Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Првото одложено судење за случајот со запленетиот тон марихуана | Фото: БИРН Тивко и далеку од дневната предизборна врева, на шестиот кат во Кривичниот суд, на 28 септември требаше да почне првото судење за обвинението за запленет тон марихуана во кавадаречко Сопот од април 2020. Една и пол година откако случајот одекна во јавноста како успешна заплена, за потоа да се заплетка во различно толкување од полицијата и од обвинителството дали станува ...
После последната рунда преговори меѓу српските и косовските официјални претставници, одржана во Брисел овој месец, преговарачите, како што беше објавено, се согласиле да ги отворат своите воени архиви, за да се утврди каде се наоѓаат над 1.600 луѓе, кои сѐ уште се водат за исчезнати во војната во Косово. Шефот на косовската делегација и потпреседател на Владата на Косово, Бесник Бислими, изјави оти од Србија побарал да ги отвори своите воени и ...
Кога архитектот Даниел Серафимовски, во 2016 година ја поставувал својата скулптура „Помеѓу две страни – дивоградба“, во близина на Музејот на современа уметност на скопско Кале, дошле градежни инспектори да проверат што се случува. Музејот морал да објаснува дека тоа не е вистинска дивоградба, иако е направена во форма на куќарка од тули, туку дел од нивниот проект „Скулптурално“, со кој повеќе уметници поставиле свои инсталации на различни ...
Почеток на премиерата на документарниот филм за 125-тата моторизирана бригада на ВЈ, во Белград. Фото: mod.gov.rs. Министерството за одбрана на Србија, во Белград прикажа филм за сега веќе распуштената 125-та моторизирана бригада на ВЈ, во знак на сеќавање на 40-годишнината од нејзиното основање, и покрај наводите дека бригадата била вмешана во воени злосторства, за време на конфликтот во Косово. „Иако 125-тата моторизирана бригада беше ...
Одејќи несигурно и со големи напори потпирајќи се на патериците, Мухамет Лани, едвај успева да седне на маса во малото кафуле во близина на неговата куќа во Обилиќ. Тој се фаќа за масата, а рацете му треперат од лутина, додека зборува за својата влошена здравствена состојба. „Од минатата година имам потешкотии при одењето, а корона вирусот дополнително ми ја влоши состојбата“, вели 71-годишниот Мухамет за БИРН. Она што најмногу го загрижува, ...
Локалните избори се време кога функционерските чевли се среќаваат со правливите патишта, градилишта и недовршената инфраструктура. И оваа година, како по традиција, тие чевли излегуваат од службените канцеларии и од свечените салони три-четири месеци пред да почне официјалната предизборна кампања. Без разлика дали станува збор за државни проекти низ земјава, локални проекти на општините, заеднички зафати на централната и локалната власт, или, ...
Сакиб Махмуљин. Фото: БИРН. Обвинителството побара од Судот на Босна и Херцеговина во Сараево, да му ја зголеми казната од 10 на 20 години затвор на Сакиб Махмуљин, кој беше осуден за неспречување на припадниците на одредот „Ел-Муџахидин“ да измачуваат и убиваат српски затвореници во областите Возуќа и Завидовиќи. Одбраната побара да се укине пресудата и Махмуљин да биде ослободен или повторно да му се суди. Во обвинението се наведува дека ...
Апликација ТикТок Фото:БИРН Би сакале да ги слушнеме родителите и наставниците кои се подготвени да го споделат своето искуство со нас за да ни помогнат во претстојноо истражување за безбедноста на децата и младите тинејџери што користат TikTok. Подолу ќе најдете повеќе информации за тоа како да учествувате. Клучните работи што сакаме да ги знаеме: Нема да објавуваме документи или имиња без претходна согласност и не планираме да користиме ...
Фото: Mеморијален центар Сребреница-Поточари Во Меморијалниот центар Сребреница-Поточари, е отворена изложба со наслов „Чекори на оние кои (не)поминаа“, на која се изложени лични предмети на луѓето убиени од силите на босанските Срби во јули 1995 година, како и предмети во сопственост на преживеаните. Кустосот, Азир Османовиќ, објаснува дека дел од предметите биле пронајдени на патот помеѓу Сребреница и Незук, по кој се движела колоната на ...
Салих Мустафа и неговиот адвокат, Јулиус фон Боне, во судница. Фото: ССК/Скриншот На судењето на поранешниот командант на единица на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Салих Мустафа, обвинет за незаконско затворање и мачење на затвореници во 1999 година, првиот сведок изјави дека бил тепан, додека не ја изгубил свеста. Мустафа е обвинет за учество во убиства, тортура, сурово постапување и произволен притвор на цивили, дела извршени во април ...
