот за минатата Нова Година, рече дека ова го прават тие што направија ...

Досега, во битолските основни училишта за престојната учебна година запишани се 219 првачиња помалку од лани. Според официјалните бројки од Општина Битола, во учебната 2025/2026 година, во 12 основни училишта се запишани 548 првоодделенци, а лани нивниот број до октомври стигнал до 767. Од Општина велат дека е рано да се каже конечна бројка зашто има првоодоенелнци кои се запишуваат и на почетокот од септември. Според досегашната евиденција, ...

Директорот на Фондот за здравство (ФЗО) Сашо Клековски апелираше до повредените во пожарот во Кочани да не брзаат со одлуки и за сите третмани да се консултираат со стручни тимови. Во пожарот на 16 март во дискотеката „Пулс“ загинаа 62 лица, над 200 беа повредени. На болничко лекување се уште 10 пациенти, по петмина во Скопје и во странство. Во тешка состојба сѐ уште е една пациентка. Клековски кажа дека во Општата болница во Кочани, 10 лица беа ...

За реакциите на невладините организации дека прагот за собирање потписи за независни листи за нив е висок, денеска премиерот Христијан Мицкоски кажа дека се носат одлуки во корист на граѓаните, а не на поедини невладини организации. „Во Германија за да се влезе во Бундестагот треба 5 проценти, во други држави 3 или 4 проценти. Видете, може да се појави некој што не е задоволен. Демократијата е таква. Не можеме ние да забраниме здоволство или ...

Израел му се закани на иранскиот ајатолах Али Хаменеи по денешниот ирански ракетен напад во кој беше погодена болница во Бершева. Во нападот се ранети најмалку 40 луѓе и причинета е голема штета на главната болница во јужен Израел. „На иранскиот врховен водач веќе не смее да му се дозволи да постои. Хаменеи отворено кажува дека сака Израел да биде уништен. Тој лично наредил да се нападне болницата ‘Сорока‘. Таков човек не треба да постои“, ...

Од денеска е повторно отворен комплексот Македонско село во Горно Нерези во Скопје, кој за месечна кирија од 3.500 евра го доби фирмата „Ла тераца“ . Толку плаќаше и претходниот закупец хотел „Квинс“ и „Тинекс“ на ексградоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, кои во јануари 2016 го добија под концесија од 20 години, но во октомври 2018 престанаа со работа бидејќи, како што соопштија, работеле со загуба и во договорот дека имало таква ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
4.63
64%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
82%
1014
weather icon

Загреб

17ᴼ / 13ᴼ
1.03
70%
1015
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
68%
1013
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
8.61
55%
1010
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
92%
1016
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
62%
1008
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
88%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
6.69
56%
1013
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
3.13
91%
1006
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
3.13
58%
1014
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
5.66
69%
1008
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.1618

Currency

34.0967

Currency

38.3759

Currency

66.1638

Currency

7.40106

Currency

0.66042

Currency

0.36117

Currency

0.53051

Currency

1.29588

Currency

0.60762