Владимир Лапе, долгогодишен новинар и доајен на македонското новинарство почина вчера во Скопје по кратко боледување на 75 години, објави неговото семејство. Лапе беше новинар во Македонската телевизија уште од 1970 година, како тогашна Телевизија Скопје. Целиот свој работен век го посвети на новинарството и се пензионираше во 2010 година. Роден е во Скопје во 1946 година. Со новинарство започнал да се занимава уште од студентски денови во ...

Премиерот Христијан Мицкоски на престојните локални избори очекува ВМРО-ДПМНЕ да го добие мнозинството во Советот во Битола, зашто смета дека сегашното ја опструира и кочи работата на градоначалникот по било која цена. „Очекувам мнозинство во Советот кое ќе биде додадена вредност во работата на градоначалникот, а не како досега кое ќе прави опстукции и ќе ја кочи работата на градоначалникот по која било цена. За жал, поради тие опстукции и ...

Израел објави дека го убил и новиот шеф на Хатам ал-Анбија, генерал-мајорот Али Шадемани, кој беше началник на генералштабот на иранската војска во воени услови. Неговата смрт уследи само пет дена по убиството на неговиот претходник Голам Али Рашид. Израелските одбранбени сили (ИДФ) кажаа дека Шадемани моментално бил највисокиот воен заповедник во Иран и најблиска личност до ајатолахот Али Хаменеи. „Хатам ал-Анбија е одговорна за управување со ...

Полицијата го уапси и го однесе пред надлежен обвинител 23-годишниот велешанец кој нападна дете удирајќи го со метален предмет по главата и потоа го влечел во безсознание по улица. Обвинителот веќе побарал притвор, но не само за ова насилство, туку и поради тоа што насилникот нападнал со секира и полицајци. Осомничениот ќе одговара за Насилство врз дете од член 201-а и за шест кривични дела – Напад на службено лице при вршење работи на ...

Очекувам до 10 јули да биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во Битола при посетата за почетокот на реконструкцијата на старото кино „Партизан“. Говорејќи за текот на изградбите на патиштата во земјава, Мицкоски рече дека за делот Кичево-Охрид очекува околу 40 километри да бидат ставени во функција на почетокот на јули, иако, како што рече, и тоа е со задоцнувње од околу две недели од првично ...

„Нашите стари рекле помалку слушај што зборуваат, повеќе гледај што работат“, рече премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Битола, одговарајќи на новинарско прашање дали верува во изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дадена вчера на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка со Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Тирана, дека ако Македонија ја испочитува преговарачката рамка за влез во ЕУ, Бугарија ќе ...

Членките на Г7 му изразија поддршка на Израел на самитот во Канада и го означија Иран како извор на нестабилност на Блиски Исток. Групата се сведе на шест члена откако Доналд Трамп го напушти самитот еден ден порано. „Нагласуваме дека Израел има право да се брани и ја изразуваме нашата поддршка за безбедноста на Израел. Иран е главниот извор на регионална нестабилност и терор. Јасно е дека Иран никогаш не смее да има нуклеарно оружје“, кажаа ...

За да се намали загубата на водата за пиење, конечната цена на водата треба да ја определува Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), а не општините, побараа учесниците на меѓународната конференција „Иднината на комуналниот сектор“, што ја организираше Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ. На национално ниво, загубите во просек изнесуваат близу 64%, За да се случи тоа, ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека убиството на иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хаменеи не би го засилил, туку би го завршил конфликтот помеѓу Израел и Иран, што почна во петокот. Американски функционери викендов кажаа дека Доналд Трамп ставил вето на израелски план да се уби Али Хаменеи откако Израелците го известиле Вашингтон дека имаат шанса да го ликвидираат. Нетанјаху во прв момент го негираше тоа и кажа дека кружат ...

Најмалку 14 луѓе загинаа, а стотина се повредени во еден од најголемите руски напади врз Киев од почетокот на војната. Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко изјави дека Русија лансирала 440 дронови и 32 проектили кон земјата. Нападот врз Киев траел повеќе од девет часа, при што мета биле 27 градски окрузи. Во еден случај, балистички проектил погодил деветкатна станбена зграда, кажаа официјални лица. „Спасувачките екипи се на ...

Израел и Иран меѓусебно се напаѓаат петти ден по ред, при што Доналд Трамп им порача на сите жители на Техеран да се евакуираат. Израелската војска објави дека Иран и утрово лансирал проектили кон Израел, при што имало експлозии и во Тел Авив и Ерусалим. Трамп си замина од Самитот на Г7 во Канада еден ден порано поради кризата на Блиски Исток, а претходно ги повика Иран и Израел да склучат примирје. „Дадена е понуда, особено за примирје и за ...

