Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Новинарот Халил Бериша, сведочи во судницата на СВК. Фото: СВК/пренос во живо. Халил Бериша, новинар од Приштина, на денешното судење на водачите на Здружението на воени ветерани на ОВК, Хисни Гуцати и Насим Харадинај, пред Специјализираните совети на Косово (ССК) во Хаг, изјави дека од обвинетите добил доверливи судски документи. . Бериша рече дека во септември 2020 година зел „околу 1.000 страници документи“ од Здружението. Гуцати ...
Четврток наутро е и професорката Линдита Ругова се подготвува за часови во рамките на новоотворената наставна програма по балкански студии, на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Приштина. Повеќе од две децении по војната во Косово, српскиот јазик повторно се изучува на овој најголем косовски универзитет, во рамките на програмата -балканистика. Ругова, која воедно е и декан на Филолошкиот факултет, повеќе од две години работи на осмислување ...
Во јуни годинава, среде сѐ поголемото противење во јавноста на планот за отворање рудник за литиум вреден 2,4 милијарди долари во западна Србија, претседателот Александар Вучиќ првпат ја најави можноста да се распише референдум по тоа прашање, за „да се види што сака народот“. „Гласот на народот е глас на Бог“, рече Вучиќ, кој од преземањето на власта во 2012 година држи неолиберален економски курс. Следејќи го порастот ...
Европската комисија неодамна ја критикуваше Србија, поради лошите резултати во гонењето на воените злосторства и поради неуспехот да процесира високи функционери и воени лица. Во новата петгодишна Национална стратегија за воени злосторства на Србија, која Владата ја усвои овој месец, се објаснува како обвинителите, судиите и другите службеници, имаат намера да тргнат напред, во периодот 2021-2026 година. Стратегијата опфаќа прашања како што се ...
Косовските боксери чекаат на српската граница | Фото: Косовски олимписки комитет Боксерската репрезентација на Косово викендов трипати патувала до српската граница и назад во обид да отпатува на светското првенство во бокс за мажи во Белград, но српските власти одбиле да ги пуштат да влезат во земјата. На првенството се одржува од 24 октомври до 6 ноември, учествуваат повеќе од 500 натпреварувачи од 88 држави, во 13 категории. Боксерската ...
Под стилизираната фотографија на Мајка Тереза, на која, со компјутерска обработка, е додадена и една нејзина поема, која советува добрина и прошка дури и за луѓето што се „неразумни, нелогични и себични“, обвинителот, Сокол Стојани, за БИРН објаснува зошто верува дека обвинителите не треба да имаат некаква улога во истрагата на случаите на неколкуте илјади Албанци, што исчезнаа за време на комунистичкиот режим во Албанија. Стојани, ...
По состанокот со странските дипломати на 14 октомври, Милорад Додик предупреди на можноста некои земји да воведат санкции против оние кои се сметаат за дестабилизирачки во регионот, a по сличната најава која дојде од САД. Навидум безгрижен, Додик, српски член на тричленото Претседателство на БиХ, најави неколку чекори кои планира да ги иницира во РС, каде што неговата партија е на власт. Една од нив е одлуката да се прогласат за неважечки во РС, ...
Кристофер Хил за време на мисијата во Ирак | Фото: defense.gov Американскиот претседател Џо Бајден го назначи Кристофер Хил за нов амбасадор на САД во Белград. Хил е познато лице на Балканот од 1990-тите, кога прво беше вклучен во преговорите за Дејтонскиот договор, со кој заврши војната во Босна и Херцеговина во 1995, па беше амбасадор на САД во Македонија меѓу 1996 и 1999, а потоа беше медијатор во преговорите за време на косовската војна, ...
Цените на горивата достигнаа историски рекорд во вторникот | Фото: ИНА Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави дека цените на бензинот и на дизелот ќе бидат замрзнати во следните 30 дена, како дел од обидите да се стави под контрола поскапувањето на енергенсите. „Имајќи ги предвид економските услови и непредвидливоста на цените на нафтата, а со цел да го одржиме економското закрепнување, одлучивме да ги стабилизираме цените на бензинот ...
Иако, по немирите во северно Косово, сѐ уште се чувствуваат тензии помеѓу Приштина и Белград, уметничкиот фестивал „Миредита, добар Дан“ се обидува да обезбеди платформа за комуницирање и заедничко творење на луѓето од двете општества. Во пресрет на вечерашното отворање на фестивалот, во Косово сѐ уште се чувствува напнатост по вчерашното насилство што избувна кога полицијата спроведе акција против осомничени шверцери на северот од ...
