
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Кошаркарската репрезентација на Македонија убедливо загуби на гостувањето во Унгарија со 96:58. Резултат по четвртини: 19:18; 34:19; 17:14 и 26:7. Резултатот беше неизвесен само во првиот период кога противникот имаше предност од еден поен 19:18. Но, потоа играта на македонскиот тим се распадна пред се во одбраната кога унгарските кошаркари постигнаа 34 поени. И во третиот период предноста беше зголемена, а во последната четвртина Македонија ...
Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено, по суви коловози. Како што информира Автомотосојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 40 минути, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и ...
Француското Министерство за вооружени сили ја објави „Одбранбената стратегија на Арктикот“, насочена кон проширување на своите оперативни капацитети во овој стратешки важен регион. Објавениот документ јасно ги истакнува мотивацијата на Франција и практичните чекори за зајакнување на своето присуство во регионот. Мотивацијата на Франција: ▪️Регионот е богат со вредни природни ресурси: околу 13% од светските резерви на нафта, 30% од природен гас и ...
Додека владите ширум Европа размислуваат како да позајмат милијарди од ЕУ за да набават воена помош за украинските вооружени сили, Естонија смисли неконвенционален начин како д ги искористи дивите свињи во земјата, коишто се подложени на масовно уништување поради епидемија на африканска свинска треска. Естонските власти одлучија да ги преработат уништените свињи во конзервирано месо и да ги дадат како помош на украинската армија, објави ...
Слекторот на кошаркарската репрезентација на Германија, Шпанецот Алекс Мумбру, смета дека Србија е прв фаворит за златниот медал на претстојниот Евробаскет. Германската репрезентација под водство на Гордон Херберт ја освои титулата светски првак 2023, а на Олимписките игри во Париз заврши на четвртото место. Предизвикот за новиот селектор, Мумбру е голем во пресрет на Европското првенство. Неговата репрезентација во пријателски дуел ја совлада ...
Русија го поздрави мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија постигнат со посредство на САД, но предупреди дека странското мешање може да ја комплицира ситуацијата во Јужен Кавказ, пренесуваат светските агенции. Договорот, потпишан за време на состанокот меѓу претседателите на Ерменија и Азербејџан, Никол Пашинјан и Илхам Алиев, во Вашингтон во присуство на нивниот американски колега, Доналд Трамп, вклучува ексклузивни права за САД да ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека денеска вкупно 106 пратки со хуманитарна помош се исфрлени во Појасот Газа од авиони на Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Германија, Холандија и за прв пат од Грција и Италија. Во секој пакет има околу еден тон храна, објави „Тајмс оф Израел“. Војската соопшти дека од 26 јули, кога Израел усвои нова политика за да дозволи повеќе помош да стигне до Газа, повеќе од 1.000 пакети со помош од 10 ...
Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, денеска ги распиша локалните избори, кои ќе се одржат на 19 октомври . Гаши го потпиша Решението за распишување на осмите локални согласно член 12 став 4 од Изборниот законик, почитувајќи го рокот од 70 до 90 дена од распишување до одржување на изборите, информираат од неговиот Кабинет. Изборниот законик и според календарот што треба да го донесе Државната изборна комисија. Првиот круг за избор ...
Продолжува постојаниот раст на проток на патници на граничниот премин „Блато“ на македонско – албанската граница, кај Дебар. Според албанските гранични власти само во текот на вчерашниот ден регистрирани се 7.468 патници, што е најголема бројка евидентирана во едно деноноќие. Поради екот на туристичката сезона протокот на патници се зголемува секојдневно. По вчерашниот рекорден проток, денеска очекуваме уште поголем број на патници и возила, ...
„Постмеморија – Одек на тишината“ е темата на годинашната Ликовна колонија „Галичник“ која по 36-ти пат ќе се одржи од 12 до 18 август во Галичник. Како што наведува организаторот, темата е инспирирана од истражувањата на Мериен Хирш, Алејда Асман, Ролан Барт и В.Г. Зебалд, „кои се занимаваат со тоа како трауматичните историски искуства, иако не се директно доживеани, се врежуваат во свеста и идентитетот на наредните генерации“. Годинашните ...
Против 57-годишен жител на селото Трубарево Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Загрозување на безбедноста во сообраќајот од член 297 став 1 од Кривичниот законик. На 8 август, по локалниот пат што ги поврзува селата Петровец и Долно Коњари, осомничениот управувал автомобил „Мерцедес“ со измината важност на сообраќајната дозвола. Бил под дејство на алкохол и брзината на движење на возилото не ја приспособил ...
