Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Најмалку 61 лице го загуби животот во обилните снежни врнежи и поројни дождови во Авганистан во последните три дена, покажуваат прелиминарните податоци објавени денеска од Националната служба за управување со катастрофи. Според податоците, уште 110 лица се повредени, а 458 куќи се делумно или целосно уништени, а северните и централните делови на Авганистан се најтешко погодени, според мапата објавена од метеоролозите на „Икс“ . Според ...
Романскиот претседател Никушор Дан денеска ја отфрли идејата за организирање референдум за обединување на Романија со Република Молдавија. Зборувајќи во градот Фокшани, каде што присуствуваше на настаните посветени на Денот на обединувањето на романските кнежевства, Дан рече дека таквата мерка не е оправдана сè додека „нема волја од Република Молдавија да го стори тоа“, пренесе агенцијата Аџерпрес. – Нема причина за тоа сè додека нема волја ...
Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Тетово – село Јажинце, соопшти полицијата. На 23.01.2026 година во 11:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово – с. Јажинце, кај селото Слатино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И. (33) од селото Доброште, Тетовско и патничко возило „мерцедес“ со ...
Шест возачи биле исклучени од сообраќај, петмина од нив биле под дејство на алкохол, а еден возел со брзина многу поголема од дозволеното, соопшти полицијата. На 23.01.2026 година во 10:46 часот на автопатот А1, во близина на село Милетково, гевгелиски полицајци го лишиле од слобода А.К.(52) од Република Бугарија. При контрола со радар било констатирано дека А.К. управувал патничко возило „ауди“ со бугарски национални ознаки со брзина од 205 ...
Mомче починало од струен удар на станица од метрото во Берлин откако се обидело да ја земе својата електронска цигара која му паднала на шините, објави ДПА. Берлинската полиција соопшти дека 17-годишникот бил дел од група на станицата „Дојче опера“ (Германска опера) и се обидел да ја земе својата електронска цигара (вејп) падната на шините под воз кој стоел. Во обидот, тој ги допрел шините, по што добил струен удар и починал на самото место. ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т.(40) од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство во обид“ по чл.123 од Кривичниот законик. Тој, на 30.12.2025 година околу 01 часот, на локалниот пат во близина на струшкото село Ливада, со пиштол пукал кон паркиран автомобил „голф“ и на возачот Џ.Д.П.(40) од Охрид, му нанел тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга. ...
На 23.01.2026 во 08:50 часот во ОВР Виница, 86-годишна жена од Виница пријави дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар од Словенија и ѝ кажало дека нејзината ќерка, која била на привремена работа во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и за да ја оперираат била потребна одредена сума на пари. Според пријавеното, таа ги подигнала парите од ...
Не го слушнавме Венко Филипче да се огради од своите и од криминалите на СДСМ во обраќањето на Конгресот што се одржува денеска во Скопје, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче во празниот говор за отчет пред Конгресот не објасни: Зошто е петта партија во Скопје и трета во Македонија? Не се огради ниту кажа лош збор за неговиот ментор Зоран Заев. Не се огради и го штитеше криминалот на кланот Дубаи чиј што составен дел е самиот тој. Не објасни ...
Вратите на СДСМ се отворени за секој чесен човек. Но нема место за тројански коњи, за оние што седат на две столици и работат за власта. Или сме заедно во оваа битка, или не сме ништо, порача лидерот на СДСМ Венко Филипче во обраќањето на денешниот партиски Конгрес што се одржува во Скопје. – Денес ставаме точка на разединувањето. СДСМ не е пазар за пазарење функции. СДСМ е армија на вредности. Кој сака да се бори рамо до рамо со нас – ...