Во ексклузивно интервју за САКАМДАКАЖАМ.МК британскиот амбасадор Метју Лосон зборува за новото Стратешко партнерство меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, вклучувајќи ја зголемената безбедносна и економска соработка, борбата против дезинформации, како и зајакнувањето на владеењето на правото. „Ова партнерство не е алтернатива, туку поддршка на вашиот европски пат“, вели Лосон. Амбасадорот открива детали за големите инфраструктурни ...

Режисерот Марко Ѓоковиќ на 15 јуни почна со снимањето на својот дебитантски долгометражен филм со работен наслов „Потстанар“. Продукцијата е на „Сектор филм“, а сценаристи се Ѓоковиќ и Симеон Венциславов од Бугарија. Филмот ќе се снима на повеќе локации низ Скопје во текот на наредниот месец. „Потстанар“ е копродукција со „Мир Медиа Груп“ и „Ливинг Пикчрс“ од Србија, како и со „Парангал филм“ од Црна Гора, со поддршка од Агенцијата за филм на ...

Околу 3.200 невработени млади лица од Македонија аплицирале за владината мерка за поддршка со самовработување која е најпривлечна за оваа категорија. Тие можат да користат финансиска помош од 7.000 или 10.000 евра, во зависност од возраста, а за реализација се обезбедени 2,5 милјарди денари (над 40 милиони евра), беше кажано на денешната трибина во Велес каде се промовираше мерката. „Помошта е 10.000 евра за невработени до 29 години и 7.000 евра ...

Израел потврди дека извршил напад врз зградата на иранската државна телевизија во Техеран, откако претходно ги предупреди жителите од таа област да се евакуираат. „Нападот се случи по голема евакуација на локалните жители. Израел ќе го напаѓа иранскиот диктатор каде и да се наоѓа“, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац. Иранската државна телевизија објави дека повеќе вработени загинале во нападот на нејзиното седиште. „Тие работеа до ...

Министерството за надворешни работи започнало активности за евакуација на македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел, кој во петокот започна со воздушни напади врз Иран. Министерот Тимчо Муцунски информираше дека е формиран кризен штаб, чија главна цел е организација на безбедното извлекување на македонските државјани од Израел. „Амбасадата во Тел Авив од самиот почеток на кризата е во редовна и директна комуникација со нив. ...

Израел вели дека е на прагот на остварувањето на целите на својата воена операција во Иран, која почна во петокот и се базира врз интензивни воздушни напади, при што не е поштеден и Техеран. „На пат сме да постигнеме победа и да ги елиминираме двете закани од Иран: нуклеарната и ракетната“, кажа премиерот Бенјамин Нетанјаху. Тој истакна дека има разлика помеѓу израелските и иранските воздушни напади, велејќи дека Иран напаѓа цивили. Во ноќешните ...

Родителите на починатите во пожарот во нелегалната кочанска дискотека „Пулс“ со 62 жртви, денеска, кога се навршија три месеци од трагедијата, доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите. Барањето следи по минатонеделното образложение на обвинителниот акт за трагедијата кое го даде јавниот обвинтел Љупчо Коцевски, а за што на саботниот деветти „Марш за ангелите“ родителите нагласија дека не ги разбрале ...

Од 1 септември, Министерството за образование и наука (МОН) ќе додели 1.570 стипендии за учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки во средните стручни училишта, соопшти Владата. Оттаму велат дека над 550 компании во учебната 2025/205 година директно ќе бидат вклучени во практична обука на учениците што ќе се запишат во дуалните паралелки. „Ова значи дека учениците со завршување на средно стручно училиште ќе имаат поголема веројатност за ...

Британската разузнавачка служба МИ6 за првпат во својата 116-годишна историја ќе биде предводена од жена. Блез Метревели, која ѝ се придружи на службата во 1999, ќе биде 18. шеф на МИ6, кога подоцна оваа година ќе го наследи Ричард Мур. Таа моментално раководи со одделот за технологија и иновации во МИ6, а британскиот премиер Кир Стармер го опиша нејзиното назначување како историско. „Горда сум и почестена што ми ја доделија оваа функција“, кажа ...

Иранскиот парламент подготвува закон за напуштање на Договорот за неширење на нуклеарното оружје, објави министерството за надворешни работи, истовремено повторувајќи го официјалниот став на земјата дека е против развојот на вакво оружје. „Во светлото на актуелните случувања ќе донесеме соодветна одлука. Владата мора да ги спроведе парламентарните закони, но таков предлог е во фаза на подготвува и во подоцнежните фази ќе се координираме со ...

