Министерството за одбрана на САД вчера ги објави идентитетите на двајца војници кои загинаа во иранските напади во Јордан. Тие се поручникот Тајлер Џејмс Фихан (25) и војникот Изабела Гонзалес (19). Двајцата беа убиени во нападот врз воздухопловната база Мувафак Салти во петокот, пишува CNN. Гонзалес, од Каролтон, Тексас, почина во петокот. Фихан, кој се пријавил во Армијата во Ева Бич, Хаваи, но претежно живеел во Џорџија, почина еден ден ...

Шпанија го освои трофејот, ФИФА ги урна комерцијалните рекорди, а навивачите, репрезентациите и животната средина ја платија цената на турнирот со 48 селекции, 104 натпревари и огромни растојанија Шпанија е нов светски шампион откако во финалето во Њу Џерси ја совлада Аргентина со 1:0 по продолженија, со голот на Феран Торес во 106. минута. Со последниот судиски свиреж заврши првиот Мундијал со 48 репрезентации, 104 натпревари и три земји ...

Опозициската СДСМ ја обвини Владата и ВМРО-ДПМНЕ дека пет дена ја криеле од јавноста информацијата за загадената вода во Гостивар и побара целосно расветлување на случајот и утврдување одговорност. Во партиското соопштение, СДСМ реагира на ставовите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со истрагата за епидемијата во Гостивар, оценувајќи дека власта сега се повикува на доверливоста на истрагата, додека во други случаи, како што тврдат, ...

Средната месечна плата за вработените со полно работно време во Германија се зголеми за 5,1% во 2025 година, надминувајќи ја инфлацијата, според податоците објавени од Федералната агенција за вработување. Бруто средната месечна заработка се зголеми за 203 евра (232 долари) на 4.217 евра, додека потрошувачките цени се зголемија за просечно 2,2% во текот на годината. Средната месечна плата, или медијаната, како уште се нарекува, ја претставува ...

Словенечката полиција го уапси 39-годишен државјанин на Босна и Херцеговина осомничен дека ја избодел до смрт својата 36-годишна партнерка во Вухред. Тој бил пронајден кратко пред полноќ во близина на местото на убиството и не се спротивставил на апсењето. Словенечкиот портал Žurnal24 објави, повикувајќи се на неофицијални, но, како што тврди, проверени информации, дека станува збор за Амир Узуновиќ. Полицијата официјално не го објави ...

Новите сознанија што ги објави Основното јавно обвинителство за случајот со загадената вода во Гостивар претставуваат пресврт во епидемиолошката истрага и силно ја поткрепуваат хипотезата дека масовните гастроинтестинални заболувања се последица на микробиолошка контаминација на водоводниот систем. На ова укажува епидемиологот д-р Драган Даниловски во најновата анализа, оценувајќи дека сега, покрај епидемиолошките показатели, постои и ...

Словенечката полиција интензивно бара 39-годишен државјанин на Босна и Херцеговина осомничен дека ја избодел до смрт својата 36-годишна партнерка во текот на ноќта во областа Вухред, населба во близина на границата со Австрија. Полициската управа во Целје соопшти дека мажот е опасен. Убиството се случило во станбена зграда во центарот на Вухред, каде што, според неофицијални информации, осомничениот живеел со својата партнерка и син. Мажот ...

Силното невреме проследено со силен ветер што го зафати Скопје вчера доцна попладне, предизвикува материјална штета и е повредена на 88-годишна жена во населбата Козле. Општинските служби во Карпош интервенираа на повеќе локации за расчистување на паднати дрвја и санирање на оштетена електрична инфраструктура со цел обезбедување на јавната безбедност. Во паркот на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле, се случи несреќа кога дрво ...

Владата, на денешната седница, донесе Одлука со која се определува видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, информираат од изваршната власт во соопштение до јавноста. Намалувањето на акцизите на бензинот и дизелот, како навремена мерка е насочена кон ублажување на последиците од растот на цените на светските берзи и заштита на животниот стандард на граѓаните. Во изминатиот период е евидентен висок ...

Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на Загадување на вода за пиење. Осомничените соизвршители, во својство В.Д. директорка на ЈП “Комуналец” – Гостивар, технички раководител на Сектор за технички работи и раководител на Одделението за водовод, канализација и градежни работи во јавното ...

