Во сообраќајна несреќа на Халкидики при судар на цистерна и патничко возило во кое било четиричлено семејство, животот го загубија мајка и бебе, додека таткото и другото дете се сериозно повредени, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, автомобилот бил со регистарски таблици од Молдавија. Несреќата се случила попладнево на регионалниот пат Неа Муданија – Никити, кај Полигирос. Противпожарната служба интервенирале со осум ...

Пожарот што вчера попладне избувна на падините на планината Петрино над охридската населба „Бараки“ е локализиран и целосно изгаснат благодарение на брзата реакција на пожарникарите, како и на помошта од локалното население и доброволци. Од Територијалната противпожарна единица Охрид информираат дека веднаш по пријавата на пожарот интервенирале со четири противпожарни возила и 17 пожарникари. Огнот зафатил поголема површина со сува трева и ...

Во Полициската станица Гостивар е пријавен случај на семејно насилство, во кој 45-годишниот Н.С. физички ја нападнал својата 43-годишна сопруга. Според пријавата, на 14 јули 2026 година околу 05:40 часот, во близина на угостителски објект во Гостивар, при нападот Н.С. употребил остар предмет. По преземените мерки, судија на претходна постапка му определил мерка притвор, по што лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор ...

СВР Скопје расчистува случај на физички напад и наводна закана со огнено оружје, пријавен од вработен во ЈП „Комунална хигиена“. Според пријавата, на 14 јули 2026 година околу 17:50 часот, на улицата „Маџари“ во Скопје, 48-годишниот Р.И. бил физички нападнат од Б.П. (52) од Скопје, кој пристигнал со возило додека пријавителот ги извршувал работните задачи. По нападот, според исказот на Р.И., Б.П. со возилото го следел до неговиот дом, а тој ...

76-годишна жена е тешко повредена откако била удрена од патничко возило во сообраќајна несреќа во Велес. Несреќата се случила на 14 јули 2026 година околу 09:20 часот на улицата „Благој Ѓорев“, каде возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.И. (41) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка, удрило во пешачката Љ.Н. од Велес. Повредената жена била пренесена во Општата болница Велес, каде ѝ биле констатирани тешки телесни ...

62-годишен кавадарчанец е тешко повреден при несреќа на работно место во објект во изградба во Кавадарци. Од ОВР Кавадарци информираат дека на 14 јули 2026 година во 11:25 часот било пријавено дека во Општата болница Кавадарци бил донесен С.С. (62) со тешки телесни повреди. Според пријавеното, повредите ги здобил додека извршувал работни задачи во објект во изградба. За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна ...

СВР Скопје расчистува случај на физички напад пријавен во село Волково. Според пријавата, на 14 јули 2026 година во 23:40 часот, Д.В. (31) од скопско пријавил дека околу 17:50 часот во село Волково бил физички нападнат од 30-годишната И.С. од Скопје. По целосното документирање на случајот, од страна на надлежните ќе следува соодветен поднесок. СВР Скопје расчистува случај на физички напад пријавен во село Волково. Според пријавата, на 14 ...

ВМРО-ОКГ повторно плаши дека граѓаните ќе изгубат 4,2 милиони евра од ЕУ поради Изборниот законик. Заради политиката на изолација држава, ВМРО-ОКГ, Македонија не губи 4 милиони, туку милијарди евра, се вели во соопштението од СДСМ. -Со блокирање на реформите и европскиот пат, граѓаните се лишуваат од огромни европски фондови и инвестиции кои би ја подобриле економијата и животниот стандард. За споредба, Црна Гора веќе си обезбеди над 3,2 ...

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против 20-годишниот Ш.А. од Кочани поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Според пријавата, на 21 јуни 2026 година, во семејниот дом во Кочани, пријавениот физички го нападнал својот 74-годишен дедо, откако претходно му побарал пари, но не ги добил. По нападот, Ш.А. упатувал и закани кон неговиот дедо, по што биле преземени мерки за расчистување на случајот и поднесување на ...

