Програмата за третиот фестивалски ден на 10. Дрим Шорт ќе започне во 13 часот во Europe House Struga со работилница предводена од „Женска Инфо Точка – Струга“ на тема „Справување со насилството врз девојчиња и жени“, каде ќе се анализира студентскиот филм „Сведоци“ во режија на Јана Голабоска. Понатаму, едукативната програма ќе продолжи со почеток од 17 часот на истата локација, каде е закажан мастеркласот на Пјер Хоџсон на тема „Why it takes ...

Вооружениот 14-годишен напаѓач, кој денеска отвори оган во училиште во близина на тајландскиот главен град Бангкок, првично ги застрелал своите баба и дедо во нивниот дом пред да се упати кон училиштето, соопшти тајландската полиција. Според најновите податоци од тајландското Министерство за здравство, објавени од Би-би-си, билансот на пукотницата е осум мртви, во која ученик од деветто одделение на возраст од околу 14 години убил пет ...

Екстремниот топлотен бран продолжува да ги погодува Централна и Источна Европа, при што во неколку земји се соборени температурни рекорди, додека сушите и високите температури предизвикаа проблеми со енергетиката и го зголемија ризикот од шумски пожари, пишува „Гардијан“. Словачка, Австрија и Унгарија забележаа рекордни температури. Словачката хидрометеоролошка агенција соопшти дека во Долни Плахтинце вчера се измерени рекордни 42 степени ...

Путин би можел да го тестира НАТО уште оваа есен, објави ексклузивно „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски разузнавачки информации, со проценки кои се движат од хакирање до копнена инвазија. Kaко цел се споменува напад на Полска. Рускиот претседател Владимир Путин би можел да се обиде да ја тестира силата и решителноста на НАТО со ограничен напад врз една од земјите на Алијансата во следните неколку години. Ова е напишано во ...

Од Министерството за здравство утрово информираа дека се известени од компанијата – носител на одобрението за ставање во промет на лекот „Фостер“, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите на кои им е потребен. Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по ...

– Претседателот на ФИФА Џани Инфантино доби важна поддршка за својот нов мандат. Фудбалската федерација на Аргентина (АФА) упати официјално писмо со пофалби за неговата досегашна работа, но и за некои грешки. Инфантино се соочува со голем притисок за новиот мандат на чело на ФИФА, особено што неколку конфедерации искажаа незадоволство од неговата работа. Фудбалската федерација на Аргентина во своето писмо истакна дека претходната деценија ...

Вчера во 17:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.А.Л.(34) од Скопје. Претходно, во 15:10 часот на ул.„Пролет“ во Скопје, со патничко возило „матиз“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(20) од Скопје, при што била причинета материјална штета. При преземање мерки и вршење на увидот, ...

Со натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Силекс што се игра попладнево со почеток од 17 часот на стадионот Чаир ќе стартува второто коло од Првата фудбалска лига. Ова ќе биде и единствениот натпревар што ќе се игра денеска. Утре на програмата се два дуела во два термина. Во 17 часот во Куманово, Башкими го пречекува Тиквеш, додека во вечерниот термин од 19 часот во Штип, Брегалница е домаќин на Арсими. Во недела двата дуела се играат во 17 ...

Бразилскиот репрезентативец Винисиус го продолжи договорот со Реал Мадрид. Ова значи дека по денешниот договор со Јан Диоманде „кралскиот клуб“ обезбеди квалитетен напаѓач, воедно тоа значи дека нема да има трансфер на Бразилецот во Премиер лигата, во Арсенал. Според најавите Винисиус во Реал ќе треба да заработува 24 милиони годишно. Фудбалерот во Мадрид дојде во 2018 година кога имаше 18 години и одигра 375 натпревари, постигна 128 голови. ...

Сончево и многу топло време со температури до 38 степени Целзиусови ќе преовладува денеска низ Македонија. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Во попладневните часови во одделни делови од земјата се очекува локален развој на нестабилност, проследен со краткотраен ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 7:30 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати. Според ЦУК, активен е пожарот во местото Стојанова Населба во село Грешница во Општината Македонски Брод, каде гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот ...