Центарот на Вуковар | Фото: Ања Владисављевиќ Апелацискиот суд во Белград, им додели отштета од 6.000 до 8.000 евра на членови на три семејства на жртви, кои биле убиени од српските сили на фармата Овчара, кај Вуковар, Хрватска, во 1991 година. Активистите за човекови права сметаат дека висината на отштетата е несоодветна. Фондот за хуманитарно право (ФХП) денеска соопшти дека висината на надоместокот за семејствата на жртвите убиени од српските ...
Судот на БиХ | Фото: БИРН Радослав Брѓанин, од затворот во Данска, каде што ја издржуваше казната затвор, е префрлен во притворската единица на Обединетите нации во Холандија, бидејќи, иако според законот тој ги исполнува условите за предвремено ослободување, Механизмот за меѓународни кривични трибунали (ММКТ) сѐ уште не донел одлука, дали да го ослободи. Од ММКТ соопштија дека Радослав Брѓанин, кого Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна ...
Кога поранешниот полициски функционер, Един Врањ, минатиот викенд беше уапсен при влез во Србија, под сомнение дека извршил воени злосторства над воени затвореници за време на конфликтот во БиХ 1992-1995, дел од официјалните претставници на БиХ реагираа луто. Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина во вторникот издаде соопштение за јавноста, во кое ги повикува „сите државјани на Босна и Херцеговина, кои на кој било начин биле ...
Судот на БиХ | Фото: БИРН Судот на Босна и Херцеговина му достави на БИРН список со 41 недостапно лице, против кое во моментов се води судска постапка пред овој суд и по кои е распишана меѓународна потерница, од кои многумина живеат во соседна Србија. На списокот има неколку осомничени за геноцидот врз Бошњаците од Сребреница, извршен во 1995 година од страна на силите на босанските Срби, меѓу кои е и поранешниот министер за внатрешни работи на ...
Во согласност со планот да се даде глас на жртвите во предметите на воени злосторства, на првото судење пред Специјалниот суд, во случајот против поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Салих Мустафа, застапничката на жртвите истакна дека наводните жртви на ОВК биле заплашувани, со цел да се замолчат. Во воведниот говор, на рочиштето на првото судење одржано вчера во Хаг, застапничката на жртвите пред ССК посочи дека ...
Фоча | Фото: БИРН Полициските службеници го уапсија Радован Вељовиќ, поранешен припадник на Војската на Република Српска (ВРС), поради сомнение дека извршил силување и сексуална злоупотреба во 1992 година, во областа на Фоча, Босна и Херцеговина. „Осомничениот е под истрага на Обвинителството на БиХ и се товари за сторено кривично дело злосторства против човештвото, кои ги извршил во областа на Фоча во 1992 година, во својство на припадник на ...
Салих Мустафа и неговиот адвокат, Јулиус фон Боне, во судницата за време на денешното рочиште | Фото: ССК / скриншот Судењето на поранешниот командант на единица на ОВК, Салих Мустафа, започна денеска пред ССК по обвинението кое го товари за убиство, тортура, сурово постапување и произволно лишување од слобода, дела извршени во април 1999 година, за време на војната во Косово. „Денешниот ден е пресвртница за оваа институција и за нашата работа“, ...
Салих Мустафа е првиот човек на кого му се суди пред Специјализираните совети на Косово (ССК), за наводни злосторства извршени за време на војната 1998-1999 година, над две децении откако го положи оружјето по борбата против режимот на Слободан Милошевиќ. По завршувањето на војната, Мустафа работи за разузнавачките служби на Косово и не привлекува големо внимание, но неговото судење, кое започнува денеска, најверојатно ова ќе го смени. За време ...
„Наставничке, кај мене ова не работи“. Обидот во паралелката од четврто одделение во едно скопско училиште да се испробаат сите карактеристики на новите дигитални учебници – пристап до видео и аудиосодржини, квизови и други алатки, завршил со различна успешност за секое дете. Родителка раскажува дека учениците носеле електронски уреди од дома, најчесто таблети. Но, бидејќи секое имало уред со различен квалитет, некои понови и посилни, други ...
Борисав Јовиќ. Фото: Н1 Борисав Јовиќ, претседател на Претседателството на СФРЈ на почетокот на војните во 90-тите години и еден од најблиските соработници на Слободан Милошевиќ, почина во Белград на 92-годишна возраст. Јовиќ, еден од последните претседатели на Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) пред нејзиниот распад, клучен сојузник на Милошевиќ и водечка фигура во неговата владејачка Социјалистичка ...
