Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за утре (3 февруари), планира посета на Киев како и обраќање во Врховниот совет, објавија дел од пратениците на Врховната рада на Украина. Во вторник, ќе биде отворена 15-тата седница на Врховната рада. Дневниот ред, меѓу другото, вклучува обраќање на генералниот секретар на НАТО. Европска правда се повикува на зборовите на пратениците Јарослав Железњак и Алексеј Гончаренко. „Утре, генералниот секретар ...

Фирма на синот на Цвета Ристовска, членка на ДКСК, наплатила услуги во претседателската кампања во 2024 година од кандидати поддржани и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, а до денес нема јасен одговор дали Ристовска била вклучена во проверката на финансирањето на кампањите и дали се иззела од постапувањето по извештаите. Според дел од медиумите, фирмата Буст била ангажирана под ставката „изнајмување рекламен простор“ и се појавува во извештаите и кај ...

Опозициската СДСМ денеска (2 февруари) излезе со остро соопштение во кое ја оспорува автентичноста на најавите за „борба против криминалот и корупцијата“ од страна на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека тој, наместо да ги јакне институциите, ги држи „под контрола“ и им „дели задачи“ од собраниска говорница. Во пораката, СДСМ ја поставува тезата дека „нема борба“ без одговорност „на главниот“, а потоа ги реди случаите што, според ...

По три часа врвен тенис, Карлос Алкараз го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија Опен со резултат 2:6, 6:2, 6:3, 7:5 и ја оствари најголемата победа во својата кариера досега. Со тоа, младиот Шпанец влезе во историјата на светскиот тенис, станувајќи најмладиот играч што некогаш освоил титули на сите четири Гренд Слем турнири. Триумфот во Мелбурн му донесе не само спортска бесмртност, туку и значителна финансиска награда. За ...

Контролата врз Гренланд повторно се наметна како спорна тема откако премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, денес во обраќање пред Парламентот на Данска изрази загриженост дека Вашингтон и натаму суштински планира да воспостави доминација над островот, и покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрлил можноста за употреба на воена сила. Нилсен пред данските пратеници порача дека ставот на Трамп во однос на Гренланд и ...

Санкции кон руската флота во сенка воведе украинскиот претседател Володимир Зеленски, потпишувајќи указ со кој се активира одлука на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина за усогласување на санкциите со Европската Унија, со цел да се стеснат каналите за извоз на санкционирана руска нафта и да се одговори на пропагандни и сајбер-операции поврзани со Москва. Според украинската претседателска канцеларија, мерките опфаќаат 10 лица ...

Египет донесе одлука за целосно блокирање на популарната гејминг платформа „Роблокс“, приклучувајќи се кон земјите што воведоа ограничувања за пристап до оваа услуга. Врховниот совет за медиуми соопшти дека мерката е преземена поради загриженост за онлајн-безбедноста на малолетниците. Според властите во Каиро, клучниот проблем е можноста за директна комуникација меѓу деца и непознати возрасни лица во рамки на платформата. Ова, велат тие, ...

На рочиштето за пожарот во кочанското кабаре „Пулс“ денеска се отвори една од најболките, но и најразоткривачки теми за тоа како функционирал објектот пред трагедијата: „помошната“ врата што јавноста инстинктивно ја замислува како излез за евакуација, во сведочењата се појавува како врата за заобиколување на законот – излез преку кој, според кажувањата во судница, се извлекувале малолетници кога имало полициски рации, а не како пат за спас ...

Адвокатите што ги застапуваат жртвите на покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн побараа од двајца федерални судии во Њујорк да наредат итно отстранување на веб-страница на американското Министерство за правда на која се објавени досиеја поврзани со случајот. Причината, велат тие, е тоа што во документите се појавуваат нередактирани имиња и податоци за жртвите. Во писмо до судот, адвокатите Британи Хендерсон и Бред Едвардс нагласиле дека ...

Откако во јавноста се проширија наводи дека во документи поврзани со мејловите на Џефри Епстин се спомнува и Македонија во контекст на испраќање мозочни примероци во САД, професорот д-р Алексеј Дума во изјава за ТВ 24 инсистира дека станувало збор за медицинско-научно истражување, спроведено по меѓународни стандарди и преку официјални канали. Дума, кој во веста е посочен како тогашен директор на Институтот за судска медицина, тврди дека ...

ХЕЦ Чебрен повторно ја отвори дилемата дали Владата навистина ќе го гради проектот како државен, откако министерката за енергетика Сања Божиновска денес изјави дека тоа е „најдобрата“ опција, но дека буџетот „не е во најдобра состојба“ и дека паралелно се разгледуваат финансиските можности и интересот од надвор. Според изјавите што ги пренесуваат медиумите, во Министерството за енергетика пристигнал интерес од француска и јапонска компанија ...

