Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Сашо Серафимовски од Скопје пеш се упати кон романскиот град Јаши, каде ќе го посети соборниот храм каде се сместени моштите на Света Петка. Тој пешки ќе помине дистанца од 1253 километри а со него е придружба со комбе, за секој случај. Минатиот месец Серафимовски пеш замина и за манастирот Рилски во Бугарија. Серафимовски во следните неколку месеци пеш ќе се упати и ќе ги посети манастирите Тумане, во Србјија, Острог во Црна Гора, а ќе испешачи ...
Директорот на ЦИА, Вилијам Бурнс, упати остро предупредување до членовите на американскиот Конгрес дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на 2024 година, ако не добие итна воена помош. Во говорот на Форумот за лидерство на Центарот на поранешниот претседател Џорџ Буш, Бурнс истакна дека украинските сили не се лишени од храброст, но се соочуваат со сериозен недостаток на муниција, што ја загрозува нивната способност да се одбранат. ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Скопје, 26 април 2025 година – Во неделата од 22 до 25 април 2025 година, вкупниот промет на Македонската берза изнесуваше 106.217.344 денари, од кои 45.120.630 денарисе остварени преку класично тргување, а 61.096.714 денарипреку блок трансакции. Индексот МБИ10 бележи вкупен пораст од +0,48% на неделно ниво, достигнувајќи 10.162,42 поени заклучно со ...
Попладневниот развој на нестабилна облачност донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните планински предели, Охридско-Преспанскиот регион и Пелагонија. Локално имаше и услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). До крајот на денот, нестабилното време ќе продолжи со променлива облачност, пороен дожд и грмежи на повеќе места низ државата, а ќе дува и засилен ветер. Според прогнозите на УХМР, и ...
Рускиот претседател Владимир Путин објави дека украинската офанзива во Курската област е целосно успешна, по што руските сили ја вратиле контролата над регионот. Во видео објавено од Кремљ, Путин истакна дека оваа победа ќе служи како основа за идните воени успеси на Русија. Главниот началник на Генералштабот, Валериј Герасимов, информираше дека последниот украински воен контингент бил протеран од Курск, што го означува крајот на офанзивата ...
ХАМАС подготвен за целосен прекин на непријателствата и ослободување на сите заложници во замена за петгодишно примирје Исламистичката група ХАМАС е подготвена да прифати договор со кој би се ставил крај на војната во Појасот Газа. Според изјава на еден висок претставник на движењето, дадена за агенцијата AFP, договорот би вклучувал еднократно ослободување на сите преостанати заложници, како и петгодишен прекин на непријателствата. „ХАМАС е ...
САД наводно развиле технологии кои манипулираат со простор и време: Изјава од Белата куќа предизвикува недоверба и дебата Директорот на Канцеларијата за наука и технологија при Белата куќа, Мајкл Крациос, неодамна изјави дека САД поседуваат напредни технологии што, според него, имаат капацитет да манипулираат со просторот и времето. Изјавата, објавена на официјалната веб-страница на Белата куќа, ги изненади и подели научните и политичките ...
Киев очекува Вашингтон да обезбеди долгорочна безбедносна помош моделирана според односите на САД со Израел, изјави Володимир Зеленски, откако европските поддржувачи на Украина наводно отфрлија неколку точки од предложениот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп. Вашингтон го презентираше својот нацрт-договор за прекин на непријателствата меѓу Киев и Москва за време на разговорите во Париз минатата недела. На последователниот ...
Владата цврсто е определена за спроведување на фискалната политика дефинирана со Законот за буџети и Фискалната стратегија, а насочена кон зацврстување на макроекономската стабилност. Целта е постепена фискална консолидација и заштеди во Буџетот и поддршка на економијата со инвестиции во инфраструктурни проекти. Ова беше истакнато на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со заменик-генералниот директор на ММФ, Бо Ли, ...
Рафиња искрено пред финалето: „200 милиони? Секој би размислил!“ Во пресрет на големото финале во Копа дел Реј против Реал Мадрид, капитенот на Барселона, Рафиња, без влакна на јазикот зборуваше за вртоглавата понуда од Саудиска Арабија. Бразилецот ја отвори душата за TNT Sports Brasil, признавајќи дека ретко кој би останал рамнодушен на бројката од 200 милиони евра. „Вчера ме информираа за таа понуда. Искрено, бев шокиран – сумите се луди. Ако ...