Аудиовизуелната архива на Хашкиот трибунал. Фото: МКТЈ Младинската иницијатива за човекови права Србија (МИЧП Србија) и Младинската иницијатива за човекови права Косово (МИЧП Косово), ги повикаа властите на двете земји, да ја објават содржината на договорот за отворање на тајните архиви, кој наводно бил склучен за време на преговорите во Брисел минатата недела. Двете невладини организации нагласија дека „бараат преговарачките тимови од Белград и ...
Припадник на граничната полиција на Србија. Фото: mup.gov.rs Поранешниот висок функционер на полициската управа во Федерацијата Босна и Херцеговина, Един Врањ, беше уапсен во неделата во Србија, под сомнение дека извршил воени злосторства над воени затвореници, за време на босанскиот конфликт. Од Обвинителство за воени злосторства (ОВЗ) на Србија, за БИРН денеска изјавија дека Врањ е „обвинет за сторено кривично дело, воени злосторства над воени ...
Чајниче | Фото: Mарио Иличиќ/БИРН Обвинителството на Босна и Херцеговина никогаш не побарало случајот против Душко Корњача, обвинет за воени злосторства во областа на Чајниче, за време на конфликтот во БиХ, да му биде префрлен на судството на Србија, каде обвинетиот денес живее и работи во клинички центар. БиХ претходно распиша потерница по Корњача, кој е обвинет за планирање и давање наредба за прогон на несрпското население во општината ...
Комеморацијата во Грабовица | Фото: ХДЗ БиХ Пред спомен-обележјето подигнато во знак на сеќавање на жртвите, босански Хрвати, убиени во Грабовица, крај Јабланица, за време на војната во БиХ, вчера беа положени венци и одржана миса, со што беше одбележана 28-годишнината од масакрот во ова село. „Веќе 28 години чекаме, на еден примерен и достоинствен начин, сѐ она што беше жртвувано во БиХ, а особено овде во Грабовица, да ни олесни за понизни да ...
осовската влада неодамна најави иницијатива за формирање на работна група за транзициска правда, во обид, како што рече премиерот Албин Курти, да се дојде до „соочување со минатото“. Меѓу другото, работната група дискутираше и за концептот на негување на „колективното сеќавање“, за идните генерации да не заборават што се случило во Косово, за време на војната во 90-тите години. Што може да биде погрешно во таквите, навидум, добронамерни обиди, ...
Скриншот на објавата на Фејсбук на општина Неготин, која подоцна беше избришана Општина Неготин на својата официјална Фејсбук страница, објави дека вечерва ќе се одржи промоција на новата книга, „Ова е моја земја, тука јас командувам“, од осудениот воен злосторник, Веселин Шљиванчанин. Овој настан ќе се одржи во паркот на општината, иако првично беше планирано да се одржи во Народната библиотека „Доситеј Новаковиќ“ во Неготин, што беше ...
Боро Милојица и останатите обвинети, со своите адвокати, на првото судење. Фото: Суд на БиХ Бранителот на Милојица, Ранко Дакиќ, за БИРН изјави дека Апелацискиот совет на Судот на Босна и Херцеговина, ја отфрлил жалбата со која се бараше намалување на казната од 20 години затвор. Милојица, поранешен припадник на 6-от љубиски баталјон на ВРС, беше осуден во октомври 2020 година за повеќекратни убиства на цивили во селото Хамбарине, во областа на ...
Претседателот на општина Никшиќ, Марко Ковачевиќ |Фото: Парламент на Црна Гора Државното обвинителство поднесе обвинение против претседателот на општината Никшиќ, Марко Ковачевиќ, за поттикнување национална, расна и верска омраза, поради неговите изјави во медиумите во кои тој го негира геноцидот врз Бошњаците во Сребреница во 1995 година. „По собирањето на потребните докази, Вишото обвинителство во Подгорица поднесе обвинение, а Вишиот суд во ...
Поранешниот логор Сушица, во Власеница | Фото: БИРН Адвокатот на Гојголовиќ, Миодраг Стојановиќ, изјави денеска за БИРН дека Окружниот суд во Источно Сараево го ослободил неговиот клиент од обвиненијата „поради недостиг на докази“. За време на војната, Гојголовиќ бил член на територијалната одбрана на Власеница, а подоцна и припадник на дринскиот корпус на ВРС. Тој беше суден по обвинение за силување и тепање на притвореничка, во логорот Сушица, ...
Oткако во 2008 година почна да опаѓа моќта на Западот на меѓународно ниво, во Косово еволуираше диспозиција меѓу поранешните сојузници во тандем со нивната повторна проценка на приоритетите на надворешната политика; една од најочигледните манифестации на ова беше нивната решеност да го ограничат зголеменото влијание на Русија на Балканот. За таа цел, западните сили се обидоа да ја охрабрат Србија, во нивната сфера на влијание. Ова значеше дека ...