Изборите завршија, мандатите се поделија. Сега на ред се парите, оние за наплата на фактурите за изборната пропаганда. Скапите секунди на телевизиите и бројот на повторувања на одреден банер на веб-порталите (што се нарекува импресија), за парламентарните партии ќе се исплаќаат директно од буџетот. Во петокот пред да почне изборниот молк за вториот круг, па и во саботата, на 30 октомври, додека траел молкот, медиумите на кои се рекламираа ...

Годината што измина ја обележаа пандемијата, особено трката по вакцини, крупните политички промени и двете големи несреќи, тетовската и онаа во Бугарија, во кои загинаа десетици наши сограѓани. И овие 12 месеци ги следевме актуелните случувања, но се обидовме да актуализираме и други важни теми. Покрај истражувањата, понудивме анализи и репортажи за и околу локалните избори, а во центарот на нашиот интерес беа и случувањата во медиумите. ...

Во кинескиот хороскоп, 2022 е година на водниот тигар, а во македонските очекувања – година на враќање на надежта. Надежта е обединета, пред сѐ, околу посакуваниот крај на пандемијата, кој ќе овозможи премин од тескобното „ново нормално“ кон доброто „старо нормално“. Но, таа желба не важи и за старите политички практики. Јавноста бара ново поведение од луѓето што носат одлуки, но, пред сѐ, реформи во ...

В сабота, пратениците ќе добијат цела „мини-скрипта“ од безмалку 160 страници пред да гласаат за изборот на новата влада. На помалку од 100 страници се биографиите на идните министри, а на 60 програмата за работа на новата влада. Повеќето на страница до две, а само идната министерка за култура на 16 страници. Некои нови „жители“ на Илинденска број 2 не биле прешироки во описите што за себе ги доставиле до пратениците во ...

За петпати помали казни за утврдена клевета и навреда сторени од новинар, уредник и медиум и третирање напад врз новинар како напад врз службено лице, се двете клучни измени што ги предлага власта, а се однесуваат на новинарите. Во пакет со измени на неколку закони, на попладневниот брифинг во Клубот на пратеници, министерот за правда, Бојан Маричиќ, образложи дека предлагаат да се променат и два закони: Кривичниот законик и Законот за граѓанска ...

Доаѓаат со големи најави – дека ќе го прочистат судството, ќе го модернизираат образованието, ќе го зајакнат здравството, ќе го решат управувањето со отпадот, а си одат по една до две години со понекоја почната реформа и со многу незавршени проекти на бироата и во фиоките. Вака изгледа типичниот мандат на македонските владини министри во изминативе 30 години. Откако некој ќе замине или ќе се префрли во друг ресор, доаѓа нов човек, со свои ...

Организациите за заштита на човековите права секаде во светот работат во стари куќи, ни рече Уранија Пировска, долгогодишната извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, пречекувајќи нѐ во белата двокатна куќа во Дебар маало од периодот меѓу двете светски војни, која со години е седиште на организацијата. Нејзината мала директорска канцеларија има одвај половина прозорец од кој се гледаат само ѕидови. Таа гледа многу ...

Кој му јави на министерот за правда како гласале судиите за притворот на Сашо Мијалков, кога, освен нив, друг не би смеел да го знае тоа? На Фејсбук, првиот човек на Правда, директно со име и со презиме повика двајца од тројцата судии во судечкиот совет, Ѓоко Ристов и Енвер Беџети, кои одлучуваа во предметот, да објаснат зошто гласале за ексшефот на тајната полиција да се пушти од притвор за предметот „Трезор“, каде што неправосилно ...

Џими Хендрикс, Вуди Ален, Долорес Ибарури, Марчело Мастројани, Густав Климт, но и скопскиот земјотрес, антифашистичката борба, бруталистичката архитектура, Скопскиот џез-фестивал, Оф-фест, Југославија, различностите, па и есента… Сите овие мотиви му биле инспирација на графичкиот дизајнер и илустратор Зоран Кардула. Тој во интервју за БИРН ја сублимираше 2021 година, додека „друштво“ ни правеа дел од неговите постери, кои ги ...

Новата влада, која на власт во Црна Гора дојде на крајот на 2020 година, со што заврши тридецениското владеење на Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ, во текот на изминатата година се осврна со прашањето за наследството на военото минато на оваа земја, велат експертите. Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, завршува уште една година без отворање на архивираните воени истраги, а отвори само една нова истрага, ...

Иако поминаа три децении од избувнувањето на конфликтот во Хрватска во 1991 година, комеморациите на воените настани и оваа година предизвикуваа контроверзии во и надвор од земјата. Еден од најозлогласените инциденти на Татковинската војна (1991-1995), се случи во Загреб во декември 1991 година, кога хрватската полиција ги уби цивилите Марија и Михајло Зец и нивната 12-годишна ќерка Александра. На двајцата наводни сторители, кои го признаа ...

