Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Министерот за здравство, Сашо Клековски, при денешната посетата на болницата во Гостивар, потврди дека бројот на заболени надминал 1.000 лица, при што само во последните 24 часа биле евидентирани 260 нови интервенции. Иако повеќето пациенти се пуштени на домашно лекување, состојбата останува сериозна, особено кај децата и хронично болните лица од градот и околните населени места како Вруток, Чегране, Чајле и Дебреште. Министерот Сашо ...
Украинските беспилотни летала рано утрово погодија повеќе цели во Русија и го окупираа Крим, вклучувајќи складиште за нафта во Московската област и логистичките објекти на онлајн трговецот на мало „Вајлдберис“. Седум работници беа убиени во нападот врз логистичкиот центар „Вајлдберис“ во Котовск, Тамбовска област, објавија локалните власти. Ројтерс објави дека бранови украински напади со беспилотни летала предизвикаа пожари во складиште ...
Како што се приближува кон крајот Светскиот куп, американскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата желба САД да бидат домаќини на уште еден Светски куп во блиска иднина, на приемот организиран во Њујорк пред финалето во недела. „Треба повторно да ги изберете Соединетите Американски Држави“, рече Трамп на прием во Трамп Тауер. „Но, овој пат ќе ги изоставиме Канада и Мексико како домаќини.“ САД беа домаќини на 78 од 104 натпревари на ...
Во срцето на турската Кападокија, под една сосема обична населба, се крие еден од најневеројатните инженерски подвизи на древниот свет. Осумдесет и пет метри под земјата, без сончева светлина, постои град што со векови можел да прехрани, заштити и сокрие околу 20.000 луѓе. Неговото име е Деринкују. Има места што не се гледаат од далеку. Немаат импозантни кули, ниту спектакуларни фасади. Над нив минуваат автомобили, деца си играат по улиците, ...
Најавите за можни радикални промени во пензискиот систем отворија сериозна јавна дебата, а економскиот експерт Бранимир Јовановиќ предупредува дека евентуално укинување на вториот пензиски столб и преземање на средствата од приватните пензиски фондови би било краткорочно решение за буџетските проблеми, но со долгорочни последици за државата. Ова го изјави во интервју за порталот Фокус.мк. Според Јовановиќ, клучното прашање не е дали државата ...
Фудбалот отсекогаш бил повеќе од игра. Тој беше јазик на работничките населби, на сиромашните предградија, на децата што првите голови ги постигнуваа меѓу две камења поставени како стативи. Од тие улици произлегоа Пеле, Марадона, Меси, Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и десетици други легенди кои му дадоа лице на „најважната споредна работа на светот“. Зоран БОЈАРОВСКИ Фудбалот отсекогаш бил повеќе од игра. Тој беше јазик на работничките ...
Српската тениска легенда Новак Ѓоковиќ призна дека би можел да се пензионира од професионалниот тенис во блиска иднина. „Сè уште чувствувам дека можам да се натпреварувам на највисоко ниво. Но, овој момент е дефинитивно поблиску од кога било. Не знам дали постои совршен начин да се пензионирам. Дали сакам да ја завршам кариерата на врвот? Само ќе продолжам да уживам во времето поминато на теренот“, изјави Ѓоковиќ за ESPN. 39-годишниот Србин ...
Франција го пофали воведувањето на контроверзниот систем за влез и излез (EES) на ЕУ, и покрај повиците од раководителите на аеродромите да го укинат ова лето. Француското Министерство за внатрешни работи изјави за The Independent дека процесот на гранична контрола „веќе ја докажа својата вредност“ од неговото лансирање на 12 октомври 2025 година. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи изјави: „Над 110 милиони влезови и излези се ...
На 26 јули 2026 година, во Македонија ќе се одржи 24 часа Адреналин – спортско-авантуристички предизвик во кој двајца учесници, во рок од 24 часа, ќе се обидат да поврзат девет различни активности низ воздух, земја и вода. Предизвикот ќе започне со изгрејсонце на аеродромот Стенковец, а ќе заврши доцна навечер на брегот на Охридското Езеро. Во текот на еден ден, учесниците ќе поминат стотици километри низ Македонија, менувајќи различни начини ...
Победата на Аргентина над Англија во полуфиналето на Светското првенство во Атланта остана во сенка на политичката порака што аргентинските фудбалери ја испратија по натпреварот. За време на прославата, тие развија транспарент со натпис „Las Malvinas son Argentinas“ („Малвините се Аргентина“), со што повторно го отворија долгогодишниот спор меѓу Аргентина и Велика Британија околу Фокландските (Малвинските) Острови. Потегот веднаш предизвика ...