Резултатите од лабораториските анализи на водата за пиење во Гостивар покажуваат сериозни микробиолошки отстапувања од законски дозволените вредности. Освен екстремно високото присуство на колиформни бактерии, анализите регистрирале и зголемен број аеробни мезофилни бактериски колонии, како и повисока концентрација на резидуален хлор од дозволената. Секој од овие параметри има различно значење, но сите заедно укажуваат дека водата не е ...

Деветтото издание на Фестивалот на нов европски филм Beach Film Festival 2026, започнува утре и ќе трае од 21 до 26 јули 2026 година на 5 локации во Охрид. Во прилог е деталната фестивалска програма. ДЕН на отворање на фестивалот 21.7.2026 ВТОРНИК Локација – Плажа Сараиште 20:30 – Железна тврдина (Долгометражен филм) 22:00 – Самоуништување (Долгометражен филм) Деветтото издание на Фестивалот на нов европски филм Beach Film Festival 2026, ...

Тие што нема да ја препознаат иронијата во овој текст како обид за пародија на нашата реалност можат да го читаат како што и ги прифаќаат лагите за големите успеси на власта. Ерол РИЗАОВ За само неколку месеци премиерот Христијан Мицкоски и пропагандната фабрика на ВМРО-ДПМНЕ со своите коалициски партнери го постигнаа најголемиот успех на најдобрата влада која мораше да биде реконструирана за да биде уште подобра. Променет е речиси целиот ...

Во најновото издание на емисијата „Трилинг“, истакнатите македонски актерки Сара Климовска и Нина Елзесер отворено зборуваа за предизвиците со кои се соочуваат уметниците во Македонија, суровата реалност на независната сцена и бескомпромисната посветеност кон театарот. Според Сара Климовска, да се биде независен уметник во земјава подразбира соочување со многу пречки и лимитирани можности. Таа го спореди процесот на создавање нови проекти со ...

Надворешен предмет можеби го оштетил моторот на авионот на „Рајанер“ пред дел од него да удри во прозорецот и да предизвика нагло губење на притисокот во кабината. Компанијата нагласува дека станува збор за првични сознанија и дека точната причина сè уште се истражува. Извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, изјави дека првичните индикации упатуваат на оштетување на моторот од надворешен предмет при полетувањето од Солун, а не на ...

Повеќе од 3.000 заболени граѓани, прогласена епидемија, десетици нови пациенти секој ден и еден парадокс кој отвора сериозни прашања за начинот на кој институциите управуваат со здравствена криза. Министерот за здравство Сашо Клековски и директорката на Институтот за јавно здравје денеска соопштија дека резултатите од анализите на водата од Гостивар се готови, но не можат да бидат објавени бидејќи се чека согласност од Јавното обвинителство. ...

Додека трае скандалот со загадената вода во водоводот на Гостивар, потсетуваме дека во Кривичнио законик е предвидено посебно кривично дело Загадување вода за пиење, казниво по член 219. Со оглед на фактот дека во случајот Гостивар е прогласена и епидемија предизвикана од вакво дело, кое може да се квалификува и како потежок облик, можната казна може да стигне и до пет години. Ако се водиме по достапните информации, одговорните лица во ...

Топлотниот бран ова лето во Грција денеска го достигува врвот со очекувани температурите до 40 степени Целзиусови во некои области, покажуваат временските прогнози. Највисоки температури се очекуваат во Централна Македонија, регионот Агринио, тесалиската рамнина, Централна Грција и Пелопонез, додека островите исто така ќе бидат многу жешки. Меѓу градовите каде што се очекуваат особено високи температури се Атина, Ламија, Солун и Триполи. ...

Европската комисија го казни AliExpress со 550 милиони евра поради пропусти во проценувањето и намалувањето на ризиците од продажба на нелегални, небезбедни и фалсификувани производи. Станува збор за најголемата казна изречена според европскиот Закон за дигитални услуги, а одлуката директно ги отвора прашањата што треба да ги провери секој купувач пред да нарача производ преку платформата. Европската комисија утврдила дека AliExpress немал ...

Најсилната шахистка во историјата, Јудит Полгар, може да стане следната претседателка на Унгарија, откако премиерот Петер Маѓар објави дека ќе разговара со неа и ќе ѝ понуди да ја прифати кандидатурата. Владејачката партија ТИСА веќе едногласно ја поддржа иницијативата, но Полгар сè уште јавно не кажала дали е подготвена да влезе во политиката. Полгар е родена во 1976 година во Будимпешта и уште како дете стана дел од необичниот образовен ...