„Денешниот ден е пресвртница за оваа институција и за нашата работа“, рече обвинителот, Џек Смит, во воведниот збор на првото судење пред ССК, во септември оваа година, на кое како обвинет се појави поранешниот командант на единица на ОВК, Салих Мустафа. Мустафа е обвинет за вмешаност во убиство, тортура, сурово постапување и произволно лишување од слобода, дела извршени во април 1999 година, за време на војната во Косово. Тој се ...

Контролата на работењето на малите хидроцентрали, во услови кога државата грчевито се бори за секој киловат-час струја, е прашање на периферијата на интересот на јавноста. За разлика од дебатите „за“ и „против“ нивната изградба, каде што страните се цврсто поларизирани, нивната проверка на хартија е решена, но во пракса не функционира. Реторичко е прашањето колку би бил објективен инспекцискиот надзор, ако инспекторите ...

Се почна во 2009 година. Финансиската криза што го погоди светот една година претходно беснееше на Балканот, а регионот гребеше по дното за да спои крај со крај. Влегува Кина. Грција ги отвори портите преку пристаништето во Пиреја, а Србија ја прогласи Кина за „четврти столб“ на нејзината надворешна политика. На балканските земји им требаа пари, а на Кина и требаше пријателски коридор од Средоземното море до Европа. Тоа беше почеток ...

Тешко денот да поминеше без опасност – одење на борбена линија или известување од улиците на Сараево, тоа беше лотарија, среќа…“ Вака, босанската новинарка, Аријана Сарачевиќ Хелаќ, се сеќава на раните 90-ти – времето на опасност, страв и крв. „Имав среќа за време на војната, навистина имав“, вели, Сарачевиќ Хелаќ, која тогаш работела за Радио-телевизија Босна и Херцеговина. „Бев заробена, паднав од ...

Мехтилд Хенеке. Фото: АКУД/Ларс Рајман, фотографија на Мехтилд Хенеке Мехтилд Хенеке, поранешна портпаролка на УНМИК, го искористи своето искуство стекнато во оваа земја, како материјал за нејзиниот прв, неодамна објавен роман, чие дејствије е сместено во војната на крајот на 90-тите години, а кој го носи насловот „Ах, мое Косово!“. Хенеке, денес слободен новинар и консултант за односи со јавноста во Берлин, стана портпаролка на ...

„Паметен и лукав – жеден преку вода ќе те однесе“, вака негов поранешен колега го опиша Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ и иден мандатар. Тој вчера убедливо ги победи противкандидатите Јован Деспотовски и Фросина Ременски на директните внатрепартиски избори. Димитар Ковачевски одамна е партиски член, но подобро го познаваат луѓето од корпоративниот свет. Низ речиси дводецениската кариера во Телеком бил на добри ...

Обраќајќи им се на претставниците на руските институти и фондации, на настан во Москва одржан во средината на септември, претседателот на комисијата за Сребреница, формирана од Владата на босанскиот ентитет, Република Српска (РС), повтори дека во јули 1995 година, не бил извршен геноцид врз Бошњаците. Говорејќи преку видеоврска, израелскиот историчар, Гидеон Грајф – чија комисија за властите на РС оваа година изготви извештај, во кој се ...

Хрватскиот новинар, Синиша Главашевиќ, известува од подрум во Вуковар, на 30 септември 1991 година, неполни два месеци пред овој опколен град да падне, а Главашевиќ да биде убиен. Фото: Матко Биљак Изложбата на БИРН, „Last Despatches“, посветена на новинарите, фотографите и другите медиумски работници, кои ги загубија животите во војните во 90-тите во поранешна Југославија, се отвора вечерва во Сараево. На изложбата ќе биде ...

Ветерани на деветтиот баталјон на ХОС, „Рафаел витез Бобан“, во април 2018 година во Сплит, на одбележувањето на 27-годишнината од формирањето на овој баталјон. Фото: Свен Милекиќ Министерството на хрватските бранители соопшти дека бројот на лица кои добиле официјален статус на бранител, од март 2020 до 30 ноември оваа година, е зголемен за 3.324, објави во неделата index.hr. „Во моментов во евиденцијата имаме 426.956 ...

Посмртните останки на најмалку десет луѓе, откриени во јуни годинава, во масовна гробница кај градот Калиновик, им припаѓаат на жртви од Сребреница, кои смртно настрадале во 1995 година, потврди Меѓународната комисија за исчезнати лица (МКИЛ). Како што беше кажано за Балканската истражувачка репортерска мрежа на Босна и Херцеговина (БИРН БиХ), ова е најоддалечената масовна гробница од Сребреница, во која се пронајдени жртви од Сребреница, во ...

