Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во поткастот „Риштази”, порача дека Мицкоски нема право да го блокира европскиот пат на 2 милиони граѓани. Филипче посочи дека членството во ЕУ е повеќедецениски стремеж на државата и граѓаните, и никој нема право да го запре. „Како има тој човек право да го запре повеќедеценискиот пат на државата? Од каде му е тоа право? Што си мисли, дека е монарх некој? Па овде живеат 2 милиони луѓе кои што од 1991 ...
Фондот за здравствено осигурување води 11 судски спорови пред германски судови со болница во Фленсбург, поврзани со стари случаи на лекување македонски пациенти во странство. Станува збор за период кога во таа болница најчесто биле испраќани хематолошки пациенти за трансплантација на матични клетки, а по прекинот на соработката останале финансиски разлики што завршиле во судска постапка. Директорот на ФЗО, Сашо Клековски, објасни дека ...
Советничката на ЗНАМ во Советот на Општина Прилеп, Мирјана Стеваноска, соопшти дека го напушта владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ и дека од денеска ќе дејствува како независна советничка. Одлуката ја објави од советничката говорница, наведувајќи дека во Советот сè помалку гледа суштинска дебата, а сè повеќе формално потврдување на политички интереси. Стеваноска беше единствената советничка на ЗНАМ во прилепскиот Совет и досега ...
Финалето на Светското првенство во фудбал во 2026 година сè повеќе изгледа како спортски спектакл резервиран за оние што можат да платат цена на луксузен автомобил. ФИФА тројно ја зголеми цената на најдобрите достапни билети за финалето, па местата од предната категорија 1 за натпреварот на 19 јули на „Метлајф“ стадионот во Њу Џерси сега се продаваат за 32.970 долари. Претходно највисоката цена за истата категорија изнесуваше 10.990 долари. ...
Макстил го одбележа април како акција со најголем месечен раст на Македонската берза, во месец во кој пазарот не се движеше еднонасочно, а дел од банкарските акции завршија на негативната листа. Податоците покажуваат дека инвеститорскиот интерес не беше рамномерно распределен, туку селективен — со силен скок кај неколку компании и пад кај дел од акциите што вообичаено се меѓу најследените на пазарот. Акцијата на Макстил во април пораснала за ...
Глобалните тарифи од 10 проценти што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп добија сериозен удар од Федералниот суд за меѓународна трговија во Њујорк, кој оцени дека тие се незаконски и дека администрацијата ја пречекорила законската основа врз која се повикала. Одлуката не ја затвора тарифната политика на Трамп, но отвора нова правна битка околу границите на претседателската моќ во економијата и трговијата. Судскиот панел, со ...
Венко Филипче ја постави борбата против корупцијата како прва законска обврска што би ја презел доколку СДСМ ја добие власта на следните избори. Во гостување на поткастот „Риштази“, лидерот на СДСМ најави дека првиот закон што би го потпишал како премиер ќе биде закон против корупција, изработен според естонски модел и заснован на дигитализација на институциите. Филипче оцени дека во изминатиот период се отвораат прашања за тендери, постапки ...
Румен Радев ја претстави новата бугарска влада како кабинет на професионалци со докажани квалитети, во момент кога Софија се обидува да излезе од долг циклус на политичка нестабилност, предвремени избори и институционални блокади. Пред гласањето во Народното собрание, Радев порача дека изборот на министри не бил лесен, бидејќи задачите пред новата власт се „многубројни и исклучително тешки“. Во обраќањето пред пратениците, кандидатот за ...
Ормускиот Теснец повторно се претвори во најопасната точка меѓу САД и Иран, откако најновата размена на оган го стави под прашање кревкото примирје што формално сè уште не е прогласено за пропаднато. Во морскиот премин низ кој минува значаен дел од светската енергетска трговија, повторно се судрија воени соопштенија, ракети, дронови, брзи чамци и дипломатски пораки. Американската војска соопшти дека извршила одмазднички удари врз ирански ...
Половина од проблемите што граѓаните од 12 македонски општини ги споделија со претставниците на Институтот РЕСИС, воопшто не се наоѓаат во изборните програми на нивните градоначалници. Ова го покажа анализата на РЕСИС, која беше претставена на јавна дебата одржана вчера во Берово. На настанот, на кој учествуваа граѓани и претставници на општини од Источниот Регион, покрај анализата беше организирана и работилница за важноста и потребата од ...