Најпродаваните коли во Грција во првата половина на 2026 година покажуваат дека купувачите сè повеќе избираат мали теренци и хибридни автомобили. На врвот убедливо се најде „Тојота јарис крос“, пред „Пежо 2008“ и стандардниот „Тојота јарис“. Во првите шест месеци од годината во Грција биле регистрирани 83.869 нови патнички автомобили, што претставува раст од 7,4 отсто во споредба со истиот период во 2025 година. „Тојота јарис крос“ го освои ...

ФИФА отвори истрага против аргентинската репрезентација по хаосот што настана по финалето на Светското првенство, во кое Шпанија славеше со 1:0. Тепачка на теренот, судири меѓу фудбалерите и бојкот при доделувањето на трофејот ја засенија завршницата на турнирот. Светската фудбалска федерација назначи дисциплински истражител кој треба да ги анализира судиските извештаи, телевизиските снимки и однесувањето на фудбалерите и членовите на ...

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Прокупље го уапсиле 43 годишниот германски државјанин В. Н., поради сомнение дека предизвикал тешка сообраќајна несреќа со смртни последици. Несреќата се случила на државен пат во општина Куршумлија, кога возилото со кое управувал осомничениот преминало на спротивната страна од коловозот и удрило во автомобил управуван од 59 годишен маж. По ударот, автомобилот на жртвата се одбил и удрил во ...

Најпродаваните коли во Грција во првата половина на 2026 година покажуваат дека купувачите сè повеќе избираат мали теренци и хибридни автомобили. На врвот убедливо се најде „Тојота јарис крос“, пред „Пежо 2008“ и стандардниот „Тојота јарис“. Во првите шест месеци од годината во Грција биле регистрирани 83.869 нови патнички автомобили, што претставува раст од 7,4 отсто во споредба со истиот период во 2025 година. „Тојота јарис крос“ го освои ...

Пред 57 години, тројца астронаути тргнаа кон Месечината со технологија послаба од денешниот мобилен телефон. Двајца стапнаа на нејзината површина, третиот сам кружеше околу неа, а мисијата остави научно и технолошко наследство што сè уште го обликува патот кон Марс. На 20 јули 1969 година, лунарниот модул „Игл“ слета во Морето на спокојството и го означи првото човечко пристигнување на друг свет. Нил Армстронг и Баз Олдрин се спуштија на ...

Што имало во водата што ја пиеле жителите на Гостивар сè уште не ѝ е соопштено на јавноста, иако лабораториските анализи се завршени и доставени до Јавното обвинителство. Додека институциите молчат, повеќе од 3.100 граѓани побарале лекарска помош. Министерот за здравство Сашо Клековски потврди дека Министерството ги има резултатите, но рече дека тие нема да бидат објавени без согласност од Обвинителството. Директорката на Институтот за јавно ...

Иран ги нападна Кувајт и Бахреин со нов бран ракети и беспилотни летала денес (понеделник), додека американската војска деветта ноќ по ред изврши воздушни удари врз цели во Иран. Размената на напади ја приближува кризата до поширока регионална војна и дополнително го загрозува сообраќајот низ Ормускиот Теснец. Кувајтските власти соопштија дека противвоздушната одбрана пресретнувала ирански ракети и дронови. Нападите следуваа откако претходно ...

Опозициската СДСМ, повикувајќи се на најновите податоци на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), соопшти дека синдикалната потрошувачка кошничка за јули 2026 година изнесува 68.500 денари, оценувајќи дека тоа е показател за сериозно влошување на животниот стандард на граѓаните. Од партијата наведуваат дека четиричлено семејство месечно троши повеќе од 25.000 денари само за храна и пијалаци, а доколку се пресмета и кирија за стан од 60 ...

Одговорноста за кризата во Гостивар стана ново поле на политички судир, откако премиерот Христијан Мицкоски побара морална одговорност од градоначалникот и локалните раководители, додека СДСМ ја насочи одговорноста кон министерот за здравство Сашо Клековски и државните институции. Мицкоски изјави дека морална одговорност треба да понесат сите, почнувајќи од првиот човек на локалната власт, па надолу. Според него, евентуалната кривична ...

Од полноќ стапуваат во сила значително повисоки цени на горивата – полн резервоар дизел од 50 литри ќе чини 300 денари повеќе. Возачите од полноќ ќе се соочат со нов ценовен удар на бензинските станици. Дизелот поскапува за шест денари за литар, додека двата вида бензин ќе бидат поскапи за по три денари. Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од вторник, 21 јули 2026 година, во 00:01 часот, ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе се продава ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Бакар

12.58