Сопственикот на барот во швајцарското скијалиште Кран-Монтана, во кој загинаа 40 лица во пожар за време на новогодишна забава, е пуштен на слобода откако судот му го укина притворот. Жак Морети е пуштен на условна слобода, соопшти судот во Сион, во швајцарскиот кантон Вале. Морети мора да ги предаде личните и патните документи, нема право да ја напушти земјата, должен е секојдневно да се јавува во полиција и да плати кауција. Судот соопшти ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изрази денеска огорченост поради тоа што по плаќањето кауција од затворот во Сион е пуштен Жак Морети, сопственикот на барот „Констеласион“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, каде што избувна смртоносен пожар на новогодишната ноќ во кој загинаа 40, а 116 лица беа повредени. Морети е ослободен откако платил кауција во износ од 200.000 швајцарски франци или околу 215.000 евра. „Го сметам ова за ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија опен, откако денеска го победи Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп (АТП-75), во три сета со 6:3, 6:4, 7:6, за два часа и 46 минути. Четвртиот тенисер во светот, го доби првиот сет со брејк во четвртиот гем, а потоа го почна вториот сет со водство од 3:0. Ван де Зандшулп побара медицински тајм-аут поради проблем со десното рамо, а во следниот гем успеа да му го одземе ...
Прилеп е лидер во селекцијата на отпадот со што може подготвено да го пречека почетокот на работата на Регионалната депонија во Југозападниот дел во Македонија. Во градот веќе стигнаа нови контејнери, канти за селекција во домаќинствата, а до јуни ќе стигнат и 9 возила преку проектот на Министерството за животна средина. Во моментов се работи на урбанизиран Собирен центар за отпад по европски терк. Таму граѓаните ќе го носат сиот отпад што не ...
Јапонката тенисерка Наоми Осака објави денеска дека се повлекува од Австралија опен пред дуелот од третото коло против домашната тенисерка Медисон Инглис. „Морав да донесам тешка одлука да се повлечам со цел да се справам со нешто за кое на моето тело му беше потребно внимание, по мојот последен натпревар. Бев толку возбудена што ќе продолжам и овој настап ми значеше најмногу, па затоа запирањето тука ми го крши срцето“, напиша Осака на ...
ВМРО подготвува ново движење кое треба да прерасне во нивна сателит партија во Македонија. Станува збор за Српска демократска лига, која ќе биде копија на Српската лига – партија со проруски наратив и силна поддршка на „Русија“. Тука од ЗНАМ се издвојува Саша Богдановиќ како можен претседател поради неговите врски со СНС. Тој треба да ја замени улогата на Стоилковиќ, познат по средбите со „Ноќните волци“ на Путин, наведува СДСМ во соопштение. ...
Прашањата од типот дали може да се застане на патот на дефинитивната „картелизација“ на државата, дали навистина мафијата кај нас неповратно доби своја држава, дали политичките партии беа зачетоците на македонските „картели“, дали криминалот и корупцијата се реално толку присутни во системот…, се прашања од суштинско значење за иднината на државата. Како впрочем и прашањето дали одолговлекувањето со радикалната реформација во државата е само ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, утре (25.01.2026) ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово. Активностите ќе се реализираат во временскиот интервал од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши ...
Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува мерки за подигнување на јавната свест и поддршка за прекин на зависноста. Пораката која ја испраќаме е дека системот им помага на пушачите да се откажат од пушењето, без притоа да бидат стигматизирани, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу. Предвидени се законски обврски за спроведување превентивни програми за откажување од пушењето, советувања и едукации, како и целокупна поддршка ...
Топлотниот бран што денеска го погоди Мелбурн ги принуди организаторите на Австралија Опен да воведат прекин од речиси пет часа за да го заштитат здравјето на тенисерите, во согласност со протоколот за високи температури. Во времето на прекинот во 14:30 часот по локално време, температурата изнесуваше 35°C и се очекуваше да се искачи на 40°C до 17:00 часот, според градската метеоролошка служба. Кога натпреварувањето продолжи на сите терени ...
Македонија доби потврда за спроведувањето на економските политики од меѓународната кредитна агенција „Стандард и Пурс“, која го задржа кредитниот рејтинг на земјата на нивото ‘BB- со стабилни изгледи, соопшти Министерството за финансии. Потврдата на рејтингот претставува јасен сигнал за стабилноста на макроекономската политика, умереното ниво на јавниот долг и способноста на државата навремено и континуирано да ги сервисира своите финансиски ...