Кавадарци како Чикаго, Прилеп како Дубаи, а Скопје како замислен футуристички град. Во последната недела од кампањата за локалните избори, на социјалните мрежи стана популарно да се споделуваат слики од спектакуларни светски дестинации или од измислени места со опис дека така ќе изгледа некоја македонска општина по изборите. Објавите се главно сатирични реакции од граѓани на амбициозните ветувања на кандидатите за градоначалници дека ќе ги решат ...
Повеќето балкански земји планираат да ја надминат кризата предизвикана од цените на гасот во Европа така што ќе продолжат да се снабдуваат со електрична енергија од термоцентрали на јаглен или да земаат природен гас од Русија. Иако цените на гасот во Европа нагло скокнаа во последниов период, во повеќето балкански земји, енергетската ситуација е сè уште стабилна. Некои влади сè уште не се изјасниле јавно за кризата, други рекоа ...
Сретен Лукиќ во судницата на Хашкиот трибунал, во април 2005 година. Фото: EPA/Бас Червински/ПУЛ Откако официјалните претставници на ООН, во неколку наврати, изразија загриженост поради негирањето на злосторствата преку медиумите од страна на ослободените воени злосторници, ММКТ му забрани на генералот на српската полиција, Сретен Лукиќ, да ги негира злосторствата извршени за време на војните во Југославија, како услов за негово пуштање на ...
Аднин Хасиќ имал 11 години, кога во мај 1992 година, за последен пат ги видел своите родители. По речиси четири месеци, дознал дека неговите родители се убиени и закопани во масовна гробница на градската депонија во Мостар. „Откривме што им се случило дента на погребот, на 30 август 1992 година“, се сеќава Хасиќ. „Кога се разбудивме, вујко ми влезе во куќата заедно со наши роднини, а потоа нѐ известија дека нашите родители се ...
Кога сметководител би ги проверувал извештаите за примени донации на наменските сметки на партиите за првите 10 дена локална изборна кампања, би немал многу работа. Причината е едноставна. Тие, со неколку исклучоци, се сметководствено полупразни. Партиските донатори, споредено со минатото, сега како да станале скржави, бидејќи салдото на изборните сметки отворени специјално за изборите не е толку полно, како што тоа било порано. Сепак, ако се ...
Адријатик Лала | Фото: ЛСА Албанското специјално обвинителство против корупција и организиран криминал, СПАК, потврди за БИРН дека издало меѓународна потерница за поранешниот Главен обвинител, Адријатик Лала, кој е на непозната локација. Педесет и двегодишниот Лала беше осуден на две години затвор во мај поради прикривање богатство проценето на еден милион евра. Пресудата беше потврдена во септември од Специјалниот суд против корупција и ...
На помалку од една недела пред официјалниот почеток на кампањата за локалните избори и во екот на неофицијалното, но агресивно претставување на кандидатите за градоначалници, спонзорирани фејсбук-објави и на вадењето „валкан веш“, вчера изгледавме уште еден телевизиски дуел, прв годинава, меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Освен вообичаеното вербално ...
Oстатоци од опожарената модуларна болница во Тетово | Фото: БИРН Речиси еден месец по пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој изгореа 14 луѓе, тетовското обвинителство ги објави првите наоди од вештачењето на полицијата. Во соопштението пишува дека полицијата утврдила каде настанал пожарот, како и можна причина што го предизвикала огнот во модуларната болница. Причината е спој во приклучниот кабел во дефибрилатор, во една од болничките ...
Полното кафуле „Фонтана“, излепените oгласи „for rent“, зеленилото пред трговскиот центар „Мавровка“ и октомвриската раздвиженост полека го фрлаат во заборав фактот дека лани на ова место имало градежна механизација што урива дивоградба. И не само тоа, туку и сеќавањето за јавната двомесечна потрага по анонимниот инвеститор, кого го открија медиумите, наместо институциите, кои беа заглавени во дописки. Неполни 48 часа по формирањето на новата ...
На маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија, Пленковиќ разговарал со српскиот претседател, Александар Вучиќ, на кого му пренел оти сака да се корегира учебникот во кој хрватскиот, босанскиот и црногорскиот јазик, се опишани како верзија на српскиот. „Му реков да го решат ова прашање, што се однесува на учебникот за осмо одделение за основно училиште, во кој хрватскиот јазик практично се негира. Тоа не е добро и тој е запознаен со ...
