Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Полицијата ги апси демонстрантите на СДП во Приштина. Фото: БИРН/Урим Красниќи Косовската полиција уапси седум членови на Социјалдемократската партија (СДП) на Косово, откако демонстрантите се обидоа да го спречат настанот во Приштина организиран од ССК, кои ги обвинуваат за деградирање на борбата на ОВК против српските сили. Кога Екатерина Трендафилова, претседателката на ССК, го започна својот говор пред активистите на граѓанското општество и ...
Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг Адвокатите на поранешните функционери на српската Служба за државна безбедност (СДБ), Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, поднесоа жалба на пресудата со која во јуни беа осудени на по 12 години затвор, за помагање и поддржување на злосторствата во Босна и Херцеговина, во 1992 година. Механизмот за меѓународни кривични трибунали во Хаг, ги осуди за помагање и поддржување на ...
Го дочекуваме јубилејот од независноста броејќи пропуштени шанси, горки заблуди и длабоки разочарувања, но го дочекуваме и со трошка надеж дека сите овие премрежја во меѓувреме ни донесоа и мудрост, клучниот витамин што му недостасуваше на државниот организам цели 30 години. Во тој емотивен расчекор меѓу жалењето и славењето се движат и рефлексиите на нашите соговорници – функционери, поранешни и сегашни, уметници и новинари, за тоа што како ...
По олеснувањето на мерките наметнати поради пандемијата на корона вирусот во Австралија, во јуни оваа година, се сретнав со тогашниот амбасадор на Косово, Хајдин Абази, во ресторан во Канбера, за да разговараме за тековниот дијалог меѓу Србија и Косово. Бев возбуден кога открив дека Абази е личноста што западните медиуми сѐ уште ја нарекуваа „неидентификуваниот“ припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), од помалку таинствената ...
Српската делегација во Брисел, со специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак (лево), косовската делегација (десно) и шефот на дипломатијата на ЕУ, Џозеф Борел (во средина). Фото: Инстаграм/buducnostsrbijeav. Помина една година откако американскиот претседател, Доналд Трамп, беше домаќин на потпишувањето на договорот со кој Косово се обврза да ги прекине напорите за влез во меѓународните организации на 12 месеци, а Србија, во истиот период, ...
Ремзи Шала (стои) во судница. Фото: БИРН Сведокот, Шефки Бујари, кој долги години бил прв човек на селото Дуље, на рочиштето одржано на први септември, на повторното судење на Ремзи Шала пред Основниот суд во Призрен, изјави дека неколку убиства, за време на војната во Косово, особено во неговото село, можеби се случиле поради лична нетрпеливост или сомневање дека жртвите соработуваат со српските сили. Поранешниот командант на ОВК, Ремзи Шала, е ...
Среќко Аќимовиќ | Фото: БИРН Судот на Босна и Херцеговина вчера соопшти дека Апелацискиот совет на овој суд, донел конечна пресуда со која Среќко Аќимовиќ, поранешен командант на вториот баталјон на зворничката бригада на ВРС, е осуден на седум години затвор, за помагање на геноцидот врз Бошњаците од Сребреница, во јули 1995 година. Аќимовиќ е прогласен за виновен дека помагал во затворањето на бошњачките мажи, кои биле донесени од регионот на ...
Повеќе од две децении по завршувањето на војната, косовското Министерство за правда формираше тим, кој за првпат ќе изготви национална стратегија за транзициска правда. Тимот има десет членови – владини претставници, претставници на граѓанското општество и странски експерти, кои треба да подготват нацрт -документ во рок од шест месеци, во кој детално ќе биде прикажано како стратегијата ќе се спроведува. Потоа, следува јавна расправа. На првиот ...
Хашим Тачи на одбележувањето на годишнината од демилитаризацијата на ОВК, Косово, Фото: твитер објава на 21 јуни 2020 Судијата, Никола Гију, го одби барањето за отфрлање на обвиненијата против поранешниот косовски претседател и воен политички водач на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, и двајцата кообвинети, Кадри Весели и Реџеп Селими. Во својата одлука, објавена на интернет вчеравечер, Гију наведува дека „нема повреда на ...
Шкотски форензичар пред споменикот на жрвтите на Сребреница | Фото: https://www.robertmcneil.co.uk/ Во извештајот кој ги анализира екстремистичките содржини и говорот на омраза на ТикТок, објавен од ИСД, се предупредува дека некои креатори на содржини ја користат оваа платформа за да ги величат воените злосторници, да го промовираат геноцидот, да го негираат холокаустот и за да шират расистички и антисемитски идеи. „Две од десетте најгледани ...