Отркиени се злоупотребени на повеќе од 2000 хектари земјоделско земјиште кои државата ги дала под концесија, а инспекторатот ќе ги продолжи контролите за земјиштето да стигне до вистинските земјоделци, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при денешниот престој во Прилеп. – Од оние контроли што ги правиме уште од првиот ден на преземањето на Министерството, станува збор за околу 2000 хектари кои се ...
Симболична средба меѓу Зеленски и Трамп во Рим – најавен „целосен и безусловен прекин на огнот“ Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека имал „добар и конкретен“ разговор со американскиот претседател Доналд Трамп во Рим, каде што двајцата лидери присуствуваа на погребот на папата Франциск. Разговорот, како што оцени Зеленски, може да се покаже како „историски“. „Имавме добар состанок, лице в лице. Разговаравме за многу ...
Бројот на повредени од експлозијата во иранското пристаниште Раџаи порасна на над 500 Бројот на повредени во силната експлозија што денеска одекна во јужното иранско пристаниште Шахид Раџаи, во близина на градот Бандар Абас, се искачи на најмалку 516 лица, јави иранската новинска агенција „Тасним“. Престижното пристаниште Раџаи, преку кое годишно поминуваат околу 80 милиони тони стоки, е еден од главните логистички и трговски центри на Иран. ...
Стотици повредени во масовна експлозија во иранското пристаниште Бандар Абас Најмалку 400 лица се повредени во силна експлозија што денес го потресе пристаништето Шахид Раџаи во јужниот ирански град Бандар Абас, објавија иранските државни медиуми, повикувајќи се на извори од теренот. Инцидентот се случи во чувствителен политички момент – паралелно со почетокот на новиот, трет круг нуклеарни преговори меѓу Иран и САД во Оман. Според изјавата на ...
Скопје. 25 април 2025 – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини предложи нов Закон за енергетика кој најавува големи промени за граѓаните и енергетскиот систем во Македонија. Министерката Сања Божиновска појасни дека законот, кој содржи 317 члена, е веќе во собраниска процеура и поминал без забелешки на собраниските комисии. Новото законско решение предвидува формирање на локални енергетски заедници, каде граѓаните ќе можат ...
Следната недела следува уште еден неработен ден следната недела, а тоа е Први Мај. После 1 Мај имаме и продолжен викенд. Имено 6 Јуни (петок), петок пред Духовден е неработен ден. Сите неработни денови до крајот на годината: За сите граѓани на РСМ 1 мај (четврток), Ден на трудот 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, 2 август (сабота), Ден на Републиката, 8 септември (понеделник), Ден на независноста, 11 ...
Син на висока функционерка на ЦИА загина во Украина – се борел на страна на руската армија? Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) ја потврди смртта на 21-годишниот Мајкл Глос, син на заменичката директорка на ЦИА за дигитални иновации, Џулијана Галина Глос, објави NBC News. Според информациите што ги пренесува порталот Index.hr, Мајкл се приклучил на руската војска и загинал во борбите во Украина. Американската агенција официјално ја ...
На повик на Германската амбасада, денес во Кочани пристигна конвој со хуманитарна помош од Германија, предводен од група пожарникари кои несебично донираа специјализирано противпожарно возило и значајна количина опрема на своите колеги од Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани. https://youtube.com/watch?v=5F2cbCH2LQ4%3Ffeature%3Doembed Германските пожарникари, со голема пожртвуваност, земале одмор од нивните работни обврски и лично ...
Телото на загинатиот во вчерашнатапрестрелка на Бит Пазар е предадено на обдукција, а од лице место прибрани се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Основното јавно обвинителство соопшти дека извршен е увид на местото на вчерашната вооружена престрелка. – По наредба на јавен обвинител се обезбедуваат снимки од видео надзор од околните објекти. Се издаваат сите потребни наредби и насоки за идентификација на инволвираните и целосно ...
Строг протокол на облекување за погребот на папата Франц: Бисери, црни вратоврски и симболика на боите За верниците и светските лидери кои денес присуствуваат на погребот на папата Франц, важи прецизен дрес-код што мора строго да се почитува. За мажите, протоколот наложува темно одело со долга црна вратоврска и црно копче на левиот ревер, додека белата кошула е дозволена. Белата боја, сепак, е строго забранета за жените. Жените се должни да ...
