Еден ден пред Русија да ја нападне Украина, на 24 февруари, самонаречениот српски четнички воен лидер Братислав Живковиќ, за веб-страницата RuSerbia.com изјави дека „многу српски доброволци се подготвени да одат во Доњецк“ – проруското упориште во источна Украина, регион што руските националисти го нарекоа Новоросија, или Нова Русија. „Многу луѓе што сакаат да ја бранат Новоросија ми испраќаат пораки. Не се сомневајте во ...

Ван Смит БИРН/ Скриншот Вон Смит, основач на лондонскиот Фронтлајн клуб, место што ги поддржува хонорарните новинари ширум светот, во понеделникот вечерта за ТВ-шоуто на БИРН, Калксо Перниме, изјави како ја снимал српската полиција како го опколува домот на коосновачот на Ослободителната војска на Косово, Адем Јашари, во март 1998 година. Нападот предизвика бес кај косовските Албанци и се смета за инцидент што поттикна широк вооружен отпор ...

Додека новоизбраните градоначалници ги трошеа првите недели од новите мандати, Меѓународниот републикански институт, ИРИ, во ноември нарача истражување на јавното мислење на македонските граѓани за повеќе теми. Резултатите се објавени денеска. Во пандемиската 2021 година, кога државата почна да го затега ременот за трошење, испитаниците, меѓу другото, за првпат одговараа и за уште една невралгична точка за граѓаните – финансирањето на ...

Стипендијата за новинарска извонредност го отвора повикот за аплицирање за 2022 година. Програмата, која ќе се одржи 16-та година по ред, обезбедува стипендија од 3.000 евра, како и уредничка поддршка за новинари што длабински известуваат за силите што ги обликуваат општествата и демократиите во 14 земји од Средна, Источна и од Југоисточна Европа. Стипендијата ги поттикнува вештините за раскажување и известување од терен, кои традиционално се ...

На факултет каде што професори веќе предаваат и по осум предмети, иако најмногу четири се дозволени, очекуваното пензионирање на 26 членови на наставниот кадар во следниве години создава загриженост дека некои катедри нема да може да продолжат со работа. Скопскиот Филозофски факултет, најстарата високообразовна институција во земјава што неодамна прослави сто години од своето постоење, во последниве десетина години е во слободен пад. Деканатот и ...

Македонските граѓани се значително повеќе дезориентирани од кога било во период кога ЕУ има намален кредибилитет и без видливи случувања во процесот на пристапување кон Унијата. Ова е еден од заклучоците на анкетата спроведена од Институтот за демократија што беше објавена вчера. Истражувањето било направено во ноември минатата година преку телефонски интервјуа врз национален репрезентативен примерок од 1.000 испитаници. Конкретните бројки велат ...

Борут Пахор Фото: сајт на претседателот на Словенија Словенечкиот претседател Борут Пахор утре ќе ја одбележи 30-годишнината од она што е познато како „бришење“, кога Словенија во 1992 година, откако прогласи независност од Југославија и го промени своето законодавство, во февруари, без претходно предупредување, ги избриша дозволите за престој на 25.671 државјанин на поранешните југословенски земји. „Претседателот на Република ...

Photo: Unsplash.com/Sasun Bughdaryan Помеѓу 2010 и 2020 година, во Србија, биле покренати најмалку 26 граѓански тужби против новинари, медиуми, граѓански организации и активисти што следеле прекршување на правата, се вели во извештајот објавен во средата од страна на меѓународната група за човекови права Член 19, Центарот за човекови права АБА и Независното здружение на новинари на Србија, НУНС. Тужбите за клевета се покренати против ...

Минатата година, Единицата за сајбер-интелигенција и дигитална форензика при Генералниот директорат за борба против организираниот криминал (ГДЦОК) на бугарското Министерство за внатрешни работи доби повеќе од 10 извештаи за хакерски напади против медиумски организации. Нема точни податоци за овие кибер-напади и невозможно е да се добијат, бидејќи одделот добива по 90 индиции за можни напади секој ден. Бугарскиот дневен весник ...

И покрај ветувањата на политичарите и барањата на Европската Унија, досиејата на некогашната југословенска служба за државна безбедност во Црна Гора остануваат доверливи, иако некои други балкански држави, како Албанија, Хрватска и Србија, на ограничен начин отворија дел од своите архиви. Граѓанските активисти во Црна Гора не очекуваат дека тоа може во скоро време да се случи и во нивната држава, бидејќи нема политичка волја во владејачкото ...