Околу 55 проценти од ковид-вакцините што досега се употребени во Македонија потекнуваат од Кина, од производителите „Синовак“ и „Синофарм“. Овој податок произлегува од податоците што БИРН ги доби од Министерството за здравство. Заклучно со 21 август годинава, искористени биле нешто повеќе од 382.000 дози од вакцината на „Синовак“ и речиси 300.000 од онаа на „Синофарм“. По поединечен производител најмногу аплицирани дози има од вакцината на ...
Учесници на комеморативниот настан, со транспарент на кој пишува „Каде се нашите најблиски?“. Фото: ИИЛ БиХ Институтот за исчезнати лица на Босна и Херцеговина (ИИЛ БиХ) и здруженијата на жртви на војната, вчера одржаа комеморативен настан, во спомен на луѓето исчезнати за време на војната 1992-1995, а по повод Меѓународниот ден на исчезнатите лица. „Во ‘пет до 12’ од Стариот мост во Мостар, во чест на жртвите, односно на исчезнатите лица по кои ...
Вјоса Османи, Албин Курти и други косовски функционери пред споменикот на исчезнатите. Фото: Кабинет на претседателката на Косово. Курти денеска побара од Србија да ги отвори своите државни архиви поврзани со војната во Косово (1998-1999), нагласувајќи дека „што се однесува до исчезнатите лица, одговорот лежи таму (во Белград)“. Тој ова го изјави на одбележувањето на Меѓународниот ден на исчезнатите лица во Приштина. Заедно со Курти, ...
Теодора Грнчаровска, државната советничка за климатски промени во Министерството за животна средина, е единствениот член на стоилјадниот јавен сектор, на која справувањето со климатските промени ѝ е примарна работна обврска. Во анализата за институционалните капацитети изработена во 2020 година, во која БИРН имаше увид, се вели дека во десетина клучни институции, како министерствата за животна средина, земјоделство и шумарство, економија, ...
Неколку пати неделно, Спомен-подрачјето Доња Градина, место во кое секојдневно се носеле затвореници од комплексот логори Јасеновац-Стара Градишка, кој го воделе усташите, на Твитер објавува сеќавања за жртвите од овој логор. Објавата од 23 октомври 2020 година, му е посветена на Раде Шувак, 16-годишно момче од детската работна група во логорот. „Драга мајко“, напишал тој. „Здрав сум, ја добив картата. Не грижете се за мене. Грижи се за себе и ...
Иван Тодосијевиќ. Фото: Министерство за локална самоуправа Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија, Петар Петковиќ, изјави дека потврдувањето на двегодишната затворска казна на косовскиот пратеник и поранешен министер, Иван Тодосијевиќ, е „срамна, неприфатлива и политичка пресуда“. Апелацискиот суд на Косово ја потврди пресудата што на Тодосијевиќ му беше изречена во 2019 година, со која тој беше осуден за ...
Младиќ во судницата во Хаг, за време на жалбениот процес, во август 2020 година. Фото: ММКТ/Лесли Хондебринк-Хермер Миодраг Стојановиќ, член на адвокатскиот тим на Ратко Младиќ, денеска за БИРН изјави дека здравствената состојба на поранешниот командант на ВРС, кој во единицата за притвор на ММКТ во Хаг чека да биде префрлен во друга држава на отслужување на доживотна казна затвор, е влошена. „Шеќерот во крвта му е многу висок и тоа се одрази на ...
Фото: Wikipedia.org Албанската полиција денеска соопшти дека уапсила 21-годишно момче, кое се сомничи дека на фестивал во Корча фрлило солзавец на концертот на Горан Бреговиќ и неговиот бенд, на чиј настап се спротивставија албанските националисти, поради наводната улога на овој музичар, во конфликтот во Косово. „На 22 август 2021 година, за време на Фестивалот на пивото, 21-годишниот Редон Лека фрли канистри со солзавец, со намера да го наруши ...
Андин Хоти се сеќава на студениот ден кон крајот на декември 1998 година, кога неговата тетка го одвела во Сремска Митровица да го посети неговиот татко, Укшин, во тоа време познат албански политичар од Косово. Имено, Укшин Хоти бил лидер на партијата која се залагала за обединување на Албанците во единствена држава – Партијата за албанско национално единство (УНИКОМБ), а во затвор се нашол откако бил осуден за „загрозување на уставниот ...
Детските фестивали во Универзална сала повторно се враќаат, а парковите, кејовите и плоштадите ќе бидат ослободени од закани по безбедноста на најмладите. Ова е напишано во предизборната програма на Петре Шилегов од 2017 година, кога како кандидат на СДСМ го предизвика, а потоа го победи претходниот градоначалник Коце Трајановски. Потсетувајќи дека салата била омилената културна институција за многу скопјани, а за многу деца била местото каде ...