Во скопската Зоолошка градина почина мајмунка од видот сијаманг, соопштија од Зоолошката, додавајќи дека точните причини за смртта ќе ги објават откако ќе ги добијат официјалните резултати од обдукцијата направена од стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина. Веста за смртта на мајмунката првично ја објави пратеникот Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ, кој рече дека женката била бремена и дека тајно била носена во приватни ветеринарни ...

Израел тврди дека воспоставил целосна воздушна контрола над Техеран, четири дена по почнувањето на воената операција „Исправен лав“, чиј главен повод е да се спречи Иран да развие атомска бомба. „Уништивме една третина од иранските лансери на проектили земја-земја, повеќе од 120 системи. Само ноќеска се уништени повеќе од 20, неколку минути пред да лансираат проектили кон Израел“, изјави бригадниот генерал на израелската војска Ефи Дефрин. Тој ...

По добиена согласност од Министерството за финансии, во петокот на 13 јуни М-НАВ Акционерско друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација, распиша оглас за вработување на кадри со средна школа и за советнички места со завршен факултет. Според контролорите на летање со кои разговаравме, овие профили во огласот не само што не се потребни, туку ги има десетици напикани претходно по ...

Поранешниот француски претседател Никола Саркози остана без орденот Легија на честа, највисокото одликување во земјата, откако лани му беше потврдена пресудата за корупција. Конзервативниот претседател, кој имаше еден мандат, се соочи со правни проблеми откако ја напушти функцијата во 2012. Во декември, највисокиот суд во Франција ја потврди неговата пресуда за злоупотреба на влијание и корупција, наредувајќи му да носи електронски уред на ...

По два дена обемна потрага, американската полиција го уапси 57-годишниот Венс Белтер, кој во саботата ги уби демократската пратеничка од Минесота Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг во нивниот дом, преправајќи се дека е полицаец. Во друг напад неколку километри подалеку, Белтер ги застрелал и ранил демократскиот државен сенатор Џон Хофман и неговата сопруга. Гувернерот на Минесота, Тим Волц, ги опиша нападите како политички мотивирани атентати. ...

Измените на Изборниот законик со кои се зголемува бројот на потписи за учество на граѓанските иницијативи на избори бил правен според примерот во Германија, им рекол претседателот на Собранието Африм Гаши на независните на средбата која ја имале. Како што велат од граѓанските иницијативи, точно е дека во Германија има скалест модел, но квотите се многу помали, за разлика од срамниот предлог на партиите од власта и опозицијата, кој е доставен на ...

Иранските проектили ги погодија Тел Авив и Хаифа ноќеска, при што загинаа најмалку пет луѓе и беа уништени домови. Најмалку 100 луѓе се ранети. Видеоснимки покажуваат проектили како летаат над Тел Авив и Ерусалим и се слушаат експлозии. Неколку станбени згради во густо населено подрачје на Тел Авив се уништени, стотици метри од огранокот на американската амбасада во градот. Оттаму кажаа дека нема повредени меѓу персоналот. Иранската ...

Израелските напади врз Иран досега убиле најмалку 406 луѓе, а ранети се 654, објави организацијата „Активисти за човекови права“ со седиште во Вашингтон, која долги години го следи регионот. Иранските власти досега немаат објавено официјален број на жртви. Израел интензивно го напаѓа Иран трет ден по ред и се закани со уште посилни напади откако некои ирански проектили ја пробија израелската противвоздушна одбрана, предизвикувајќи уништувања во ...

Доналд Трамп ставил вето на израелски план да се убие иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хаменеи, изјавија двајца американски функционери за „Ројтерс“. „Дали Иранците имаат убиено Американец досега? Не. Дотогаш, нема ни да збориме за елиминацијата на иранското политичко раководство“, рекол еден извор. Тој кажал дека високи американски функционери биле во постојат контакт со израелските власти во деновите пред да почне нападот врз Иран. ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
64%
1013
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
94%
1013
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
72%
1013
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
8.47
58%
1010
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
94%
1015
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
3.09
61%
1008
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
88%
1011
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
5.14
49%
1012
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
0.0
87%
1008
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 12ᴼ
1.79
71%
1014
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
65%
1008
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.1618

Currency

34.0967

Currency

38.3759

Currency

66.1638

Currency

7.40106

Currency

0.66042

Currency

0.36117

Currency

0.53051

Currency

1.29588

Currency

0.60762