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер посети болница во Милано, но по се изгледа дека ќе се појави на американската турнеја и повредата не е сериозна. По прегледот тој веднаш се врати во Монте Карло за да ги продолжи подготовките за следните турнири, пред сè Мастерсот во Синсинати и УС опен. Но, ако се случи влошување на повредата на коленото, можно е откажување. По проблемите со топлината во Париз, Синер направи промена во тренинзите и сега ...

Голем бум во светскиот фудбал направи Трабзон, кој стави крај на сè кога беше во прашање трансферот на Мо Салах. Сепак, се чини дека турскиот клуб не планира да застане тука. Како што објавија бројни турски медиуми, уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњеш е цел на Трабзон, кој очигледно сака да ја нападне титулата во Турција. Тие ги шокираа сите со доведувањето на Салах, кој долго време се поврзуваше со други тимови во ова првенство, но очигледно ...

Македонската економија бележи позитивен развој како резултат на политиките кои се насочени кон одговорно управување, рационално трошење и заштита на интересите на граѓаните. Домаќинското управување со јавните финансии дава резултати и создава основа за стабилна и предвидлива економска средина. Најновите официјални податоци покажуваат дека јавниот долг во вториот квартал од 2026 година изнесува 58,8 проценти од БДП, што претставува намалување ...

Канцеларијата на Народниот правобранител оформи предмет за загадувањето на водата во Гостивар, од кое повеќе од четири илјади граѓани побараа лекарска помош поради симптоми на труење и кожни инфекции. Омбудсманот формираше предмет по сопствена иницијатива за да утврди како дошло до нарушување на правото на чиста вода за пиење. Побарани се информации од Институтот за јавно здравје, Општината, јавното претпријатие Комуналец и Центарот за јавно ...

Еден од највпечатливите музички проекти на Оркестар DIVA, „Flowers Symphony“, и ова лето ќе ѝ донесе на публиката уникатно музичко доживување исполнето со италијански канцони, оперски арии и незаборавни филмски теми. Концертот ќе се одржи на 17 август 2026 година, со почеток во 21:00 часот, во Пациото на НУ Завод и Музеј – Битола, а веќе следниот ден, на 18 август 2026 година, во истиот термин, проектот ќе биде изведен и во Долни Сарај – ...

Во рамки на одбележувањето на 75 години од почетоците на музејската дејност во Охрид, денеска ќе биде претставено едно од значајните дела што се чуваат во охридското културно наследство. Во 12 часот, во Галеријата на икони, посетителите ќе имаат можност да ја видат мозаичната икона „Исус Христос на престол“, изработена во XIV век. Иконата е пронајдена во 1960 година во црквата „Света Богородица Перивлептос“ во Охрид. Станува збор за редок ...

Во рамки на свечената програма на Општина Охрид по повод јубилеите – 1110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа, во црквата „Света Софија“ беше промовирано делото „Охридска книжевна школа“ од авторот проф. д-р Димитар Пандев. Книгата е издание на Општина Охрид, во рамки на едицијата „Охридско книжевно наследство“. Делото е отпечатено во тираж од 200 примероци и содржи 300 ...

Вечер на унгарската култура ќе се одржи на 7 август 2026/петок/ од 19.30 часот на платото пред ЦК „Марко Цепенков“. Се работи за традиционална вечер на која се презентира унгарската музика, фолкор и традиција, а ЦК „Марко Цепенков“ ја реализира во соработка со Здружението на Унгарците во Македонија, и ќе настапат оркестарот „Рожафа“ и ФА „Коња“. Оркестарот „Рофажа“ постоиод2024 година, а го сочинуваат млади музичари од Сента и нејзината ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера потпиша два нови извршни укази со кои се обидува да го ограничи стекнувањето американско државјанство по раѓање, соопшти Белата куќа, Едниот од указите има цел да го ограничи автоматското стекнување американско државјанство за деца родени во САД чии родители немаат американско државјанство, како што се деца на странски владини функционери и претставници и лица со статус на „непријателски ...