Високите цени на билетите за овогодинешното Светско првенство на ФИФА предизвикаа многу критики, а Џани Инфантино, претседателот на ФИФА се шегува дека ако најскапите билети се продадат по таа цена, тој лично ќе им служи на публиката за да „го направи искуството одлично“. Многу билети за турнирот чинат повеќе од 1.000 долари на официјалната веб-страница на ФИФА, а во април, билетите зад голот за финалето во Њу Џерси би можеле да се купат за ...
Гравитацијата на Влатко Стефановски и неговите неисцрпни музичка енергија и креативност ја собраа музичката елита на Македонија на промоцијата на неговите два последни албуми – „Guitar Sings“ и „Muscle Memory“, изданија на „Кроација рекордс“. Во егзалтирана атмосфера во хотелот „Холидеј ин“, промоцијата заврши така како што најави Влатко Стефановски додека го најавуваше овој настан: „Весело’. Во препознатлив стил, Стефановски зеде акустична ...
Додека кризата на Блискиот Исток го држи глобалниот пазар на енергија во неизвесност, цените на горивата во соседството достигнуваат нови рекорди. Од владини интервенции во Хрватска до драстични најскапо во Црна Гора, проверивме колку ќе ве чини полн резервоар денес во земјите од регионот. Црна Гора Моментално, Црногорците плаќаат најскапо за гориво на Балканот. Eurosuper 98 и 95 чинат 1,65 евра и 1,61 евро за литар. Eurodiesel чини 1,71 ...
Бугарската крипто-компанија Nexo, која пред само неколку години беше исфрлена од американскиот пазар и казнета со десетици милиони долари поради спор со американските регулатори, денес повторно се враќа во САД – овојпат со поддршка и блиски врски со семејството Трамп. Во анализа на EUalive се наведува дека токму контактите со Доналд Трамп Помладиот и променетата политичка клима во Вашингтон ѝ овозможиле на компанијата ново позиционирање на ...
Американските војници и иранските вооружени сили разменија силен оган во ноќта помеѓу четврток и петок во областа на Ормускиот теснец. Според соопштението на Американскиот централен штаб (CENTCOM), инцидентот започнал кога американските разорувачи USS Trukstan, USS Rafael Peralta и USS Mason поминале низ меѓународниот воден пат низ Ормускиот теснец и Оманскиот Залив, објави агенцијата Анадолија. Иранските сили лансирале повеќе ракети, ...
Изјавата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски дека „во овој момент нема услови за уставни измени“ и дека Владата „не е подготвена да преземе каков било чекор“ кон нивно спроведување, практично претставува официјално признание дека Северна Македонија свесно го става во мирување процесот на европска интеграција. Во политички превод, тоа значи дека државата доброволно прифаќа да остане заглавена во чекалната на Европската Унија, без ...
Руското Министерство за одбрана ги предупреди жителите на украинскиот главен град Киев и дипломатскиот персонал акредитиран во градот навремено да го напуштат градот во случај на „одмазднички удар“, објави ТАСС. „Уште еднаш, го предупредуваме цивилното население на Киев, како и вработените во меѓународните дипломатски мисии, дека треба навремено да го напуштат градот“, се вели во соопштението. Русија претходно изјави дека доколку вооружените ...
Денеска започнува “Генералка викенд”, како шесто по ред. На 8, 9 и 10 мај низ целата држава ќе се одржи најмасовната еколошка акција „Генералка викенд“, ми која и годинава ќе мобилизира десетици илјади волонтери во обид за чистење на јавните површини и подигнување на еколошката свест кај граѓаните. Акцијата ќе се реализира истовремено на повеќе од 500 локации во околу 80 општини, со вклучување на над 600 организации, институции и компании, ...
Христијан Мицкоски продава бајки дека тој се борел за националните интереси, тој е најголемиот предавник што Македонија го видела, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во вечерашниот поткаст „Риштази”. Филипче посочи дека граѓаните веќе ги чувствуваат последиците од погрешните политики на власта, расте сиромаштијата, животниот стандард е загрозен, има масовното иселување, државата е изолирана. „Граѓаните веќе чувствуваат ...
Министерот за одбрана Пит Хегсет и генералот Ден Кејн, шефот на Здружениот генералштаб на САД, негираа дека Иран има „камикази делфини“. Но, Хегсет не исклучи дека американската војска ги има. Кога еден новинар на прес-конференцијата во вторникот праша дали Иран има камикази делфини, Кејн се насмевна и рече: „Не сум слушнал за работата со камикази делфините“. Тој додаде: „Како ајкули со ласерски зраци“, осврнувајќи се на базенот ајкули на ...
