Југословенската народна армија, потпомогната од српските сили на територијалната одбрана и паравоените формации од Србија, на 25 август 1991 година, започна целосен напад на Вуковар, град во источна Хрватска, со што започна опсадата која траеше 86 дена, во која, пред да се предадат, смртно настрадаа околу 3.000 војници и цивили. Кога започна опсадата, многу жители на градот, особено жени, деца и постари лица, од гранатирањето, тенковскиот оган и ...

Русите избираат меѓу четири типа вакцини во Хрватска | Фото: Министерство за здравство на Хрватска Руси патуваат во Хрватска за да примат вакцини одобрени од Европската Унија бидејќи во својата земја можат да примат само Спутник, која не е признаена од ЕУ и од други земји. Вакцините во Хрватска се бесплатни и руските туристи може да изберат меѓу четири типа – Фајзер, Модерна, Астра Зенека, како и Џонсон и Џонсон, од која се прима само една ...

Фото: Пол Лоу „Внимавај, снајпер“ е називот на мултимедијалната изложба која преку фотографии, истражување на архивите на Хашкиот трибунал, изјави на сведоци и 3Д моделирање, ја документира воената опсада на Сараево. Изложбата ќе биде отворена утревечер, во Историскиот музеј на Босна и Херцеговина. Изложбата е заснована на истражувањата на Пол Лоу, наградуван фотограф кој живее во Сараево, кој известувал за војната во БиХ и чии дела, ...

Чешката Комунистичка партија конечно остана надвор од парламентот на земјата, 32 години oд падот на нејзиниот тоталитарен режим, откако не освои ниту едно место на парламентарните избори во октомври. Во Словачка, на комунистите им одеше многу послабо по Кадифената револуција на 17 ноември 1989 година, ден што се слави како национален празник во двете држави. Сепак, анкетите покажуваат дека во двете земји, а посебно во Словачка, носталгијата кон ...

Муралот на осудениот воен злосторник, Ратко Младиќ, сè уште стои на една една од станбените згради во Градишка, град во северна Босна и Херцеговина, во близина на границата со Хрватска. На цртежот Младиќ салутира во воена униформа на Војската на Република Српска (ВРС). Овој мурал е сличен на оној што последниве денови предизвика низа протести на граѓанските активисти во Белград. Муралот, во обид да биде уништен, беше погоден со канта бела ...

Бугарскиот претседател Румен Радев е најголемиот фаворит за победа на претседателските избори што ќе се одржат на 14 ноември, заедно со повторените парламентарни избори откако претходните што се одржаа во април и во јули, на кои никој не победи. Една анкета предвидува дека Радев ќе добие 56 проценти од гласовите и ќе биде реизбран. Според истражувањето на Сова Харис објавено на 5 ноември, главниот конкурент на Радев е Анастас Герџиков со ...

Цела седмица сите се фокусираа на погрешниот пратеник Реџепи. Новото парламентарно мнозинство не го урна Скендер Реџепи-Зејд од партијата Алтернатива, пратеникот кому му пречеше друштвото на Левица во иницијативата за уривање на власта. Новото парламентарно мнозинство го урна Кастриот Реџепи, народниот избраник од БЕСА. Тој вчера не се појави на седницата за гласање недоверба на владата. Неуспешен старт на седницата | Фото: БИРН/В.А. Бргу откако ...

„Муралот мора да падне“, напишаа активистите во вторникот на протестот во центарот на Белград, организиран поради апсењето на активистките, Аида Ќоровиќ и Јелена Јаќимовиќ, кои фрлаа јајца на муралот на Ратко Младиќ, насликан на ѕидот на една станбена зграда во српскиот главен град. Полицијата тој ден го чуваше муралот, бидејќи Министерството за внатрешни работи на Србија забрани јавни собири покрај него, откако невладината ...

Има уште само едно празно место на ѕидот со портрети од поранешните градоначалници во салата за состаноци во бараките на Град Скопје. Дали тоа ќе биде пополнето само за четири или можеби за повеќе години со сликата на новата градоначалничка Данела Арсовска, во добар дел ќе зависи од јавниот превоз. Тоа е големата тема што Арсовска ја донесе со себе на функцијата – бесплатен јавен превоз со нови еколошки автобуси и без „бас рапид ...

„Командантот нареди центарот за врски повеќе да не прима повици“, стои во забелешката внесена на 09.11.2001 година во 17.10 часот во дневникот на центарот за комуникации во Кула, штаб на Единицата за специјални операции (ЕСО) на ДБ. До тогаш, ситуацијата во штабот на ЕСО веќе била напната: командантот Душан Маричиќ Гумар ги собрал своите помошници и им рекол дека донел одлука единицата да помине во состојба на „протест“ и ...