Претседателот на Здружението на ветерани на ОВК, Хисни Гуцати, и неговиот заменик, Насим Харадинај, во последните две години поминаа многу време пишувајќи статуси на поддршка на социјалните мрежи, за нивните поранешни соборци, кои беа повикани на сослушување пред Специјализираните совети и Специјализираното обвинителство на Косово (т.н. Специјален суд) во Хаг, во врска со наводни воени злосторства. Судењето за Гуцати и Харадинај започнува ...
Синиша Мали, министер за финансии и поранешен градоначалник на Белград | Фото: Министерство за финансии на Србија Српските лидери, вклучувајќи го и претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ застанаа во одбрана на министерот за финансии, Синиша Мали, и ја обвинија истражувачката мрежа за криминал и корупција Крик дека лаже. Нападот врз Крик дојде откако медиумот објави конечни докази од Пандорините документи дека Мали, кој порано ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, за време на нејзината посета на Балканот минатата недела, не штедеше напори да го убеди регионот дека „Босна и Херцеговина и целиот Западен Балкан, припаѓаат во Европската Унија“. Меѓутоа, домашното и меѓународното внимание го привлекоа лоши вести: закани за поделба на Босна и Херцеговина, кои доаѓаат откако босанските Срби, во јули, престанаа да учествуваат во работата на државните ...
Зградата на Главното обвинителство на Молдавија | Фото: Главно обвинителство на Молдавија Молдавските обвинители за организиран криминал синоќа го привеле Главниот обвинител Александр Стоианогло на 72 часа. Против него се подигнати четири обвиненија за корупција и за злоупотреба на службената положба. „Се враќаме кон заробената држава“, рече Стоианогло додека излегуваше од својата канцеларија придружуван од специјални полицајци, веројатно ...
Колувија тврди дека обвиненито против него е полициска местенка| Фото: YouTube канал на Objektiv TV Контроверзниот српски бизнисмен Предраг Колувија, обвинет во Србија за нелегално производство и чување марихуана, во моментот кога го апсела полицијата, бил на пат за Македонија да аплицира за почесен конзул на Србија во нашата држава, откри самиот тој минатата недела во првото интервју, откако по речиси две години беше пуштен во домашен притвор. ...
Обилните снежни врнежи, силните ветрови и ледените наноси што ги зафатија северните планински предели на Албанија во јануари годинава ги уриваа електричните столбови и го прекинаа преносот на електрична енергија преку 400-киловолтниот вод што ги поврзува браните на реката Дрим со соседно Косово. Овој далекувод почна со работа кратко време пред тоа, во минатиот декември. Поради екстремните временски услови и непристапниот терен, работите за ...
Зградата на Судот и на Обвинителството на БиХ. Фото: Обвинителство на БиХ. Помина цела година од отворањето истрага за јавното откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот што се води против пет поранешни полицајци, обвинети за учество во геноцидот во Сребреница, а Обвинителството на Босна и Херцеговина сѐ уште не открива во која фаза е предметот. Истрагата беше отворена во септември 2020 година, откако неколку истакнати медиуми во ...
Анастас Герџиков е ректор од 2015 година | Фото: Дневник.бг Ректорот на Софискиот универзитет Анастас Герџиков ќе биде противкандидат на бугарскиот претседател Румен Радев на изборите што треба да се одржат на 14 ноември. Герџиков влегува во изборната трка како кандидат поддржан од ГЕРБ, доскорешната владејачка централно-десничарска партија на Бојко Борисов. Објавувањето на неговата кандидатура беше дочекано со изненадување во Бугарија. ...
Бродот „Вера су“ . Извор: youtube screenshot Северното црноморско крајбрежје на Бугарија е загрозено од заринкан брод полн со товар што е опасен за околината и за живиот свет, предупредуваат екологистите од земјата. Пловилото Вера Су, регистрирано во Панама, уште од 20 септември се наоѓа на неколку метри од брегот кај местото Јајлата. За разлика од централните и јужните делови на бугарското приморје, каде што е развиен масовниот туризам, ...
Предавање на посмртните останки на албанските жртви. Фото: Денис Словиња/БИРН Посмртните останки на 7 косовски Албанци, жртви на војната, денеска им беа предадени на косовските власти на граничниот премин Мердаре, четири месеци откако беа ексхумирани од масовна гробница лоцирана во рудник во јужна Србија. Роднините на жртвите, убиени во масакрот во косовското село Резала, во април 1999 година, со солзи го гледаа примопредавањето, а косовскиот ...