Заклучно со вчера околу 40.000 граѓани, што имаат 60 или повеќе од 60 години, сè уште не примиле ниту една доза од вакцините против ковид, а изразиле желба за имунизација преку системот vakcinacija.mk, информираат за БИРН од Министерството за здравство. Станува збор за популацијата граѓани што е една од најзагрозените од корона-вирусот, причинителот на болеста ковид-19. Сепак, од Министерството за здравство очекуваат во наредните 15 или 20 дена, ...

Одлуката на Црна Гора за усвојување на парламентарна резолуција за забрана на негирањето на геноцидот во Сребреница, предизвика незадоволство во Република Српска и во Србија, а српските власти побараа и дипломатски одговор. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека усвојувањето на резолуцијата, со која масакрите во Сребреница се признаваат како геноцид, „остава стигма на целиот народ“. „Мене ме интересира, на нашиот народ, а јас сум ...

На 27 јуни 1991 година, на првиот ден од вооружениот конфликт во Словенија, словенечките трупи соборија, како што првично објавија, два „непријателски“ хеликоптери. Едниот беше соборен над населбата Иг, во близина на Љубљана, а другиот над населбата Рошна Долина во Љубљана. Словенија беше прва од шесте југословенски републики, која официјално ја напушти федералната држава. Двата хеликоптери ѝ припаѓаа на ЈНА, но оној што беше соборен над Рошна ...

Гледавме како паѓаат бомбите … и кога ја слушавме сета таа бука, немавме излез, мораше да заминеме …“ Ова се зборовите на Мерсие Камери, 50-годишна Ромка, која скоро половина од својот живот го поминала како бегалец. Камери е родена во Урошевац. Таа, за време на војната во 1999 година, со нејзиниот сопруг и петте деца, побегнала во соседна Северна Македонија, во потрага по побезбеден живот, како и стотици илјади други цивили. „Ни требаше многу ...

Црногорскиот Парламент го разреши министерот за правда, човекови и малцински права, Владимир Лепосавиќ, откако министерот изрази сомнеж во пресудите на меѓународните судови, кои ги класифицираат масакрите во Сребреница, извршени од силите на босанските Срби во 1995 година, како геноцид. Неговата смена беше поддржана од 43 пратеници од опозицијата и од владејачката коалиција, Црно на бело. Другите два владејачки блока, За иднината на Црна Гора, и ...

За повеќето луѓе во Европа, војната во Босна и Херцеговина беше претежно настан кој го гледаа на телевизија; многумина сметаа дека тоа всушност нив не ги засега или дека ништо не може да се стори во врска со тоа. Но, во исто време, имаше десетици илјади поединци во земјите низ Европа, кои решија дека нема да бидат набљудувачи, да следат само што се случува, туку беа решени да направат нешто“. Ова е дел од воведот на новата книга „Солидарноста е ...

Начинот на кој пропадна првиот обид да се суспендираат важечки урбанистички планови отвори сомнежи за подготвеноста и за желбата на властите на сите нивоа, од централни до локални, да се справат со прекумерното градење. Министерството за транспорт и врски и Општина Центар, чии ДУП-ови (вкупно 22) беа предложени за суспензија, се заплеткаа во толкувањето детали и формалности од Законот за просторно и урбанистичко планирање за да утврдат кој е ...

Холандската комисија за надокнада на штета Поточари, денеска, за потенцијалните баратели, ја отвори вратата на својата канцеларија во Сараево, а и нејзината веб-страница е отворена за пријави на членовите на семејствата на луѓето кои беа убиени откако беа земени од базата на холандските мировници на ООН во Поточари, крај Сребреница, во јули 1995 година. Но, некои роднини на жртвите одбиваат да поднесат барање, затоа што се незадоволни од ...

Пријателите и сограѓаните на Горан Ченгиќ, ракометар од Сараево, кој беше убиен во војната 1992-1995, додека се обидуваше да го спаси својот сосед, со задоволство ја дочекуваат 29-годишнината од неговата смрт. Конечно, по долгогодишна кампања, на Ченгиќ ќе му биде оддадено признание, со именување на спортска сала по него, иако се поставува прашањето, зошто целиот овој процес мораше да трае толку долго. Поранешниот ракометен репрезентативец на ...

Kон крајот на минатата година, 93-годишната, Владица Дичиќ, била последната жителка која го напуштила својот дом во Ваганеш, зафрлено село лоцирано во ридските делови на општина Каменица, источно Косово, кое оттогаш е ненаселено и, како и многу други, денеска е ‘село на духови’. Дичиќ е мајка на пет деца. Четри од нив го напуштиле Косово и заминале во Србија во потрага по подобар живот. Кога нејзиниот најмлад син го напуштил селото и заминал во ...

Спортските екипи од Македонија, дали на репрезентативно или на клупско ниво, учествувале на големи натпреварувања и постигнувале успеси. Понекогаш и се качувале на врвот од спортска Европа, како што направија машкиот ракометен клуб Вардар и женскиот Кометал Ѓорче Петров, кога стануваа европски шампиони. На национално ниво, возбудувања предизвикаа настапите на кошаркарската и на ракометната селекција, меѓутоа самиот факт дека фудбалската ...