САД ќе останат клучен сојузник на НАТО и партнер на Европа, но како приоритет ќе ја постават одбраната на земјата и одвраќањето на Кина, според новата верзија на Стратегијата за национална одбрана на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, која беше објавена доцна синоќа и цитирана од ДПА. Во документот се наведува дека Вашингтон ќе продолжи да има централна улога во НАТО, дури и кога го менува своето воено присуство во Европа. Во ...
Утре (сабота) имаме Конгрес, од кој еден дел би требало да биде отчетен Конгрес, а тоа значи дека ова раководството треба да даде отчет за тоа што е сработено, и какви се изборните резултати, имало грешки, немало грешки, воделе добри политики, воделе лоши политики, и врз основа на тоа Конгресот да донесе заклучок за тоа дали органите на партијата можат да имаат или не треба да имаат доверба, рече поранешниот министер за внатрешни работи и ...
Социјалдемократијата, ако нешто значи за одредени партии во Македонија, мора да почне од самокритика, која не треба да се доживува како самопонижување, туку, напротив, како зрелост да се погледнеме во огледало и да признаеме дека губењето на избори е само последица на напуштање на внатрепартискиот дијалог, пишува пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во својата последна колумна „Кој се плаши од внатрешниот дијалог во партиите?“ објавена вчера ...
Социјалдемократскиот сојуз денеска во Скопје во хотелот „Александар палас“ ќе го одржи 31. Конгрес на кој ќе се анализира изборниот резултат од последните локални избори. Конгресот се одржува во услови на засилени внатрепартиски тензии и јавни критики кон раководството. На почетокот ќе има отворен дел од конгресот, ќе следува обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по што ќе следи работен дел од Конгресот. Планирано е да се гласа и ...
Со измерена температура од -4 степени Целзиусови, Берово утринава во 7 часот беше најстуденото место во земјава по што следат Попова Шапка и Крива Паланка со -3 , -2 степени се измерени во Пожаране и Тетово, -1 во Скопје-Петровец, Тополчани и Маврови Анови, 0 степени во Велес, Демир Капија, Битола, Претор, Скопје-Зајчев Рид, Кавардарци и Прилеп, 1 во Kрушево, Штип, Охрид и Виница, 2 во Куманово и Гевгелија, а најтопло беше во Струмица каде е ...
Во текот на следната седмица, територијата на целиот Балкан и на Македонија ќе биде под влијание на моќен циклонски систем поради кој ќе се формираат влажни и големи фронтални бранови кои ќе условуваат обилни врнежи од дожд, а на планините снег. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец кој ќе достигне брзина од над 60 км/час. Следната седмица се очекува да наврне големо количество воден талог поради што расте опасноста од зголемување на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла намалена видливост од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово–Попова Шапка, од 50 до 100 метри на патниот правец Делчево–Пехчево, од 100 до 150 метри на патниот правец Куманово–Крива Паланка и на планинските превои Ѓавато и Пресека, а видливост до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар. Како што информира АМСМ, сите државни ...
Утре (сабота) имаме Конгрес, од кој еден дел би требало да биде отчетен Конгрес, а тоа значи дека ова раководството треба да даде отчет за тоа што е сработено, и какви се изборните резултати, имало грешки, немало грешки, воделе добри политики, воделе лоши политики, и врз основа на тоа Конгресот да донесе заклучок за тоа дали органите на партијата можат да имаат или не треба да имаат доверба, рече поранешниот министер за внатрешни работи и ...
Шпанското судство денеска ги отфрли обвиненијата за сексуален напад против шпанскиот пејач Хулио Иглесијас, бидејќи обвинителството пресуди дека нема надлежност да ги истражува настаните што наводно се случиле на Бахамите и на Доминиканската Република, пренесуваат странските медиуми. Според обвинителството, шпанските судови немаат надлежност за ова прашање бидејќи жртвите не се Шпанци, не живеат во Шпанија, ниту Иглесијас, а настаните не се ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека постигнал договор со американскиот претседател Доналд Трамп за испорака на муниција за противвоздушниот систем „Патриот“, пренесе Укринформ. – Разговарав со претседателот Трамп и добив – нема да кажам колку – ракети PAC-3 за системот ‘Патриот’“, изјави Зеленски за време на средба на Светскиот економски форум во Давос. Тој додаде дека неговата посета на форумот била насочена и кон глобални ...