Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Осумнаесетгодишник од тетовско е уапсен откако испраќал пораки со закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште во Тетово. Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен од професори од Средното медицинско училиште СМУ „Никола Штејн“, кои добиле информации од родители дека ученикот М.Р. испраќал вознемирувачки пораки до други ученици. Полицијата веднаш презела мерки и, по добиена судска наредба, извршила ...
Принцезата Кејт Мидлтон и принцот Вилијам го посетија најстариот и најпознат пазар за храна во Лондон Бороу маркет (Borough Market) кој постои од 13 век и има над 100 тезги полни со фантастична улична храна, свежи и занаетчиски производи, но и популарни пабови и кафулиња. Тие се прошетаа и по тезгите кадешто разговараа со производителите и се испробаа во неколку активности, во улога на продавач, правеа кафе за проект што им помага на ...
Извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги во 2025 година достигнал 676 милиони евра, што претставува раст од 7% во однос на 2024 година, соопшти министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на Фејсбук. Според него, македонската ИКТ индустрија продолжува да руши рекорди. „ Особено значајно е што ИКТ секторот остварува постојан раст и позитивен трговски биланс“, напиша Андоновски. Во 2025 година, увозот на ИКТ ...
Триесет и двегодишен жител на Битола пријавил дека бил измамен за 340.000 денари од лице кое се претставило како директор на компанија за тргување со криптовалути. Според неговата пријава во полиција, комуникацијата започнала преку електронска пошта во периодот од јануари до средината на февруари годинава. Измамникот постепено ја стекнал неговата доверба и го убедил да му овозможи пристап до компјутерот, по што во неколку наврати му биле ...
СДСМ го координира и управува Сојузот на синдикатите на Македонија, како на централно така и на локално ниво, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Тој додаде дека во пресрет на протестот во сабота организиран формално од ССМ, а логистички и технички од СДСМ, главните лица за контакт од општините се луѓе на СДСМ. – Одговорен за логистика и за организирање на луѓе и превоз за протестот на ССМ викендов од Куманово е Оливер ...
На денешната седница на Советот на Општина Битола на дневен ред е завршната сметка и годишниот извештај за 2025 година. На почетокот на седницата се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски, кој се осврна на проектите спроведени во 2025 година за кои рече дека се 100% реализирани. Тој рече дека е направена градежна офанзива и заклучно со четвртиот квартал реализирани се капитални расходи во износ од 411.187.922 денари. – Фокусирани ...
Портпаролката на Белата куќа Керолајн Ливит се огласи откако американската телевизија Еј-Би-Си објави дека постои „вистинска закана“ од напад со беспилотни летала од Иран врз Калифорнија, а во изјавата таа кажа нешто што е во спротивност со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп. Телевизијата објави дека ФБИ испратило предупредување до полициските станици во Калифорнија дека се подготвува „потенцијален ирански напад со беспилотни ...
Пожар избувна синоќа во прочистителната станица за отпадни води во селото Мојанци. Според информации од ТППЕ од Кочани, огнот се појавил на инсталација од системот за пренос на метан, при што се запалиле цевки од системот. Ова се случило околу 20:30 часот. – Добивме дојава за пожар во прочистителната станица во Мојанци и веднаш интервениравме со четири возила и осум пожарникари. Со нас беше и возило од ДПД . Пожарот од наша страна брзо е ...
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека САД ги симнале санкциите за поморскиот транспорт на руска нафта, но дека Европската Унија не го следела нивниот пример, што, според него, дополнително го поттикнува растот на цените на енергијата во Европа, пренесува Анадолу. Сијарто го критикуваше Брисел за, како што рече, одбивањето да ги ублажи ограничувањата што го спречуваат враќањето на руската нафта на европскиот ...
Кејти Пери ги воодушеви обожавателите со интимен увид во нејзиниот приватен живот. Пејачката објави серија секојдневни фотографии на Инстаграм со партнерот Џастин Трудо, со кого официјално ја потврди својата врска во декември 2025 година. Во објавата, која ја проследи со реченицата „Ти си богатството што го бараш“, 41-годишната ѕвезда сподели неколку спонтани моменти од нивниот секојдневен живот. View this post on Instagram A post shared by ...