Кога унгарскиот премиер Виктор Орбан овој месец побара од Русија дополнителни милијарда кубни метри гас годишно, тајмингот предизвика многу прашања кај многумина, со оглед на зголемените стравувања од руска инвазија на Украина. Претседателот Владимир Путин му рече „да“ на својот унгарски сојузник. Но, вистинската навреда за Украина дојде неколку месеци порано, во септември 2021 година, кога Будимпешта постигна два долгорочни договори ...

Менче Точи ги поминува последните денови како новинарка во телевизијата 24. По дведецениски стаж пишување за теми од здравството, од следната недела редакцијата ќе ја замени со кабинет во Фондот за здравствено осигурување. Таму ќе работи како раководител на одделението за коминикација и административна поддршка, и тоа, како што вели самата, „на залезот од кариерата“. Таа е последниот свеж пример на новинарка што одлучила кариерата да ...

Еден твит што се појави деновиве повторно разгори дебата за една од вечните теми во јавноста – како се наплатуваат патарините. Според објавата што ја споделија стотици на социјалните мрежи, ако жител на Велес работи во Скопје и патува со автомобил, само за патарини годишно би дал над 58.000 денари, кога ќе се одбијат викендите и годишниот одмор. За патувањата во слободно време ќе си плати дополнително. Тоа понатаму се споредува со ...

Кога влијателната американска организација за човекови права Фридом хаус во мај 2020 година го намали рејтингот на Србија од „демократија“ во „хибриден режим“, српската влада беше толку незадоволна што напиша протестно писмо во кое ја истакнува „необјаснивата негативна пристрасност“ на непрофитната организација. Фридом хаус не е единствената организација што го регистрира демократското назадување во Србија ...

Минималната старосна граница од 13 години, што е поставена како услов за отворање профил на Тик ток, не спречи илјадници помлади деца од Балканот да ѝ пристапат на оваа апликација, на која се објавуваат кратки видеосодржини. Истражувањето на БИРН покажа дека родителите и наставниците се борат да останат во тек со ризиците што постојат на оваа социјална мрежа. Национализам, ксенофобија, насилство За потребите на оваа сторија, новинарите на БИРН ...

Во јануари, Европскиот парламент го изгласа Законот за дигитални услуги, значаен обид на Европската Унија да формулира нови правила што ќе ги регулираат големите технолошки компании. Обидот е прилично задоцнет. Управите на технолошките компании денес имаат моќ да влијаат врз животите на милијарди луѓе, на ниво што е недостижно и за повеќето влади, и тоа без да имаат какви и да е ограничувања. Иако не може да се игнорираат и потценат поволностите ...

Различна година, исти тенденции. Советот за етика во медиумите (СЕММ) ја објави годишната статистика за прекршување на новинарските стандарди во 2021. Членовите на комисијата за жалби при Советот лани работеле во 109 предмети. Донеле 96 одлуки, од кои, во 48 биле изречени морални санкции, односно било констатирано дека е прекршен Кодексот на новинарите, додека 53 биле оценети како неосновани. По пат на медијација, решени биле осум случаи, се ...

Русија многу одолжува да ја нападне Украина. Тоа може да се случи кој било ден. Американскиот претседател Џо Бајден смета дека нападот е неизбежен или дека „со голема веројатност“ ќе се случи некаде во февруари. Тоа му го кажал во телефонски разговор на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Но, ова не е блицкриг. Руската војска со месеци се собира околу украинската граница, барем од октомври 2021. Ниту во 19 век, инвазиите не ...

Доаѓа денот кога на градежните инвеститори веќе нема да им се исплатува да стуткуваат што повеќе станови во што помал градски простор на штета на јавните површини, зеленилото, инфраструктурата и паркирањето, но додека да се случи тоа, една генерација купувачи на станови ќе „изгори“. Ова е искуството од Софија, главниот град на Бугарија, што во интервју за БИРН го споделува Љубо Георгиев, доскорешен директор на градското планерско ...

Никнуваат како печурки по дожд, поради тоа ги нарекуваат и корона-профитери. Приватните лаборатории што тестираат за присуство на вирусот корона, по речиси две години од почетокот на пандемијата, двапати се удвоиле. Опремата, просторот и кадарот со кој располагаат лабораториите никогаш не бил доведуван под прашање. За држaвата, сите се одлично опремени. Но, затоа бројките што ги прикажуваат некои од нив, особено со пикот на сојот омикрон, ...

Неодамна драстично се зголемило количеството тешки дроги што доаѓа од Балканот во Австрија, јави државната австриска телевизија ORF во вестите емитувани во неделата. „Дрогата сѐ повеќе се предава во приватни домови, што ги отежнува истрагите“, се вели во новинарскиот прилог. Извештајот се повикува на изјава од Кристијан Либхаузер од државниот суд, кој вели дека количеството шверцувана дрога е зголемено од грамови на килограми. ...

