Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Германските власти извршија рации во простории на Дојче банк во Франкфурт и Берлин, во рамки на истрага за сомнежи поврзани со перење пари, соопштија институциите, само ден пред најголемата банка во земјата да ги објави годишните резултати за 2025 година. Според информациите, јавното обвинителство во Франкфурт посочило дека цел на денешната акција биле неименувани менаџери и вработени, а истрагата ја води специјалната единица за економски ...
Критичарите на власта не се „талог“ на општеството. Тие се негов имунолошки систем. Тие се новинари, експерти, активисти, граѓани – луѓе што инсистираат на одговори таму каде што има моќ. Зоран БОЈАРОВСКИ Мицкоски повторно употреби навредливи зборови за критичарите на неговото владеење и политички став на претенциозност и ароганција. Во интервју за ТВ 21 рече: „Љубител сум на убави часовници и немам причина да се срамам, Со тоа се занимаваат ...
Со марш од Работнички дом кон Собранието, Стопанската комора и Владата, Сојузот на синдикати на Македонија ја крена централната теза: платите не се само приватен договор меѓу работник и работодавач, туку јавен проблем кога стануваат недоволни за живот и кога државата, преку даноци и придонеси, го креира теренот на кој „пазарот“ на труд функционира. Барањето за минимална плата од 600 евра не е каприц, туку реакција на јазот меѓу приходот и ...
Полуфиналето на Австралија опен меѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ се најавува како дуел со силна симболика: актуелен шампион во подем против тениски великан кој со години го дефинираше турнирот во Мелбурн. Синер до полуфиналето стигна со убедлива победа над Бен Шелтон во три сета, со што обезбеди нова голема пресметка против Ѓоковиќ. Но вниманието не е само на теренот. Дел од спортските медиуми пренесуваат дека обложувалниците овојпат го ...
Мери Трамп, внуката на американскиот претседател Доналд Трамп, изнесе сериозни тврдења за здравјето на нејзиниот чичко, сугерирајќи дека тој можеби страда од Алцхајмерова болест. Мери Трамп, која е клинички психолог по професија, направи директна паралела помеѓу сегашното однесување на поранешниот претседател и симптомите што нејзиниот дедо Фред Трамп ги покажувал пред неговата смрт во 1999 година. Според неа, таа забележува промени во ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека предвремени избори во Северна Македонија се реално сценарио и дека партијата е подготвена да излезе на гласање „во кое било време“. Одговарајќи на новинарски прашања, Филипче рече дека е „прилично сигурен“ оти ќе има предвремени парламентарни избори, а дали ќе бидат на крајот на 2026 или на почетокот на 2027, според него, ќе зависи од повеќе фактори. Во политичката аргументација тој повтори ...
Илјадници работници попладнево излегоа на синдикален протест во Скопје, откако Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ повика на масовно изразување незадоволство поради, како што велат, падот на животниот стандард и застојот на платите. Протестот почна околу 17 часот пред зградата на ССМ и се одржа под мотото „Без договор на маса – протест на улица“, со централно барање минималната плата да се зголеми на 600 евра, а останатите плати ...
Објавена е најновата листа на најскапите градови за живот во светот, а разликите меѓу нив никогаш не биле поголеми. Според анализата на платформата Numbeo, Швајцарија убедливо доминира на врвот, додека градовите од Балканот, и покрај драстичниот раст на цените, сè уште се вбројуваат меѓу поевтините во Европа. Истражувањето се базира на податоци од повеќе од 600.000 корисници од целиот свет и ги споредува трошоците за храна, ресторани, превоз, ...
Евроамбасадорот во Скопје, Михаилис Рокас, порача дека на Северна Македонија ѝ е потребно внатрешно обединување околу евроинтеграциите за да се надминат пречките на патот кон членство во Европската Унија. Според него, земјата има „целосна поддршка“ за влез во ЕУ, но токму во овој период клучно е да се создаде широка согласност меѓу Владата, опозицијата, Собранието и општеството во целина, за реформите да се забрзаат и да се искористи ...
Два месеци пред да се најде под истрага поради пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид во семејниот дом во Неготино, апелацискиот судија Ѓоко Ристов бил дел од тричлениот совет што донел решение во предметот „Талир 1“ – постапката за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, отворена од поранешното СЈО. Апелациониот суд, на 12 ноември 2025 година, ја прифатил жалбата на обвинетите и го укинал решението на Основниот кривичен суд со кое претходно ...
Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека ќе се случат „многу лоши работи“ ако републиканците ги изгубат среднорочните избори. Тој започна серија турнеи низ целата земја поради тензиите во Минеаполис и растечката загриженост кај гласачите за економијата. На митингот во Ајова, традиционално клучна станица за кампањата, Трамп рече дека неговата партија мора да ја освои контролата и врз Сенатот и врз Претставничкиот дом во ноември. ...
Американската експертка за стареење Каролин Олдвин, професорка на Државниот универзитет во Орегон, тврди дека јавните настапи на претседателот Доналд Трамп на Светскиот економски форум во Давос откриле „сериозни јазични проблеми“ и повторливи говорни „лизгања“ кои, според неа, не личат на обична расеаност. Олдвин ги посочува т.н. фонемски парафазични грешки – ситуации кога говорникот заменува звуци или слогови со слични, па зборот излегува ...
Поддршката за членство на Северна Македонија во Европската Унија бележи забележлив раст, но политичката цена на следниот чекор – уставните измени поврзани со евроинтеграциите – и натаму останува висока и без широка јавна поддршка. Во пракса, тоа создава познат „парадокс“: граѓаните ја сакаат целта, но одбиваат клучен услов на патот до неа. Најновите мерења на јавното мислење покажуваат дека позитивниот став кон ЕУ повторно се зацврстува, ...
Можни се понатамошни инфекции со опасниот вирус Нипа низ целиот свет, бидејќи изворот на инфекцијата сè уште не е идентификуван, изјави претставникот на СЗО во Женева, Тарик Зазаревиќ. „Можни се понатамошни инфекции со вирусот Нипа, со оглед на познатиот резервоар на вирусот кај популациите на лилјаци во делови од Индија и Бангладеш, вклучувајќи го и Западен Бенгал“, изјави тој за РИА Новости. Претставникот на СЗО повика на зголемена јавна ...
Пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска, 28 јануари 2026 година, изрази целосна поддршка за протестот што го организира Сојузот на синдикатите на Македонија, оценувајќи дека барањето за минимална плата од 600 евра е „оправдано и неопходно“ во услови на растечки трошоци за живот. Спасовски порача дека граѓаните „живеат сѐ потешко“ затоа што цените континуирано растат, а платите не го следат тој тренд, што ...
Има еден посебен момент дома. Го отвораш фрижидерот, го здогледуваш тоа познато портокалово шише Fanta и веднаш си помислуваш на газираноста и на тој единствен и неодолив вкус на портокал. На масата има грицки, пица, натпреварот само што не започнал – забавата веќе e дома. Тоа е тој едноставен, но веднаш препознатлив момент во новата кампања „Fanta е дома“. Со кампањата се одбележуваат малите, секојдневни моменти во кои Fanta е неизоставен ...
На 27.01.2026 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против М.З.(37), И.Б.(61) и Г.Б.(59), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст. 3 во врска со став 1 од КЗ. Имено, на 26.01.2026 М.З. од лице од Струга купил моторно возило ...
Скопската зоолошка градина соопшти дека има принова кај џуџестите мармозети – еден од паровите добил близначиња, објава што ЗОО ја сподели на 28 јануари 2026 година. Бебињата, според зоолошката, сè уште тешко се забележуваат со голо око затоа што станува збор за вид што во зрелост тежи најмногу околу 100 грама, а во првите денови е буквално минијатурен. Од ЗОО Скопје информираат дека двете мали мармозетчиња постојано се на грбот на мајката и ...
Полицијата поднесе кривични пријави против три лица осомничени дека со злоупотреба на лични податоци и фалсификувана документација се обиделе да поднесат кандидатска листа за членови на Советот на Општина Богданци во пресрет на локалните избори. Според пријавата на ОВР Гевгелија, 40-годишен жител на Богданци во септември 2025 година, без согласност, ги искористил личните податоци од лична карта и патна исправа на неговата мајка и на уште едно ...
Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во објава на социјалните мрежи го коментираше донесувањето на новиот Кривичен законик. „Со новиот Кривичен законик кој си го изгласаа т.н. големи партии, кривичните дела на функционерите повторно ќе си застаруваат како до сега, а министрите и директорите целосно се амнестираат од несовесно работење — правда по мерка на помоќниот”, ...
Уставниот суд на Црна Гора на 28 јануари 2026 година ја укина законската одредба со која неделата беше неработен ден за трговијата, оценувајќи дека мерката е неуставна. Станува збор за член 35а од Законот за внатрешна трговија, со кој од 2019 година беше воведено затворање на продавниците во недела. Според образложението што го пренесоа црногорските медиуми, Судот оценил дека со ваквата забрана се повредува слободата на претприемништвото и ...
Судскиот совет денеска се огласи по случајот со апелацискиот судија Ѓоко Ристов, откако во домот на неговите родители во Неготино при претрес биле пронајдени 350.000 евра, скриени во соѕидан простор во ѕид. Ристов е осомничен за противправно стекнување и прикривање имот, како и за перење пари и други приноси од казниво дело, а предметот го води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Претседателот на Судскиот ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска во одговор на новинарско прашање посочи дека меѓународната позиција на државата е загрижувачка, а власта со своите политики ја води земјата кон изолација. Филипче укажа дека изостануваат конкретни резултати на надворешен план. „Гледаме дека премиерот не можеше да обезбеди ниту еден состанок со ниту еден европски претставник на Форумот во Давос. Целосно маргинализиран, правеше селфија по ...
Судот донесе уште една пресуда за платите во корист на културните работници, сега се вкупно 16. Со оваа последна пресуда, судот веќе јасно и недвосмислено го утврди: Платите во културата мора да се зголемат согласно член 14 став 1 од Општиот колективен договор, односно за 10% од основната бруто плата утврдена со Колективниот договор за културата и да се исплаќаат најдоцна до 10-ти во месецот. Сега останува да се види дали Министерството за ...
На 27.01.2026 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против М.З.(37), И.Б.(61) и Г.Б.(59), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст. 3 во врска со став 1 од КЗ. Имено, на 26.01.2026 М.З. од лице од Струга купил моторно возило ...
Со 83 гласа ЗА и ниту еден против Собранието го изгласа предлогот Бојан Маричиќ да биде нов претседател на Државната изборна комисија. Претседателот на ДИК се избира по предлог на опозицијата, а Маричиќ доаѓа на местото на досегашниот претседател Борис Кондарко, кој својот мандат во ДИК ќе го продолжи како член. За потпретседател на Комисијата е избран Абдуш Демири, додека за членови на ДИК се избрани Александар Даштевски, Светлана ...
Јаник Синер е четвртиот полуфиналист на тенискиот турнир Австралија Опен. Тој денеска во четврфиналето го совлада Американецот Бен Шелтон. Со по еден брејк во секој сет, Синер славеше со 6:3, 6:4 и 6:4, оставајќи му малку простор на американскиот тенисер за изненадување. Во полуфиналето Синер ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ кој се пласираше во полуфиналето откако Мусети го предаде мечот. Во второто полуфинале ќе играат Карлоз Алкараз и ...
Италија е незадоволна од веста од Министерството за внатрешна безбедност на САД дека ICE ќе ја придружува американската делегација за време на Зимските олимписки игри. Причината за незадоволството на Европејците се неодамнешните скандали околу агентите на ICE кои ги освоија насловните страници поради нивната работа во Минеаполис. Агенти од американската Служба за имиграција и царина ќе се приклучат на безбедносниот тим на Стејт департментот ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска изрази целосна поддршка за протестот на Сојузот на синдикати на Македонија и за барањата на работниците упатени до Владата. Во продолжение е интегралната изјава на пртседателот Филипче: „Дозволете да ја информирам јавноста дека во текот на вчерашниот ден, вчера попладне имавме состанок на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и ...
Како што се очекуваше, гувернерот на Бугарската национална банка (БНБ) Димитар Радев ѝ го потврди на претседателката Илијана Јотова својот веќе изразен став дека нема да раководи со привремена влада, објавија бугарските медиуми. Двајцата се сретнаа порано денес во Претседателството на Бугарија во рамките на постапката за назначување привремен кабинет. „Доколку прифатам, ова би било прекршување и на бугарското и на европското законодавство, ...