На последниот 35-ти Јубилеен фестивал на современа манга уметност во Саитама Сити во Јапонија, кој заврши деновиве, како претставник од Македонија беше претставен македонскиот стрип автор Златко Крстевски со две оригинални дела работени во техника акрил и кинески туш. Посебно внимание на изложбата предизвика „Македонскиот Ангел“ на Крстевски, во селектираната програма за која од артистите се бараше да ги претставата своите визии за глобални ...

Се појави социјална мрежа каде што луѓето воопшто не можат да учествуваат. Официјално, таа е таму, но не за нас, туку за вештачката интелигенција. Се вика Moltbook и во последниве денови стана хит во технолошките кругови низ целиот свет. Со децении, интернетот е место каде што луѓето се поврзуваат, разговараат, споделуваат слики, видеа и мислења, но неодамна се појави агол до кој воопшто не можеме да пристапиме, туку само набљудуваме, додека ...

Во рамки на проектот „Ново партнерство – Нова борба против корупцијата!”, поддржан од Амбасадата на Канада, беа реализирани три герила акции во Скопје, Струмица и Гостивар, како креативен и неконвенционален начин младите јавно да го искажат својот став против корупцијата. Герила акциите се надоврзуваат на наодите од аналитичкиот извештај „Корупцијата низ перспектива на младите во Северна Македонија”, спроведен врз примерок од 304 млади лица ...

Синдикатите не смеат да прифатат никакви договори за наводни зголемувања на минималната плата, а за возврат да се тргнат одредби од Општиот колективен договор. Ако евентуално го прифатат дoговорот, синдикатите ќе си ја исечат гранката на која седат – ќе си ја намалат моќта, без притоа да имаат било каква гаранција дека Владата ќе си стои на зборот за идните покачувања на платата, вели универзитескиот професор Бранимир Јовановиќ во изјава за ...

Странски експерти за непотребни операции на срце ќе го истражуваат случајот со кардиохируршките интервенции што, според сомнежите, биле правени без медицинска потреба во Северна Македонија. Министерството за здравство ги објави имињата на тројцата членови на странската комисија што треба да помогне во финализирање на извештајот и утврдување на фактите за пациентите и постапките. Според соопштението, комисијата ја сочинува д-р Уголино Ливи од ...

На 01.02.2026 во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здобил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид ...

Нашиот најуспешен моторциклист, Христијан Бузалковски, ја продолжи низата на врвни меѓународни успеси, освојувајќи втор бронзен медал на престижниот ФИМ Европски шампионат во брзински моторциклизам. Свеченото доделување на наградите се одржа во Верона, Италија, каде што најдобрите европски моторциклисти ги примија признанијата и пехарите за остварените резултати во сезоната 2025. „Изминатата година конкуренцијата беше на значително повисоко ...

Во времето на неговата смрт во 2019 година, Џефри Епштајн беше неверојатно богат човек. Според неговиот имот, помеѓу неговата колекција од раскошни куќи, два приватни карипски острови и речиси 380 милиони долари во готово и инвестиции, тој вредел 578 милиони долари. Точно како го стекнал тоа богатство е во срцето на тековниот скандал, пишува Форбс. Помалку интересната можност е дека сексуалните злосторства на Епштајн биле одвоени од неговата ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи треба да се сретне со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф, јави иранската новинска агенција Тасним, додека САД засега јавно не ја потврдуваат информацијата. Состанокот, според агенциските извори, се планира да се одржи во Турција, што ја става Анкара во улога на посредник во една од најризичните геополитички линии на притисок во моментов: нуклеарното досие на Иран и заканата дека ...

Мошти од Свети Василиј Велики пристигнаа во Манастирот во Рајчица, како дар што, според објавата на Бигорски манастир, ја носи симболиката на духовно зближување и почит меѓу православните заедници. Светињата, која ќе остане трајно во манастирот, им отвора можност на верниците да се поклонат и да побараат молитвено застапништво пред моштите на еден од најголемите отци на Црквата. Дарител, според соопштеното, е јеромонах Стефан Симион, игумен ...

Рекордната заплена на околу пет тони марихуана кај Крушевац, која српските власти ја претставија како најголем удар врз трговијата со канабис досега, за неколку дена се претвори и во политичка расправија за тоа што точно се случило на терен и дали некој се обидел да ја „контролира“ приказната. Поводот се обвинувања во дел од српската јавност дека информациите за акцијата биле прикривани или дозирани, на што министерот за внатрешни работи ...