Има еден чуден начин како ги примаме вестите за сообраќајот. Кога ќе се случи трагедија, тоа очекувано предизвикува револт и прозивки до Министерството за внатрешни работи – каде е полицијата да контролира и да казнува!? Но, кога полицијата ќе почне да контролира и да казнува, тогаш се појавува поинаков револт – удриле да го полнат буџетот, крвта му ја исцицаа на народот итн. И тука воопшто нема двоен стандард. Јавните реакции се ...

Состанокот за Северна Македонија што го свика претседателот на Бугарија, Румен Радев, неколку дена пред посетата на премиерот Кирил Петков на Скопје, на кој се собраа претставниците на владата и на политичките партии, се сметаше за обид на Софија да ги договори своите „црвени линии“ во пресрет на клучната средба за иднината на разговорите. Се чинеше дека заклучоците на Консултативниот совет за национална безбедност беа срочени за да ...

Кафулето во центарот на Петриња е полно со редовни гости во саботното попладне. Околу него, пак, се протегаат напуштени улици со разурнати градби, сцена како од паралелна димензија. Гордана Рос седи во кафулето со кафе и цигара и се присетува на причините за уништувањето – земјотрес со јачина од 6,2 степени што го разурна нејзиниот град на 29 декември 2020 година. „Тресењето беше толку моќно што се чувствуваше како крик од ...

„Авансот е вратен, но кинеските вакцини ќе стигнат за скоро време“. Вака гласи последната вест околу ковид-вакцините што викендов повторно ги збуни граѓаните. Од 1 јануари се изнаслушавме ветувања за февруарските пратки од Фајзер и од кинеската Синофарм, а откако стануваше сè појасно дека вакцините ќе доцнат, дали требало да се до-допрецизира договорот со Фајзер или, пак, ни се испречила кинеската Нова година, власта се ...

Скопјанецот Дени Ј. е еден од речиси 2.000 лица што добиле пресуда дека ги прекршиле здравствените прописи за време на пандемијата. Тој, во државниот буџет треба да уплати 1.000 евра затоа што се движел за време на полициски час и судски трошоци. За судот e недвосмислено виновен. Работел во приватна фирма како возач на товарно возило и имал дозвола да се движи за време на полицискиот час. Но, дозволата му важела само за влез во државата, а не за ...

Олабавување на строгата законска забрана за државно рекламирање на приватните радија и телевизии било тема на разговор на владината седница минатата недела, дознава БИРН. Владата ја потврди информацијата. „Се дискутираше, конечни одлуки не беа донесени. Точката беше одложена за некоја од следните седници“, изјавија од Илинденска бр. 2 за БИРН. Токму владата предводена од СДСМ ја прекина праксата на владино рекламирање, со која во ...

Да ја опишувавме кандидатка за претседателка Гордана Силјановска-Давкова во само еден твит, што значи дека би имале ограничен број зборови, тогаш кусо би твитнале дека популарната професорка од скопскиот Правен факултет е изборот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата на која Никола Груевски сè уште е почесен претседател. И тоа би било сè. Меѓутоа, Твитер е ограничен медиум, и тоа го знае професорката, зашто неодамна самата отвори твитер-профил ...

„Ќе нѐ снема, ќе се обезличиме, ќе останеме без историја, ќе се распродаде сѐ што е македонско“… Јавниот простор во земјава е преплавен со апокалиптични сценарија за губење на идентитетот на македонскиот народ. Се сретнуваат насекаде, од политичките врвови, сѐ до масовно посетените групи на социјалните мрежи. И додека трае целата паника (а трае веќе 30 години, со посебно жесток интензитет во последниве две-три), цело време ги ...

Заловувачите на „Лајка“ го нашле кучето Кико во скопската населба Ченто. Не забележале дека е хаска зашто бил замрсен и замачкан со кал. „Тие се една од најнапуштаните раси“, ни објасни директорот на „Лајка“, Воислав Димитровски. „Хаските, маламутите и самоједите.“ „Хаските се една од најнапуштаните раси“, ни објасни директорот на „Лајка“, Воислав Димитровски Тие се ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1022
weather icon

Белград

11ᴼ / 8ᴼ
3.09
61%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1011
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1024
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.96
78%
1018
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
1.34
82%
1012
weather icon

Атина

16ᴼ / 12ᴼ
0.45
79%
1020
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1020
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1021
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 3ᴼ
2.06
84%
1019
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
6.17
72%
1010
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
100%
1022
Currency

61.6117

Currency

52.938

Currency

69.9543

Currency

34.9481

Currency

38.006

Currency

66.3931

Currency

7.45725

Currency

0.66132

Currency

0.34783

Currency

0.5252

Currency

1.26148

Currency

0.59829