Белата куќа го бранеше правото на слобода на говор на аргентинската фудбалска репрезентација откако тие контроверзно мавтаа со транспарент во поддршка на територијалните претензии на нивната земја кон Фокландските Острови додека ја славеа победата на Светското првенство против Англија, пишува Би-Би-Си. Аргентина се соочува со потенцијални дисциплински мерки од ФИФА поради инцидентот, што би можело да ги прекрши правилата за политички изјави. ...
Европската комисија го потврди она што го зборува СДСМ со месеци – Христијан Мицкоски и ВМРО вршат системски притисок врз судството и обвинителството а корупцијата е неказнива, се вели во соопштението на СДСМ. Партијата укажува дека Европската комисија во својот најнов Извештај за владеење на правото јасно и недвосмислено нотира мешање и притисок врз судството и обвинителството од страна на претставници на власта. „Ова не е општа забелешка, ...
Турскиот суд одреди прелиминарен притвор за Мелек Акармут, популарна на социјалните мрежи со прекарот „Мерилин Монро од Мардин“, поради нејзината објава, со која се оспорува официјалната државна верзија за настаните од пучот од 15 јули 2016 година, објави БГНЕС. 50-годишната Акармут беше приведена во југоисточната провинција Мардин, откако органите за спроведување на законот пронајдоа потенцијална кривична содржина во профилите. Обвинението ...
САД се соочуваат со една од најголемите епидемии на паразитска болест во поновата историја, при што како можни извори се наведуваат зелена салата, кромид и синџирот за брза храна „Тако Бел“. Близу 7.000 луѓе во 32 држави се заразени со циклоспоријаза, болест што предизвикува тешка дијареја, а вниманието сега е насочено кон политиките на администрацијата на Доналд Трамп. Особено, кон одлуките што го намалија обемот на следење на болестите што ...
Градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани, ги повика граѓаните да останат смирени и да ја почитуваат привремената забрана за користење на водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна, сè додека не бидат објавени официјалните лабораториски резултати. Според него, мерката е воведена превентивно, по препорака на Агенцијата за храна и ветеринарство, со цел да се заштити здравјето на населението. Досегашните анализи биле во ...
Глобалните трошоци за здрава исхрана се зголемија за 25% во последните пет години, надминувајќи ја линијата на екстремна сиромаштија што се живее со помалку од 3 долари (2,62 евра) дневно, предупредија ОН. „Како резултат на тоа, 2,69 милијарди луѓе, речиси еден од тројца луѓе во светот, сè уште не можат да си дозволат здрава исхрана“, рече Максимо Тореро Кален, главен економист во Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), пред ...
Северна Македонија направила ограничен напредок во реформите во правосудството, но политичките притисоци врз судството, обидите за влијание врз судиите и обвинителите и слабата доверба на јавноста остануваат меѓу најсериозните проблеми, предупредува Европската комисија во најновиот Извештај за владеењето на правото. Во документот се оценува дека законската рамка во голема мера е усогласена со европските стандарди, но дека нејзината примена и ...
Околу 200 пожари горат надвор од контрола низ цела Канада, а нивниот чад ги покри и милиони жители на североисточниот дел на САД. Според најновите податоци од канадските власти, 209 од вкупно 893 активни пожари се надвор од контрола низ целата земја, објавува Франс Прес. Иако сезоната на пожари досега беше помирна од рекордната 2023 година или минатата година, интензитетот на пожарите значително се зголеми во изминатата недела. Речиси 2,8 ...
38-годишна српска државјанка е обвинета за кражба на чадор за сонце и лежалки во Свети Петар. Полицијата ја уапсила неколку дена по кражбата, а покрај кривичната пријава, ѝ е наредено и да ја напушти Европската економска зона бидејќи не го почитувала ниту рокот за пријавување краткорочен престој во Хрватска, пишува Полициската управа во Задар. Истрага и апсење Полицијата во Биоград заврши кривична истрага за 38-годишна жена, за која се ...
Руското царско семејство Романови владеело со најголемата словенска држава од 17 век до 1917 година, кога болшевиците ја презеле власта во Русија. Анастасија Николаевна била најмладата ќерка на последниот руски цар. Обожавала да си игра со кукли и да се дружи со своите сестри. Ја доживеала истата судбина како и остатокот од нејзиното семејство, застрелана од Црвената армија за да се спречат Белогардејците, односно застапниците царска Русија ...