Четири од шесте членови на екипажот загинаа во падот на американскиот авион за полнење гориво KC-135, кој се урна вчера во западен Ирак, соопшти Централната команда на САД. Спасувачките напори продолжуваат, а несреќата се случила околу 14 часот по источно време. „Околностите на авионската несреќа се испитуваат. Според достапните информации, можноста авионот да e соборен од непријателски или таканаречен пријателски оган е исклучена“, објави ...
Европската Унија и Соединетите Американски Држави се приближуваат кон договор со кој треба да се реши проблем што сè повеќе ги загрижува лидерите од двете страни на Атлантикот – зависноста од Кина за снабдување со критични минерали. Како што пишува „Политико“ и покрај тоа што двете страни постепено наоѓаат заеднички јазик, постои ризик евентуалниот договор да овозможи нерамноправно партнерство во кое доминантна улога би имал Вашингтон. Со ...
Јавниот превоз, како клучен дел од одржливиот урбан транспорт во Европската Унија секојдневно го користат 10,7% од населението. Во Македонија околу 7% од луѓето секој ден користат градски автобус, 2,6% меѓуградски автобус и 0,06% воз (вкупно 9,6%). Податоците покажуваат големи регионални разлики и укажуваат дека додека во некои скопски општини околу 19% од граѓаните најчесто користат градскиот автобус, во градовите од внатрешноста главна ...
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Ора 24, зборувајќи за случајот со запленетата марихуана истакна дека во интерес на истрагата не би можел да зборува, но она што во јавноста е познато е дека поранешни претседатели на ограноци на СДСМ и нивни блиски роднини се замешани во овој случај. – Ќе дојде времето да се излезе во јавност. Ќе заврши истрагата и ќе слушнеме имиња. До сега од она што во јавноста е познато е дека поранешни ...
Славчо Мисајлески, советник во Советот на Град Скопје, демантира дека е укината линијата број 35, како што вчера тврдеше Левица. Тој ја обвини Левица дека шири паника и вознемиреност меѓу граѓаните, особено кај учениците од средните училишта во Град Скопје. На вчерашната седница на Советот на Град Скопје советничката Милица Давчева изјави дека е укината линијата 35 која доаѓа од Скопје Север и оди до Аеродром, а која ја користат учениците од ...
Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41% од купувачите, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Европа, пак , повеќе од една третина или 35,4% од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација. Меѓу земјите на ЕУ, најголем процент на клиенти кои наишле на проблеми е забележан во Малта (64,0%), Холандија (57,9%) и Луксембург ...
Според македонскиот Устав, а и според препораките на Венецијанската комисија, билингвалноста во правосудниот систем не е предвидена ниту препорачлива, но проблемот е што претходната влада на ДУИ ги лажеше Албанците во Македонија, па затоа сега има отпори и протести – рече премиерот Христијан Мицкоски во настап на ТВ Ора 24. – Согласно Уставот, комуникацијата во државната управа, мислам беше членот 5, амандман 7, јасно кажува дека официјален ...
Дваесетгодишно момче од селото Саждево почина откако било погодено од струен удар, соопшти полицијата. Несреќата се случила во четвртокот попладне, а младиот А.И. бил пренесен во Општа болница Прилеп без знаци на живот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Од СВР Битола информираат дека увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата во Прилеп, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Дваесетгодишно ...
Новак Ѓоковиќ (38) важи за еден од најдобрите тенисери во историјата на спортот. Во текот на својата кариера освои речиси сè што може да се освои, а она што постојано го издвојувало била неговата силна верба во сопствените способности. Многумина сè уште се сеќаваат на снимката од неговото детство, кога на телевизија изјави дека сонува да го освои Вимблдон и да стане светски број еден. Интересна приказна од младоста на српскиот ас раскажа ...
Џија Каранги беше една од првите светски супермодели и едно од најпрепознатливите модни лица од крајот на 1970-тите. Со својот маслинест тен, густа темна коса и андрогин привлечен изглед, таа брзо го освои светот на модата и стана симбол на гламурот на една ера. Но, зад нејзината блескава кариера стоеше трагична животна приказна која заврши прерано, на 27-годишна возраст. Родена во 1960 година во Филаделфија, Џија пораснала во турбулентно ...
