Сојузот на стопански комори од денеска со нов претседател. Централниот регистар на Македонија го заведе Горан Ѓорѓевски како нов прв човек на оваа Комора. Со ова заврши неколкумесечната борба за тоа кој ќе го предводи ССК, која што во времето на претходниот претседател Трајан Ангелоски беше казнета од Комисијата за заштита на конкуренцијата дека организирала картел со четири маркети, со цел да диктираат цени во продавниците. Ова беше катализатор ...

Крвавата драма се случила попладнево во Велес кога момче дошло во семејната куќа на својата девојка и прво неа ѝ нанело повеќе убоди од нож, а потоа и на нејзиниот татко. Потоа момчето си пресудило и на себеси. – Две лица, едно женско и едно машко, се донесени во Ургентен центар на ЈЗУ Општа болница Велес, попладнево по 16:00 часот. Прво дежурни лекари специјалисти по хируршки болести примиле женско лице избодено со нож на повеќе места на телото ...

Еден од водечките британски конзервативни политичари, Дени Кругер, денеска стана првиот пратеник од минатогодишните избори што ја напушти главната опозициска централно-десничарска партија и преминха во антиимиграциската партија „Реформа на Велика Британија“, која сега води во анкетите како најпопуларна партија во земјата. Кругер денеска на прес-конференцијата со лидерот на „Реформа на Велика Британија“ ( Reform UK), Најџел Фараж, рече дека е ...

Габриел Фарел, бизнисмен во подем, загина во страшна несреќа откако скокна од авион над Рио де Жанеиро. Несреќата се случила над плажата Резерва, каде што, според локалните медиуми, неговиот падобран не се отворил при скокот. Тој имаше само 31 година. Веднаш бил пренесен во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот — починал од последиците на тешките повреди. Само еден ден пред трагедијата, Габриел објавил емотивна порака на ...

Русија, еден од најголемите корисници на нуклеарна енергија, сака значително да го зголеми својот капацитет, јави ДПА. Претседателот Владимир Путин постави цел во следните две децении Русија да се зголеми уделот на нуклеарната енергија во вкупното производство од сегашното ниво од малку помалку од 20 отсто на 25 отсто, пренесува германската агенција. Планот денеска го објави Алексеј Лихачев, првиот човек на компанијата за нуклеарна енергија ...

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис го собори светскиот рекорд во скок со стап по 14 пат во својата блескава кариера, откако денеска на Светското првенство во Токио прескокна 6,30 метри. Дуплантис го обезбеди светското злато со скок од 6,15 метри, а потоа прескокна 6,30 метри во својот трет обид, поставувајќи нов светски рекорд по четврти пат оваа сезона. Дваесетипетгодишниот Швеѓанец го држи светскиот рекорд од 2020 година, кога го собори ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска, по трговскиот состанок меѓу САД и Кина во Мадрид, на неговата социјална мрежа Truth Social напиша дека разговорите поминале добро и дека се блиску до договор. „Големиот трговски состанок во Европа меѓу САД и Кина помина МНОГУ ДОБРО! Наскоро ќе биде заклучен. Постигнат е договор и за „одредена“ компанија што младите луѓе во нашата земја навистина сакаат да ја спасат. Тие ќе бидат многу среќни! Ќе ...

Новата работна недела започнува со среќни вести! Денес, 15.09.2025, на видеолотариските терминали во Тетово, беше освоена најпосакуваната ВЛТ добивка – СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот во вредност од 5.902.423 денари. Среќната добивка е освоена на видеолотариските терминали кај нашиот деловен соработник Спортлајф Гејминг. „Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува уште повеќе радост, исполнети соништа и незаборавни ...

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни (39), по неделниот пораз од 0-3 од градскиот ривал Манчестер Сити, остро го критикуваше тренерот Рубен Аморим, велејќи дека нема подобрување во играта на составот од „Олд Трафорд“. – Сакам да бидам поддршка на тренерот и играчите, но тешко е да се биде тоа кога ќе видите дека нема напредок. Нема добро координирани шеми, не гледам ништо во играта на Јунајтед што би можело да го ...

Вивијан Вилсон, ќерка на Елон Маск и Џастин Вилсон, прошета по својата прва модна писта во колекцијата пролет/лето 2026 на Алексис Битар на Неделата на модата во Њујорк на 12 септември. Први чекори на големата сцена За 21-годишната Вивијан, ова беше нејзино прво појавување на Неделата на модата во Њујорк. Ревијата на Алексис Битар, наречена „МИС САД 1991: Сон во секвенци“, се одржала во уметничкиот центар Абронс во Њујорк. Вивијан носела ...