Претседателот Иван Дуке, овој настан го нарече „најтешкиот удар“ врз трговијата со дрога во Колумбија, во овој век, споредлив само со апсењето на нарко-босот Пабло Ескобар пред три децении. Возбудата беше разбирлива. Даиро Антонио Усуга, попознат како „Отониел“, беше најбараниот нарко-дилер во земјата, поранешен герилец, кој стана лидер на Ел Клан дел Голфо, најголемата криминална банда во Колумбија. Тој беше уапсен кон ...

Претседателот на Организацијата на воени ветерани на ОВК, Хисни Гуцати (десно) и адвокатот, Томе Гаши (во средина), на денешната прес-конференција во Приштина. Фото: БИРН Лидерот на Здружението на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хисни Гуцати, кому му се суди за воени злосторства пред Специјализираните совети на Косово (ССК) во Хаг, рече дека му била „подметната стапица“ со доставата на доверливите документи. ...

Го запознав Славко Ќурувија преку (неговите) текстови“, вели белградскиот новинар, Перица Гуњиќ, колега на Ќурувија, за чие убиство, извршено пред 22 години, денеска се изрекува пресуда пред судот во Белград. „Кога дојдов во (весникот) Борба во 1990 година, тој беше репоретер и политички аналитичар, и познат по неколкуте свои брошури, од кои едната, се сеќавам, беше за луѓе од (затворот) Голи Оток“, се сеќава Гуњиќ. ...

Славко Ќурувија. Фото: Фондација „Славко Ќурувија“/Предраг Митиќ Вишиот суд во Белград денеска осуди четворица поранешни припадници на српската ДБ, по повторното судење за убиството на новинарот и уредник, Славко Ќурувија, познат противник на режимот на Слободан Милошевиќ, извршено во 1999 година. Поранешниот шеф на ДБ на Србија, Радомир Марковиќ, и поранешниот шеф на белградскиот центар на ДБ, Милан Радоњиќ, се осудени на по 30 ...

Форензичарот, Арсим Герџалиу, се сеќава на ветровитиот ден во април 2002 година, кога тој и тим форензичари на УНМИК, им се придружиле на нивните српски колеги во Батајница, Белград, кои работеле на ексхумација на телата на албанските цивили, убиени во војната во Косово во 1999 година. Телата на Албанците биле донесени во центарот за обука на српската полиција во Батајница, за тајно да бидат погребани, во обид да се прикријат масовните убиства ...

Стремежот на Ким за пристојна плата го донесе од виетнамскиот град Вин, кој се наоѓа на околу 300 километри јужно од главниот град Ханој, во хостел во Зрењанин, град во северна Србија. Но, работите не се одвивале онака како што тој и стотици други виетнамски работници планирале. Српските невладини организации, овој месец обелоденија дека постои експлоатација и сомнеж за трговија со луѓе на виетнамските работници ангажирани за изградба на првата ...

Хрватски усташи и домобрани, седат заедно со српски четници, во 1942 година. Фото: Википедиа Во вторникот, Одборот за воени ветерани на хрватскиот парламент, го поддржа предлогот за изградба на воени гробишта во рамките на централните гробишта Мирогој во Загреб, за војниците кои се бореле за НДХ. Според предлогот, припадниците на усташките и домобранските сили од Втората светска војна, на новите гробишта би биле опишани како припадници на ...

Ливчето од градежната инспекција, заглавено меѓу две тули за да не го дувне ветерот, е единствениот податок што може да се најде на новото градилиште во близина на скопската тврдина Кале, каде што непознат инвеститор на државно земјиште направил бетонска платформа од шеесетина квадрати и донел други градежни материјали за да изѕида објект. Во него е наведен датумот и времето кога градителот треба да се појави во Општина Центар и да донесе ...

Многумина сметаа дека изненадувачкиот избор на Петер Марки-Зај за кандидат за премиер на здружената опозиција на парламентарните избори во Унгарија следната година е со единствена цел да се тргне од власт сегашниот премиер, и дека владата што би ја предводел тој би постигнала малку, но ова мислење бргу се менува и во земјата и надвор од неа. Во своите говори, на средбите со странски претставници и во интервјуата за медиумите (вклучувајќи го и ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1022
weather icon

Белград

11ᴼ / 8ᴼ
3.09
61%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1011
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1024
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.96
78%
1018
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
1.34
82%
1012
weather icon

Атина

16ᴼ / 12ᴼ
0.45
79%
1020
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1020
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1021
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 3ᴼ
2.06
84%
1019
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
6.17
72%
1010
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
100%
1022
Currency

61.6117

Currency

52.938

Currency

69.9543

Currency

34.9481

Currency

38.006

Currency

66.3931

Currency

7.45725

Currency

0.66132

Currency

0.34783

Currency

0.5252

Currency

1.26148

Currency

0.59829