Секоја воена база што се користи за напад врз Иран, вклучително и оние на европска територија, може да биде цел, предупреди иранскиот амбасадор во Обединетите нации во Женева, Али Бахреини. – Да разјаснам, нашите воени сили објавија политика дека секој објект, секоја база што се користи за напад врз Иран би била легитимна цел за нашите воени сили – изјави амбасадорот Бахреини во интервју за „Еуроњуз“. На прашање дали ова може да вклучува ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува добар раст на економијата и годинава, како оној од 2025 година кога земјава со раст на БДП се вброи меѓу во првите 5 во Европа. Тој во интервју за ТВ Ора 24 рече дека за разлика од претходните години економијата во 2024 и во 2025 година бележи раст. -Добрата вест за македонската економија и граѓаните е што растеме, 2025 година ја заврши во првите 5 во Европа, и тоа се факти, веднаш после Ирска, Малта, ...
Џија Каранги беше една од првите светски супермодели и едно од најпрепознатливите модни лица од крајот на 1970-тите. Со својот маслинест тен, густа темна коса и андрогин привлечен изглед, таа брзо го освои светот на модата и стана симбол на гламурот на една ера. Но, зад нејзината блескава кариера стоеше трагична животна приказна која заврши прерано, на 27-годишна возраст. Родена во 1960 година во Филаделфија, Џија пораснала во турбулентно ...
Проценките на американските разузнавачки служби сугерираат дека раководството на Иран останува во голема мера недопрено и не е во опасност од колапс во скоро време, по речиси две недели немилосрдно бомбардирање од САД и Израел, според три извори на Ројтерс запознаени со ова прашање. – Многу разузнавачки извештаи даваат доследна анализа дека режимот не е во опасност од колапс и дека ја задржува контролата врз иранското население – вели извор, ...
Тајната служба на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) го предупреди населението да не излегува на улиците на протести, објавија вчера државните медиуми. Државниот радиодифузер ИРИБ Њус објави соопштение во кое службата им се закани на потенцијалните демонстранти со уште построги мерки, отколку за време на протестите кон крајот на декември и почетокот на јануари. Според американските активисти за човекови права во Иран во тие ...
Затворањето на Ормускиот теснец заглави голем број танкерите со сулфур и сулфурна киселина кои се користат во производството на полупроводници, како и рафинирањето на никел и бакар. Поради оваа блокада, цените на сулфурот во Кина, која купува огромни количини од овој гас и киселина, се зголемија за 15%. Покрај тоа, сулфурот е важен во рафинирањето на никел и топењето на бакар, еден од најкористените метали во светот, токму во електронската ...
Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да вложува во развојот на музичката и културната сцена во земјава. Како партнер на програмата на Национаната опера и балет, со задоволство споделуваме дека вечерва, петок 13.03.2026 во 19:30 ќе биде изведена „Мадам Батерфлај” од Џакомо Пучини. Станува збор за едно од најемотивните и најизведувани дела на светскиот оперски репертоар. Мадам Батерфлај” е музичка драма со силна човечка приказна, во која ...
Во Скопје утре ќе има изменет режим на сообраќај поради протест што го организира Сојуз на синдикатите на Македонија. Протестниот марш ќе започне во 12:05 часот пред седиштето на синдикатот на улицата Мирче Ацев, по што учесниците ќе се движат по улиците Филип Втори Македонски, 11 Октомври, Димитрие Чуповски и Васил Главинов, а потоа по булеварите ВМРО и Илинден сè до зградата на македонската Влада. Поради протестот, сообраќајната полиција ќе ...
Американските сили отвориле оган врз ирански брод што премногу се приближил до носачот на авиони „Абрахам Линколн“, објавуваат светските медиуми повикувајќи се на извори запознаени со случајот. Инцидентот се случил пред неколку дена, а засега нема информации за судбината на иранскиот брод и екипажот. Според истите извори, одбраната на носачот на авиони прво дејствувала со оган од палубни топови, но целта не била погодена. Притоа не е ...
Опозициската партија СДСМ се соочува со сериозна политичка и кадровска криза и значителен дел од нејзините активности се насочени кон напади врз Движењето ЗНАМ, вели претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски. Според него, актуелното раководство на СДСМ не нуди нова политичка визија. – Интересот на Венко Филипче е ограничен само на неговата партиска фотеља. Наместо сериозна опозициска политика, СДСМ денес се ...