Во преполното Предворје на црквата „Света Софија“, светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“ приредија незаборавна музичка вечер која ја одбележаа врвни интерпретации, силни емоции и извонредна атмосфера. Концертот се одржа во рамки на програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Сцената, внимателно уредена и осветлена со стотици свеќи, создаде посебен амбиент кој совршено ја надополни ...

Во просториите на Македонскиот културно-информативен центар во Софија потпишан беше Меморандум за соработка помеѓу Македонскиот културно-информативен центар во Софија и Друштвото на писателите на Македонија, со што беше воспоставена цврста основа за понатамошно унапредување на соработката во областа на културата, книжевноста и промоцијата на македонското духовно и литературно творештво. Меморандумот го потпишаа директорот на Македонскиот ...

Грчката пијанистка Теодосија Нтоку и италијанскиот виолончелист Масимо Полидори вечерва ќе концертираат на традиционалната Грчка вечер на „Охридско лето“ што се одржува со поддршка од Амбасадата на Грција во земјава. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Оценета од списанието „Би-би-си мјузик“ како пијанист со драматични квалитети, емотивна суптилност и како возбудлив изведувач, грчката пијанистка Теодосија ...

На 7 август 2026г. /петок/ од 20.00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на фотографии и дигитални дела “ДОМА – меѓугенерациски дијалози за денот и ноќта“ – колаборативен проект на Александра Ацеска и Илија Ацески (ќерка и татко). Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам. Изложбата е визуелен дијалог во кој се откриват две перспективи на поглед кон светот. И од тука лежи една ...

Иако нејзиниот главен празник е на 9 септември, православната црква денес го празнува успението на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија. Денес, верниците одат во манастирскиот комплекс посветен на Света Ана во село Маловишта кај Битола, кое е единствено во рамките на Националниот Парк Пелистер. Се верува дека овој манастир има чудотворна моќ за двојките кои не можат да имаат деца. Некои и сега го практикуваат обичајот вечерта ...

Фудбалерите на Шкендија синоќа го загубија првиот натпревар со 2:1 од шкотски Хибернијан на негов терен од третото квалификациско коло од Конференциската лига. Поразот дојде во последната минута кога домашниот тим по вторпат ја затресе мрежата на тетовчани. – Важен натпревар со физички добар противник. На реваншот во Скопје дефинитивно ќе се обидеме да го извлечеме максимумот. Мислам дека момците дадоа сè од себе. Во Скопје дефинитивно мора ...

До 7:30 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова Населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена ...

Седум лица, вклучувајќи го и напаѓачот, се убиени во денешното пукање во училиште во округот Банг Круаи во покраината Нонтабури во Тајланд, соопшти полицијата. Во нападот, кој го изврши ученик од деветто одделение на возраст од околу 14 години, повредени се најмалку 15 лица, од кои двајца се во критична состојба. Претходно властите соопштија дека напаѓачот убил наставник и ранил четири лица, од кои тројца ученици. Тајландскиот премиер Анутин ...

Поранешната српска тенисерка сподели слики од својот одмор, а моментот во кој таа гледа во камерата со насмевка и испраќа бакнеж привлече посебно внимание. Токму овој гест стана главна тема на Инстаграм, па коментарите и реакциите следеа со голема брзина. Ана е многу активна на социјалните мрежи во последните недели, каде што споделува детали од своето патување во Италија со своите следбеници. Фотографиите од плажа, јахтинг, сончање и дружење ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1029
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.6
74%
1025
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.41
94%
1029
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
92%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
5.36
72%
1029
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
2.06
90%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
81%
1029
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
1.34
77%
1027
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
96%
1031
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Сребро

1666.05

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Иридиум

321507.47

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76