Жена полнела вода од длабокиот и богат бунар прецизно затворен со капак на широка и бујна ливада. Еден ден заборавила да го затвори капакот. До утрото, од бунарот се излеала толку вода, што ливадата и целата околина се претвориле во мочуриште. Следните денови, водата само истекувала и растело нивото, така што веќе никој не можел да ја запре. Така настанало Охридско Езеро во Македонија. Така барем вели еден од митовите. Фантазмагорична Црна ...

Нема медицинска логика во рестриктивните мерки за граѓаните што не се вакцинирани, вели во интервју за БИРН професорот на Медицинскиот факултет и микробиолог, Никола Пановски. Од следниот понеделник, во отворените делови на рестораните и на објектите каде што присуствуваат повеќе од 30 лица ќе може да влегуваат само тие што имаат потврда (сертификат) дека примиле барем една доза од ковид-вакцините. Истото важи и за друг тип настани на ...

Додека во мај 1992 година водел радиоемисија во Приедор, град во северозападна Босна и Херцеговина, во кој што се родил и израснал, Резак Хукановиќ првпат го слушнал звукот на граната што паѓа. Слушајќи ги извештаите од другите градови во Босна и Херцеговина, тој се надевал дека војната наскоро ќе заврши. Но, во војната, која наскоро се проширила и во Приедор, Резак и неговиот малолетен син, на 30 мај биле уапсени во семејниот дом и однесени ...

Небојша Павковиќ, лево, и Владимир Лазаревиќ, десно, во 2011 година присуствуваа на воена вежба во Пирот, Србија. Фото: Бета Одлуката на собранието на Пантелеј, општина во Ниш, најголемиот град во јужна Србија, да го прогласи осудениот воен злосторник, Владимир Лазаревиќ, за почесен граѓанин, не е изненадувачка и е дел од „ситната политичка игра“ на владејачката партија, велат за БИРН активисти на невладини организации. Денес пензионираниот ...

Лулзим Адеми, Албанец од Митровица, во 1999 година беше обвинет дека како парамилитарец, извршил воени злосторства над цивили, дејствувајќи во соработка со припадници на Војската на Југославија, на српската полиција и на српските паравоени формации. Адеми е обвинет за учество во протерување на Албанци од нивните домови и за убиство на најмалку 12 лица. Тој беше уапсен и држен во притвор до февруари 2000 година, кога избега. Судот одлучи да му ...

Името на младиот програмер Горјан Јовановски, кој лани се врати од Холандија, за првпат би можело да се најде како предлог за советник во Градот Скопје на претстојните локални избори закажани за во октомври. Роковите веќе почнаа да течат. Идејниот творец на популарната апликација за проверка на квалитетот на амбиенталниот воздух „Мој воздух“ и дел од иницијативата Зелен хуман град има јасна визија за развој, која е во основа политичка, но не ...

Секоја година во месец август, односите меѓу Хрватска и Србија се заладуваат, а претставниците на двете земји разменуваат остри зборови за настан од 1995 година – операцијата на Хрватска војска (НВ) „Бура“, со која беше ослободена територијата што беше под контрола на бунтовничките Срби од Хрватска, со која и ефективно заврши војната во оваа земја. Маријана Стојчиќ, социолог и истражувач на белградскиот Центар за применета историја, смета ...

Две недели по победата на хрватската војска во операцијата „Бура“, спроведена на почетокот на август 1995 година, со што практично заврши војната во Хрватска, претседателот, Фрањо Туѓман, ги собра државните функционери во претседателската палата во Загреб, за да разговараат за неговите следни политички потези и за новата стратегија за промовирање на неговата партија, Хрватската демократска заедница (ХДЗ). „Господа, сакав малку да разговараме, ...

Откако минатата година стапија во сила измените на законот за добивање на хрватско државјанство, конечно почнаа да се решаваат проблемите на хрватските Срби, кои, по распадот на Југославија во 1991 година, не можеа да добијат хрватски документи. Со законските измени се решаваат проблемите на околу 5.000 луѓе, чии родители се Срби од Хрватска, и кои, во времето кога Србија и Хрватска беа дел од Југославија, живееле во Србија кога тие се ...

Извештајот објавен минатата недела од Независната меѓународна комисија за истражување на страдањата на сите народи во регионот на Сребреница помеѓу 1992 и 1995 година, формирана од Владата на Република Српска (РС), дојде до заклучок кој можеше да се предвиди, дека масакрите извршени од силите на босанските Срби, не се геноцид. Заклучокот на Комисијата ги одразува ставовите на политичките лидери на Република Српска (РС), кои ги отфрлија ...