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на 128 седница ги усвои роковите за сите дејствија за одржување на Локалните избори 2025, откако претходно денеска нив ги распиша претседателот на Собранието, Африм Гаши. Првиот круг за избор на градоначалници и членови на советите на 80 општини и на градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг од изборите за градоначалници треба да се одржи на 2 ноември, во единиците на локалната ...
На сцената на Долни Сарај во Охрид, Националниот џез оркестар со Шеон Кути од Нигерија утревечер, на 10 август во 21 часот ќе држат концерт во рамките на фестивалот Охридско лето. Диригент е Џијан Емин. На програмата се авторски композиции од богатото творештво на Кути, со аранжмани специјално направени за изведба со биг-бенд оркестар. Националниот џез оркестар е резултат на напорите на врвните џез-музичари од земјава со интернационална кариера, ...
Разговорот се одржа во пресрет на состанокот на британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска во Велика Британија со украинските и европските сојузници за да разговараат за напорите на претседателот Доналд Трамп за мир во Украина, изјави портпарол на Даунинг стрит. Тие се согласија дека ова ќе биде витален форум за дискусија за напредокот кон обезбедување праведен и траен мир“, рече тој. ...
Тироидната жлезда е мала жлезда во облик на пеперутка, сместена на предниот дел од вратот, но нејзината улога во телото оди многу подалеку од нејзината големина. Таа е одговорна за регулирање на метаболизмот, нивото на енергија, телесната температура и расположението. Кога не функционира правилно – без разлика дали е бавна (хипотироидизам) или забрзана (хипертироидизам) – целиот организам може да ги почувствува последиците. Затоа, покрај ...
Кина денеска успешно лансираше нова ракета „Смарт Драгон-3“ со 11 сателити од соѕвездието „Џили-04“ на кинеската приватна компанија за производство на автомобили „Џили“ и производителот на автомобили „Волво“, објавија кинеските медиуми. Лансирањето на ракетата е извршено од платформа во морето во близина на градот Рижао на брегот на Жолтото Море, во покраината Шандонг, објави порталот China.org.cn. Како што соопшти кинеската Национална вселенска ...
Рафаел Надал и неговата сопруга, Мери Перело, станале родители по втор пат, објавија шпанските медиуми. Мери се породила на 7 август и родила син, а момчето наводно го добило името Микел по нејзиниот татко, кој починал во 2023 година. Како што објавија шпанските медиуми, породувањето поминало добро, а мајката и бебето ја напуштиле болницата и се дома. Двојката, која е во врска уште од тинејџерските денови, го доби своето прво дете во октомври ...
На 08.08.2025, по претходна пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 390 од Кривичниот законик – „Одземање или уништување службен печат или спис“ врз основа на наредба од Основен суд Битола, во периодот од 19:25 до 20:20 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар, во присуство на адвокат, извршиле претрес во домот на М.Л. (57) од Демир Хисар. Исто така, со ...
Македонска државјанка, С.Г. (80) од Битолско почина на плажата Свети Стефан во Црна Гора откако и се слоши во морето додека пливаше. Ова за црногорски „Вијести“ го потврдиле од полицијата во Будва, кои спровеле истрага на лице место и за сè го известиле Вишото државно обвинителство. Како што пренесуваат, туристката престојувала на плажата со своето семејство, а и се слошило додека пливала во плиткото, во морето. Екипата за итни случаи ...
На територијата на државата денеска до 12:30 часот имало вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се изгаснати, а три се водат како сè уште активни, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите кај село Братиндол, во Општина Битола, каде гори гори сува трева во нива, пожарот во Општина Прилеп каде гори сува трева над касарната во Прилеп и во Општина Валандово каде гори сува трева покрај патот Валандово–Дојран. Под ...
Од печат излезе преводот на романот „Киклоп“ од хрватскиот писател Ранко Маринковиќ. Романот е објавен во реномираната едиција ПРОаЗА на издавачката куќа „Или-Или“. Преводот од хрватски е на Владимир Јанковски и истиот е овозможен со поддршката на фондацијата ТРАДУКИ и Министерството за култура и медиуми на Р. Хрватска. Романот „Киклоп“ на Ранко Маринковиќ е едно од најзначајните дела во хрватската литература од 20-тиот век, ремек-дело кое ги ...