Од 7 јули во Европската Унија стапува во сила последната фаза од новите безбедносни стандарди за возилата, што ќе донесе дополнителни трошоци за производителите, а со тоа и ново поскапување на автомобилите. Според проценките, цените на новите возила би можеле да се зголемат од 400 до 1.500 евра, зависно од моделот и нивото на опременост. Станува збор за целосна примена на директивата на ЕУ 2019/2144, позната како Општа регулатива за ...
Велислава Петрова-Чамова, влегува во владата на Румен Радев како министерка за надворешни работи. Таа е поранешен кадар на „Има таков народ“ на Слави Трифонов, партија којашто отворено имаше антимакедонски ставови. Велислава Петрова-Чамова беше заменичка-министерка за надворешни работи за време на коалициската влада на Кирил Петков, кога министерка за надворешни работи беше Теодора Генчовска исто така од квотата на ИТН. Потоа била дел од ...
Полска беше најголемиот купувач на злато во првите два месеци од 2026 година, додавајќи повеќе од 20 тони во своите резерви, според податоците од Светскиот совет за злато. Купувањето е дел од поширок повеќегодишен план на полската централна банка за достигнување на 700 тони, што одразува зголемени безбедносни загрижености на источното крило на НАТО. Други значајни глобални купувачи се Узбекистан и Казахстан, кои постојано ги зголемуваат ...
Грчката одбранбена индустрија прави скок што ги надминува дури и земјите како Иран, а патувањето само што започнува. Кога министерот за национална одбрана Никос Дендиас ја посети 306-та фабрика за телекомуникациска база (306 EBT) во Ахарнес, придружуван од раководството на Генералштабот на грчката национална одбрана и армијата, тоа не беше формална посета. Тоа беше официјална презентација на амбицијата на Грција да изгради домашна одбранбена ...
Еден од најголемите и најпрепознатливи малопродажни брендови во светот SPAR официјално влегува на македонскиот пазар, носејќи ново шопинг искуство, меѓународни стандарди и современ пристап кон секојдневното купување. Со отворањето на своите први маркети SPAR во Џевахир Мол и INTERSPAR во комплексот Retail Fresh Store во Скопје, SPAR го означува почетокот на своето присуство во Македонија со што најавува нова фаза во развојот на домашната ...
Наместо да биде дел од природното и културно наследство на Охридскиот Регион, локалитетот Мауцкер е комплетно уништен и претворен во нестандардно ѓубриште, со тивко одобрување на Општина Охрид и сите локални и национални институции. Ова се истакнува во денешната реакција на Охрид СОС. Активистите посочуваат дека и покрај големиот број наши реакции, барања до релевантни институции, и покрај повеќе објави и соопштенија споделени со ...
Иран воведува нови правила за бродовите што минуваат низ Ормускиот Теснец, еден од најчувствителните енергетски премини во светот, преку нов механизам со кој пловилата треба да добијат инструкции и дозвола за транзит од тело наречено Управа за Персискиот заливски теснец, во момент кога поморскиот сообраќај низ оваа рута е под силен геополитички притисок. Според иранскиот државен медиум Press TV, бродовите што планираат да минат низ теснецот ...
Најмоќниот Golf R досега го најави Volkswagen како дел од враќањето на својот спортски бренд R на легендарната 24-часовна трка на Нирбургринг во 2027 година, каде специјално развиениот Golf R 24H треба да покаже колку далеку може да оди најпознатиот спортски хечбек на германскиот производител. Ова не е обична нова верзија на Golf R, ниту модел што веднаш ќе се појави во салоните. Volkswagen засега го претставува Golf R 24H како show car, ...
Израел ја снабдува Германија со керозин во услови на енергетска криза, соопшти во вторник израелската влада. Испораките се вршат на барање на германското Министерство за енергетика и како одговор на „кризата во Ормутскиот теснец“, соопштија израелските Министерства за надворешни работи и Министерството за енергетика. Министерот за надворешни работи Гидеон Сар ја информираше германската министерка за економија и енергетика Катерина Рајхе за ...
SpaceX му врти грб на Falcon 9, најуспешната ракета во модерната вселенска индустрија, не затоа што таа потфрлила, туку затоа што компанијата на Илон Маск веќе ја префрла иднината кон Starship, џиновскиот систем што треба да носи повеќе сателити, повеќе товар и еден ден луѓе кон Месечината и Марс. Falcon 9 не исчезнува веднаш. Напротив, таа и во 2026 година останува работната машина на SpaceX, ракетата што редовно носи Starlink сателити, ...