Фото: БИРН. Ѓорѓо Жујовиќ, член на Социјалдемократската партија на Србија, денеска фрли канта боја врз муралот на Ратко Младиќ, насликан на ѕидот на една станбена зграда во Белград, и покрај континуираните напори на полицијата да го заштити. Жујовиќ изјави оти муралот со кој му се оддава почит на Младиќ „претставува дамка на образот на секој граѓанин на Србија, без разлика на кој народ му припаѓа, која е неговата вера или политичка ...

Хајра Ќатиќ. Фото: БИРН. Во Сараево денеска почина Хајра Ќатиќ од здружението „Жени на Сребреница“, потврди за БИРН потпретседателката на здружението, Нура Беговиќ. Чатиќ била сместена во болница во Сараево, поради проблеми со срцето. Таа почина без да ги пронајде останките на својот син, кој исчезна за време на масовните убиства на Бошњаците во 1995 година извршени од страна на силите на босанските Срби, предводени од Ратко Младиќ. ...

Муралот на Ратко Младиќ, со пораката: „Генерале, ѝ благодариме на твојата мајка“. Фото: Н1. Младинската иницијатива за човекови права (МИЧП), невладина организација со седиште во Белград, поднесе тужба против српското МВР, откако овој орган одлучи да им забрани на активистите да организираат собир за отстранување на муралот на воениот генерал на босанските Срби, Ратко Младиќ, насликан на ѕид од станбена зграда, во главниот град на ...

Бев сама во мојата куќа со моите деца. Мојата најмлада ќерка тогаш имаше една, а најстарата три години. Тие беа присутни таму и беа сведоци на моето силување“. Со овие зборови, Шухрета Тахири-Сулејмани, се присетува на моментот во април 1999 година, кога за време на војната во Косово, српски војници, со покриени лица, влегле во нејзината куќа и ја силувале, додека нејзините две ќерки гледале. „Од тој ден престанав да готвам пилешко. ...

Партијата за живот без ограничувања смета дека во вакцините има чипови Хаџи Али Озхан, адвокат и нотар во турската провинција Кириккале во Централна Анатолија, изјави дека се поднесени документи до Министерството за внатрешни работи за формирањето нова антиваксерска политичка партија наречена Партија за живот без ограничувања. Озхан за турскиот дневен весник „Созчу“ рекол дека партијата се противи на присилните интервенции за ...

Советот за безбедност на ООН, во средата гласаше за продолжување на мисијата на ЕУФОР во Босна и Херцеговина за уште една година, но Русија ја доби битката околу текстот на резолуцијата, што аналитичарите го опишуваат како загрижувачки развој на настаните. Продолжувањето на мандатот на ЕУФОР се сметаше за клучно за стабилноста на Босна и Херцеговина, поради растечката политичка и безбедносна криза во земјата. Силите на ЕУФОР се распоредени за да ...

Го видов само еднаш – на суд. Но, ги следев резултатите од неговата работа во коски и гробови. Сретен Лукиќ, за време на војната 1998-1999 началник на српското Министерство за внатрешни работи за Косово, минатиот месец беше предвреме ослободен. Тој се врати во Србија откако отслужи две третини од својата 20-годишна затворска казна за убиства, прогон, депортации и присилно преместување, како злосторства против човештвото. Хашкиот трибунал ...

Резултатите од гласањето и прославите на партиите и на кандидатите беа речиси единствените медиумски содржини поврзани со локалните избори што привлекле поголемо внимание од публиката во изминатите месец и половина, од почетокот на кампањата пред првиот круг до заклучувањето на резултатите по вториот. Ова го покажуваат алатките за следење на реакциите на корисниците на социјалните мрежи кон различните содржини што ги објавуваа најгледаните и ...

Неколку дена пред гласањето в недела, партиите и кандидатите отвораат националистички теми и водат црна кампања, прават бизарни „пи-ар“ потези, ветуваат од „ракав“, а некои од нив – не се тоа малку кандидати, се натпреваруваат во дисциплината „Маестрално непознавање на основните ингеренции на локалната власт“. Прашање на време беше кога на лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе му здодеат зелената агенда и ...

Еден купувач рече дека го барал лекот за дете, а друг дека му треба за постар човек, кој веќе зема многу лекови за други болести. Двајцата бараа „ивермектин“, лек наменет за отстранување паразити кај животните и кај луѓето, кој теоретичарите на заговор и антиваксерските групи го промовираа како средство против ковид-19. „Сакам да знам дали може да се земе „ивермектин“ превентивно и на кој начин. Ви благодарам за ...

Постизборната плима полека се повлекува, но партиите и кандидатите на големо подготвуваат терен за „втората рунда“ изборен мегдан. Во меѓувреме, ревизорите и антикорупционерите ги читаат извештаите што ги добија од учесниците на изборите за примени донации од 11-от ден до завршувањето на кампањата. Ако првата половина од кампањата генерално помина со впечатокот дека на партиите им снемуваат кампањски донатори, во втората половина, ...