„Големиот трговски состанок во Европа меѓу Соединетите Американски Држави и Кина помина многу добро! Наскоро ќе заврши. Постигнат е договор и за „одредена“ компанија што младите луѓе во нашата земја многу сакаат да ја спасат. Тие ќе бидат многу среќни! Ќе разговарам со претседателот Си (Џинпинг) во петок. Односот останува многу силен!!!“ Вака напиша американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“. Дали алудираше ...

Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари, рече денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. – Глумците Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ кои се претставуваат за скромни и чесни луѓе пред граѓаните, се само обични лицемери и луѓе кои свртеле милионски суми во своите џебови од сопствената партија. Лицемерието во Левица е огромно. Говорат дека се работничка партија и молат за донации, ...

Научниците истражувачи од лабораторијата „Амбикон“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип за седум дена треба да ги имаат првичните резултати од мерните станици за квалитетот на воздух, кои вчера ги поставија во скопско Трубарево, каде што завчера во пожар изгоре депонија за електронски отпад. Ректорот на УГД и раководител на лабораторијата „Амбикон“, Дејан Мираковски вели дека се поставени два уреда, коишто континуирано, 24 часа, наредните пет ...

Македонија и Туција ќе потпишат протокол за сорабока во областа на науката, технологијата и иновациите. Дефинирањето на содржината на документот е во финална фаза и за истиот се дискутираше на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и турскиот амбасадор Фатих Улусој, соопшти МОН. „Двете страни изразија подготвеност процесот да биде заокружен до крајот на годината. Потишувањето на протоколот ќе ги зајакне ...

Екстремното лето во Европа остави огромен економски отпечаток. Топлинските бранови, сушите и поплавите предизвикаа огромни економски загуби проценети на десетици милијарди евра. Најпогодени земји се Кипар, Грција, Малта и Бугарија, додека експертите предупредуваат дека вистинските трошоци од екстремните временски услови често се случуваат постепено, влијаејќи на животот на граѓаните и способноста за работа далеку над почетното влијание на ...

Од 1 декември банките ќе можат да даваат станбени кредити за прв стан или за изградба на куќа со учество од 10% од вредноста на станот, но под одредени услови. – Очекувам нашите банки, во согласност со практиката присутна во голем број земји во светот, на кредитобарателите кои за прв пат купуваат стан како примарно живеалиште, да им понудат пониски каматни стапки на кредитите во висина од 0,5 до 0,75 процентни поени, што би резултирало во ...

Европските текстилни и модни компании денес предупредија дека кинеските платформи како што се „Шејн“, „Тему“ и „АлиЕкспрес“ го преплавуваат пазарот со евтини и нискоквалитетни производи, создавајќи нелојална конкуренција, штети врз животната средина и придонесувајќи за лоши услови за работа. Во заедничко писмо до Европската комисија, индустријата бара итна акција против појавата на „експресна мода“ – бизнис модел на копирање на најновите ...

Во текот на минатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош, при што едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место, соопшти Министерството за здравство. – Министерството за здравство ја следи состојбата и здравствениот систем е мобилизиран за справување со новонастанатите предизвици. Од извршените интервенции на Итната ...

Петнаесетгодишниот Овен Купер влезе во историјата со тоа што стана најмладиот актер кој освоил Еми за извонредна споредна машка улога, а неговата вечер беше дополнително збогатена со средбата со неговиот идол, Џејк Гиленхал, кој го изненади со посебен подарок. Младиот актер од Ворингтон беше награден за неговата брилијантна улога во хит серијата „Адолесценција“ на Нетфликс. Средба за која сонувал Купер, кој ја направи оваа своја прва актерска ...

За 0,5 денари поевтинуваат бензините, дизелот и мазутот, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ бензинот од типот „еурсупер- 95“ ќе чини 75,5 денари по литар, додека бензинот од 98 октани ќе се продава по 77,5 денари по литар. дизелот ќе се продава по цена од 69,5 денари по литар. Цената на екстралесното масло за домаќинство останува непроменета 69 денари, додека мазутот поевтинува за 0,4 денари и ќе чини 36,7 денари по килограм. ...

Опозицискиот СДСМ нема свои кандидати за градоначалници во општините Кичево и Струга, и во тие општини членовите и симпатизерите на СДСМ ќе ја дадат поддршката на оние кандидати на коишто најмногу им веруваат, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче. – Во тие две општини и во другите општини, каде што ние практично немаме шанси за победа, со оглед на тоа што се мултинационални, има други помоќни партии. Јас го слушав гласот, пораката и желбата ...

