Општина Струга засега нема да гради стационар за бездомни кучиња, откако вчера Советот на Општината не ја усвои физибилити студијата за реализација на проектот преку модел на јавно-приватно партнерство. Со тоа, проблемот со големиот број улични кучиња во градот и натаму останува нерешен, а кучињата ќе продолжат да бидат на улиците додека не се изнајде прифатливо решение. Мнозинството советници велат дека не се против изградба на стационар за ...

Советот на Општина Струга не ја усвои физибилити-студијата за изградба на стационар за бездомни кучиња преку јавно-приватно партнерство, чија проценета вредност изнесува 523.000 евра. Советниците кои не го поддржале предлогот велат дека не се против изградбата на стационар, туку дека во студијата не биле доволно прецизно утврдени локацијата и оправданоста на дел од предвидените трошоци. Според проектот, стационарот требало да се изгради на ...