Во Вишиот суд во Белград, денеска беше одложено закажаното рочиште на судењето на 11-те припадници на ВЈ, кои се обвинети за воени злосторства извршени во четири косовски села, во мај 1999 година, така што со ова, поминуваат цели две години без одржана расправа во овој предмет. Доцнењето настана затоа што судот не успеа да воспостави видеоврска со затворот во Германија, каде Зоран Рашковиќ, сведок во овој случај, издржува казна. Вториот сведок ...

Го сметаат за премачкан со сите партиски бои. На еден од последните митинзи му беа посветени „неколку минути“ во говорот на премиерот во оставка, Зоран Заев, кој на два дена пред изборите, на сопартијците и поддржувачите им велеше оти сè може да разбере, но не и тоа Стевчо Јакимовски да биде градоначалник на Карпош. Првиот громовец, пак, заедно со присутните, синоќа не се одлепи од големиот екран кога пристигнуваа резултатите ...

„Вечерва ќе го запалиме плоштадот“, велеше симпатизер на СДСМ пред вратата на партискиот изборен штаб во Куманово, убеден уште во 19.04 часот дека, според излезноста на изборите за градоначалник и според местата каде што луѓето најмногу излегле, неговата партија и кандидатот Оливер Илиевски ќе однесат убедлива победа и ќе направи голема прослава. Само еден час подоцна, луѓето од владејачката партија сфатија дека раната еуфорија им ...

Александар Вучиќ Фото:predsednik.rs Вучиќ ги отфрли тврдењата дека учествувал во воено злосторство во Хрватска во 1991 година, откако хрватски весници објавија дека сведок во судски процес за воени злосторства, изјавил дека Вучиќ му се заканувал со смрт. Вучиќ за медиумите во Белград изјави дека во седумдесеттите и осумдесеттите години, како дете и тинејџер, неколку пати престојувал во Хрватска, но не и во 1991 година. Тој додаде дека за време ...

„Ништо не направи. На почетокот асфалтираше два булевари и ја снема“, вака вчера тетовци раскажуваа за работата на веќе поранешната градоначалничка Теута Арифи. Се разбира дека Арифи направила и по нешто друго во изминативе осум години, меѓутоа ова чувство на граѓаните е математичката разлика од ветуваното европско Тетово и овој град што денес тоне во отпад и во урбанистички и сообраќаен хаос. Теута Арифи, во 2013 година се ...

Тешките обвинувања и оцрнувања на кандидатите, најавите за крупни промени во државниот врв и за потреси на политичката сцена со ново парламентарно мнозинство се доминантниот наратив во пресрет на вториот круг од локалните избори, покажуваат податоците од алатките за следење на активностите на социјалните мрежи. Овие теми речиси целосно ги заменија зелените агенди, кои на големо се промовираа во пресрет на првиот круг и на моменти наидуваа на ...

Насловите во српските таблоиди по објавувањето на фотографијата на Петровиќ, во кои нејзината постапка е оценета како „скандал“. Валентина Петровиќ во вторникот се извини и се повлече од изборот за Мис Интерконтинентал, откако српските медиуми бурно реагираа на нејзината фотографија објавена на Инстаграм, на која таа со натпреварувачките од Косово, Црна Гора и од Албанија, со рацете прикажува двоглав орел. „Република“, ...

Хашим Тачи . Фото: ССК/Скриншот. Апелацискиот совет на Специјализираните совети на Косово – ССК вчера го одби барањето на Тачи, за условно ослободување од притвор, со образложение дека сѐ уште постои можност тој да избега. Тачи во својот поднесок истакнува дека судијата за претходна постапка згрешил кога заклучил дека тој сѐ уште има значајна улога, влијание и авторитет на Косово. Тој нагласи дека сега е во најслаба позиција во неговата ...

Многу подобар јавен превоз што ќе влијае драстично да се намалат сообраќајниот хаос и загадувањето во Скопје, развој на запоставените делови од главниот град и многу, многу екологија. Овие се темите околу кои се испреплетени главните ветувања на кандидатите за Скопје што влегоа во вториот круг од изборите, актуелниот градоначалник Петре Шилегов од владејачкиот СДСМ и независната кандидатка Данела Арсовска поддржана од најголемата опозициска ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1022
weather icon

Белград

11ᴼ / 8ᴼ
3.09
61%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
71%
1011
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1023
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
0.34
70%
1019
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
2.68
82%
1011
weather icon

Атина

16ᴼ / 12ᴼ
0.89
81%
1020
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
66%
1020
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1021
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
93%
1019
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
6.17
73%
1010
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
100%
1022
Currency

61.6117

Currency

52.938

Currency

69.9543

Currency

34.9481

Currency

38.006

Currency

66.3931

Currency

7.45725

Currency

0.66132

Currency

0.34783

Currency

0.5252

Currency

1.26148

Currency

0.59829