Скопска Апелација на веб-страницата ја објави пресудата со која што ја потврди првостепената пресуда во мегаекспонираниот случај „Рекет“. На 17 од 25 страници, колку што има пресудата, петтемина судии образложиле зошто сметаат дека Катица Јанева и Бојан Јовановски се виновни за кривичните дела кои им беа ставени на товар и со кои беа осудени на седум, односно девет години затвор. За судиите постапката е законита, а фактите правилно биле ...

Повторената постапка за избор на нови членови во советите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (АВМУ) и на Македонската радио-телевизија (МРТ) ќе го почека крајот на летото, иако, по сѐ изгледа, тешко дека и тогаш ќе се направи некаков исчекор. „По одморите, по 20 август очекувам да ја свикам првата седница за избор на нови членови, по што ќе следат јавна расправа и изборот“, вели во изјава за БИРН, Костадин Костадинов, претседател ...

Иако поминаа повеќе од две децении, откако со војна се одвои од Србија, Косово сè уште се бори да добие сопственост на над 160 имоти низ поранешна Југославија. Досега се покренати постапки за два имоти во соседна Црна Гора, поточно во општина Будва, со вкупна површина од околу 37.500 квадратни метри. Иницијативата ја предводи Косовската агенција за приватизација (КАП), но институцијата се соочува со предизвик, со оглед на тоа што од седумте ...

Гојко Кнежевиќ, го поминал најголемиот дел од својата новинарска кариера, истражувајќи го масакрот што се случил уште пред тој да биде роден. Убиствата на луѓето извршени пред повеќе од 70 години во селото Велика, северна Црна Гора, каде денес живее и самиот Кнежевиќ, го прогонуваат долго време. Според историчарите, околу 550 српски жители на селото Велика, биле масакрирани за време на нацистичката СС операција Драуфгенгер, спроведена на 28 ...

Судбината сакаше истиот ден кога Никола Груевски стана слободен граѓанин на европска Будимпешта, неговиот братучед и човекот обвинет за второто „Големо уво“ да заврши во Шутка. Порталите пренесоа дека ќе ја дели ќелијата со уште неколку смртници, во обид што посликовито да го доловат падот на моќникот. По Фејсбук и по кафулињата во скопско Дебар Маало, каде што не ја есапат кармата при политичките анализи, цинично се коментира дека Мијалков е ...

Споменикот во Срб, подигнат во знак на сеќавање на антифашистичкото востание. Фото: БИРН Српскиот народен совет (СНС) кој ги застапува интересите на српската заедница во Хрватска, денеска соопшти дека во пресрет на годишнината од антифашистичкото востание кренато во 1941 година, активисти на крајно десничарската Автохтона хрватска партија на правата (А-ХПП), поставиле камп-куќичка во селото Срб, како и симболи на фашистичкото усташко движење. ...

Во септември 1998 година, српските верници последен пат присуствуваа на богослужбата во црквата Света Недела во Брњача, село во општина Ораховац, на југот на Косово. Набргу потоа, започна конфликтот помеѓу српските сили и припадниците на Ослободителната војска на Косово (ОВК), поради што голем број селани заминаа. Повеќе од две децении подоцна, во оваа црква за нов свештеник беше назначен Милан Станојевиќ, а една од неговите први должности ...

Полна сала новинари, кои, седнати еден до друг, се борат да дојдат до прашање. Вакви сцени може да се видат само на старите снимки од прес-конференциите, но не понови од март годинава, кога министерот за здравство, Венко Филипче, најави затворање на училиштата и градинките и кога стана јасно дека работите сериозно ќе се променат. Тоа се случи на 10 март 2020 и од тој момент бројот на заразени, кризните мерки, а подоцна и бројот на починати ...

Најдиректното и недвосмислено влијание на корона вирусот во политичкиот амбиент на земјава може да се согледа преку статусот и рејтингот на министерот за здравство Венко Филипче. Пандемијата директно предизвика негова политичка трансформација од аутсајдер, кој не влезе ниту на кандидатските листи на СДСМ, во човек што доби клучна улога во кампањата и во изборната победа на партијата. Тоа покажа дека македонскиот гласач може да поддржи ...

Една јунска вечер, или подобро кажано доцна по полноќ, упорно ѕвонел мобилниот телефон на Наташа Петровска, која работи како матичен лекар во Шутка. Докторката, нормално, спиела. „Ми се јави член од фамилија на пациентка и ми вели те молам да се јавиш во Брза помош. Тој се јавил и ги информирал дека мајка му не е добро, жената не можела да дише, но од другата страна на телефонот го поучиле оти, сепак, матичниот лекар треба да ја најави ...

Пандемијата го изненади македонското образование, како што поледицата го изненадува автобусот што не е редовно сервисиран. Во најголем дел од случаите, и автобусот што не се сервисира редовно ќе ја заврши работата како и тој што редовно се проверува. На прав и сув коловоз, и двете возила ќе ги превезат патниците безбедно. Но, доволно е еднаш во десет години, временските услови да изненадат и автобусот со лоши сопирачки и со летни гуми да ...