На 18 јули, Северна Македонија најави дека примила назад 23 свои граѓани што ги поминале последните неколку години на боиштата во Сирија и во Ирак, а биле и членови на Исламската држава, ИСИС. Четворица од овие 23 се барани за тероризам и ги очекува судење. Од другите, пет се жени и 14 се деца. На сличен начин, соседно Косово објави дека вратило 11 свои државјани од Сирија, додавајќи дека станува збор за една жена и за нејзините деца. На 1 ...
Дождот што заврна, барем за кратко ги стивна огнените стихии кои се беа распламтиле на неколку места низ државата. Проценките за штетите веќе се прават, и постојано растат. Додека тоа се случува, полицијата и обвинителството собираат докази и распрашуваат луѓе за да утврдат дали некој може да сноси кривична одговорност, ако се утврди дека штетите ги предизвикала човечка рака. Противпожарни екипи од странство гаснат пожар во Македонија | Фото: ...
Среде лето и годишни одмори и на два месеца пред изборите, во електронските сандачиња на еснафските здруженија на медиумите, на граѓански организации, академската заедница и на поединци, деновиве им стигна имејл-покана од Министерството за информатичко општество и администрација-МИОА. Со текст на една страница, Министерството кани организации и поединци да номинираат претставници во, како што пишува, „Националниот совет за реформи во медиумската ...
Жена полнела вода од длабокиот и богат бунар прецизно затворен со капак на широка и бујна ливада. Еден ден заборавила да го затвори капакот. До утрото, од бунарот се излеала толку вода, што ливадата и целата околина се претвориле во мочуриште. Следните денови, водата само истекувала и растело нивото, така што веќе никој не можел да ја запре. Така настанало Охридско Езеро во Македонија. Така барем вели еден од митовите. Фантазмагорична Црна ...
Нема медицинска логика во рестриктивните мерки за граѓаните што не се вакцинирани, вели во интервју за БИРН професорот на Медицинскиот факултет и микробиолог, Никола Пановски. Од следниот понеделник, во отворените делови на рестораните и на објектите каде што присуствуваат повеќе од 30 лица ќе може да влегуваат само тие што имаат потврда (сертификат) дека примиле барем една доза од ковид-вакцините. Истото важи и за друг тип настани на отворено, ...
Додека во мај 1992 година водел радиоемисија во Приедор, град во северозападна Босна и Херцеговина, во кој што се родил и израснал, Резак Хукановиќ првпат го слушнал звукот на граната што паѓа. Слушајќи ги извештаите од другите градови во Босна и Херцеговина, тој се надевал дека војната наскоро ќе заврши. Но, во војната, која наскоро се проширила и во Приедор, Резак и неговиот малолетен син, на 30 мај биле уапсени во семејниот дом и однесени во ...
Небојша Павковиќ, лево, и Владимир Лазаревиќ, десно, во 2011 година присуствуваа на воена вежба во Пирот, Србија. Фото: Бета Одлуката на собранието на Пантелеј, општина во Ниш, најголемиот град во јужна Србија, да го прогласи осудениот воен злосторник, Владимир Лазаревиќ, за почесен граѓанин, не е изненадувачка и е дел од „ситната политичка игра“ на владејачката партија, велат за БИРН активисти на невладини организации. Денес пензионираниот ...
Лулзим Адеми, Албанец од Митровица, во 1999 година беше обвинет дека како парамилитарец, извршил воени злосторства над цивили, дејствувајќи во соработка со припадници на Војската на Југославија, на српската полиција и на српските паравоени формации. Адеми е обвинет за учество во протерување на Албанци од нивните домови и за убиство на најмалку 12 лица. Тој беше уапсен и држен во притвор до февруари 2000 година, кога избега. Судот одлучи да му ...
Името на младиот програмер Горјан Јовановски, кој лани се врати од Холандија, за првпат би можело да се најде како предлог за советник во Градот Скопје на претстојните локални избори закажани за во октомври. Роковите веќе почнаа да течат. Идејниот творец на популарната апликација за проверка на квалитетот на амбиенталниот воздух „Мој воздух“ и дел од иницијативата Зелен хуман град има јасна визија за развој, која е во основа политичка, но не е ...
Секоја година во месец август, односите меѓу Хрватска и Србија се заладуваат, а претставниците на двете земји разменуваат остри зборови за настан од 1995 година – операцијата на Хрватска војска (НВ) „Бура“, со која беше ослободена територијата што беше под контрола на бунтовничките Срби од Хрватска, со која и ефективно заврши војната во оваа земја. Маријана Стојчиќ, социолог и истражувач на белградскиот Центар за применета историја, смета дека ...