Поранешниот командант на деветтата брдска бригада на Армијата на Босна и Херцеговина, Незир Казиќ беше осуден на десет години затвор, додека по осум години затвор, добија поранешниот началник за станицата за јавна безбедност во Хаџиќи, Фадил Човиќ, како и управникот на логорот „Силос” (до август 1994 година), Беќир Хујиќ. Командирот на полициската станица Пазариќи, Мирсад Шабиќ, беше осуден на шест години затвор, додека поранешниот управител на ...

Група студенти од Универзитетот во Приштина, протестираа пред незавршениот храм во кампусот, откако еден ден претходно, СПЦ одржа литургија во црквата, која е предмет на спор, уште од нејзината изградба во 90-тите години. Ерблин Хоџа, член на Студентскиот парламент, ги повика косовските институции да одговорат на, како што рече, „провокациите во универзитетскиот кампус“. „Ги повикуваме институциите да го отстранат овој објект од кампусот или да ...

На 11 јуни 2001 година, српскиот весник „Вечерње новости“, објави текст под наслов „Акции во лер“, за проблемите со приватизацијата во сливот на реката Морава. Автор на текстот беше Милан Пантиќ, дописник на „Вечерњи новости“ од Јагодина, град лоциран околу 130 километри јужно од Белград, од каде Пантиќ редовно пишуваше за приватизацијата и корупцијата. Но, додека повеќето читатели го прочитаа овој текст, Пантиќ веќе беше мртов. Тој беше убиен ...

Изрекувањето на пресудата на Ратко Младиќ, помина како што се очекуваше, без изненадувања, освен бранот различни мислења на судијата претседавач. Со оглед на тоа што правниот исход остана во основа непроменет, во однос на првостепената пресуда, нема ништо ново, што може да се каже за тоа. Тоа и не е толку лошо. Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, МКТЈ, и неговиот наследник, Резидуалниот механизам, оставија мешани податоци. ...

Механизмот за меѓународни кривични трибунали (ММКТ) во Хаг денеска му ја потврди казната доживотен затвор на Младиќ, за улогата што тој ја имаше во најлошите злосторства во Европа, по Втората светска војна. Жалбениот совет ја потврди првостепената пресуда со која Младиќ беше осуден за геноцид во Сребреница во 1995 година, за прогон на Бошњаците и Хрватите низ цела земја, за тероризирање на граѓаните на Сараево со гранатирање и снајперски оган за ...

Еден ден пред изрекувањето на конечната пресуда на Младиќ, БИРН објавува фотосторијата која содржи нови фотографии од локациите на логорите и од местата на масовните убиства во војната во Босна и Херцеговина. Фотографиите се придружени со цитати од клучните сведоци, кои сведочеа за тоа што се случило на тие локации, во текот на десетгодишното судење на Младиќ. Фотосторијата „Сцените на злосторствата“, можете да ја погледнете овде. Денис Џидиќ, ...

Откако во понеделникот, на 31 мај, беше откриена нова масовна гробница во општина Калиновик, на локалитетот Добро Поље, Самир Врановиќ, претседател на Здружението на членови на семејствата на исчезнатите лица, „Вистина – Калиновик ’92“, изрази желба да присуствува на ексхумацијата на теренот. Досега, на споменатата локација се ексхумирани посмртни останки од најмалку четири лица, за кои Институтот за исчезнати лица на Босна и Херцеговина (ИИЛ ...

За смртта на Милорад Пелемиш, воен командант на озлогласениот 10-ти диверзантски одред на Војската на Република Српска (ВРС), кој почина во Србија на 23 април, многу се пишуваше, а бројни српски медиуми ги истакнаа, како што напишаа, неговите „херојски“ постапки за време на војна во БиХ. Наводите дека Пелемиш учествувал во геноцидот во Сребреница во 1995 година, беа игнорирани. Но, судовите веќе утврдија дека 10-тиот диверзански одред извршил ...

Кога и да имало телевизиски пренос на некое судење поврзано со геноцидот во Сребреница, Ханифа Ѓогаз го следела, заедно со другите ожалостени мајки на момчињата и мажите убиени од страна на силите на босанските Срби, во масакрите извршени во јули 1995 година. „Тие се поддржуваа една со друга, ја споделуваа својата тага“, вели нејзината ќерка, Разија Хусејновиќ. Членките на здружението „Мајки на Сребреница“, на 8 јуни повторно ќе се соберат во ...

Реткост е шеф на обвинителство да води истраги и да застапува предмети пред суд. Вообичаено, неговата примарна работа е да ја менаџира институцијата. Но, тоа не е случај со шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Tаа е една од највозрасните и најактивни во ова Обвинителство, која во последниве години „спакува“ неколку високопрофилни случаи како „27 април“ и „Рекет“. За разлика од нејзините ...

Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН), денеска, на 3-ти јуни, ја објави првата сеопфатна, интерактивна база на податоци, за масовните гробници од војните во 90-тите години во поранешна Југославија, со што обезбедува нов увид во најголемите операции за прикривање на воените злосторства во Европа, после Втората светска војна. Базата на податоци, Битер Ленд, обезбедува информации на три јазици (англиски, босански/хрватски/српски и ...

Спроти главната автобуска станица во Белград се наоѓа парче од Блискиот Исток – кафулето Месопотамија, препознатливо по предната портокалова фасада. Во него можете да пушите наргиле, да играте табла или да се напиете турско кафе варено на жежок песок. Но, според разузнавачки извори и според сведоштва на бегалци што поминуваат низ Србија кон Западна Европа, Месопотамија нуди и услуга што ја нема на менито. „Отидов таму и оставив пари за ...

„Многу, многу опасен човек“. Со овие зборови, поранешната главна обвинителка на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ), Карла Дел Понте, го опиша бегалецот кој го ‘ловеше’ повеќе од една деценија, за да му се суди за првиот геноцид на европско тло, по поразот на нацистичка Германија. Механизмот за меѓународни кривични трибунали (ММКТ) во Хаг, ќе ја изрече конечната пресуда на поранешниот генерал на ВРС Ратко Младиќ на 8 ...

Милановиќ денеска изјави дека неговата одлука да му ги врати одликувањата на Главаш, има законска основа, иако нему му се суди за наводни воени злосторства. „Главаш го побара тоа, тој испрати барање, затоа што е формално неосудувано лице веќе пет години. Да не ме бараше, немаше да се мешам“, изјави Милановиќ за медиумите. „Ако повторно биде осуден, ќе го продолжам она што го започна (поранешниот претседател Иво) Јосиповиќ“, додаде хрватскиот ...

Жалбениот совет на ММКТ донесе одлука дека конечната пресуда против Младиќ, не треба да се одложува, затоа што еден од неговите адвокати не може да биде присутен во судот. Изрекувањето на пресудата, која доаѓа по постапката водена по жалбата на Младиќ, на првостепената пресуда со која тој беше осуден за геноцид и други злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина, е закажана за 8 јуни. Одбраната на Младиќ побара одложување, ...

Поранешниот политички водач на босанските Срби, Радован Караџиќ, кој беше осуден на казна доживотен затвор за геноцид и други воени злосторства, е префрлен во Велика Британија на издржување на казната, потврди неговиот адвокат, Горан Петронијевиќ. Тој додаде дека во средата кратко разговарал со Караџиќ, по неговото слетувањето во Лондон, но дека нема дополнителни информации за тоа каде точно тој се наоѓа. Во март 2019 година, Механизмот за ...

Пред 26 години, граната истрелана од позициите на ВРС, падна на местото наречено Капија во Тузла, град во централна Босна и Херцеговина, при што загина 71 лице, а над 200 беа ранети. Повеќето од жртвите на нападот извршен на 25 мај 1995 година, беа млади луѓе; најмладата жртва беше две и пол годишниот Сандро Калесиќ. По нападот, некои босански Срби се обидоа нa јавноста да ѝ претстават лажни тврдења, според кои нивните сили не ја испукале ...

Обвинителството на Босна и Херцеговина соопшти дека формирало предмет откако медиумите во оваа земја објавија видеоснимка од документарен филм на францускиот новинар, Филип Буфон, од 1992 година, на која се гледа како снајперист пука во Сараево, за време на опсадата на градот, од страна на силите на босанските Срби. „По објавувањето на видеоснимката на странски новинар, на повеќе портали и медиуми, на која е забележано делување на снајперисти во ...

Курти овој месец изјави оти сака, пред меѓународен суд, да поднесе тужба за геноцид против Србија, две години откако поранешниот претседател на парламентот, Кадри Весели, даде слична најава. Во јуни 2019 година, членовите на парламентот усвоија нацрт-резолуција со која се бара правда за вкупно 186 масакри, што за време на војната во Косово (1998-1999) беа извршени од Војската на Југославија, српската полиција и од паравоените сили, и формирање ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
41%
1015
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
77%
1014
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
49%
1018
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.93
40%
1015
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.51
82%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
34%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
64%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
38%
1015
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
45%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.03
57%
1014
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.17
100%
1015
Currency

61.53

Currency

52.6621

Currency

71.2029

Currency

34.6289

Currency

38.4409

Currency

66.1363

Currency

7.33936

Currency

0.67512

Currency

0.3574

Currency

0.52573

Currency

1.31068

Currency

0.61338

Алуминиум

2.60

Иридиум

145587.08

Кобалт

42.99

Никел

14955.00

Рутениум

25334.79

Калај

33.66

Сребро

1235.37

Злато

107889.86

Бакар

11.22

Паладиум

39095.31

Платина

46919.37

Родиум

183259.26

Цинк

2.74