Денес се соочуваме со нов бран на популизам и лажен национализам од ДУИ, партија која 22 години ветуваше еднаквост и напредок, но донесе само корупција, угнетување и стагнација, изјави денеска на прес конференција Арбен Фетаи, стои во соопштението на ВРЕДИ. Нивната нова реторика, предводена од Али Ахмети и Бујар Османи, е очаен обид да се одвлечат вниманието на гласачите од нивните неуспеси и да се манипулираат граѓаните со страв и поделба. Кога ...
Неспорни се и бројни се фактите и аргументите за континуитетот на двата Илиндена, констатираа историчарите на научната трибина што синоќа се одржа во Крушево во рамките на националната установа „10 Дена Крушевска Република“. Постојат бројни, индивидуални примери на активни учесници кои успеале да ги доживеат, или да бидат современици на двата Илиндена. Тоа, можеби, е посебен предизвик за нашата историографија која треба да ги обработи како тема ...
На втората вечер, во петокот, од филмскиот фестивал „Преку езерото“, што се одржува во Дојран, беше прикажан филмот „Дневникот на машиновозачот“ во режија на Милош Радовиќ, во чест на лауреатот на наградата „Мето Јовановски“, Лазар Ристовски. Публиката беше одушевена од драмата со примеси на комедија , што ја третира темата на машиновозачите и траумата што ја имаат поради неизбежната појава на прегазување на луѓе на железничките пруги. По ...
Денес напладне, во Куќата на Уранија на МАНУ, на свечена церемонија, на Светлана Мојсов, професор на Универзитетот Рокфелер во САД, ќерка на македонскиот дипломат Лазар Мојсов и хемичар, и беше врачена Светската награда на хуманизмот за 2025 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св.Климент на сите светски меридијани.Таа ќе допатува во Охрид заедно со својот сопруг. Свеченоста ќе започне со поздравно обраќање на ...
На 2.218 мнв на 09.08.2025 љубителите на планината, природата и театарската уметност ќе имаат ретка можност, 26 – тата изведба на претставата “Ноќта кога ја убив месечината” да ја проследат на Големо Езеро, Пелистер. Вечерта на небото над Големо Езеро ќе имаме егзактно полна месечина и актерите ќе настапат на природна сцена. Јавната установа Национален парк Пелистер, во соработка со Народниот театар – Битола и Битолскиот камерен оркестар, со ...
Српскиот машки хор „Свети Серафим Саровски“ од Зрењанин вчеравечер беше посебно доживување за публиката на „Охридско лето“ во рамките на традиционалната Српска вечер на фестивалот. Кристалната чистота што прозвучи од седумте грла на овој вокален ансамбл, совршено се вклопи во акустичниот сакрален амбиент на „Света Софија“. Програмската лепеза содржеше седумнаесет нумери, руски и српски, световни и духовни, далматински, а изненадување за ...
На ден 09.08.2025 година, до 12:30 часот, на територијата на Македонија имало вкупно 5 пожари на отворен простор, од кои 2 се изгаснати, а 3 се водат како сè уште активни, информираат од Центарот за управување со кризи. АКТИВНИ: 3 • Општина Битола – с. Братиндол, гори сува трева во нива. • Општина Прилеп – гори сува трева над касарната во Прилеп. • Општина Валандово – гори сува трева покрај патот Валандово–Дојран. ПОД КОНТРОЛА: 2 • Општина ...
Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, денеска ги распиша локалните избори, кои ќе се одржат на 19 октомври . -Гаши го потпиша Решението за распишување на осмите локални согласно член 12 став 4 од Изборниот законик, почитувајќи го рокот од 70 до 90 дена од распишување до одржување на изборите, информираа од неговиот Кабинет. Изборниот законик и според календарот што треба да го донесе Државната изборна комисија. Првиот круг за избор ...
Синоќа со претставата на Театарот за деца и млади „Колибри“ од Унгарија заврши официјалната програма на ИДТФ „Битолино“ а во чест на наградените премиерно беше изведена претставата „Аудиција“ на Театарската школа „Бабец“. Фестивалот традиционално доделува единствена награда Гран-при за најдобра претстава во целина а за која оваа година одлучуваше жири во состав од: бугарската актерка и режисерка Ефимија Павлова и македонските актери со ...