На судското рочиште за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, сведочењата повторно ја вратија клучната нишка од трагичната ноќ: пиротехниката како искра, и условите во објектот како гориво што го забрзало пеколот. Во исказите на двајца сведоци се појави и детал што дополнително ја заматува одговорноста – тврдење дека на претходни настани пиротехниката ја поставувал „човек од Скопје со бела коса“, но дека критичната вечер тој не бил присутен ...

Нови детали продолжуваат да се појавуваат во случајот со Џефри Епштајн. Американскиот финансиер и сексуален престапник изврши самоубиство во 2019 година по неговото апсење под обвинение за трговија со луѓе и поттикнување проституција, вклучително и малолетници. Иако стотици имиња на неговите жртви и клиенти беа објавени, речиси и да немаше руска трага во случајот со Епштајн. До сега. Досие Центар, проект на рускиот бизнисмен во егзил и ...

Градот Скопје го објави првиот јавен повик за културно-уметнички проекти што треба да влезат во официјалната програма „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, со вкупен буџет од 300.000 евра и рок за пријавување до 29 март 2026 година. Повикот е најавен како меѓународен и предвидува проектите да се реализираат низ целата територија на градот и во сите десет општини, и во институции и во јавен простор. Титулата „Европска престолнина ...

Летот на Артемис 2 е дизајниран како „генерална проба“ за човечки повраток кон Месечината: првпат екипаж ќе ја тестира комбинацијата ракета-брод во длабока вселена и ќе се врати дома на земјата. Според најновите ажурирања на NASA од крајот на јануари 2026, првиот можен датум за лансирање е „не порано од“ 8 февруари 2026, поради распоредот на клучниот тест за полнење гориво и симулирано одбројување (wet dress rehearsal). Полетувањето ќе биде ...

Володимир Зеленски соопшти дека енергетскиот систем на Украина е повторно стабилизиран по техничкиот инцидент на 31 јануари 2026 година, но предупреди дека екстремниот студ и последиците од руските напади и натаму ја прават ситуацијата „сериозна“. Според него, екипите за поправка ги вратиле клучните енергетски објекти во состојба како пред дефектот, по што системот функционира постабилно, но останува под притисок поради ниските температури и ...

Корупцискиот удар врз системот за доделување ИПАРД средства повторно ја отвори најчувствителната тема во агросекторот: дали европските пари стигнуваат до оние што ги исполнуваат условите – или до оние што имаат „влез“ кај институциите. Според информациите од истрагата, пет лица се осомничени дека учествувале во шема во која управител на приватно правно лице, во повеќе наврати и директно и преку посредници, нудел и ветувал паричен „подарок“ во ...

Името на Атифете Јахјага, поранешна претседателка на Косово, деновиве се појави во дел од новообјавените „Епстин документи“ што ги објави Министерството за правда на САД, што повторно ги разгоре сензационалистичките наслови на Балканот. Но, суштината на случајот – барем според досега јавно достапните материјали – е значително потесна од впечатокот што го оставаат насловите: се работи за споменување во една електронска порака, без доказ дека ...

Македонката Милијана Рељиќ освои бронзен медал на таеквондо натпревар Фуџурија Г-2 Опен во Обединетите Арапски Емирати. Поради добрата ранг позиција, Мила не се натпреваруваше во првото коло и ја чекаше подобрата противничка меѓу Кумари Аканша од Индија и Ју Јеук Чан од Хонг Конг. Во второто коло, Мила ја победи Ју Јеук Чан од Хонг Конг со 2:0 во рунди. Потоа, во борбата за бронзен медал Мила ја победи Олимпијката Нада Лаарај од Мароко, исто ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
66%
1029
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
7.72
52%
1026
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
0.0
62%
1024
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
52%
1030
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.66
62%
1031
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
2.43
77%
1024
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.02
54%
1026
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
31%
1025
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
51%
1025
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.02
68%
1032
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.09
65%
1026
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
46%
1029
Currency

61.645

Currency

52.9878

Currency

71.2243

Currency

37.4562

Currency

38.9754

Currency

68.1641

Currency

7.66747

Currency

0.6772

Currency

0.33623

Currency

0.52442

Currency

1.2025

Currency

0.57308

Рутениум

48161.82

Родиум

374556.20

Платина

71053.15

Алуминиум

3.39

Калај

48.49

Сребро

2853.70

Бакар

11.90

Иридиум

237689.85

Паладиум

5401.33

Цинк

3.32

Кобалт

66.14

Злато

166206.18