Денот започнува со кафето и со непрочитаните пораки. Неколку од пријателите, неколку за работата, една платена реклама за мебел и – една со многу извичници што алармира дека веднаш мора да се прочита пред да биде избришана од интернетот, бидејќи открива голема тајна скриена од обичните луѓе. Тајната може да биде за „лажната пандемија“, „опасната вакцина“, „светскиот заговор против Доналд Трамп“, „мрачната вистина за елитите (особено популарен ...

Наместо со двотретинско мнозинство, членовите на Советот на Агенцијата за агенција за аудио и аудиовизуелни услуги (АВМУ) и на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТ) да се избираат со најмалку 61 глас од пратениците, предвидуваат промените на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, кои ги предлага владејачкото мнозинство во Собранието. Имено, вчера во Собранието се усвои потребата од носење на законот во скратена постапка. ...

Весниците што земаат државни субвенции добиле нов услов од државата – во втората половина од годинава ќе треба да ѝ достават извештај на Владата за искористеноста на парите од помошта, информираат за БИРН од „Илинденска“ бр. 2. Новиот услов е додаден при последната распределба на субвенциите, во декември 2020 и тој не постоеше претходните две години. „Програмата за помош на весниците е дополнета за да нема повеќе шпекулации дека критериумите ...

Објаснувајќи како не може да биде купен дури и ако некој го плаќа, новинарот Зоран Божиновски, овозможи како низ клучалка да се ѕирне во паралелната информативна сцена во Македонија. Многу се зборува за оваа сфера, во која се делат пари на рака во замена за објавување содржини, а се зборува и за нејзината испреплетеност со мејнстрим медиумската сцена. Но, ова е прво јавно признание дека политичар, во случајот премиерот Зоран Заев, финансиски ...

За момент, на самиот почеток од пандемијата, се чинеше дека опасноста од вирусот ќе доведе до промена на обрасците на однесување. Длабоко поларизираната земја ја помина последнава деценија во постојани политички превирања. Масовни протести, објавување прислушувани телефонски разговори, претседателски помилувања, нов бран протести, високонаелектризирани избори, повторно нови протести што ескалираа со влез на насилната толпа во Собранието. Сево ...

„Активната транспарентност е најсилниот непријател на лажните вести и дезинформациите“ Зоран Заев, 2019 Речиси и да не е никаков предизвик да се наредат изјави и фалби на актуелните ни министри и уште поактуелниот премиер за тоа колку се тие транспарентни и отчетни кога станува збор за трошење на буџетските пари, па да се констатира степенот на несогласување со реалноста, разочараност, цинизам и малодушност што тие ги предизвикуваат на дневна ...

Беше ноември 2017, кога членовите на Советот на јавни обвинители расправаа кој да биде идниот државен обвинител. Во записникот од седницата, тогашни и актуелни членови ги опишуваа кандидатите: за еден рекоа дека „се рекламирал себе на телевизија“, дека е „негативен“, трет дека е „дрзок“, четврти дека е „безобразен“… Дискусија за професионалнaта работа на кандидатите (особено за број и сложеност на предмети, претставки…) речиси и да немало, а ...

Откако Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) деновиве откри дека штетно отпадно масло што е забрането во Европската Унија се увезувало во земјава како мазут и се користело во големи индустриски капацитети и во јавни објекти, повторно се отвори прашањето кој колку го загадува воздухот во нашите градови, колкав е уделот на секоја група загадувачи и кој треба да понесе најголема одговорност за лошата состојба што се провлекува со години. ...

„Избирате партиски кадар во независното судско тело што треба да гарантира независност на целиот судски систем“, говореше Цветанка Иванова на седницата од 20 април 2010 година, кога се избираше член на Судскиот совет од редот на истакнатите правници. Иванова тогаш жестоко противејќи се предложениот кандидат да биде член на Судскиот совет, рекла оти не нашла „ништо што го прави истакнат“. Единаесет години подоцна, Иванова, која е долгогодишен ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
52%
1007
weather icon

Белград

18ᴼ / 15ᴼ
3.6
63%
1003
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
94%
1000
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
63%
1009
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.13
74%
1006
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
97%
1002
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
65%
1009
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
63%
1008
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
68%
1007
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
1.34
54%
1005
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
87%
1002
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 14ᴼ
2.06
48%
1009
Currency

61.6417

Currency

52.9053

Currency

70.7501

Currency

38.0585

Currency

38.4874

Currency

67.3773

Currency

7.79601

Currency

0.72213

Currency

0.33373

Currency

0.52486

Currency

1.16149

Currency

0.55145

Сребро

2542.61

Бакар

12.80

Калај

59.08

Платина

64237.19

Цинк

0.00

Родиум

320703.70

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.61

Злато

146959.62

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Паладиум

45332.55