Полицијата расчистува случај на измама во Прилеп, откако жена пријавила дека останала без околу 700.000 денари по комуникација со лице преку социјалните мрежи. Според пријавата, во февруари годинава таа започнала комуникација со лицето, кое потоа ѝ побарало финансиска помош, наводно за лекување на неговото болно дете. Жената во неколку наврати му исплатила вкупно околу 700.000 денари, но подоцна сфатила дека била измамена. Случајот бил ...

Во Затворот „Идризово“ при претрес на осуденик кој се вратил од отсуство била пронајдена кафеава прашкаста материја. Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 14 јули 2026 година. Според пријавата, околу 10:50 часот при влез во установата бил извршен претрес врз осуденикот Т.С. (50) од Скопје, при што кај него била пронајдена и одземена материјата. По целосното документирање на случајот, надлежните ќе поднесат соодветен пријавен поднесок. Во ...

УХМР ги измери температурите утрово во градовите низ земјата. Според податоците, ова утро во 8 часот, мерењата покажаа дека најниска температура има на Попова Шапка и тоа 17 степени. Според УХМР, најтопло е во Кавадарци со 28 степени. Во Скопје ова утро во осум часот се измерени 25 степени. Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе ...

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Германија, генерал Карстен Бројер, денеска ја започнува дводневната официјална посета на Македонија, при што ќе оствари повеќе средби со државниот и воениот врв. Според агендата, германската делегација најпрво ќе биде пречекана во Генералштабот на Армијата со воени почести. Потоа ќе следуваат билатерални разговори меѓу генералот Бројер и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска заминува во дводневна работна посета на Вашингтон, каде ќе учествува на меѓународна министерска конференција посветена на борбата против политичкиот тероризам. Настанот се одржува на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио. Конференцијата ќе собере претставници на повеќе од 60 држави, кои ќе разговараат за зајакнување на меѓународната соработка во ...

Поради планирани интервенции на електродистрибутивната и водоводната мрежа, денеска дел од жителите во Скопје ќе се соочат со привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК). Според најавите, без електрична енергија од 8 до 12 часот ќе бидат домаќинствата во населбата Коштан во Горно Соње, каде што ќе се изведуваат планирани работи на електроенергетската мрежа. Од РЦУК ...

Во Собранието денеска ќе заседаваат пет собраниски комисии, кои ќе разгледуваат повеќе законски измени од областа на енергетиката, образованието, осигурувањето и транспортот. Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе расправа за предложените измени на Законот за енергетика, додека Комисијата за образование, наука и спорт ќе го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард. Пред ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Г.А. од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Според пријавата, на 8 јули 2026 година, пред станбена зграда во Куманово, по претходна вербална расправија, Г.А. со пиштол им упатил закани на И.М. и неговите два сина, по што испукал три куршуми во воздух. По преземените мерки и активности, СВР Куманово поднело соодветна кривична пријава до ...

Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се движи од 11 до 21 степен, а максималната ќе достигне меѓу 31 и 38 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Собранието денеска ќе ја продолжи работата по 111. пленарна седница, на чиј дневен ред се повеќе законски предлози, извештаи и кадровски одлуки. Пратениците ќе расправаат за Предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во трето читање, како и за Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во второ читање. Пред нив ќе се најде и Завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска, заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменковска-Трајковска, ќе извршат увид во реконструираната улица „Лазар Димитров“. Обновата на сообраќајницата е реализирана во соработка меѓу Министерството за транспорт и Општина Кисела Вода. Со проектот е реконструирана делница во должина од околу 800 метри, со цел подобрување на сообраќајната инфраструктура и ...