Парадоксот е очигледен. Изјава што во секоја демократска држава би требало да предизвика единствена и недвосмислена осуда, во Северна Македонија прерасна во нова рунда меѓусебни пресметки меѓу албанските политички партии. Откако министерката за администрација и локална самоуправа на Србија, Снежана Пауновиќ, изјави дека, доколку била на местото на Слободан Милошевиќ во деведесеттите години, би го „етнички исчистила Косово“, наместо да се ...
Македонскиот игран филм „17“, долгометражното деби на режисерката Косара Митиќ, оствари уште еден грандиозен успех на меѓународната сцена. На свечената церемонија одржана во Ерусалимската кинотека, филмот ја освои престижната GWFF награда за најдобар меѓународен дебитантски филм во рамките на 43. издание на Филмскиот фестивал во Ерусалим (Jerusalem Film Festival), најважниот кинематографски настан во Израел. Наградата е финансиски поддржана ...
Овојпат предупредувањето не е дипломатски спакувано во внимателни формулации. Во најновиот нацрт-извештај за 48. сесија на Комитетот за светско наследство, УНЕСКО практично констатира дека Северна Македонија и Албанија не успеале да го заштитат Охридскиот Регион и предлага негово впишување на Листата на светско наследство во опасност. Доколку Комитетот ја потврди одлуката на 22 јули во Бусан, тоа нема да биде казна за Охрид, туку официјална ...
Градот Пеќ деновиве пулсира со креативноста на 17-то издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм Анибар, кој на едно место ги собира филмските автори, уметниците, младите креативци и љубителите на анимација од Западен Балкан, но и други земји од Европа и светот. Во текот на седумте фестивалски денови, посетителите имаат можност да проследат стотици анимирани филмови, мастер-класови, изложби, дискусии и бројни културни активности, со ...
Ако сакате да избегате од градската жештина и од преполните туристички центри, Македонија нуди низа помирни места за еднодневен излет. Од планински села и водопади до езерски плажи и необични карпести предели, ова се седум дестинации што многумина сè уште ги прескокнуваат. 1. Пехчевските Водопади Скриени во Малешевските Планини, Пехчевските Водопади се опкружени со густа шума, планински патеки и свеж воздух. Просторот околу Равна Река е добар ...
Унгарските власти започнаа формална истрага за блиските врски на поранешниот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, со Русија, изјави премиерот Петер Маѓар, објави „Киев Индепендент“. Деталите од истрагата не се објавуваат бидејќи се работи за класифицирани владини материјали и документи за надворешна политика. Маѓар изјави дека владата нема да коментира понатаму за да не влијае на истрагата, но вети дека ќе ги објави сите информации ...
Жариштата на сипаници кај овци и кози што се проширија во повеќе делови од Македонија не претставуваат опасност за здравјето на луѓето, но веќе оставаат сериозни последици врз сточарите, производството и движењето на животните. За потрошувачите најважната информација е дека месото и млекото што легално се продаваат треба да поминат низ ветеринарна контрола и пропишана обработка. За одгледувачите, пак, новите случаи значат уништување цели ...
Иран и САД ја проширија војната врз клучната инфраструктура во Персискиот Залив, откако американските сили шеста ноќ по ред извршија напади врз јужен Иран, а Техеран возврати со ракети и беспилотни летала кон држави во кои се наоѓаат американски воени бази. Американската Централна команда соопшти дека борбени авиони, воени бродови и дронови погодиле десетици цели, меѓу кои крајбрежни радари, противвоздушни системи, воена логистика и поморски ...
Земјотрес од 7,3 степени го погоди јужниот брег на Мексико во петокот, 17 јули, во близина на границата со Гватемала, предизвикувајќи силно тресење во повеќе држави од Централна Америка и предупредување за можни опасни бранови долж пацифичкиот брег. Според првичните информации, нема жртви ниту поголеми материјални штети. Епицентарот бил лоциран на околу 48 километри југозападно од Акилес Сердан, во мексиканската сојузна држава Чијапас. ...
Иран и САД ја проширија војната врз клучната инфраструктура во Персискиот Залив, откако американските сили шеста ноќ по ред извршија напади врз јужен Иран, а Техеран возврати со ракети и беспилотни летала кон држави во кои се наоѓаат американски воени бази. Американската Централна команда соопшти дека борбени авиони, воени бродови и дронови погодиле десетици цели, меѓу кои крајбрежни радари, противвоздушни системи, воена логистика и поморски ...