Пред да се осмели да зборува за кое било прашање, Венко Филипче е должен јавно да објасни зошто тој го реализираше тендерот за модуларните билници додека беше министер за здравство, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „Зошто за модуларната болница, наместо Министерството за локална самоуправа кое требало да ја спроведе постапката, токму Филипче лично го презеде и го реализираше тендерот? Зошто министерот за локална самоуправа одбил да го потпише договорот и да ...

18-годишно момче од Скопје со прострелни рани заврши на Ургентен центар, откако синоќа било нападнато со огнено оружје од страна на лице на велосипед. Од МВР информираат дека инцидентот се случил на улицата Методија Митевски во Скопје, кога напаѓачот неколкупати пукал кон М.И. (18), а потоа го напуштил местото. „Во 01:04 часот во СВР Скопје, од Ургентниот центар при комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ беше пријавено дека кај нив е донесено лице со ...

Од 1 декември банките ќе можат да даваат станбени кредити за прв стан или за изградба на куќа со учество од 10% од вредноста на станот, но под одредени услови. Банките на кредитите за прв стан или куќа ќе пресметуваат каматна стапка од 0,5 до 0,75%. Ова денеска го соопшти гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кој ги соопшти измените на правилата на Народната банка во однос на утврдување на кредитоспособноста на граѓаните кои земаат ...

Народната банка останува на очекувањата дека ќе продолжи трендот на намалување на стапката на инфлација и дека во наредниот период таа ќе биде пониска од 3%, а на среден рок дека ќе се вратиме на ниво од 2%. – Нашите очекувања се дека трендот на намалување на стапката на инфлација ќе продолжи. Секако, тоа не зависи само од инструментите на Народната банка, туку и од фискалната политика која, сега засега на некој начин е во рамки на стабилизирање ...

С.Ф. (37) од Гевгелија вчера им подлегна на повредите откако изгуби контрола врз мотоциклот „кавасаки“ и излета од патот на делницата од село Богородица, гевгелиско, кон регионалниот пат 1109, соопшти денеска од СВР Струмица. Според полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен е во Општа болница Гевгелија, каде што во 19.22 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со претставници на здруженијата на лица со посебни потреби, каде што го претстави својот план за похумана и поинклузивна општина Чаир, се наведува во соопштението на Вреди. – Нашата визија е создавање достапна и достоинствена средина за сите граѓани, без исклучок. Чаир треба да стане општина каде што лицата со посебни потреби ќе имаат целосна поддршка, соодветна ...

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат ја означи Русија како агресор во украинската војна, и тоа откако призна дека очекува полесно да постигне мировен договор. – 8.000 војници од двете страни загинале минатата недела. Повеќе од Русија, но кога сте агресор губите повеќе – рече Трамп на прес-конференција во Белата куќа. Овој пресврт доаѓа неколку месеци по спорното одбивање на САД, под водство на Трамп, да ја поддржат резолуцијата на ...

Прославата на деветтиот роденден во парк во римскиот кварт Фидене се претвори во ужас кога група врсници брутално го претепаа славеникот со палки. Момчето беше итно префрлено во болница со сериозни повреди, каде што било оперирано, пишува италијански „Кориере“. Детето е хоспитализирано во Универзитетската болница Умберто I поради фрактура на лицето. Иако неговиот живот не е во опасност, лекарите сè уште се претпазливи со својата прогноза. ...

Двајца мажи се уапсени под сомнение дека поставиле бомба под медиумски возила во Солт Лејк Сити, каде што има голем број новинари, кои известуваат за убиството на американскиот патриот Чарли Кирк, соопштија синоќа властите на Јута. Полициските и противпожарните единици за деактивација на бомби реагирале во петокот, кога сомнителна направа била пронајдена под возило паркирано во близина на станбена зграда. Истражителите утврдиле дека активирачот ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1013
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
2.57
81%
1007
weather icon

Загреб

15ᴼ / 12ᴼ
0.0
85%
1004
weather icon

Софија

13ᴼ / 8ᴼ
1.54
60%
1012
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.53
86%
1011
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
98%
1003
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
0.45
84%
1012
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
82%
1011
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
100%
1011
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
4.47
86%
1011
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
3.58
86%
1003
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
77%
1013
Currency

61.6217

Currency

53.1582

Currency

70.8814

Currency

34.5177

Currency

37.94

Currency

66.7611

Currency

7.462

Currency

0.65009

Currency

0.35037

Currency

0.52585

Currency

1.26609

Currency

0.60589