Украина и Европската Унија потпишаа договор за беспилотни летала, со кој ќе се обединат украинското знаење и европските индустриски капацитети со цел реализација на заеднички проекти и зголемување на производството. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која престојува во Киев по повод Денот на државноста на Украина, истакна дека договорот претставува важен чекор во продлабочувањето на соработката меѓу Украина и ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, денеска изјави дека е подготвен да остане зад својот предлог за придружно членство на Украина и земјите од Западен Балкан во Европската унија. Мерц изјави дека концептот добил мешан прием во Украина поради домашни политички причини, но дека идејата била добро прифатена од другите лидери на ЕУ. „Цели 13 години не сме примиле ниту една нова членка во ЕУ. Иако им ветивме на цела низа земји во Европа ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти војната во Украина ќе заврши до крајот на неговиот претседателски мандат, кој истекува во ноември 2028 година. Во интервју за „Фокс њуз“, тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да постигне договор за прекин на конфликтот. Запрашан дали очекува војната да заврши додека е на функција, Трамп одговори потврдно. „Мислам дека ќе заврши, да. Дури и мислев дека ...

Иран треба да биде подготвен и за повеќегодишен конфликт со Соединетите Американски Држави, порача иранскиот политичар Мохамед-Џавад Лариџани, брат на неодамна убиениот Али Лариџани, кој беше секретар на влијателниот ирански Совет за национална безбедност, пренесува ДПА. „Она што ја држи настрана заканата од војна е нашата целосна подготвеност да се одбраниме“, рече денеска Лариџани во интервју за државната телевизија. „Ако САД почувствуваат ...

Три лица, меѓу кои две малолетни лица на 15-годишна возраст и едно 18-годишно лице, денеска биле однесени од надојдената вода на реката Треска, откако бил зголемен испустот од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, преку Единствениот број за итни повици 112 била примена пријава за настанот. Едното малолетно лице веднаш било извлечено од водата, додека другите две ...

Украинскиот претседателот, Володимир Зеленски, денеска ѝ го додели на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, првиот украински Орден на Европа за нејзиниот „исклучителен личен придонес во поддршката на стратешкиот пат на Украина кон полноправно членство во Европската Унија“. За време на церемонијата по повод Денот на украинската државност во Киев, Зеленски рече дека иднината на Украина „мора да биде мирна и европска“, ...

Украина изгуби околу една третина од својот капацитет за извоз на жито преку своите клучни пристаништа на Црното Море поради засилените руски ракетни и беспилотни летала напади, објави главниот синдикат на земјоделци во земјата. Повеќе од четири години по почетокот на војната со Русија, извозот на земјоделски производи, како што се извозот на жито и растително масло, останува најголемиот извор на заработка во странска валута на Украина, при ...

Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати Денеска (15.07.2026) од страна на Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со ОЈО Кочани, по претходно преземени мерки и активности, покрај доказите кои се однесуваат на непосредно извршување на кривично дело по член 215 став 1 од КЗ, обезбедени се бројни докази кои упатуваат на постоење на основано сомнение дека ...

Денешниот ден, 15 јули, е прогласен за ден на жалост во Ниш, по страшната несреќа кога минибус со срспки туристи, на 12 јули излета и се преврте на магистралниот пат Котор–Никшиќ, во местото Липци, Црна Гора. Девојката која загина во тешката сообраќајна несреќа во Црна Гора, во која 16 лица беа повредени, е 21-годишната Јована Станковиќ од нишкото село Вртиште. Нејзиното тело денеска треба да биде донесено во Ниш, а ќе биде погребана утре. ...

Тропскиот бран кој ја зафаќа Македонија од денеска, го зафаќа и регионот. Во Хрватска, најавени се високи температури, но и невреме. Хрватска денеска ќе се „пржи“ на температури до речиси 35 степени Целзиусови, а уште во утринските часови во некои градови температурата се искачи до 30 степени. -Во внатрешноста ќе биде делумно, а на места и претежно сончево, но времето нема да биде целосно стабилно, па повремено ќе има дожд или врнежи ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
71%
1029
weather icon

Софија

6ᴼ / -1ᴼ
1.03
54%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
93%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
65%
1027
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
74%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.34
75%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
88%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Калај

46.54