Северна Кореја го претстави новиот воен разорувач: „5.000 тони моќ и партиска лојалност“ Северна Кореја официјално го претстави најновиот адут во својата морнарица – современ разорувач со тежина од 5.000 тони, опремен со напредно вооружување и изграден целосно со домашна технологија. Веста ја објави високиот функционер и секретар на Централниот комитет на Работничката партија на Кореја, Џо Чунг-рјонг. „Овој воен брод од 5.000 тони е опремен со ...
Полската војска денеска објави дека руски воен хеликоптер од Балтичката флота синоќа го нарушил полскиот воздушен простор над Балтичкото Море. Во официјална изјава објавена на платформата X, полската армија соопшти дека овој инцидент е уште еден обид на Русија да ја тестира подготвеноста на полските системи за воздушна одбрана, пренесе агенцијата Ројтерс. Во последно време, руски воени авиони, беспилотни летала и ракети сѐ почесто го нарушуваат ...
Сезоната на Бик носи пари: Овие хороскопски знаци ќе имаат финансиска добивка до 3 мај Со доаѓањето на сезоната на Бик, ѕвездите се поставени во корист на одредени хороскопски знаци кога станува збор за финансии. До 3 мај, некои од нив ќе имаат шанса да се стабилизираат, добро да заработат, па дури и да инвестираат паметно. Овој период традиционално е поволен за материјална сигурност, па ако размислувате за вложувања или купување, сега е ...
Паралелно со завршниците во сениорските натпреварувања, викендов започнуваат и одлучувачките мечеви во младинските категории. Денеска Битола е домаќин на Фајнал Фор турнирот за кадетки, додека момците ќе бидат активни на неколку локации низ Македонија. Во младинската конкуренција сите четири четвртфинални натпревари ќе се одиграат во Скопје, а улогата на домаќини ја имаат третопласираните и четвртопласираните екипи од групната фаза. Распоредот е ...
Во рамки на манифестацијата „Недела на македонската култура”, синоќа во македонскиот културен центар-Нобис во Тирана, беше отворена изложба на слики со традиционални македонски носии. Исто така беше одржана и промоција на книгата „Монографија за македонската народна носија“ на авторот Владимир Јаневски, посветена на овие културни богатства. – На изложбата и промоцијата на „Монографија на македонски народни носии“, од Проф. д-р Владимир Јаневски ...
Автомобил во сопственост на водечки руски дизајнер и инженер, кој бил вклучен во модернизацијата на опремата за електронско војување, експлодирал во рускиот град Брјанск, објави РБК-Украина, повикувајќи се на извори од одбраната. Според овие извори, ноќта помеѓу 17 и 18 април, во Брјанск експлодирал автомобилот на водечкиот руски инженер и дизајнер Евгениј Ритиков, кој бил раководител на дизајнерското биро на Брјанскиот електромеханички ...
Нови земјотреси ја потресоа Турција – граѓаните на Коња и Ќутахија повторно вознемирени По серијата земјотреси што од средата го потресуваат регионот, денеска неколку нови потреси ја вознемирија јавноста во турскиот град Коња. Според податоците на Претседателството за управување со катастрофи и вонредни ситуации (AFAD), утрово нешто по седум часот бил регистриран земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил ...
Пекинг размислува за укинување царини на американски производи: олеснување на трговските тензии? Кинеската влада разгледува можност за укинување или намалување на царините на дел од американските производи, меѓу кои се и медицинска опрема и индустриски хемикалии, пренесе утринава новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на извори блиски соработници на процесот. Според информациите, Министерството за трговија на Кина формирало работна група ...
Во Ватикан денес се одржува погребот на папата Франциск Во Ватикан утрово во 10 часот по локално време започна погребната церемонија за папата Франц, кој почина во понеделникот на 89-годишна возраст. Илјадници верници и почитувачи се собраа да му оддадат последна почит на духовниот водач. Организаторите очекуваат околу 200.000 луѓе да присуствуваат на самата церемонија, додека се проценува дека над еден милион ќе се обидат да ја следат ...
За 1-ви мај ќе биде многу поветровито, но постабилно и релативно суво! За 1-ви мај, метео анализа која сите вас ве интерезира, ќе имаме многу постабилна атмосфера за разлика од сега, а ќе биде и потопло со повисоки температури на воздухот. Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, но ќе биде ветровито и покрај тоа што ќе биде топло, односно, ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец. Сепак, во ...